
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Светот отиде премногу лево, а либералните политики што ги поддржуваат многу мејнстрим политичари работат само за да им служат на елитата а да ги поткопуваат вредностите на работничката класа, тврди Џони Лидон, фронтменот на англискиот панк бенд Секс Пистолс. Во осудувачката рецензија на актуелниот политички пејзаж низ Европа, Лидон ја запердаши снобовската и патронизирачка политика што ја користат самопрогласените прогресивци. Говорејќи за ...
Европското јавно обвинителство деновиве претресе 28 домови и канцеларии како дел од истрагата за злоупотреба на пари на ЕУ во железнички проекти, а градоначалникот на Генерал Тошево, град во североисточниот дел на земјата, е уапсен. Акцијата се најавува веќе неколку години, а политичари од бугарскиот реформски табор тврдат дека манипулација со средствата од ЕУ станало еден од главните извори на приходи за организираните криминални групи. ...
Податоци од анализите на животните осигурувања во САД покажуваат дека денес и натаму умираат повеќе луѓе отколку пред пандемијата. И ако во тие години на ковидот страдаа главно стари и болешливи, новиот бран тешко удира по оние во најдобрите години од живототот. Животните осигурувања на вработените покажуваат дека меѓу работниците на возраст од 35 до 44 години, починале неверојатни 34% повеќе отколку што се очекувало а натпросечни стапки има и ...
Иако хипнозата има древни корени (египетски свештеници и сл), за татко на модерната хипозна се смета Франц Месмер (1734 – 1815). Тој верувал во постоење на некоја мистична енергија наречена „анимален магнетизам“ што може да се пренесе од човек на човек. Фино се оженил за една богата вдовица, делувал во Виена каде се вклопил во елитното друштво, бил мецена на младиот Моцарт... (повеќе за тоа види во: Слепата пијанистка за која Моцарт напишал ...
Има многу обиди да се објасни како „разбуденоста“, таа екстремна, ирационална и неразумна идеологија ги запоседна западните институции: постмодерниот релативизам, културолошкиот пресврт на левицата, различниот начин на размислување на поновите генерации, појавата на социјалните медиуми кои го поларизираа и отруја политичкиот дискурс... „Овие објаснувања се во ред. Но, друга причина ретко се споменува. Вистината е дека на будноста ѝ беше ...
Како што ќе објасни некогашната министерка за надворешни работи на Индија, Нирупама Менон Рао, глобалниот југ сега гледа шанса да ја трасира сопствената иднина. Како пример таа го дава ширењето на дигиталните исплати од Индија за земјите во развој. „Земјите во развој бараат контрола на сопствените ресурси, прередување на односите од колонијално доба, делумно и со инсистирање на фабрики во нивните држави. Придружувајќи им се на Намибија и ...
Венеција летово почна да ги применува мерките за дисциплинирање на туристите кои ги најавуваше неколку години: забрането е да се шеташ по купаќи, забрането е да се џиткаш во каналите, забрането е седење по тротоари, мостови и фонтани.... Да ги разбере човек: во 2019 година имаа 5,5 милиони посетители: 100 пати повеќе од популацијата во градот. Од следната година Венеција и ќе наплаќа за влез на оние кои немаат резервирано преспивање. Италија ...
Овие 100.000 А800 чинат околу една милијарда долари, а останатите 4 милијарди се за графички процесори за кои рокот на испорака е 2024. А800 е ослабена верзија на А100 процесорот на Нвидиа кој се користи за дата-центри, и главната разлика е што е поспор од оригиналот. Нвидиа ја направи 800-ката за да биде во согласност со ембаргото на извоз што САД го воведе за спречување на напредокот на кинеските компании. Последната набавка е направена од ...
Првата основа подразбира можност за регрутирање на постари лица или продолжување на службата на веќе регрутираните, додека по втората во војската ќе влезат повеќе лица со аутизам, Аспергер или АДХД, кои „имаат вештини и карактеристики што другите луѓе ги немаат.“ Промените ги најави високиот функционер од британското министерство за одбрана, Ендру Мурисон, според кого сите три рода на британската војска треба да прифатат „пофлексибилен“ став кон ...
Многупати ни е кажано дека климатските промени се вистинска криза и дека за тоа постои „убедливо широк научен консензус“. „Тоа е фабрификуван консензус“, вели климатскиот научник Џудит Кари за Њујорк пост. Вели дека научниците се мотивирани да го преувеличуваат ризикот заради „слава и богатство“. Таа тоа знае за тоа затоа што едно време и самата беше една од оние што ширеше тревога за климатските промени. Кари доживеа медиумска слава кога ...
Се работи за тифус пренесуван од бактеријата Rickettsia typhi, што е исклучително важно за Лос Анџелес бидејќи не станува збор за епидемискиот тифус кој обично се јавува најтешките времиња на човековата цивилизација. Природниот циклус на бактеријата обично започнува кај стаорци и мали цицачи, кои се хранат од својот „домаќин“ преку што и го заразуваат. Станува збор за болест што во минатото е прилично честа во САД, но со подобрените ...
Средбата меѓу пакистанскиот амбасадор во САД и двајца претставници на Стејт Департментот на која биле изложените американските желби се случила на 7 март 2022 година. Еден месец по средбата со американските официјални лица, во Парламентот се одржува гласање за недоверба, што доведе до смена на Кан. Тој и неговите приврзаници се убедени дека гласањето било смислено од САД, со поддршка од моќната пакистанска војска. Документот до кој дошол ...
Военото депо Вагжаново, кое се простира на над 10 километри квадратни во близина на главниот град на Буратија, моментално е речиси половина испразнето во споредба со пред почетокот на војната. Сателитските снимки направени 5 месеци пред почетокот на војната во февруари 2022, покажуваат дека на Вагжаново се складирани 3.840 советски тенкови и оклопни возила. На снимките од ноември 2022, на истата локација имало останато 2.600 воени возила, или ...
Кога украинските процени станаа реалност сега Си-ен-ен пишува дека западни функционери почнале да добиваат се „поотрезнувачки“ процени за способноста на украинските сили да освојат значителен дел од територијата. „Се уште се следи, уште неколку недели, дали ќе има шанси за некаков напредок. Меѓутоа дека тие навистина ќе имаат напредок кој ќе го промени балансот на судирот, мислам дека е, екстремно многу неверојатно,“ изјавил висок западен ...
„Денес Нигер, вчера Мали, Централно африканската република и Бурикна Фасо ја отфрлија Франција, француската војска и француските компании. На наше место, по неуспехот на операцијата Бархан, дојде Вагнер, кој ни најмалку не е загрижен за човековите права и демократијата, но е совршено достапен на сите диктатори и лидери кои сакаат да се одржат на власт со обединување на своето население против старата 'колонијална сила,“ пишуваат сенаторите, ...
„Иако изборите се задолжителни за демократијата а самиот Путин реши да се одржат, теоретски возможно е тие да не се одржат. Бидејќи веќе е очигледно дека Путин ќе биде избран,“ порачал портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, кој се дополнил дека ова е „апсолутно мое лично мислење.“ Во изјава за Њујорк тајмс, за која Песков подоцна тврди дека била погрешно пренесена, тој објаснува „нашите избори не се вистински демократија, туку скапа бирократија... ...
Во 2020 година, корпорацијата РАНД, тинк-тенк со седиште во Санта Моника објави студија со наслов „Трендови во приходите од 1975 до 2018 година“. Самиот РАНД е во центарот на американскиот естаблишмент и со децении по неговото основање после Втората светска војна, беше финансиран и им служеше на потребите на воено-индустрискиот комплекс. Па сепак, во таа сувопарна студија се крие скицата за најголемата материјална кражба од почетокот на ...
Компаниите оценети високо според широко прифатените еколошки, социјални и управувачки метрики (ESG - environmental, social and governance) загадуваат исто колку и компаниите со низок рејтинг , покажа ново истражување. Овој перверзен недостаток на корелација важи дури и ако „јаглеродниот интензитет“ на компаниите (нивните емисии на јаглерод по единица приход или пазарна капитализација) се споредува само со нивниот рејтинг за животната средина, ...
Јуриј Сак, советникот на украинскиот министер за одбрана, за Ен-би-си њуз порачува „две работи што и цело време ги бараме од нашите сојузници се оружје и трпение.“ Напредокот на Украинците моментално во добар дел се должи на западното вооружување и муниција што ги доби, но и за ограничениот успех товарот паѓа на западните сојузници кои дури сега почнаа да зборуваат за испорака на авионите кои Украина со месеци ги бара, за да има каква таква ...
Стотици партиски делегати на собирот во Магдебург го усвоија документот во кој се вели дека ЕУ „комплетно потфрли“ на теми како што е климата и миграцијата. Во нацрт резолуцијата од јуни се бараше распуштање на ЕУ но овојпат ја ублажија позицијата па бараат реконструкција на Унијата и нејзино претворање во федерација на европски нации која првенствено ќе ги штити економските интереси на членките а истовремено ќе ја почитува нивната национална ...
Лансирањето ќе биде од космодромот Восточни, а се верува дека најтешкиот дел од операцијата ќе биде слетувањето на јужниот пол каде теренот е посебно проблематичен. Пред неколку недели ракета со свое возило кон Месечината испрати и Индија, која исто така планира слетување на јужниот пол. Трката по јужниот пол е бидејќи научниците веруваат дека таму се наоѓаат најголемите залихи на мраз на Месечината кои потоа можат да бидат искористени за ...
Во 2014 година, норвешката архитектонска фирма МАД понудила проект за зграда во Осло кој бил одбиен од локалните агенции и тела зашто се чинел превисок и неусогласен со соседството изградено во традиционални скандинавски стилови. Девет години подоцна, истата фирма понудила „стишан“ дизајн за истиот простор, без драмите од оригиналот. Тој бива одобрен. Скандинавското „Архитектонско востание“ започна во 2014 година како Фејсбук група и е ...
24 часови откако Украина успева да го погоди Кремљ со дрон, кон Киев и седиштето на Зеленски и неговата влада Русија лансира кинжал ракета. Проектилот кој се движи со мах 10 е пресретнат и распарчен на шрапнели од ракета од Патриот, еден од вкупно двата Патриоти кои Украина ги доби од САД. Вториот наводно веќе делувал на север на Украина напаѓајќи на руска територија, по што е пренесен на југот. Британски Тајмс разговара со потполковник задолжен ...
„Кога во 1980-та побарав од прес-службата на американскиот оддел за енергетика да ми испрати список на тестирања нуклеарни бомби, агенцијата ми испрати официјална брошура во која тестот Тринити во Ново Мексико беше на врвот на листата, но затоа второ на листата беше бомбардирањето во Хирошима на 6 авгус 1945, а трето бомбардирањето во Нагасаки три дена подоцна“, пишува Норман Соломон во Салон. Тоа значи дека 35 години по бомбардирањето на тие ...
Во сумата од 100 милијарди евра не е вклучено индиректното макроекономско влијание на повисоките трошоци на енергија и продукти, а ФТ предвидува дека неодамнешните руски потези за преземање на контролата врз руските претставништва на енергетските компании Фортум и Унипер, по што следуваше експропријација на Данон и Карлсберг, работите ќе се влошат. Според Киевската школа за економија, над 50% од 1.871 компанија во европска сопственост која ...
Холивудските актери и писатели летово штрајкуваат за прв пат од 1960 година, барајќи подобри плати и регулативи за употреба на вештачка интелигенција од страна на студијата. Во меѓувреме, Нетфликс нуди дури 900.000 долари за еден менаџер на ВИ продукти. Контрастот неодоливо потсетува на епизода од серијата “Black Mirror” во која Салма Хајек е заглавена во кафиканска битка со нејзиното студио кое без нејзина дозвола користи дигитална верзија на ...
Урагански ветар, каков што не се сеќаваме на нашите простори, ја погоди континентална Хрватска, нанесе голема штета и однесе четири животи. Вистинска природна катастрофа. Ова беше поттик за дежурните паничари во медиумите и политиката повторно да го побараат она што секогаш и постојано го бараат - поголема државна контрола, повеќе јавни трошења и осиромашување на населението. Многумина тоа го сфатија како можност да ги изразат своите доблести на ...
„Бидејќи е глобална пандемија, може ли сега на државните агенции да им дадеме пристап за параметри за таргетирање (публика) кои вообичаено не би ги имале?“ прашал директорот за дигитал на Џо Бајден, Роб Флерти. Во дел од интерните документи на Фејсбук што ги објавува Фокс њуз, раководителката за стратешки комуникации на Бајден, Куртни Ров, „ја исмева способноста на средна Америка да утврди што е вистина а што не е“. „Ако некој од рурален ...
Француските геолози во 1950-те, во планинските недојдии на југот на Нигер откриваат лежишта на ураниум. Од тогаш француските државни компании го ископуваат радиоактивниот минерал, претворајќи го Нигер во седми по големина производител на светот. Децении подоцна, градот Арлит и рудниците околу него, во 2022 покриваат 25% од целиот ураниум што го увезува Европската унија. Кога војската на 26-ти јули изврши пуч во земјата, тоа ги активираше ...
Американската војска има потреба од околу 160.000 младинци од популација од 30 милиони кои ги исполнуваат условите за регрутација. Но по две децении војна - и двете со неуспешен крај - и ниска невработеност, голем број експерти веруваат дека сме пред крајот на целосно волонтерска армија. А и американската доверба во војската е ниска. Најбрз и најефикасен начин да се реши кризата со регрутирање е да го смениме начинот на кој се регрутира. Наместо ...