„Тие користат воени алатки. Пред сè, ги користат сите оние системи за слушање и разузнавање кои ги изградија после 11 септември. Тие не се користат само за прислушување терористите туку и странски компании кои се конкуренција на нивните. Стана тоа јасно во 2014 година кога Сноуден откри дека имало 75 милиони разговори и мејлови за Франција и француски компании кои биле експлоатирани од НСА. Кога Фредерик Пјеручи - човек кој денес треба да ја ...

Јужната команда на украинската војска тврди дека руските сили ја кренале браната во воздух, додека руските власти во Ново Каховка тврдат дека е терористички напад од украинска страна. Браната висока 30 метри и широка стотици метри е изградена во 1956 од Советите како дел од Каховка хидроелектраната. Резервоарот на браната држи некои си 18 километри кубни вода. Каховка е главен извор на вода за цел Крим, како и за потребите на нуклеарната ...

Поранешниот претседател на Анхусер-Буш за продажба и дистрибуција, Ансон Фрерик, објаснува дека вака нестандардното однесување што го гледаме од најодмерените и најпресметаните глобални корпорации се должи на левичарски инвестициски компании коi влегуваат во корпорацијата и вршат притисок таа да работи по нивна идеологија. Фрерик како прво обвинети ги наведува инвестициските фондови Блекрок, Вангард и Стејт стрит, кои управуваат со капитал од ...

Истото важи и за Ф-16ките, за кои Украинците треба да почнат да се обучуваат, но не треба да ги очекуваат да им стигнат во скоро време. „Сите признаваат дека на Украина и е потребна модернизирана воена авијација. За тоа ќе треба значително време,“ порачал првиот човек на американскиот генералштаб, генерал Марк Мајли. Помошта околу авијацијата моментално е стигната до фаза на планирање, конкретно која ќе биде големината на групите за обука за ...

За време на состанокот во Шангај, германскиот министер за одбрана се среќава со својот колега од Кина, на кого „јасно му е кажано дека се очекува веднаш да се прекине со оваа пракса.“ Кинескиот министер не негирал ништо од ова, туку само објаснил дека целата пракса нема некое големо значење во рамки на кинеската војска. Околу кинескиот ангажман на поранешните воени пилоти прв објави Шпигел во петокот, а според нив „многу е веројатно дека ...

Современиот американски систем има многу војници кои се борат во негово име. Постојат Блек лајвс метер бунтовници кои ограбуваат беспомошни гранапчиња и продавници за чевли. Постојат AWFL (Affluent White Female Liberal) кои присуствуваат на секој протест и ја спроведуваат секоја новоизмислена норма. Постојат Антифа кои палат автомобили, под опсада држат судници и палат полициски станици. Но, една класа на воини се издвојува од сите останати. ...

Електротехниката е тема за која би требало да знам нешто. Мојата прва универзитетска диплома беше електро-машинство и електронско инженерство, а потоа и магистрирав на контролни системи. Комбинирајте ја оваа, можеби изненадувачка, академска патека со мојата доживотна страст за автомобили, и можете да видите зошто рано ги прифатив електричните возила. Мојот прв хибрид го купив пред 18 години а мојот прв чист електричен автомобил пред девет години ...

Битлси станаа големи во Англија на почетокот на 1963 година кога „Please Please Me“ (второ место) и „From Me To You“ (прво место) станаа први од многуте нивни топ-10 хитови. Една деценија подоцна, бендот одби понуда од 250 милиони долари за повторно обединување. За само осум години, Битлси се искачија на врвот на меѓународната музичка сцена, станаа музички трендсетери и променија сè во поп музиката. Само што, Ален Вилијамс (на сликата најлево, ...

ДПИ индустријата за диверзитет, правичност и инклузивност (DEI - diversity, equity, and inclusion) експлодираше во 2020 и 2021 година, но подоцна почна да биде преиспитувана, не само во американските федерални држави контролирани од републиканците. Корпорациите ги намалуваат трошоците и персоналот за ДПИ а медиуми како „Њујорк тајмс“ сè почесто ѝ приоѓаат на темата со скептицизам. Малку доцна. Оваа милијарди долари вредна индустрија, без ...

„Крајот на векот“ повторно се враќа. Последниот извештај на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC), предизвика типично апокалиптични реакции медиумите. „Ова е нашата последна шанса да го ограничиме глобалното затоплување пред штетите од климатските промени да станат неповратни“, се вели во еден наслов. „Дејствувајте сега или ќе биде предоцна“, процени Гардијан. Можеа комотно да кажат и „Покајте се грешници, крајот е близу“. Ова вртење ...

Одговорот на поранешниот инспектор за оружје на ОН? Врзете ги појасите. Тоа не е нормално за американски сенатор, но Линдзи Грем не е нормален американски сенатор. Тој е психопат. Сум зборувал за него и порано и моето мислење не е сменето. Тој е парфимирана принцеза, човек кој не знае ништо за војна,з а битки, за што било. Тој буквално е бескорисна индивидуа, воен хушкач и психопат. Неговата гадна фаца кога го зборуваше тоа е иста со изразите на ...

Потенцијалното отворање на нови фронтови на руска територија ќе ја присили Русија да повлече дел од своите сили и на тој начин ќе ги ослабе руските позиции на главниот фронт, што треба да биде искористено од Украина. Плус сериозно би го ослабело имиџот на Путин во Русија, како семоќен бранител на земјата. Проблемот во денешната ситуација е што за разлика од претходните ситуации кога оваа тактика успевала, Путин е владетел кој располага со ...

Забраната за медиуми е крајно невообичаена за ОПЕК бидејќи известувањето од таму директно влијае на цените на енергенсите и финансиските пазари низ светот, а спомнатите медиуми се едни од најкредибилните извори во оваа сфера. До сега ОПЕК стандардно им дава акредитации на сите новинари кој сакаат да ги покриваат состаноците во Виена. Иако нема официјално објавена причина зошто овие медиуми не се поканети, шпекулацијата е дека тоа е направено на ...

Само во втората по големина земја во НАТО сојузот, Турција, со децении се одвиваа практични вежби во кои војската прилично брутално ја контролираше демократски избраната власт. Во првиот пуч во 1960 премиерот и лидер на Демократската партија Аднан Мендерес е осуден за велепредавство и е обесен. После пучот предводен од полковникот Алпарслан Туркеш, егзекутирани се и министрите за надворешни работи и финансии, додека министерот за полиција изврши ...

Научни журнали и истражувачките списанија повлекле над 300 статии за ковид-19 поради компромитирани етички стандарди и сомнителна научна валидност на публикациите. Повлечени се трудови кои се движат од „Акутна повреда на бубрезите поврзана со ковид-19“ до „Дали вашата вештачка интелигенција може да разликува мачки од ковид?“ Досега се повлечени вкупно 330 истражувачки трудови. За време на пандемијата, истражувачи правеа компромиси со етичките ...

Хуиленг Тан во текстот за Бизнис инсајдер објаснува дека има три причини зошто Кина не ја сака вистински оваа замена. Прво е што Кина не сака да ја либерализира својата валута и да дозволи пари слободно да се движат во и надвор од економијата. Во повеќе од една деценија промовирање на поголема употреба на јуанот кинеската народна банка внимава тоа да се случува без да се наруши финансиската безбедност на земјата и малку веројатно тоа сега да се ...

Основната разлика меѓу замрзнување и запленување е што замрзнатиот имот не може да биде користен, префрлен / преместен или продаден од неговиот сопственик, но и покрај тоа законската сопственост на тој имот не се менува. Додека кај запленување, прво нешто што се случува е дека имотот се префрлува на име и во сопственост на властите кои ги заплениле, по што тие можат да го користат по своја волја. Процената е дека Западот до сега има замрзнато ...

Адвокат во Њујорк истрпи резил затоа што користел ChatGPT за своите правни истражување како дел од тужба против колумбиска авиокомпанија. Застапувал клиент кој бил повреден од количка за сервирање додека летал со авиокомпанијата во 2019 година. Судијата забележал недоследности и фактички грешки во документацијата на случајот, па адвокатот Стивен Шварц признал дека првпат користел ЧетГПТ и не бил свесен дека може да дава лажни содржини. Шварц во ...

Повикувајќи дека е време за Европска народна обврзница, Џејкоб Киркегард во текстот за ФТ потсетува на обврзниците што ги објавуваат САД и Британија за време на Првата светска војна „кои ја покажаа моќта на патриотизмот“. „Како што големо мнозинство од Европејците ја поддржуваат финансиската помош за Украина, и како што се зголемуваат потребите на Киев, ЕУ или поединечно европските држави треба директно да се потпрат на добрата волја на своите ...

Празнењето на браната трае 3 дена, по што функционерот Раџеш Вишвас успева да го најде телефонот, меѓутоа целата операција е за џабе затоа што заради времето минато под вода уредот бил целосно нефункционален. Инаку не се работи за човек на некоја бог знае каква позиција, туку за инспектор за храна во државата Чатисгар, а неговата основа за празнењето на браната е дека на телефонот (Самсунг од 1.200 долари) имало важни државни податоци. Пред ...

Најпосакуваниот исход за членките на НАТО е да имаат решено кој е кандидат до самитот во Литванија закажан за средината на јули, и тоа да биде човек кој доаѓа од висока позиција за да има политичка тежина, претседател или премиер, и за малку да сменат, тоа да биде жена. Британскиот министер за одбрана, Бен Волис, веќе порача дека радо би ја прифатил позицијата. Во исто време дел од владите на НАТО силно притискаат на позицијата да дојде данската ...

Иако нема сомнеж дека американските авиони ќе бидат значителен апгрејд на застарената украинска флота од времето на СССР, тие нема да бидат ни приближно одлучни во борбата против Русите како што тоа го мислат Украинците. Процената е дека употребливоста на американските авиони ќе биде ограничена на одбрана или ангажман во крајно-ризични операции. „Меѓутоа Ф-16ките кои најверојатно ќе и бидат испратени на Украина и понатаму ќе имаат инфериорен ...

За Линдзи на наш сајт види и: Американците бараат јунак што ќе го убие Путин Важно, Америка е задоволна Два воена хушкача: Дозволете да ве напалиме За последнава некрофилија на Линдзи, сепак доби потсетување на некои работи: * На Нирнбершкиот трибунал, наци министерот за економија, Хјалмар Шахт, рече дека Третиот Рајх се финансирал и од извори преку оеканот па именуваше две големи американски корпорации: Форд и Џенерал Моторс. Со него беше ...

29/05/2023 11:42 - Оф Нет

„Интензитетот се зголемува ама ќе треба да мине прилично долго време,“ изјавил Подолјак, порачувајќи дека како се вжештува контраофанзивата така ќе гледаме се повеќе воени упади на руска територија, како оној во Белгород. Во исто време со изјавата и првиот човек на украинската војска, генерал Валериј Залужниј, на Телеграм објави видео од своите војници со пораката „Време е да си го земеме тоа што е наше.“ Додека секретарот на украинскиот совет ...

Коронавирусот намерно беше пуштен од страна на САД од лабораторија во Вухан за да предизвика глобална пандемија која ќе го зголеми јавното прифаќање на вакцините, тврди бизнисмен специјализиран за ревизија на патенти. На Меѓународниот самит за Ковид организиран од Европскиот парламент во Брисел, Американецот Дејвид Мартин ги обвини САД дека стојат зад двата коронавируси кои предизвикуваат појава на тежок акутен респираторен синдром, во 2003-та и ...

Поранешниот руски командант Игор Гиркин тврди дека Русија во иднина може да се соочи со побуна од Вагнер групата и нејзиниот лидер Евгениј Пригожин. Вагнер се едни од најпосветените и најефикасни војници кои се борат на руска страна а Пригожин има блиски односи со рускиот претседател. Вагнеровци се доста видливи во тековниот конфликт во Украина, особено во битката за Бахмут, во која Пригожин призна дека илјадници негови луѓе биле изгубени. Тој ...

Доктор Дејвид Дафи, генетичар од Универзитетот во Флорида, само сакал да најде поефикасен метод за следење на болеста кај морските желки. Потоа почнува да наоѓа човечка ДНК каде и да погледне. Во текот на последната деценија, истражувачите на дивиот свет ги рафинираа техниките за утврдување ДНК на животната средина, тн. еДНК - траги од генетски материјал што сите живи суштества го оставаат зад себе. Таа еДНК лебди во воздухот или останува во ...

Авторот, Чарли Варзел, уште во декември пишува дека ако треба Маск да се оценува само според неговите постапки како сопственик на Твитер, тогаш е правилно тој да биде наречен десничарски активист. „Како јавна личност тој покажа безрезервна посветеност на десничарската културолошка војна против прогресивноста, а неговото купување на Твитер за 44 милијарди долари може лесно да се толкува како експлицитен политички акт за напредување на оваа ...

Доктор Роберт Епстин ја поминал последната деценија следејќи ја манипулацијата на Гугл со вестите, резултатите од пребарувањето и сугестиите на Јутјуб. Неговото истражување покажува дека Гугл има моќ да ги менува мислењата и да ги придвижи изборите за да одговараат на неговиот либерален корпоративен светоглед. И покрај редовните колнења во својата невиност пред Конгресот, мултинационалниот технолошки гигант кој вреди 1.000 милијарди долари го ...

Бројот на возрасни граѓани на Англија кои се мачат да ги платат своите сметки и долгови се искачи на речиси 11 милиони луѓе. Тоа е околу 3,1 милион повеќе отколку лани во ова време. Нивната Управа за финансии открива дека 11% од возрасните пропуштиле сметка или плаќање заем во баре три од претходните шест месеци. Главен притисок врз личните финансии прават зголемените цени на енергијата, храната и горивата. Се забележува намалување или ...

Прибежиште

43 минути - МРТ

Самец

57 минути - МРТ

Робокап

57 минути - МРТ
weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
46%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.06
59%
1013
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
52%
1016
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
55%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
0.67
50%
1014
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.51
72%
1016
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
2.57
61%
1013
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
49%
1012
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
53%
1012
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
50%
1013
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
59%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
5.14
55%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52