Хотелот е Росејт хаус во близина на меѓународниот аеродром во Делхи, а цехот што го прави извесен Анкуш Дута пред да си излезе во јануари 2021 е 71.000 долари. Неплатената сметка е откриена само откако хотелот спроведува ревизија и открива дупка. Од хотелот се јавуваат во полиција и поднесуваат тужба против гостинот, менаџерот на рецепција и уште неколку вработени обвинети дека му помагале на Дута да избегне плаќање. Индиските медиуми пишуваат ...

Како дел од новите мерки за штедење на десетици милиони евра предложени од ЦЕО-то Матијас Допфнер паралелно со намалувањето на вработените, Билд ќе го скрати и бројот на регионални изданија во Германија од 18 на 12, и ќе биде „истенчено“ менаџерското ниво во компанијата, пишува Франкфуртер алгемајне цајтунг. Штедењето на Билд доаѓа со одлуката од 1 јануари 2024 весникот, а и целата Спрингер групација на која и припаѓа, да стане целосно дигитален ...

„Кога го почнав бизнисот, една од работите што ја забележав е дека има и други тур-оператори со подморници, меѓутоа тие вообичаено вработуваат господа кои се поранешни членови на екипаж на воени подморници, и кај нив има голем 50-годишни белци. Сакав мојот тим да биде помлад, да биде инспиративен, и јас нема да инспирирам 16-годишник да се заинтересира за морска технологија, ама 25-годишник кој е пилот на подморница или оператор на платформа или ...

Рон ДеСантис (Флорида) пукна политички спот снимен на улиците на Сан Франциско (Калифорнија): „Ова некогаш беше голем град, денеска во него се сере по улици, се зема хероин, се пуши крек... Нема веќе живост во овој град. Колабиран е заради левичарските политики, политики заради кои луѓето го напуштаат местото. Овде не ги бркаат криминалците како на други места и тажно е да се види овој крш“, порача ДеСантис кој е во отворен судир со ...

Ако ве збунуваат вакви конструкции: „Трансродов маж му роди дете на нон-бајнари партнер од женски донатор на сперма“ Тогаш ви треба малко упатство на нашки: тоа што е наречено „трансродов маж“ е уствари жена што се мисли дека е маж. „Нон-бајнари“ се оние „ни ваму ни таму“ (или „и ваму и таму“, сеедно) а женски донор на сперма е маж кој има (барем) тестиси, а се мисли за жена. А сега кон веста: Еден твитерција сподели дека откако пишал дека го ...

Како што објаснува Фајненшл тајмс, САД не ги интересирал исходот од изборите, туку само да се осигураат дека каков и да биде резултатот, тогаш актуелниот бразилски претседател, Болсонаро, ќе го почитува и нема да го прогласи за неважечки. Причината зошто американската администрација го има пикирано Болсонаро, меѓудругото, се негови претходни изјави околу поразот на Трамп од Бајден, и инсистирањето во Бразил да се врати гласачкото ливче наместо ...

Минатата среда, во 16.36 часот по средноевропско време, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, беше „длабоко растажена“. Се слушна дека близу Грција потонал бротче со стотина бегалци, кој претходно бил пресретнат од грчката крајбрежна стража. Не само што Фон дер Лејен беше „длабоко растажена“ туку и „многу загрижена“ што се случи со исчезнатите. До денес би требало да знае дека се удавиле околу четири-петстотини луѓе, меѓу ...

Идејата за инвазија почна да добива на поддршка со ширењето на фентанилот, од кој умираат / се предозираат по 150 Американци на ден. Иако состојките за фентанил се произведуваат во Кина, најголем дел од производството е во Мексико. До сега и двете држави ги отфрлаат обвинувањата на САД за нивната улога во кризата со фентанил во САД. Освен дрогата, картелите се обвинети и дека имаат сериозен бизнис со шверцување на имигранти преку граница, што ...

Кличко се најде сред сериозни проблеми по смртта на тројца жители на Киев кои загинаа откако не можеа да влезат во скривница за време на еден од руските воздушни напади. Ревизија направена на барање на Зеленски покажа дека само 15% од 4.655 скривници во Киев ги задоволуваат стандардите, а од нив само 44% биле слободно достапни. По објавувањето на резултатите од ревизијата Кличко објави видео на Телеграм во кое ја критикуваше целата истрага, ...

Воздушното загадување ПОРАСНАЛО откако и покрај мрчењата на возачите, Глазгов месецов воведе таканаречена „зона на ниски емисии“ во центарот на градот. Пораснале четири индикатори на аерозагадувањето а во некои случаи добиените нивоа ги надминуваат законски дозволените граници. Азотниот диоксид во јуни е 43, во мај бил 37 (дозволено е 40). Тој може да предизвика респираторни проблеми па и хронични болести на белите дробови. Слични ефекти има и ...

НАТО треба да се подготви за можноста украинската контраофанзива да не постигне некој поголем успех. Всушност, до сега, Киев имаше само ограничен успех. Меѓутоа оние кои очекуваа молневит пробив секогаш ќе бидат разочарани. Ова не се германски Панцери против полска коњица, ниту па американскиот јуриш против деморализираните ирачки сили со антички тенкови и без воздушна заштита. Наместо тоа ние гледаме нешто што многу повеќе наликува на војување ...

Со секој изминат ден, станува јасно дека украинската контраофанзива не успева да постигне ниту една од првично наведените цели. Потсетување: облогот на администрацијата на Бајден беше дека контраофанзивата ќе ги анулира руските територијални придобивки, ќе го пресече копнениот мост кон Крим и ќе ја принуди Русија на преговарачка маса. Речиси сигурно, тоа нема да се случи. Напротив, поверојатен е ќор-сокак, па дури и дека Русија ќе заземе повеќе ...

Откако ќе ги одлежи 19-те години затвор, на Грифин му следуваат и 15 години надгледувана слобода. Грифин до крајот на животот нема да смее да биде во контакт со луѓе под 18 години, освен во присуство на возрасен кој претходно е одобрен од офицерот за условно, и забранет му е пристап на места каде што се собираат деца, како школи, игралишта и забавни паркови, освен ако и тоа не е одобрено од офицерот за условно. Тој во декември се изјасни како ...

Грешката ги опфаќа фискалните 2022 и 2023, а се случила бидејќи „во значителен број случаи“ кога САД испраќале воена опрема, луѓето на Пентагон вредноста на опремата ја одредувале според тоа колку пари чини истата да се замени со нова, а не колку е вистинската вредност на опремата. Бидејќи на Украина не и се испраќа ново неотпакувано оружје, туку во добар дел од случаите и користено или расходувано оружје, кое чини далеку помалку отколку новото ...

Строги карантини, задолителни маски и вакцинирање ако се сака да се задржи работното место беа некои од мерките кои се спроведуваа во Канада за време на ковид пандемијата. Оние кои не беа вакцинирани не можеа да користат јавен транспорт и да посетуваат јавни места за каде се бараше доказ за вакцинираност, фамозните ковид-пасоши. „Згрешивме,“ рече премиерката на канадската провинција Алберта, Даниела Смит, преземајќи храбар и без преседан чекор ...

За нарачките на оружје што Украина ги има направено, вон донациите / помошта, земјата во 2022 има платено 800 милиони долари за договори кои целосно или делумно не се исполнети. Бидејќи пресметката е од почетокот на годинава во меѓувреме некои од нарачките пристигнале, меѓутоа и понатаму стотици милиони долари остануваат платени во празно. Едно од оправданијата што ги дава Њујорк тајмс е дека се работи за досега невидена операција за снабдување ...

Во 2015 година, многу либерални жители на Хамтрамк во Мичиген радосно го славеа меѓународното внимание кое нивниот град го доби откако стана прво место во САД со мнозинство муслимани во градскиот совет. Тоа го гледаа како позитивна промена во насока на инклузивност, но и како симболичен жолт картон за исламофобната реторика која му се припишуваше на тогашниот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп. Последниве денови, добар дел од тие ...

Прво беше информацијата за смртта на генералот на целата украинска војска, Валериј Залужниј, кој руските медиуми тврдеа дека загинал на фронтот, а деновиве за смртта на Буданов зборуваше и еден од највлијателните руски новинари Владимир Соловјов, според кого украинскиот разузнавач е во кома во Германија. Пријавувајќи се дека не е умрен, Буданов деновиве во разговор со Киев пост, порачува: „Сега во Украина се формира посебна единица на бесмртни ...

Алатката со која располага ПСБ (Protective Services Battalion) има директен пристап до твитови и Твитер корисници без ограничувања, можност за анализа на 4чан, Редит, Јутјуб и рускиот Вконтакте, плус опција за следење на разговорите на платформи како Дискорд и Телеграм. За разлика од алатките што ги користи американската полиција и војска за следење на клучни зборови на најразлични социјални мрежи и чет-соби, алатката на ПСБ ги комбинира ...

На 4 јуни, група која себеси се нарекува „Полски волонтерски корпус“ објави фалбаџиско соопштение дека учествувале во низа прекугранични копнени офанзиви во Русија. Вестите за овие упади се косеа со многу претходни гаранции на САД и украинските воени планери дека нема да бидат вршени напади на руска територија. „Дали некогаш им беше кажано на Американците - главните финансиски спонзори на Украина - дека опсегот на операциите кои тие ги ...

Најголемиот ефект што поединци можат да го дадат во борбата против климатските промени е да имаат едно дете помалку, пишува уредникот на еко-рубриката на Гардијан, пренесувајќи резултати од една нова студија која ги идентификувала најефикасните начини на кои луѓето можат да ги намалат емисиите на јаглерод. Корисни активности се продавање на вашиот автомобил, избегнување долги летови и вегетаријанска исхрана, но тие не не се ни приближно до ...

По ново, Џон Хопкинс ги опишува лезбејките како „не-маж привлечен од не-маж“, бидејќи на тој начин терминот е инклузивен за сега да ги опфаќа и делот не не-бинарните луѓе кои се идентификуваат како жени. За да биде гневот поголем, во истиот речник, на истата страница, само еден пасус подолу, геј мажи се опишани како мажи кои ги привлекуваат други мажи. И пред Џон Хопкинс да одлучи да го освестува јазикот, постоеше сериозна битка во ЛГБТ ...

На средбата Путин објаснува дека двете страни до детал договориле сè што треба околу примирјето, кое опфаќало трајна неутралност и безбедносни гаранции, вклучително и на која локација колку војници ќе има и со какво вооружување. Плус, документите што ги покажува Путин тврди дека се лично потпишани од украинските преговарачи. Според рускиот претседател, пролетта, во моментот кога руските сили како дел од примирјето се повлекле од опсадата на ...

Националниот сервис на Велика Британија веќе е во преговори со супермаркети и синџири на продавници, тоалетната хартија и долниот веш кој го продаваат да имаат предупредувања за рак. Идејата е луѓето да се научат или потсетат да ги препознаваат раните симптоми на рак и што побрзо да побараат лекарска помош. Во Велика Британија од рак годишно умираат околу 167.000 луѓе а четирите најчести карциноми се простата, дојка, дебело црево и бели дробови ...

За две години владеење со Авганистан, Талибанците имаат направено повеќе во сузбивање на одгледувањето афион и нарко-трговијата, отколку САД и цела нивна алијанса во 20-те години додека беа таму. Ако Американците 20 години се обидуваа да го придобијат народот дозволувајќи им да одгледуваат афион и да произведуваат опиум, од кој дел завршува на црниот пазар во САД, во април 2022, талибанското раководство објави декрет со кој целосно се забранува ...

„За време на нивната посета, делегацијата патуваше во Урумѓи и Кашгар, каде посетија џамии, исламски институти, локални компании, стари градови и изложби за анти-тероризам и дерадикализација, тие учествуваа на молитви во џамии со локалците и од прва рака се уверија во нивниот среќен живот. Арапските држави нè пофалија за грижата што ја водиме за муслиманите во Синѓанг а луѓето од другите етнички малцински групи добија и ја изразија својата ...

За Украинците ситуација е луз-луз . Додека тие гинат, институциите се посветени да го консолидират обработливото земјиште за локалните олигарси и западните финансиски интереси. Така вели Фредерик Мусо, директор на еден независен тинк-тенк од Оукленд. Воен хардвер од милијарди долари беше испратен во Украина од земјите на НАТО. Во зависност од тоа во кои извори се верува, меѓу 100.000 и 300.000 украински војници (можеби и повеќе) загинале за ...

85% од светската енергија моментално доаѓа од фосилни горива. Многу западни влади се имаат обврзано во скора иднина да воспостават нулта емисија („нет зеро“) на јаглерод диоксид; Америка и Британија веруваат дека ќе успеат во тоа до 2050 година. Тоа значи напуштање на традиционалните електрани и потпирање на соларни и ветерни паркови. Тие планови, како што предупредува Брајан Лејланд, британски стручњак со 60 годишно искуство во енергетската ...

Во 1989 година, фармер од Мичиген забележал чуден објект како лебди над неговиот имот. Дошол во посед и сфатил дека се работи за метеоролошки балон на кој е прицврстена камера Супер 8. Локалните фармери знаеле дека полицијата ги надгледува за одгледување марихуана, па им ја предал снимката на властите. Бидејќи камерата не била нивна, полицајците ја развиле видео снимката (да, така се правеше тоа некогаш) и откриле нешто шокантно па веднаш ...

Се помирив со тоа дека муабетите за ова никогаш нема да престанат. Ако Лиjам навистина сакаше да се споиме, требаше да ми се факинг јави, а ми се нема јавено. Точно знам дека ни тој тоа не го сака, но сака да се претставува како кутро момче кое седи покрај вратата со својот спакуван куфер, знаеш, како онаа мала факинг мачка од факинг Шрек, малата факинг шпанска мачка со оние големи факинг насолзени солзи очи. „Ќе го направам тоа за вас фановите, ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
60%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
2.57
60%
1017
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
83%
1019
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
82%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.34
62%
1015
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
1.03
87%
1020
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
4.12
48%
1014
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
68%
1015
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
5.66
34%
1017
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 18ᴼ
1.54
64%
1014
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
2.06
61%
1018
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
64%
1014
Currency

61.53

Currency

52.5197

Currency

72.0829

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.08

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

176025.34

Цинк

2.75