Алба е новиот шампион во кошаркарската Бундес-лига откако берлинскиот тим славеше на гостувањето во мајсторката против Баерн Минхен со реезултат 81-84. Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ сакаше со шампионска титула да се збогува од Баерн (дојден е на позајмица од Зенит што истекува на крајот од сезонава), но желбата не му се исполни, и тоа повторно поради катастрофалното второ полувреме како што тоа беше случај на четвртиот меч ...

Кошаркарите на Алба на сензационален начин ја освоија титулата шампион на Германија. Во „мајсторката“ против Баерн (М) на гостински терен, Алба направи неверојатно враќање од -20 поени и на крајот славеше за титула. Екипата од Берлин денес го победи Баерн Минхен со резултат 84:81 и ја доби серијата со 3:2. Ова беше последниот натпревар во одличната тренерска кариера на Светислав Пешиќ, славниот Србин кој планираше да се збогува со титула. ...

Македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ и неговиот Баерн Минхен ја загубија мајсторката за титулата во германската ББЛ лига од Алба Берлин со 81-84. Иако важеа за голем фаворит во својот дом во „БМВ Парк“ во Минхен, сепак гостинската екипа имаше повеќе нерви кога беше најважно. Алба во завршницата одигра одлично, па драмата на крајот заврши со славје на момците во жолти дресови. Баерн може да жали бидејќи имаше неверојатни „плус 20“ ...

Баерн Минхен влезе како голем фаворит во финалната серија против Алба Берлин за пехарот во Германија, но евролигашот на крај остана без тронот во домашната кошарка. Алба покажа во ова соочување дека е рамноправен противник, но и по оние 2-2 многумина веруваа дека Баерн е оној што ќе се прашува во мајсторката и ќе има се во свои раце и тоа поради повеќе причини. И така беше во првите 20 минути кои баварците на свој терен ги добија со 47:27. ...