
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Раскажувајќи ја битката за Нескучне, војникот Кривбас од украинската територијална одбрана, раскажува како нивните процени пред нападот на селото покажале дека таму има само 20 руски војници. Тоа што тие не го знаеле, и не можело да се види од дроновите, е дека таму всушност имало 200 војници кои со денови се криеле во подрумите низ Нескучне, уринирајќи во пластични шишиња без ниту еднаш да не излезат на површина. Кога Украинците напаѓаат со 70 ...
Бахман на Твитер пишува „само кога еден литар ќе чини 100 евра или повеќе, нашите сограѓани полека ќе почнат да размислуваат дали можат да живеат без автомобил.“ Професорот во интервју за Билд признава дека е свесен дека поскапувањето на бензинот неизбежно ќе поскапи и многу други работи и истите ќе станат недостапни за сиромашните „но за жал тоа е цената што мора да се плати за заштита на климата“. Идентично свесно Бахман објаснува дека ...
На фукцијата потпретседател на САД, Џо Бајден е одговорен за односите со Украина и американските интереси во таа земја. За време на тој негов мандат, државниот украински обвинител Виктор Шокин почнувада истражува наводи за корупција во нафтената компанија Буризма. Буризма го ангажира синот на потпретседателот, Хантер Бајден, за плата од 83.000 долари месечно, за да имаат пристап до татко му. Буризма го молат Џо Бајден да им помогне да се прекине ...
Некои од врвните политичари во Калифорнија ја повикуваат Тејлор Свифт да ги одложи нејзините концерти во Лос Анџелес со што би покажала солидарност со штрајкот на хотелските работници. Јасно, со таков потег таа за срце би ги уапала нејзините посветени обожаватели, затресканите Свифтис. Заменичката гувернер на Калифорнија, Елени Куналакис ја предводи листата од десетина калифорниски политички потписи со кои се сака да се изврши притисок врз ...
Пред нешто повеќе од четири месеци, пронаоѓачот Брајан Слоун регистрирал патент за „контрола на уреди за сексуална стимулација со помош на електроенцефалографија“. На 49 страници и 31 графикони и илустрации, се објаснува како едно лице може да ги искористи своите мисли за да командува сексуална играчка со својот ум. Слоун е пронаоѓач на Аутоблоу, механички мастурбациски ракав кој имаше неколку верзии. Првата, лансирана во 2008 година, беше шкарт ...
„Законите кои му овозможуваат на Кремљ да испрати стотици илјади нови војници во борба покажуваат една тажна вистина: дека наместо да бара излез од неговата катастрофална војна во Украина, Владимир Путин се подготвува за уште поголема војна,“ пишува за Фајненшл тајмс директорот на Карнеги Русија, Александар Габуев. Тој објаснува дека периодов има прилично голем број аргументи за да се верува дека рускиот претседател се наоѓа во речиси безизлезна ...
Во 2019 Бајден изјави дека никогаш не разговарал со својот син или кој било во семејството „било што во врска со нивните бизниси“. Комитетот за надзор на Претставничкиот дом истражува дали Бајден бил несоодветно вклучен во зделките на син му. Сведок пред Комитетот е Девон Арчер, поранешен бизнис соработник на Хантер, кој повеќе од 5 часа одговарал на прашања околу бизнис интересите на Хантер вон САД, вклучително и во Украина. Хантер и Арчер ...
Се работи за меме за ковид-19 објавено од Такер Карлсон чие ширење Фејсбук, и покрај првичниот отпор, го намалува за 50% по барање на американските власти. Според документите од Комитетот за судство на Претставничкиот дом, претседателот на Фејсбук за глобални работи, Ник Клег, им напишал на своите колеги дека Енди Славит, советникот на Бајден за ковид-19, „е гневен - и ова не е премногу силен збор за да се опише неговата реакција - дека Фејсбук ...
Албанските организирани криминални банди доминираат во снабдување со кокаин во Обединетото кралство, признава Тони Сагерс, кој го има предводено Одделот за дроги при Националната агенција за криминал. Овие банди успеале да го освојат и зацврстат приматот во бизнисот првенствено со намалување на цените и откажување од дел од профитот. Во Британија во 2022 година биле запленети 19 тони кокаин, рекордна бројка досега. Канцеларијата на ОН за дрога и ...
М варијантата на Ка-52 наводно е развиена со дополнителните искуства од војната во Сирија. Тврдењето е дека таа има модернизирана електро-оптичка купола за нишанење, наредни комуникации и можност за носење на нови проектили, вклучително и озлогласениот ЛМУР (Лесна повеќенаменска наведувана ракета). ЛМУР има домет од околу 15 километри, што на екипажите на Ка-52 им дозволува да стрелаат вон дометот на украинската воздушна одбрана. Претходно ...
Заради законите за декриминализација полицијата не им може нешто посебно на наркоманите, а дури и оние кои има право да ги препрати на лечење, завршуваат на список за чекање кое веќе трае повеќе од една година. Зачестената појава на дрогирање сред населби или шприцови и останата опрема расфрлани пред основни школи, направи градоначалници и други функционери да почнат да притискаат „дали е време државата повторно да го размисли својот глобално ...
Во еден впечатлив пресврт, по повеќе од две децении замижување пред натенане бришењето на Србите од Косово, ЕУ и САД конечно се обидоа да го зауздаат својот вазал, и со зачестени осуди и со санкции за Приштина. Иако тривијални во споредба со казнените мерки што се применуваат врз државите каде што Западот сака промена на режимот, санкциите за Косово до скоро ќе беа незамисливи. И Брисел и Вашингтон му ставија до знаење на премиерот Албин Курти ...
Унгарски МОЛ со години има силна позиција на украинскиот пазар, меѓутоа документите од царината покажуваат дека неодамна имало значителен скок на увозот на дизел, во кој МОЛ во изминатите шест месеци за два пати ја зголемил продажбата на гориво на Украина. „Бидејќи МОЛ преработува голем дел руска нафта, украинската воена машина сега главно работи на нејзе. Во исто време компаниите кои не користат руски суровини почнаа да губат пазарен удел во ...
Изјавите на американските функционери следуваат неколку часови откако Русите пријавија големи украински напади на југот во регионот на Запорожје. Според портпаролот на руското министерство за одбрана, Игор Конашенков, Украинците започнале „масовен“ напад со три баталјони (околу 3.000 војници), засилени со тенкови, на југот од градот Орихив, и потоа уште еден појужно во близина на селото Роботино. Дел од американските функционери пак сметаат дека ...
Во сојузната држава барем една доза вакцина против ковид имаат примено 505.569 деца и тинејџери на возраст од 5 до 18 години. Од нив околу 9.300, или 1,6%, имале непосакувани нус-ппојави кои биле медицински третирани. Во исто време во Долна Саксонија имало вкупно 620.213 деца и тинејџери на возраст од 5 до 18 години што до сега биле заразени со коронавирусот. Од нив 305, или 0,04 проценти, морале да бидат хоспитализирани, вклучително и двајца ...
Со спогодбата, која беше договарана неколку седмици, Хантер Бајден требаше да ја признае вината за даночните прекршоци што ги има направено и за поседување на оружје, а за возврат да не заврши во затвор. Кога ова стигна на суд, судијката изјави дека таа „нема да може да даде одобрение за договорот“. Спогодбата требаше да стави крај на 5 годишната истрага што американските власти ја водат против синот на американскиот претседател за негови ...
Груш пред конгресмените од Комитетот за надзор и одговорност изјави дека САД имаат спроведено „повеќедецениска“ програма во која имаат собрано и се обиделе да откријат како работат соборени НЛО. Освен технологијата, според поранешниот разузнавач САД имаат најдено и „не-човечка“ биологија, иако тој признава дека никогаш немал видено вонземско тело. Тој тврди дека откако излегол со своите тврдења се соочил со „многу брутален“ одговор, а знае и за ...
Киев пост пренесува изјави на украински војници според кои единиците на фронтот се соочуваат со слаб морал заради константно акумулирање загуби, надополнето со повремено слабата поддршка и бавното напредување. На војниците не им е по мерак ни стратегијата избрана од раководството на армијата, од која стравуваат дека на крај ќе загинат. „Ситуацијата е многу тешка. Русите имаа премногу време за да се подготват за насекаде разгласуваната украинска ...
Наводно Путин два или три дена претходно бил известен од безбедносните структури дека му се подготвува бунт, па како резултат на тоа се преземаат мерки за засилување на неколку клучни објекти, вклучително и Кремљ, каде се зголемува бројот на телохранители и оружје кое им е поделено. Но освен ова не е направено ништо друго. „Путин има време да донесе одлука за ликвидирање на бунтот и апсење на организаторите. Но кога почна бунтот настапи парализа ...
Мојата финта е секогаш прво да видам што велат најнезадоволните, па ако препознаам нешто што никако не ми се допаѓа, одам понатаму. Но, можеби грешам, бидејќи интернетот е составен од лажни претстави, односно критики за сè што се нуди на него, од сместување до ресторани и шопинг. И позитивни и негативни. Не е тоа нешто ново, ќе рече некој, тоа постои од кога постои интернетот. Но, благодарение на четботите, односно вистинските роботи, сега тоа ...
Моментално во магазинот се останати неколку уредници а сите идни содржини ќе бидат изработени од фриленс автори. Отпуштањата се дел од мерките за штедење воведени од мајката компанија, Дизни. Проблемот на Нешнл џиографик е што не успеа да се снајде како што треба во дигиталното доба и да стигне до ресурсите кои се неопходни за да ја продолжи работата и известувањето со квалитетот од изминатите над 130 години. „Во молскавичниот свет на ...
Одлуката на Бајден да ја снабдува Украина со касетна муниција е убедлива илустрација за лажноста на либерализмот како водич за надворешната политика. Неговата реторика ја возвишува супериорноста на демократиите над автократиите, ја истакнува посветеноста на „поредок заснован на правила“ и се колне во неприкосновеноста на човековите права. „Ако стварно беше така, немаше да се праќа оружје што е сериозен ризик за цивилите и чија употреба во ...
Бројот на дигитални претплатници на Пост во 2020 го достигнува пикот од 3 милиони претплати и од тогаш само паѓа до денешните околу 2,5 милиони. Во исто време ова е и последната година од власта на Трамп, кој беше главна тема, доведена до опсесија, за медиумот. Освен претплатниците извештаите на медиумот покажуваат дека годинава нема да бидат исполнети предвидувањата за приходи од реклами. Наводно од купувањето ентузијазмот на Безос околу ...
Периодот кој го пресметува Центарот за макроекономски анализи и предвидувања на централната банка, е од февруари 2022 до јуни 2023. По нивна процена се работи за одлив без преседан. Ова е отприлика четири пати повеќе отколку сумата што била повлечена од земјата во 2021. Се работи за некои си 13% од БДП-то на Русија, со што е срушен претходниот рекорд од 11% од 2008 за време на глобалната финансиска криза. Просечниот одлив на капитал од Русија во ...
Украинскиот претседател прво објаснил дека почетокот на контраофанзивата доцнел затоа што војската немала доволно муниција, оружје и обучени единици. Последица на ова е што Русија добила повеќе време да го минира теренот и да ги изгради своите одбранбени редови. Но и покрај ова, Зеленски најавил дека операцијата ќе добие на залет повикувајќи ги сојузниците да испратат повеќе ракети со голем домет и Ф-16ки. Обраќањето било на Безбедносниот форум ...
Од Конференс борд, организацијата која го води индексот, објаснуваат дека јунските бројки покажуваат дека економската активност ќе продолжи да се намалува и во претстојните месеци. Како фактори што придонесуваат за тоа тие наведуваат зголемени цени, постегната фискална политика, потешко добивање кредит и намалена владина потрошувачка. Во првите шест месеци од годинава индексот паднал за 4,2 проценти, додека меѓу јуни и декември 2022, падот бил ...
„Во последно време натпреварите за убавина се обидуваат да добијат на внимание користејќи стратегии кои сметам дека се малку апсурдни. Од создавањето, изборот имаше прочистување на правилата за разјаснување дека учесничките мора да бидат жени од раѓање. Веројатно затоа што, уште тогаш, се предвидуваше дека убавината може да претрпи одредени модификации, или дека жените би можеле да претрпат одредени модификации, или дека мажите би можеле да ...
Пензионираниот американски адмирал Џејмс Ставридис, објаснува дека иако САД моментално не се волни сами да преземат ваква операција, тоа би можело да падне на земјите членки на НАТО од регионот: Романија, Бугарија и Турција. „НАТО и САД би можеле да придружуваат поморски пратки жито, нешто за што имаат доволно капацитети да го спроведат. Давајќи јасно искажани предупредувања на руската црноморска флота, НАТО треба да возврати на оган ако руски ...
Препораката на еден од највисоките здравствени функционери е дека работниците во Германија треба да воведуваат пауза на сред ден нешто налик шпанската сиеста, за да ја издржат летната горештина која ја зафати Европа, вклучително и северот. Препораката е за справување со горештината да се следат праксите од јужните краишта на Европа: да се станува рано и продуктивно да се работи наутро, по што би се направила сиеста на пладне. Иако лани Германија ...
Целата работа почнува со еднa прилично емотивна тиктокерка која тврди дека и било викано откако го прашала потенцијалниот работодавец дали „прават отстапки за лицата кои страдаат од временско слепило“. Истата девојка ја критикува и работната култура во која работниците остануваат без работа бидејќи се мачат да бидат точни на време. Без разлика како девојката мина на социјалните мрежи, психолозите тврдат дека оваа појава е честа посебно кај ...