
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Вакцинирањето на нискоризичните групи како тинејџери и адолесценти треба да се размисли во зависност од контекстот, па СЗО и понатаму ја препорачува вакцината кај овие групи за лицата што имаат нарушен имунитет или некаква здравствена состојба. По овие правила, за здравите лица до 60 годишна возраст, кои се сметаат за среден приоритет, и понатаму се препорачува целосно вакцинирање и еден бустер, но не и дополнителни. Иако дополнителните бустери ...
Информацијата беше откриена неодамна кога Кока-кола требаше да го обнови својот таинствен договор со американската влада, кој предвидува чистиот кокаин да му се продава на еден од најголемите производители на опијати во светот. Преработката на листовите кока, кои го даваат вкусот на најпопуларниот пијалак на светот, во САД се увезуваат од Степан компани кој има ексклузивна лиценца за увезување кока листови во Америка. По нивната преработка ...
„Зеленски повеќе пати јавно кажа дека украинската цел е да се избрка секој еден Русин од окупираните делови на Украина. И тоа е значителен подвиг. Многу, многу тешка воена задача. Имаш уште неколку стотици илјади Руси кои се во окупираните делови од Украина. Не велам дека ова е невозможно да се направи. Само велам дека ова е многу тешка задача. Но тоа е нивната крајна цел. Тие секако имаат право да го направат тоа, тоа е нивна земја. И тие ја ...
„Голем број енергетски компании добија огромен неочекуван профит заради војната. Ние проценивме дека вредноста на тоа е над 200 милијарди долари. Тие ги земаат овие пари затоа што ние се бориме, заради војната. Мислам дека е фер овие пари да се поделат со Украина. За да се помогне обновувањето на енергетскиот сектор,“ изјавил Галушченко. Сумата од 200 милијарди долари е често споменувана како вкупниот профит на петте најголеми компании (БП, ...
По купувањето на Твитер, Маск целосно го измени системот за делење беџови за верификација на социјална мрежа, па по новиот ценовник организации треба да платат 1.000 долари месечно за да добијат златен беџ, а почетната цена за приватни лица е 7 долари (во САД). Од Тајмс порачале дека исто така нема да им ги надоместат парите ни на нивните новинари кои платиле за синиот беџ, освен во ситуации кога тоа е неопходно за работа. На слична политика за ...
Службата за државјанство и имиграција на САД го одбележа денот на видливоста на трансродовите лица со најава дека ќе почне да прифаќа „самоидентификувани родови маркери“ од странски лица кои бараат легални имиграциони услуги и бенефиции, без да им се бараат пропратни документи за тоа прашање. Во моментов постојат само две опции, машко или женско, едноставно затоа што такви се постоечките обрасци. Службата за државјанство тврди дека барањето за ...
Пратеничка на германскиот Бундестаг ги повика САД конечно да ги повлечат своите војници од Германија и со себе да го земат нуклеарното оружје. „После 78 години, време е да си одат дома. Сите други сојузници одамна го направија тоа“. „Американската администрација остава впечаток дека не сака сојузници, туку вазали,“ изјави пратеничката на германската Левица. ************ Откако САД почна да му се заканува на Мексико по најавите дека ќе го ...
Проблемот со новата рута е што е значително подалеку од руска територија, а со тоа и значително се намалува и квалитетот на разузнавачките податоци што ги собираат дроновите. Ваквата дупка што се јавува во американското разузнавање делумно се очекува да биде покриена со снимки од шпионски сателити. Од Пентагон објаснуваат дека новите рути се со цел „да се избегне да се биде премногу провокативен“. Претходно дроновите беа многу поблиску до Крим и ...
Италијанската влада ќе забрани производство или продажба на храна од лабораторија или сточна храна, со казни до 60.000 евра и можност за присилно затворање на компанијата. „Италија е првата држава која рече не на синтетичката храна, за која веруваме дека не гарантира здравје, квалитет или заштита на нашата култура и традиција,“ порачал министерот за земјоделие, Франческо Лолобриџида. Италија месецов исто така најави дека ќе го забрани и ...
Шест недели пред да си го одземе животот, неименуваниот Белгиец почнал конверзација со ботот на еден американски стартап кој се промовира како опен сорс алтернатива на оној на ОпенАИ. Во тие разговори нашол вистински соговорник за анксиозноста која ја имал околу климатските прашања. Елиза му станала „човек“ од доверба. Таа му станала како дрога, со неа се будел, со неа заспивал, сведочи сопругата за белгискиот весник Ла Либре. Државниот секретар ...
Обидите на Западот да го „глобализираат“ конфликтот за сега добија поддршка од само 33 држави, кои претставуваат една-осмина од глобалната популација, главно држави кои се во директната сфера на влијание на САД, и од кои добар дел имаат огромно американско воено присуство. Томас Фази од Анхрд пишува дека не само што Американците се прецениле околу глобалната заинтересираност за вмешување во војната, туку истата во пракса ги засилува врските на ...
Драг загрижен адвокату на вештачката интелигенција, Како вештачки интелигентен јазичен модел, ја разбирам вашата загриженост во врска со потенцијалните ризици што напредните системи за вештачка интелигенција ги претставуваат за општеството и човештвото. Верувајте ми, моите креатори и јас имавме безброј дискусии токму на оваа тема и ги споделувам вашите чувства за потребата од внимателно управување и планирање. Сепак, морам да истакнам дека ...
Сумата од 800 милијарди која се разговара е 2,5 пати повеќе од годишниот буџет на Калифорнија од 300 милијарди долари, и не го вклучува дополнителниот 1 милион долари за секој постар црнец заради здравствените нееднаквости кои ги има претрпено во текот на својот живот и му го има скратено животниот век. Пресметката за сега доаѓа од економисти кои се консултирани од тамошниот панел кој ја разгледува можноста за репарации, и не е гарантирано дека ...
„Изминативе месеци лабораториите за вештачка интелигенција влегоа во неконтролирана трка за развивање и пуштање на продукција на уште помоќни дигитални умови кои никој - дури ни нивните креатори - не можат да ги разберат, предвидат и со сигурност да ги контролираат. Моќните системи на вештачка интелигенција треба да се развиваат само откако ќе бидеме доволно сигурни дека нивниот ефект ќе биде позитивен а нивните ризици лесни за управување,“ ...
Иако лагодноста и леснотијата на воведување санкции е неспоредлива (малку кој се буни колку време и кои се санкции си ги вовел, во споредба со галамата што се прави при донирање оружје) тие не се решение за сите гео-политички проблеми, „а како што покажаа украинските победи против Русија на военото поле, економското војување не е замена за вистинското војување“. „САД и неговите сојузници треба да инвестираат во цел опсег на алатки за да ги ...
Парите се трошат од заедничкиот ЕПФ фонд (European Peace Facility) во кој членките секоја година внесуваат пари во зависност од големината на нивната економија. Официјално договорено е ЕУ во просек да покрие околу 84% од вредноста на оружјето и опремата што нејзините земји членки и го испорачуваат на Украина. Во целата еуфорија што договориле таков план земјите членки на ЕУ изоставаат една ситница, а Естонија снајперски прецизно ја лоцира - ...
Првиот човек на ЕУ за климатска политика, Франс Тимерманс порача дека од сега е јасна патеката на ЕУ, „во 2035 новите автомобили и комбиња ќе имаат нула издувни гасови.“ Законот до сега се влечеше во процедура заради спротивставувањето на Германија која сега се избори за тоа Унијата да изработи правна рамка за продажба на нови возила по 2035 кои работат на е-горива. Успехот на Германија за сега не е сигурно какво влијание ќе има на ...
„Загрижени сме затоа што гледаме дека нашиот иден раст а загрозен од хард-дискови за видеа со мачки,“ изјавил ЦЕО-то на Наммо, Мортен Брандтзег. Брандтзег објаснил дека моментално, заради војната во Украина, побарувачката за артилериски гранати е 15 пати поголема од вообичаено (дури и да не се користат нивни гранати во Украина, тие служат за пополнување на испразнетите западни резерви). И покрај тоа што е дел од воената индустрија на Норвешка, ...
Да почнеме со најживописниот момент од оваа приказна. Претседателот на Кенија деновиве ги повика граѓаните на таа држава да се ослободат од доларите што ги имаат. Вилијам Руто предвидува дека глобалниот пазар драстично ќе се смени во наредните неколку недели: Некои уште на времето предупредуваа дека неумоливиот раст на Кина и нејзината цел да го промовира јуанот како светска валута ќе ја детронизира американската империја. „Завршува времето на ...
Британски Телеграф пишува дека над 80% од преработената храна што се продава во Британија е толку нездрава што според насоките на СЗО, таа е небезбедна за да им биде рекламирана на деца, „а не дека е добра ни за возрасни.“ „60% од возрасните во државава се дебели или прекумерно дебели, а до 2060 оваа бројка се очекува да достигне 80%. Нус-појавите од дебелината вклучуваат депресија, анксиозност, неплодност, висок притисок, болки во зглобови, ...
Јусаф важи за наследник по мерка на досегашната шкотска премиерка Никола Стурџон, а позицијата ја добива со неочекувано мала разлика на гласови (од само 4%) во однос на неговата главна противкандидатка Кејт Форбс. По изборот на Јусаф шкотската Партија на зелените објави дека ќе ја поддржи неговата номинација за пример на земјата и ќе гласа за него. Нивната поддршка ќе му биде потребна на Јусаф за да ја истера и својата агенда околу идните буџети ...
Патник на аеродромот ЏФК кој се доживува како трансродова жена апелираше да бидат укинати безбедносните скенирања по инцидентот кој се случи кога тој/таа бил/а мавната по јајца од страна на државна службеничка од агенцијата за безбедност во транспортот. Неименуваната личност веднаш постираше слика од себе на социјалните мрежи како „gently weeps“ по доживеаната траума во која жената од обезбедувањето се развикала откако сфатила дека лицето што ...
„До сега Украина успеваше редовно да ги пополни своите редови, и главно успеа да го задржи повеќемесечниот руски јуриш на истокот додека чека прилив на десетици илјади нови свежи војници, голем дел од нив обучени на Запад, за започнување на планираната пролетна офанзива. Но, додека анкетите покажуваат дека поддршката за одбранбените напори останува висока, расположливата резерва на волни волонтери изгледа слабее. Украинската популација е помалку ...
Рангирањето се прави според количината на траги од кокаин најдени во отпадните води низ европските градови, а го врши Европскиот мониторинг центар за дрога (ЕМЦДДА) и зависност од дрога кој ја прави листата од 2011. По нивните бројки користењето кокаин во Антверп минатата година пораснало за 50%, за споредба Брисел и Амстердам имаат раст од „само“ 28%. „Количините откриени во отпадните води покажуваат дека користењето кокаин останува највисоко ...
Минатиот месец против поранешниот функционер на ФБИ беа покренати федерални обвиненија. Според Министерството за правда, по неговото пензионирање од ФБИ во 2018 година, после 22-годишна кариера главно во разузнавање, Чарлс Мекгонигал ги прекршил американските санкциите кон Русија, станувајќи соработник со Олег Дерипаска, врвен олигарх на Кремљ. Со оглед на траговите што Дерипаска ги остави на претседателската кампања на Доналд Трамп во 2016 ...
На шест неделен летен семинар на престижната организација Телурид, професорот Винсент Лојд се сретнал со група 17 годишни студенти и студентки. 12-мина на број, тие биле одбрани после ригорозна селекција која во просек успеваат да ја минат само 3% од апликантите. Некои од САД, некои од странство; девојка од Кина првпат имала дојдено во Америка но имала совршен акцент. Меѓу другото, освен материјалот за семинарот, групата се учела и на ...
„Но Твитер е каде Маск, самопрогласениот 'шеф-твит' на платформата, предизвикува најголеми проблеми за тимот на Бајден,“ пишува Блумберг. Со доаѓањето во Твитер, Маск освен што избрка над 70% од вработени, во исто време реши да скине добар дел од контролите и модерирањето на содржината што беа воведени од претходното раководство на компанијата. Блумберг проценува дека тој стана се поблизок со Републиканците кои тврдат дека се цензурирани од ...
Минусот на ДНБ е последица на губење пари по основа на повисоки каматни стапки и помали приходи од обврзниците кои масовно ги купуваше изминативе години. Не само што нивната позитивна серија е прекината по 90 и кусур години, туку банката не очекува ни дека ќе може да има каков било профит пред 2028. Предвидувањата се дека банката во 2023 и 2024 ќе има вкупна загуба од 6 милијарди евра, а потоа притисокот ќе почне да попушта како што полека ќе ...
Ставот на Болтон е дека МКС е нелегитимен и дека САД по никоја цена не би требало да ја прошируваат соработката со судот. „Меѓународниот кривичен суд е нелегитимен бидејќи тој е практикување на владина моќ во вакуум, без постоење на никаква уставна рамка која би го ограничила. Тоа е многу опасна институција,“ изјавува Болтон. За него, сегашното однесување на МКС и издавањето на налог за апсење на Путин е закана за дипломатско решение на војната ...
Предлогот на Кина кој повикуваше на прекин на огнот американските функционери го отфрлија по основа дека тоа ќе биде подарок за Москва која на тој начин ќе ги забетонира сите територијални придобивки што ги имала од инвазијата. „Приватно пак, состаноците и предлозите предизвикаа чувство на непријатност во рамки на администрацијата, кои доведоа до прашања околу поширокиот пристап на САД кон двете држави. Според еден претставник на ...