
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Без да ја оспорува смртоносноста и ужасите на војните што САД ги води во Авганистан и Ирак, во кои и самиот тој учествува, американски воен ветеран, објаснува дека разликата со Украина е што на украинска територија се води војна на индустриско ниво со уништување какво светот одамна нема видено, а таа вештина кај САД, НАТО и европските сојузници има „атрофирано“ последниве децении. Тој објаснува дека дури и за време на неговата првична обука, ...
Првиот од повеќето случаи поднесени против Астразенека е од татко на две деца, Џејми Скот, кој по примање на вакцината во април 2021 добива трајно оштетување на мозокот како резултат на згрутчување на крвта и крварење во мозокот. Откако е хоспитализиран, болницата во три наврати и се јавува на сопругата на Скот за да ја извести дека тој ќе умре. Астразенека ги отфрла обвиненијата од Скот, меѓутоа во правни документи поднесени до британските ...
На почетокот од војната милиони Руси избегаа од земјата што беше прогласено за сериозен удар за Русија бидејќи главно се работеше за високообразовани кадри, неопходни за економијата на која било земја. Сега илјадници и илјадници од нив се враќаат дома. Причина за ова е што ЕУ и останати држави изминативе две години дадоа сè од себе за на пребеганите Руси да им го отежнат обновувањето на дозволите за престој и обидите за префрлање работа и пари ...
Извесна Џо-Ема Ларвин и нејзиниот дечко летале од Хитроу до Дубаи со бизнис класа, носејќи седум полни куфери. Куферите биле накрцкани со милиони фунти спастрени во пачки. Ги носеле кај некој меѓународен перач на пари кој тоа го прави за солидна маржа, претворајќи ги во злато и одбрани валути. Тој им рекол дека Хитроу-Дубаи е оптимална рута. Британија бара од патниците да пријават ако носат повеќе од 10.000 фунти, ама, толку. Куферите на овие ...
Предлог законот, усвоен со 320-91 гласа и двопартиска поддршка, ја прифаќа и кодифицира дефиницијата за антисемитизам на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот. Доколку помине и во Сенатот и потпишан влезе во сила, законот ќе ја прошири правната дефиниција на антисемитизмот за да го вклучи „таргетирањето на државата Израел, зачната од еврејската заедница“. „Говор кој е критички настроен кон Израел не е никаква дискриминација“, се ...
56 големи брендови се одговорни за над 50% од пластичното загадување на Земјата. Нова студија објавена во Science Advances. покажа дека компанијата Кока-Кола е главнa и самата стои зад 11% од пластичното загадување. Во првите пет се и Пепсико, Нестле, Даноне и Алтриа. Тие заедно прават една четвртина од светската пластикa. Годишно се создаваат околу 400 милиони тони пластичен отпад, а најголемиот дел завршува на депониите и океаните, се вели во ...
Со писмо до Обединетите нации, Саудиска Арабија потврди инструкторката по фитнес која беше популарна на интернет добила 11-годишна затворска казна, притоа не прецизирајќи ниту едно од нејзините наводни „терористички престапи“. 29 годишната Манахел Ал Отаиби се наоѓаше во затвор од ноември 2022 година и беше држена на непознати локации. Се најде на удар на чуварите на моралот и заврши пред специјалниот суд за тероризам затоа што објавуваше ...
Многу застапници на бездомници велат дека проблемот се влошува затоа што не постојат доволно домови, а сиромаштијата се зголемува. Но, ниту едното не е точно. Сиромаштијата постојано се намалува од 1980-тите, кога бездомништвото првпат стана прашање на јавен интерес. Многу малку луѓе се на улица само затоа што не можат да си ја дозволат киријата. Огромни се доказите дека мнозинството луѓе на улица се таму поради нетретирана ментална болест или ...
Универзитетот Колумбија почна да ги суспендира про-палестинските студентски активисти кои одбија да го размонтираат протестниот камп а разговорите за ставање крај на демонстрациите кои ги поделија студентите влегоа во ќорсокак. Претседателката на Универзитетот, Немат Минуче Шафик рече дека неколкудневните преговори меѓу студентските организатори и институцијата не успеале да ги убедат демонстрантите да ги отстранат десетиците шатори поставени во ...
На неколку недели пред завршувањето анти-субвенциската истрага за кинески електрични возила што ја води ЕУ, аналитичарите од Родиум груп препорачуваат дека се што Унијата подготвува како казна за Кина, најверојатно ќе биде премногу слабо за да ги одврати кинеските производители. „Очекуваме Европската комисија да наметне дополнителни давачки во износ од 15 до 30 проценти. Меѓутоа дури и да се реши да оди на горната граница од овој опсег, дел од ...
Белоруската забрана за Дојче веле важи за цела земја и за сите информативни платформи. Реагираше директорот на Дојче веле, Петер Лимбург, порачувајќи дека обвиненијата против нив се тенки и не одговараат на не реалноста. Се произнесе и германското министерство за надворешни работи: „Владетелите во Минск со сите сили се обидуваат да ги заплашат и замолчат новинарите и медиумите“, пишува во соопштението во кое се вели дека забраната за Дојче веле ...
Процената на Ројтерс е дека парите што сега ги доби Украина се доволни за оружје и обука на војници до крајот на следната година. Меѓутоа, наспроти финансиските интервенции на САД кои се носат со огромен напор и труд од демократите и поддржувачите на Украина, предлогот е изгласување на повеќегодишен план за финансирање на Украина. Ќарот од ова е што ќе и даде сигурност на Украина од промените на расположението во САД, ќе го зголеми украинскиот ...
Бидејќи нема елегантен начин како да им ги провериш пасвордите на сите корисници, новиот британски закон важи само за производителите на најразлични паметни уреди од телефони, до телевизори, фрижидери и ѕвончиња, кои се поврзуваат на интернет. Намерата е од една страна да се заштитат корисниците од најразлични хакерски напади, од друга, да се заштити интернет инфраструктурата од масовни напади од голем број хакнати уреди. Освен пасвордите новиот ...
Минатата недела, американскиот државен секретар Ентони Блинкен беше во Пекинг. Приемот беше доста ладен (види: Не е империјата тоа што беше), а домаќините му дадоа до знаење дека САД мора да изберат „конфронтација или соработка“ со Кинезите. Дипломатскиот речник на Пекинг е прилично јасен и сигнализира дека топката е кај Американците, да донесат одлука за нивната кинеска стратегија. „Кина е задоволна што гледа самоуверени, отворени, ...
Во конфликтите што ги покривав како известувач од Латинска Америка, Африка, Блискиот Исток и Балканот, наидов на уникатни поединци од различни вери, религии, раси и националности кои величествено се кренаа да му пркосат на угнетувачот во име на угнетените. Некои од нив се мртви. Некои од нив се заборавени. Повеќето од нив се непознати. Овие поединци, и покрај нивните огромни културни разлики, имаа заеднички особини - длабока посветеност на ...
Аукцијата на Казахстан е дел од проектот кој трае веќе неколку години за замена на својата авијација од советско време со модерни авиони, пример рускиот СУ-30, а има и некои разговори за купување на западни авиони. Како дел од овој проект во октомври на продажба беа дадени 117 авиони кои вклучуваа МИГ 31, 29 и 27 и Су-24, сите произведени во 1970-те и 80-те. Од продажбата Казахстан заработи 2,2 милиони долари. Во брошурата стоеше дека авионите ...
Депресијата е најчестиот проблем со ментално здравје во светот и знае да влијае на способноста на човекот да функционира и дома и на работа. Научниците во студијата решаваат да ја истражат поврзаноста меѓу викенд доспивањето и симптомите на депресија откако првично утврдуваат дека недостатокот на сон станува се повообичаен во модерното општество, и луѓе спијат повеќе часови за викенд за да надоместат дел од дефицитот. Тие анализираат бројки од ...
Главно мирните протести прошарани со повици за ИСИС беа организирани од Муслим интерактив, чиј лидер повика на формирање „праведен калифат“ во Германија како лек за погрешното претставување на муслиманите во тамошните медиуми. Освен плакатите, учесниците мафтаа и со примероци на весникот Билд префарбан со црвена боја заради стории што ги има објавувано за исламот и муслиманите. Од почетокот на војната во Газа, Германија е критикувана од тамошни ...
Мајк Блек се откажува од своето богатство откако за време на пандемијата негови пријатели ги губат своите пари и бизниси. Намерата на Блек е преку својот пример да им помогне на пријателите одново да го изградат својот живот и да докаже дека среќата и парите не се обавезни за да се стане милионер, туку треба само напорна работа. Деновиве Блек на својот Јутјуб канал, каде го документира подвигот, објави дека се откажува од експериментот бидејќи ...
Политико проценува дека нема една единствена причина заради која спикерот Џонсон, кој претходно инсистира дека секоја помош Украина ќе биде врзана за барањата на републиканците поврзани со јужната граница на САД, решил да го стави на гласање пакетот од 61 милијарда долари, „меѓутоа состанокот со Зеленски му даде на Џонсон поголема итност доколку реши да и испрати повеќе оружје на Украина.“ Според сведоштва на луѓе блиски на спикерот, Џонсон од ...
Класот на Колумбија од 2024 година ги пропушти матурите и универзитетските ориентации. Нивната бруцошка година помина во маски, часови на ЗУМ и изолација. Четири години подоцна, не е многу различно. Поради протестите за Газа, студентаријата повторно е разбиена, наставата е онлајн а студентите носат маски - овој пат за да го сокријат својот идентитет на демонстрациите. Дипломските церемонии и прослави можно е да бидат откажани. „Зборувајте со ...
Малкумина надвор од Италија знаат дека осум децении по смртта на фашистичкиот диктатор на Италија, тој и натаму останува почесен граѓанин на стотици италијански градови и места. На врвот на популарноста на фашистичкиот режим, речиси сите од речиси 8.000 општини во Италија го прогласија Мусолини за нивен почесен граѓанин. Дури во 1944 година, градови како Неапол и Матера почнаа да се ослободуваат од овој товар. Но, со децении имаше застој па до ...
Налогот за апсење од МКС според извештаите е заради израелскиот одговор на нападот на Хамас од 7 октомври. На ваквата вест, Нетанјаху порача дека каква било одлука на МКС нема да се одрази на израелските постапки, ама затоа пак ќе постави опасен преседан. „Под мое раководство Израел никогаш нема да прифати каков било обид на МКС за поткопување на нашето осново право да се одбраниме себе си. Иако одлуката на судот во Хаг нема да влијае на ...
47 годишниот Навални беше веројатно најжестокиот критичар на Путин а неговите подржувачи најавуваа дека ќе извадат докази дека тој во арктичкиот затвор не починал од природна смрт како што гласеше официјалната верзија туку бил ликвидиран по наредба на Путин. Кремљ негираше каква било вмешаност на државата. Минатиот месец Путин смртта на Навални ја нарече „тажна“ и наведе дека неговото постоење воопшто не му пречело за што сведочела и неговата ...
„Секој борба за секоја следна помош станува се понапорна и се подолга. Мислам дека Украинците треба да размислуваат што ако веќе нема пари,“ порачуваат од Карнеги тинк-танкот. На сличен став се и експерти од Стимсон центарот, според кои „сите вклучени во конфликтот треба овој пакет да го третираат како е последен и така и да планираат, бидејќи е можно и да биде.“ Последниот пакет од 61 милијарда се влечеше околу половина година, и овој период ...
По сериозни притисоци од Украина, САД во јануари 2023 се согласи да дозволи испраќање Абрамси на Украина, и тоа 31 тенк по цена од 10 милиони долари парче. „Меѓутоа од тогаш военото поле суштински се промени, посебно со распространетата употреба на руски шпионски и камикази дронови. Овие оружја и ја отежнаа на Украина заштитата на тенковите откако истите ќе бидат откриени, а потоа и ловени од руските оружја. До сега 5 од 31 тенк се изгубени во ...
Во неодамнешно интервју во кое зборува за контраофанзивата на Нетанјаху во која се убиени 34.000 Палестинци, Пелоси порачува: „Го признаваме правото на Израел да се одбрани себе си. Она што го отфрламе е политиката и постапките на Нетанјаху. Ужасни. Што може да е полошо од она што тој го нарави во својот одговор на нападот? Треба да си поднесе оставка. Во крајна линија тој е одговорен.“ Таа смета дека Нетанјаху со години го блокира ...
Маск во моментов е на два фронта, со властите во Бразил и во Австралија кои бараат на платформата да нема содржини кои тие ги сметаат за штетни, за расизам, за дезинформации... (Види: Битката со дезинформации е убав бизнис). Спорот на Маск со бразилските власти е дел од тековната дебата за тоа што да се прави со „дигиталните милиции“ кои се поврзуваат со поранешниот десничарски претседател Жаир Болсонаро. Онлајн поддржувачите на Болсонаро беа ...
Студијата ги надополнува досега постојните заклучоци дека физичката активност е корисна за менталното здравје, со забелешка дека во одредени случаи вежбање со висок интензитет може да ги влоши работите околу менталното здравје. Заклучоците до кои е дојдено важат и за мажи и за жени, и кај различни возрасни групи низ светот. Истражувачите не успеале да најдат поврзаност меѓу физичката активност со висок интензитет и намален ризик од депресија. ...
Уредникот на магазинот Цицерон објави документи кои даваат увид во тоа како е донесена таквата одлука на министерството за економија. Извештајот сугерира дека врвни функционери од Зелените намерно фалсификувале извештаи од експерти. Очигледно е дека по секоја цена сакале да го избуткаат напуштањето на нуклеарните централи, без оглед на економските и научните причини и аргументи, пишува Берлинер Цајтунг. Кои информации биле криени од министерот ...