Предупредувањето од Вашингтон било пренесено неколку пати и тоа на врвот на цивилното разузнавање, СБУ, и врвот на военото разузнавање ГУР. Двете служби претходно постојано ги прошируваат своите програми за дроновски напади на руски мети на тло, вода и воздух, и успешно ги користат од почетокот на војната во Украина. Од 12 напади на руски рафинерии од 2022, 9 се од почетоков на годинава, згора на ова се и напади на руски терминали, депоа и ...

САД ја повикаа Украина да ги запре нападите врз руската енергетска инфраструктура и предупредија дека нападите со беспилотни летала може да предизвикаат одмазда и да ги зголемат глобалните цени на нафтата, објави денеска „Фајненшл тајмс“. Нападите придонесоа за пораст на цената на нафтата, која порасна за речиси четири отсто од 12 март, кога Украина првпат почна да ја таргетира руската енергетска инфраструктура. Понатамошниот пораст на цените ...