
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Правдајќи го ваквиот потег, Бајден во интервју објасни дека ова е одлука која многу тешко му паднала да ја донесе, ама дека морало да биде направено затоа што на Украинците им снемувало муниција. Подоцна советникот на Бајден за национална безбедност, Џејк Саливен, признавајќи дека касетните бомби претставуваат опасност за цивилите, објасни дека токму затоа толку време чекале пред да ја донесат одлуката. Во меѓувреме се сменило и тоа што на ...
На анкетата на Југов, Бад Лајт бил на 14 место зад брендови како Пабст блу рибон, Милер драфт и Милер лајт. Во исто време, споредбата на анкетите од вториот квартал во 2022 и 2023 покажува дека останува ист бројот на луѓето на кои им се допаѓа Бад лајт, на некои си 42%. Драмата на Бад лајт почна откако компанијата реши да го ангажира Мулвејни за кампањата за Марч меднес, колеџ баскет турнирот. Како дел од кампањата ликот на Мулвејни беше ...
Меѓу ланскиот јуни и овој јуни, Велика Британија бележи „вишок смрт“ (во однос на повеќегодишниот просек за одреден период) од 1.059 лица на еден милион жители. Овој британски вишок на смрт е поголем од вишокот на смрт кој го регистрирале 13 од 27 земји на ЕУ во истиот период во пандемиските 2020-21 година. Тоа се Австрија, Кипар, Данска, Естонија, Финска, Германија, Франција, Грција, Ирска, Луксембург, Малта, Холандија и Шведска. „Ако утре ...
Лесно е да се разбере желбата да се подржуваат „добри“ компании, наместо оние аморални лакоми фирми кои бараат само профит. Тоа создава чувство на исправност и праведност. Но, како тоа изгледа во пракса? Компании со највисоки ЕСГ метрики (ESG - environmental, social and governance), особено на еколошката страна, се оние кои имаат релативно ниско ниво на јаглерод по килограм приход. Тоа по дефиниција ги прави „зелени“ финансиските услуги, ...
Од авганистанските ниви доаѓаат повеќе од 80% од светското производство на опиум, бројка која не беше нешто значително сменета ни по американската инвазија на земјата во 2001, ни во следните 20 години окупација. Во април минатата година група верски лидери издадоа наредба со која се забранува одгледување на афион во целата земја. Година и нешто подоцна, дел од експертите акцијата ја опишуваат како „најуспешниот напор за борба против наркотиците ...
Водата за пиење од речиси половина славини веројатно содржат „вечни хемикалии“ кои можат да предизвикаат рак и други здравствени проблеми, обелодени нова владина студија. Синтетичките соединенија познати како PFAS ја загадуваат водата за пиење (во различни размери) и во големите градови и малите градови - и во приватните бунари и во јавните водоводни системи, соопшти Геолошкиот завод. Ова е прва студија која ја тестира на PFAS и во регулираните ...
Од почетокот на војната помагачите и имаат испорачано на Украина 471 тенк, а уште 286 треба допрва да пристигнат. Оваа бројка во комбинација со статистиката за изгубена или заробена опрема што ја води Орикс групата, покажува дека украинската тенковска флота е зголемена од почетокот на војната, додека руската е преполовена. Во исто време има намалување на разликата и кај артилеријата и повеќецевните ракетофрлачи. Првиот човек на британскиот ...
Кокаинот е најден во дел од Западното крило кое се користи за чување на лични електронски уреди, до кој пристап имаат голем број вработени и посетители. „Дури и да има таму камери, освен ако не мавташ со него, тоа нема да биде снимено... Прилично е гужва, луѓе цело време минуваат од таму,“ изјавил за Политико магазинот неименуван извор запознаен со целиот случај. Прометноста на локацијата ја потврди и портпаролката на Белата куќа, без да ја ...
Политичката кариера на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, е проткаена со неспособност и некомпетентност. Таа е сериозно непопуларна меѓу гласачите, има недоверба од колегите и редовно е заглавена во скандали. А сепак, продолжува да се искачува по скалилата на меѓународната политика. Се чини дека фон дер Лејен може да очекува нова кариерна частенка. Според Телеграф, Џо Бајден ја бутка неа за следен генерален секретар на ...
Дејвид Брамлет е поранешна Зелена баретка кој уште во март тргнува кон Варшава, од каде треба да се префрли во странската легија во Украина. По пристигнувањето во Украина, Брамлет признава дека ситуацијата околу меѓународната легија е малку хаотична и дека ти треба малку среќа за да се снајдеш. Тоа што најмногу му останува во сеќавање од тој период е колку луѓе без никакво војничко или воено искуство се покренале и дошле во Украина. „Стварно ...
Контролата (ограничувањето) на извозот на овие производи беше изненадно објавена и ќе почне да важи од 1 август. Освен кај производителите на чипови, побарувачка за металите има и од производителите на електрични возила и оптички кабли. Германиум се користи за чипови и пластика, а има и воена употреба во уреди за ноќно гледање и сензори за сателитско снимање. Галиум се користи за радари, уреди за радиокомуникација и сателити. Поранешниот ...
Не се менува скриптата што воените макроа ја користат за да нè намуваат во едно по друго воено фијаско како Виетнам, Авганистан, Ирак, Либија, Сирија и сега Украина: „Слободата и демократијата се загрозени. Злото мора да се победи. Човековите права мора да бидат заштитени. Судбината на Европа и НАТО, заедно со 'меѓународниот поредок заснован на правила' е во прашање. Победата е сигурна“. Оправдувањата и наративите се раскринкаа како лаги. ...
Сеќавањата на неговите далековиди предупредувања невидливо се вклопуваат со виорот плач за да и дадат глас на посмртната сцена која се развива пред нас, како јасен потсетник на неговата пророчка способност. Емануел Макрон, опколениот капетан на ова пловило во немирни води, мораше нагло да ја прекине својата дипломатска екскурзија во Германија. Тој се повлече, пред очите на следачите на неговите неброени погрешни одлуки и растечката поделба меѓу ...
Мобилните телефони, таблетите и паметните часовници го попречуваат учењето на учениците и нема да им бидат дозволени на часови од следната година, соопшти холандската влада. „Постојат сè повеќе докази дека мобилните телефони имаат штетно влијание за време на часовите“, се вели во извештајот. „Учениците се помалку способни да се концентрираат и нивните перформанси страдаат“. Владата бара училишните власти, со наставниците, родителите и учениците ...
По ново Гугл го задржува правото да собира се што објавувате на интернет за потребите на своите ВИ алатки. Од Гизмодо објаснуваат „ако Гугл може да ги прочита вашите зборови, тогаш може да претпоставите дека тие сега и припаѓаат на компанијата.“ „Гугл ги користи информациите за да ги подобри своите сервиси и за да развие нови производи, опции и технологии кои се од корист за нашите корисници и јавноста. На пример, ние користиме јавно достапни ...
Заради прашокот Белата куќа на кратко е евакуирана и е подигнато нивото на безбедносна закана. Во тоа време претседателот Бајден не бил во Белата куќа. Од Тајната служба не кажуваат ни каде, во која канцеларија, е најден прашокот, ни како бил спакуван. Супстанцата била откриена од припадници на униформираната единица на Тајна служба кои спроведувале рутинска проверка низ зградата. Неофицијално, извори од Белата куќа тврдат дека се работи за мала ...
Англиските извршни власти добиле предупредување да не ги затвораат школите, покажува извештај на една тамошна родителска асоцијација. Поранешниот британски премиер Борис Џонсон на 18 март 2020 година побара училиштата во Англија да се затворат на неодредено време и тие тие ќе останат затворени подолго од која било друга земја во Европа. Многу деца се вратија во своите училници во септември таа година но само до јануари следната кога повторно беа ...
Еколошките придобивки на еден електричен автомобил можеби никогаш нема да се доживеат бидејќи нивното производство создава до 70 проценти повеќе штетни емисии отколку нивниот нафтен еквивалент. Тие треба да се возат преку 100.000 километри пред да бидат почнат да ја компензираат штетатата направена во нивното производство. На пример е-Голфот на Фолксваген треба да се вози 123.000 километри, за околината да биде „на свое“. Но, постојат стравувања ...
Во фабриката на УВЗ во Нижни Тагил до сега се произведуваа десетина различни модели на воени возила, како и десетина модели на цивилни возила, како вагони за возови (товарни и цивилни) и метро системи. Освен што ништо од ова повеќе нема да се произведува во УВЗ, фабриката повеќе нема да прима ни тенкови на поправка, туку целиот капацитет ќе биде посветен само на производство на тенкови. Дел од продуктите што до сега излегуваа од фабриката на ...
Американските и европските инвестиции во Кина во голема мера се канализираат преку офшор инстанци поставени од кинески компании во даночните оази. Според новообјавено истражување, странските инвестиции во Кина се многу поголеми отколку што ги регистрира официјалната статистика. Американските и европските инвеститори во акции и обврзници издадени од офшор кинески компании како Алибаба Груп Холдинг и Тенсент Холдингс кон крајот на 2020 година ...
Во анкетата на Универзитетот од Лајпциг повеќе од 33 проценти изјавиле дека Германија веќе станува „опасно преполнета“, а отприлика иста бројка повикале на „конечно повеќе храброст околу силни национални чувства“. Пример во Саксонија, Саксонија-Анхалт и Тирингија, секој втор испитаник изјавил дека сака „посилна партија“ која ја отелотворува „националната заедница“ како целина. Малку закачнати за еден период од германската историја од крајот на ...
Кампањата за помош на семејството на полицаецот ја започна Жан Месија, медиумски лик и поддржувач на поранешниот претседателски кандидат Ерик Земур. На страната за донации стои: „Поддржете го семејството на полицаецот на Нантер, Флоријан М. кој си ја работеше својата работа и сега за тоа плаќа голема цена.“ По масовниот притисок од левичарски политичари и активисти да ја прекине кампањата, Гофундми одлучи да дозволи да продолжи собирањето на ...
Мартин умира во петокот по неколку дена хоспитализација во една локална болница каде е донесен откако бил најден предозиран од фентанил. Иако Мартин го преживеал првичното предозирање, тој останал нереспонсивен и врзан на апарати. По неколку дена неговото семејство одлучило да ги исклучи апаратите. „Џери веруваше дека луѓето ги лечат своите трауми и се додека го прават тоа, заслужуваат да имаат безбеден производ. Тој не е ништо повеќе поштеден ...
Алтомонте е професионален играч на покер на почетокот од 2010-те кога почнува врската со сега екс-девојката: „Мојата бивша велеше дека играч на покер не е прифатлива професија, па јас долго време престанав да играм.“ Последните резултати на Алтомонте се од 2013, а потоа нема ништо се до 2023. Тој се враќа меѓу професионалци во февруари годинава, и од тогаш освојува 87.000 во март, 104.000 долари во април. Заедно со јунските 217.000 долари ...
Ако глобалното затоплување доаѓа од главниот „грејач“ на планетава, тогаш спречувањето на неговите зраци да стигнат до површината на Земјата треба да ги промени временските шаблони на планетава и на тој начин да помогне против климатските промени. Една од потенцијалните опции за блокирање на сонцето предвидува ширење на аеросоли во стратосферата, што ќе доведе до зголемување на концентрацијата на честички во атмосферата и на тој начин ќе ја ...
Непрофитната организација, Фондација Отворено општество, која на крајот на 2021 имаше над 500 вработени до сега од Сорос има добиено повеќе од 32 милијарди долари. Според даночните пријави, најголем расход на Фондацијата во 2021 биле платите и пензиите, трошејќи 72 милиони долари за плати во 2021, и уште 40 милиони долари за бенефиции и пензија. Од Отворено општество ги потврдуваат промените објаснувајќи дека без разлика на тоа остануваат ...
Иако Макрон рече дека болницата ќе може да обезбеди низа различни здравствени услуги, нејзината основна намена е „да игра клучна улога во случај на голема војна“. „Медицинскиот центар од следната генерација има за цел да ги задоволи потребите на армијата во наредните децении“, изјави Макрон. Од почетокот на војната во Украина, сè повеќе европски земји ги преиспитуваат своите борбени стратегии и нивните вооружени капацитети. Многу држави се ...
Анализите на битката и неодамнешниот поблизок пристап до локацијата покажуваат дека минското поле ги уништило најдобрите западни возила со кои располагале двете единици, плус убило или ранило голем број украински војници. По некое неофицијално броење на почетокот на контраофанзивата битката се случува на 4-от ден од украинскиот јуриш. Задачата на двете единици била да се стигне и освои руското упориште во селцето Роботине. Ако Украинците можат ...
Володин не го занимаат сите што одлетале од Русија, туку само лицата „кои се на значителни позиции“. Според него напуштањето на земјата во такви моменти, Пригожин стигна на некои си 200 км од Москва, треба да биде казниво со закон. „Сите ги осудуваме оние кое во тие тешки мигови за државата си заминаа, избегаа, таа постапка треба да се казни, меѓудругото,“ порачал првиот човек на руската Дума. Маршот на Пригожин почна во раните часови на 24 ...
Одлуката ја објавува Меѓународната агенција за истражување рак (ИАРК), која функционира во склоп на СЗО, и таа ќе биде заклучок базиран на анализа на досега достапни студии на оваа тема, отприлика околу 1.300. Во носењето на заклучокот нема да се зема предвид, ниту да се спомне, безбедна количина на аспартам за консумирање. Овие рамки ќе треба да ги однесе заедничкиот комитет на СЗО и ФАО, заедно со националните регулатори. Заедничкиот комитет ...