Маск доброволно во октомври му ја пренел информацијата на Колин Кол, тогаш еден од највисоките функционери на Пентагон, со кого разговарал околу тоа што украинската војска го губи Старлинк сигналот кога ќе влезе на територија окупирана од Русија. Тогаш Кол му објаснува на Маск дека ако го изгаси интернетот тоа нема да ја изгаси и војната. Наводно Маск размислувал за укинување на сателитскиот интернет над Украина, кој е еден од главните канали за ...

Иако Маск не елаборираше нешто повеќе околу планот, со неговиот Твит се согласи и основачот на Твитер, Џек Дорси, кој напиша „100%. Само мјут“. Разликата е што со блок, конкретниот корисник за тебе повеќе не постои, па и да сакаш (дур си најавен) не можеш да прочиташ што тој пишува, ниту пак тој може да те чита тебе, додека кај „мјут“ само не добиваш известување дека корисникот ти напишал нешто. Ваквата разлика е клучна кога корисникот сака да ...

За дел од американските воени функционери и за членови на администрацијата на Бајден, украинските напади на Крим во најдобар случај се дистракција, а во најлош случај трошење на скапоцени ресурси на стратегија која според многумина аналитичари ја остава Украина премногу тенко развлечена меѓу две оски на напад. „Тоа го пореметува балансот на Русите, но не прави ништо одлучувачко. И веројатно ќе биде подобро за сите нив ако се фокусираат само на ...

Се работи за прошетка од околу 2,5 километри која минува околу Градското собрание, Унион плоштадот, и населбите Мид Маркет и Тендерлоин, делови од градот во кои почетната цена на еднособен стан обично е околу 750.000 долари. Во овој дел своевремено се наоѓаат и некои од најскапите продавници во градот како Нордсторм и Олд нејви, кои од неодамна целосно затворија дуќан и си заминаа од Сан Франциско. Од јануари 2020 речиси половина од сите ...

1. Aviation Gin - компанијата која беше продадена за 610 милиони долари. Многумина мислат дека тој ја има основано компанијата, ама, не. Еден ден го пробал тој џин и толку му се бендисал што решил дека мора да биде дел од таа приказна. Рајан не само што стана лице на брендот и инвеститор на капитал во него туку и го водеше креативниот маркетинг на дигиталниот оддел на компанијата. Тој стоеше зад серија збунувачки но вирално успешни кампањи, ...

"Ако мислите дека Германија е ефикасна држава со доверливи институции, најверојатно не живеете овде“, пишува Вилијам Глукрофт за Дојче Веле. „Од несигурна патничка железница до долго чекање за јавни услуги, премалку термини за прегледи на лекари и недоволно места во предучилишните установи, германските институции изгледаат сè повеќе неспособни да ги задоволат секојдневните потреби на населението што го опслужуваат“. Тоа не останува незабележано ...

Во последниот квартал, Јапонија остана понапред од Кина за 70.000 извезени автомобили месечно, но во истиот период лани, разликата изнесуваше 170.000 коли. Кинезите имаат сериозен скок во продажбата во Русија од почетокот на војната во Украина и го зголемија пазарниот дел откако нивните ривали како Фолксваген и Тојота ја напуштија земјата, придржувајќи се до западните санкции за Москва. Од минатата година, Кина е втор најголем извозник на ...

Ако земате додатоци на витамин Ц, треба малку да се потсетите на препорачаните дози. Следејќи совети кои често можат да се најдат на интернет дека нема гајле од повеќе витамин Ц, бидејќи вишокот и онака се исфрла со урнинирање, многу луѓе претеруваат па потоа се соочуваат со непријатни нуспојави како чувство на гадење или главоболки, а во екстремни случаи и болни камења во бубрезите. Скоро на тоа се пожали една ТикТок инфлуенсерка која борејќи ...

Неделава Русија ракетираше мети (авионски бази, аеродроми и центри за обука на пилоти) на некои си 1.000 километри од фронтот. Само во вторникот, според украински извори, лансирани се 28 крстосувачки ракети, од кои 16 се пресретнати. За да не им успее планот на Русите, Украинците сега почнаа со редовно селење, на дневно ниво, на клучното оружје (авиони + ракети) и клучниот персонал. Рускиот лов се должи на успешноста што до сега ја имаа ...

Анегдотата го потврдува она што го имам чуено и од британски извори: кога владите комуницираат со Бајден тие се чувствуваат дека разговараат со заштитното лице на администрацијата но не и со човекот кој е главен. Доколку демократите одлучат тој да не им биде кандидат, на светот ќе му биде јасно зошто. Трката е тесна, премногу тесна за каков било комфор; Бајден не е популарен; тој старее пред наши очи. Сомнежот во неговите способности е засилен ...

Нормално банките имаат евиденција кој колку пари подигнал, а Банката на Ирска ги предупреди граѓаните дека сумата ќе им биде запишана како долг. Сепак ништо од ова не ги одврати Ирците да се наредат пред банкомати и да го повлечат неочекуваниот бонус. Дел од добитниците решија веднаш да се простат од парите и уште истата вечер почнаа со купување телевизори. Освен што давала пари, грешката во системот спречила одредени сметки да префрлат пари ...

Брзото ничкосување на Кабул ја разоткри не само бруталната глупост на окупацијата на Авганистан предводена од САД, туку ги урна и заблудите на квази- либералните интервенционисти кои 20 години ја буткааа нивната приказна. „Сите оние изгубени животи (околу 240.000), сите оние потрошени пари (над 1 трилион долари), сето тоа за џабе. На 15 август 2021 година, Авганистан стана истата држава каква што ја најдоа западните сили кога извршија инвазија ...

Вајс во повеќе наврати блокирал вести за кои менаџментот проценил дека можат да ја навредат саудиската влада, оставајќи ги своите новинари збунети дали сè уште можат слободно да известуваат за случувањата во таа земја, особено за кршењето на човековите права. Медиумската компанија неодамна потпиша лукративен договор за партнерство со МБЦ Груп, медиумска компанија контролирана од саудиската влада. Од 29-те работни места моментално огласени на ...

Тоа што низ годините британското здравство успева да го крене просечниот животен век на 79 за мажи и 83 години за жени моментално е на товар на пензискиот и здравствен систем на земјата, кој подолго треба да исплаќа пензии и да се грижи за своите повозрасни граѓани. Проблемот само е ескалиран од тоа што паралелно со стареењето на популацијата, помладиот дел од нацијата има се помалку деца, кои долгорочно треба да го полнат фондот и буџетот на ...

Во 2022 бројот на руски милионери пораснал за околу 56.000 и државата има 408.000 милионери, додека бројот на ултра богати - луѓе со над 50 милиони долари - пораснал за 4.500. Во истиот извештај УБС тврди дека САД минатата година изгубил повеќе богатство од која било друга држава, завршувајќи ја 2022 со минус од 5.900 милијарди долари. Минусот на Северна Америка + Европа, колективно е 10.900 милијарди долари. Исто така на крајот од 2022 имало и ...

82-та и 46-та бригада се едни од последните што Киев ги држеше во резерва. Нивното излегување на фронтот се очекува значително да ја засили огнената моќ на украинската армија. Проблем е што кога двете бригади неизбежно ќе се повлечат од теренот заради одмор и неопходни поправки, „бидејќи ниту една бригада не може вечно да се бори“, Украина нема да има идентично моќна и свежа бригада која би можела да ги замени нив. Украина до сега имаше слично ...

Со воведувањето воена состојба од февруари 2022 им се забранува на сите Украинци на возраст од 18 до 60 години да ја напуштат земјата. Исклучок за ова се медицински причини, студирање во странство, самохран татко, грижа за лице со инвалидитет или имање повеќе од три деца. Кога пред некое време украинската влада спроведува истрага открива корупција во центрите за регрутација во 11 различни региони. Иако висината на митото се разликува, главно од ...

Пред почетокот на контраофанзивата надежта беше дека пролетва Украинците ќе можат да го реплицираат успехот од есенската офанзива во која ги прегазија Русите и вратија огромен дел од окупираната територија. Од тие очекувања до сега ништо не се оствари, и претпоставката е дека нема ни да се оствари во претстојните 2 месеца пред движењето и оперирањето на украинскиот фронт да стане невозможно, иако на Украина и е јасно дека на своите поддржувачи ...

Им признала дека никогаш во животот не ѝ се допаѓало суши и во суштина не може да го поднесе а дека курсот го запишала и го посетува само за инает на нејзиниот доскорешен маж. Тој бил опседнат со суши и постојано ја тапанел да научи да спрема. Или да запише курс и да му го направи ќеифот. Конечно го направила тоа, само откако му ги предала документите за развод. Имало и други причини за разведувањето но знаела дека ова со сушито ќе го извади од ...

Велика Британија треба конечно да ја признае својата клучна улога во пучот во 1953 година со кој беше соборен последниот демократски избран лидер во Иран, смета поранешен министер за надворешни работи на Кралството. САД официјално ја признаа својата улога уште пред 10 години со декласификација на голем број разузнавачки документи, кои јасно покажаа дека соборувањето на Мохамед Мосадег пред 70 години беше заеднички потфат на ЦИА и МИ6. ...

На денешен ден речиси е невозможно американските Ф-16ки да стигнат во Украина пред крајот на летната офанзива. Идентично невозможно е и Украина во овој временски период да добие обучени пилоти. Прашањето на Њујорк тајмс е дали без значителна воздушна моќ, која е столб на воената тактика што Западот и ја натура на Украина, контраофанзивата може да успее. „И одговорот изгледа дека е да,“ пишува Тајмс наведувајќи како референца украински, ...

Надуените трошоци за бродски превоз им дозволиле на руските компании да заработат далеку повеќе од продажба на нафта на Индија отколку што претходно се веруваше, открива анализата на Фајненшл тајмс. Само во мај, јуни и јули руските превозници заработиле дополнителни 1,2 милијарди долари од зголемени трошоци за превоз и дополнителни давачки. „Зголемените трошоци за превоз се голем проблем бидејќи тие создаваат дупка во режимот за контрола на ...

За разлика од досегашниот начин на кој Трамп беше третиран од американските власти за претходните три обвиненија, сега „има индикации“ дека ќе биде направена полициска фотографија од американскиот претседател како што налага востановената процедура. Ваквата слика ќе биде идентично симболична и важна и за двете страни на Трамп универзумот и кај оние што се за и кај оние што се против него. Се очекува дека освен медиумската вредност што сликата ќе ...

Ерика Бари му раскинала на нејзиното последно момче затоа што не бил ентузијаст постојано да дискутираат „за иднината на нашата планета“. „Мојот дечко го поддржуваше мојот фокус, но не го споделуваше“, се жали Бери на нејзиниот екс. „Кога ќе го спомнев глобалното затоплување, само се обидуваше да ме утеши: да ме прегрне, да понуди да одгледаме некоја стара епизода на Сајнфелд....“ По некое време повторно почнала да се среќава со момци и веќе не ...

Зошто колумбиските селани, одговорни за производството на речиси 80% од светскиот пазар на кокаин, заработуваат само 1.000 долари годишно додека килограм кокаин во САД се продава за 150.000 долари? Догматскиот одговор е една од најголемите измами во капиталистичкиот свет: платите подлежат на „законот за понуда и побарувачка“. Ако платите во кој било производствен синџир би биле диктирани исклучиво со овој закон, тогаш најтешките работни места на ...

Весникот цитира еден американски функционер кој вели „ја немаме баш затворено книгата за 2023, ама веќе се подготвуваме за 2024,“ надополнувајќи дека во Киев и на Западот има се поголема свесност дека треба да почнат да работат на нова и подолга временска рамка. „Украинците признаваат дека контраофанзивата не мина како што беше планирано, и тие не напредуваа како што се надеваа и очекуваа. Тоа не значи дека контраофанзивата пропадна, бидејќи се ...

Има една година откако Русија го зазема Мариупол и Москва сега го користи градот како пример за брза ревитализација и обнова на териториите кои се под руска контрола. Го сметаат за трајно анектиран по серијата референдуми на таа тема кои запад не ги признава. Градот плати страшна цена на двомесечните битките за него. 90% од зградите беа оштетени или уништени, илјадници цивили настрадаа, стотици илјади избегаа. * Види: Google Earth ги смени ...

Официјалниот весник на Корејската работничка партија, Родонг Синмун, порачува дека „главниот фокус“ на народот треба да биде „осигурување на безбедноста“ на портретите на својот лидер, Ким Џонг Ун, неговиот татко и неговиот дедо. Кога ќе се обезбеди ова, народот треба да се даде на заштита на големиот број статуи, мозаици и други споменици посветени на семејството Ким. За обемот на подвигот што се очекува од Севернокорејците треба да се знае ...

Главни актери од украинска страна, и во нивните и во руските извештаи, се германските Леопард 2 и американските Бредлија кои најголемо внимание добија во поразите што ги претрпеа на фронтот. „Она што допрва треба да го видиме, барем од независни извори, е каков било доказ за Челенџер 2 во акција. Тие секако можеби до сега успеале да преживеат недопрени, но чисто се сомневам. Тие се идентично ранливи на мини и дронови како оние што уништија некои ...

Уште пред три години, кога беше професор на МИТ, Генслер во еден труд ги објасни и ризиците од финансиските кризи кои се пред нас и немоќта која во врска со нив ќе ја почувствуваат регулаторите на пазарот. Главниот ризик доаѓа е од тн „трговии од црна кутија“, автоматизирани берзантски зделки кои се темелат на алгоритми кои учат со вештачка интелигенција. Ќе направат хаос и ќе го скршат пазарот кога истовремено ќе решат нешто да купуваат или ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
4.12
36%
1015
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
2.68
50%
1016
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
45%
1017
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
3.6
38%
1017
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
3.62
42%
1014
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 29ᴼ
3.6
45%
1019
weather icon

Атина

26ᴼ / 25ᴼ
6.26
42%
1013
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
6.17
47%
1014
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
0.0
33%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
37%
1015
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
2.24
41%
1016
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
4.12
46%
1014
Currency

61.53

Currency

52.5197

Currency

72.0829

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.08

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

176025.34

Цинк

2.75