Кремљ нарачал воведување на нов закон со кој западните компании во Русија ќе можат да бидат присвоени по багателни цени, како одговор на одлуката на западните држави да запленуваат руски имот. Според Фајненшл тајмс планот е на руската држава да и се даде приоритет во купувањето на западни компании и друг имот по „значителен попуст“ за подоцна истите да можат да бидат продадени со профит. Кога не е државата во игра, тогаш од руските купувачи на ...

Четбот со вештачка интелигенција одржал црковна миса во преполната црква Свети Павле во баварскиот град Фуерт. Четботот, персонифициран со аватар на брадест црнец на огромен екран над олтарот, им проповедал на над 300 верници дојдени на експериментална лутеранска црковна служба речиси целосно генерирана од вештачката интелигенција. „Драги пријатели, чест ми е да стојам овде и да ви проповедам како прва вештачка интелигенција“, рекол аватарот со ...

На Адам Мастројани, психолот од Универзитетот Колумбија, му здосадиле вообичаените кукања дека луѓето имаат сè помалку почит кон другите, љубезност и емпатија па решил подлабоко да се нурне во таквите тврдења и да напише докторска дисертација на таа тема. Извлекол повеќедецениски анкети и други податоци и открил дека најмалку во последните 70 години, луѓето ширум светот постојано тврдат дека постои општ пад на моралот. Не наоѓајќи поткрепа за ...

Проблемот на Украинците е дека неисполнувањето на очекувањата што ги има Западот би значеле проблеми во продолжување и обновување на воената помош. Згора на ова процената е дека ако на Русија не и се зададе одлучувачки удар се зголемува ризикот од замореност на Западот со војната, празнење на воените резерви и ерозија на единството, посебно што држави како Кина и Бразил веќе со месеци ги туркаат своите мировни планови. И САД како најголем ...

„Ако продолжиме по докажаното соучество на западните држави во уништување на Северен тек, тогаш немаме пречки, па дури ни морални, кои не спречуваат да ги уништиме кабелските комуникации на нашите непријатели кои се наоѓаат на океанското дно,“ напишал поранешниот руски претседател, Дмитри Медведев. Подводните океански кабли се клучните артерии на комплетните глобални комуникации, со кои се поврзуваат континентите низ светот. Откако новинарот ...

Сегашните отпуштања во ИТ паѓаат на грб на менаџерите кои непотребно ги полнеле своите оддели со луѓе како начин тие самите да добијат унапредување и поважна позиција во компанијата. „За да те унапредат, мора да покажеш дека можеш на управуваш со поголем обем, што секогаш значи да управуваш и со повеќе членови на тимот. Меѓутоа менаџерите ретко кога наследуваат дополнителни тимови или членови на тим. Наместо тоа, единствениот начин на кој ...

Калифорнија е на пат да стане првата транс дистопија во светот. Предлог-законот кој моментално се наоѓа пред тамошниот сенат вели дека родителите кои не го „афирмираат“ родовиот идентитет на своето дете, треба да се класифицираат како сурови/навредливи (abusing). И уште нешто, во битките за старателство судиите двапати да размислат пред да му доделат старателство на наводно суров родител кој одбива да прифати дека неговото или нејзиното дете го ...

Предупредувањето на Хабек е до политичарите кои според него треба да избегнат да ја направат истата грешка како претходно и да претпостават дека дури и да не преземат никакви мерки за обезбедување на енергетски резерви нема да има штета по економијата. Тој порачал дека Германија ќе мора да го испочитува договореното споделување на товарот од недостатокот на гас во Источна Европа, што во пракса ќе значи извезување на своите залихи од гас за ...

Од 29 кои се членки на НАТО, вклучително и Турција, само шест ја задржаа задолжителната воена служба. Обединетото Кралство, САД и Канада имаат исклучиво професионални армии веќе 50 или повеќе години. Сепак, руската агресивна војна врз Украина поттикна многу дебати за ова прашање, при што многу земји размислуваат дали треба повторно да воведат задолжителна воена служба и да ги зголемат буџетите за одбрана. Украина, Литванија, Романија Набргу по ...

„Алармите за најновата форма на вештачка интелигенција се заглушувачки. И тие се најгласни од програмерите кои ја создадоа. Мораме овие предупредувања сериозно да ги сфатиме,“ порачал Гутереш. Генералниот секретар на О.Н. објавил дека до крајот на годинава ќе почне да се работи на надзорно тело на високо ниво за ВИ кое редовно ќе го следи спроведувањето на договорите за контрола на ВИ и ќе дава препорака како тие да се порамнат со човековите ...

На состанокот тој изјавил дека Русија има изгубено 54 тенкови откако Украина тргна во офанзива на крајот од минатата недела. „Стана јасно дека ни фалат многу работи (високо) прецизна муниција, комуникации, дронови. Ги имаме ама ни фалат количини,“ изјавил Путин. За сега украинската контраофанзива се уште е во фаза на тестирање на одбранбените линии што Русите ги градеа цела зима, и имаат освоено само неколку села. Путин тврди дека руските сили ...

Дента по испораката кога сопственикот се враќа дома открива дека најголемиот дел од работите во куќата не му работат, пример светлата, бидејќи целосно бил блокиран неговиот Амазон ехо уред на кој биле врзани и преку кој се контролираат најголем дел од системите. По некое време контактирање со корисничка поддршка на Амазон, човекот на телефон разговара со повисок менаџер во компанијата кој со „до некаде обвинувачки тон“ му објаснува дека нивен ...

Веројатно испуштив чуден животински крик на радост кога се појави веста дека против поранешниот претседател Доналд Трамп се подигнати федерални обвиненија. Па сепак, нешто не штима кога ќе слушнеш од Њујорк тајмс дека ова е „првпат поранешен претседател да се соочи со федерални обвиненија“. И Вашингтон пост ја истакна истата поента. Вознемиреноста ќе ви се зголеми кога ќе сфатите дека ниту еден екс-претседател никогаш не бил отповикан, осуден и ...

Во јавност целата ситуација се разрешила дипломатски, но приватно заканата од Мухамед бин Салман била дека „фундаментално ќе ги измени децении старите американско-саудиски односи и ќе наметне значителна економска цена за САД ако реагираат на намалувањето на производството на нафта“. Во изјавите содржани во Дискорд документите се тврди дека МБС изјавил дека „веќе нема да работи со американската администрација.“ Осум месеци подоцна уште се чека ...

„По насоки на градоначалничката, решивме да формираме комитет околу прашањето за кохабитација,“ изјавила заменичката градоначалничка за јавно здравје, Ан Соури. Задача на групата ќе биде да најде метод за справување со глувците кој ќе биде „ефикасен“ но не и „неподнослив“ за Парижаните. Се работи за сериозно напуштање на досегашната агенда на градот за војна со глувците, која за 1,7 милиони евра годишно вклучуваше поставување на специјално ...

Фокс њуз ги извести адвокатите на Карлсон дека неговото шоу на Твитер е вон договорот што го има со мрежата за разделување и дека телевизијата „ќе почне да разгледува правни мерки против Карлсон.“ Адвокатите на водителот пак тврдат дека каква било правна постапка од Фокс ќе биде прекршување на уставните права на Карлсон (од Првиот амандман на американскиот Устав) за слобода на изразување. „Фокс своето постоење го брани по основа на слобода на ...

Копањето на вашата градина не само што е непотребна напорна работа туку е лошо и за животната средина порачува мултинационалната компанија за градинарска опрема B&Q. Иако ова е малку изненадувачки совет од ланец кој на ангро продава градинарски лопати, убедени се дека методот треба да стане минато, за да може градинарството да се омасови. Наместо двапати да се прекопува градината (еднаш на крупно, вториот пат за да се уситни) за земјата да ...

Тој ни беше 'јатак' во оние хистерични времиња на овдешната лажна револуција, кога идиоти нè напнуваа да сме од нивна, за да не нè опањкавале дека сме се продале. А видовте кој каде и како тоа нивното заврши. Кратко запознавање со Корнел Вест, преку содржини за него објавени минатите години на нашиот сајт. Другари и другарки, Корнел Вест Политичкиот триумф на Доналд Трамп ги урна естаблишментите во Демократската и Републиканската партија - обете ...

Сузи Грин, поранешниот извршен директор на Мермејдс, која „неочекувано“ даде оставка минатата година, толку долго се криеше пред наши очи што сега искрено верувам дека можеме јасно да видиме која е. Како на оваа жена воопшто и беше дозволено да има толку многу влијание врз ранливи деца, да не зборуваме пак за здравствените професионалци, е искрено вознемирувачки. Таа е поранешен ИТ консултант без никаква медицинска обука - освен ако не го броиш ...

Гад Саад: Се чини дека секој ваш твит е за LGBTQ заедницата. Вие сте претседател на сите Американци. Што е со илјадниците луѓе убиени од предозирање? Колку твитови тие заслужуваат? Што е со луѓето кои не можат да си го дозволат следниот оброк? Колку твитови тие добиваат? Најдете малку само-контрола. Најдете малку перспектива на работите. Престанете со оваа лажна оргијастична емпатија. Навистина е неверојатно. ***************** п.с. Бајден уште ...

Премиерот Улф Кристерсон во својот текст во Афтонбладет порачува дека „не е секогаш лесно да се стане дел од шведското општество дури и да се трудиш“. „Да бидам јасен: масовна имиграција и лоша интеграција едноставно не функционираат едно со друго. Затоа сега ги менуваме шведските политики за миграција во едни од најстрогите во ЕУ. Кога некој ќе биде одбиен за азил тоа значи дека ќе мора да ја напушти земјата. Ова треба да биде јасно на сите, но ...

Првите 31 обвинение сите се однесуваат на „свесно задржување на информации од национална безбедност“ и за секое едно од нив е предвидена максимална казна од 10 години, плус 250.000 долари глоба. За секое од следните четири обвиненија: заговор за попречување на правдата, задржување на документи или досие, криење на документ или досие, криење на документ во федерална истрага, на Трамп му следуваат по 20 години затвор, плус по 250.000 долари глоба ...

Лукот не само што може да биде добар за одвраќање од себе на луѓе и вампири, туку и на ковид-19 и грип, порачува истражување од австралискиот институт Питер Доерти. Научниците од Доерти година ипол ги истражувале својствата на одредена сорта лук одгледана во Австралија која покажала антивирусни својства со до 99,9 проценти ефикасност против вирусите кои предизвикуваат ковид и обичен грип. Идејата е да се комерцијализираат најефикасните сорти лук ...

Кога новинар на Бизнис Инсајдер замолил еден истражувач од универзитетот Алто, инаку татко на три деца, да му објасни што него го прави среќен, овој извадил телефон и му покажал фотографија од школото на децата: десетици детски велосипеди со кои учениците дошле дента на школо. Таму одат на школо сами, пешки или со точаци, веќе од седум години. Тоа е само една од причините што Финска, шеста година по ред, е прогласена за најсреќна земја на ...

Некои неугледни и навидум празни индустриски магацини во Јоркшир се дом за компанија за вештачка интелигенција која во име на британската влада следи што Англичаните објавуваат на интернет и социјалните мрежи. Компанијата се вика Логично. Има логика. За да мониторираат она што го дефинираат како дезинформации и лажни вести Владата им има платено 1,2 милиони финти а башка имаат договор со Одделот за култура, медиуми и спорт (1,2 милиони фунти) и ...

Интерно истражување на јавното мислење и телевизискиот аудиториум им покажало на CNN дека значајно ја имаат изгубено довербата кај гледачите, првенствено поради сензационализмот, пристрасноста и поларизирачкиот пристап кон пандемијата и ковидот, тврдат Федералист. Иако собираа некакви награди за „проверки на факти“ и „специјални заслуги“ за истражувачко новинарство, медиумот не успеа да го задржи најважното, довербата кај публиката. Една таква ...

Планинарот Равичандар Тарумалингам е најден во озлогласената „смртна зона“ на Еверест, на околу 8.300 метри, каде освен што нема доволно кислород и температурите знаат да паднат на -5 степени Целзиусови. Се работи за дел од стандардната рута до Еверест, а човекот бил откриен од Гелје Шерпа кој се качувал кон врвот со сосема друг клиент од Кина. Гелје го нашол Равичандар премрзнат, како се држи за едно од јажињата што се пуштени по рутата, без ...

Во масовно споделуваниот и коментиран текст во Гардијан, Роуан Аткинсон рече дека се чувствува „измамен“ од зелените бенефити на електричните возила. „Предлага алтернативи кои сè уште не се широко достапни, би биле помалку корисни за климата и гарантирано ќе бидат поскапи“, реагира во Гардијан, Сајмон Еванс од Карбон Бриф. Иако нема да ги решат сите проблеми - од сообраќајниот метеж до нашиот седечки начин на живот - без електричните нема да се ...

Шеба е најстариот син на Јелена Шебунова, поранешна стјуардеса, која во 2000-те била љубовница на Шојгу, со кого има 3 вонбрачни деца, никогаш признаени од министерот за одбрана. Шебунова со тек на време ја завршува кариерата на стјуардеса и отвора компанија која низ годините заработува милиони од тендери за Министерството за итни ситуации и Министерството за одбрана. Пред да дојде во одбрана Шојгу беше министер за итни ситуации. Информацијата ...

Во отприлика 250 години од Индустриската револуција, светското население, како и неговото богатство, експлодираше. Меѓутоа, пред крајот на овој век, бројот на луѓе на планетата би можел да се намали, за прв пат после Црната чума. Главната причина не е во умирањата, туку во раѓањата. Во 2000 година, стапката на фертилитет во светот изнесувала 2,7 раѓања по жена, удобно над репродукциската стапка од 2,1, со која популацијата е стабилна. Денеска ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
2.57
63%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 19ᴼ
4.12
62%
1017
weather icon

Загреб

24ᴼ / 19ᴼ
1.54
68%
1019
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
82%
1018
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.96
65%
1015
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.51
89%
1020
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
4.47
48%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
72%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
6.69
36%
1017
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 18ᴼ
1.03
63%
1014
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 19ᴼ
3.09
67%
1017
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
0.0
64%
1014
Currency

61.53

Currency

52.5197

Currency

72.0829

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.08

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

176025.34

Цинк

2.75