
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Домовите делуваат паралелно со ширењето на се попопуларната филозофија во Кина на финансиска независност и рано пензионирање и концептот на лежење рамно, кој подразбира пристап во кој правиш најмалку што треба за да преживееш. Популарноста на домовите е доволно раширена да освен во најголемите градови ги има и во помалите градови и пооддалечените провинции. За дел од младите оваа пензија е само привремена и нејзе ја земаат на неколку години или ...
Слично како што претходно Американците ветија дека ќе пазат ниту една ракета да не ја прелета украинската граница, сега американски функционери изјавиле дека внимателно ќе следат за да се осигураат дека американското оружје ќе се користи само за „контра-напад“ за да се нападнат „руските сили кои први удриле на нив или се подготвуваат за удар.“ Руската војска изминатиов период изврши неочекувана и успешна офанзива во близина на Харков упаѓајќи ...
Освен што е прв американски претседател што добил ваква пресуда, тој е првиот претседателски кандидат кој е осуден сред кампањата за Белата куќа, а ако го победи Џо Бајден на изборите во ноември ќе биде и првиот актуелен американски претседател кој е осуден криминалец. На поротата во судот на Менхетен и беа потребни речиси 12 часови во рок од 2 дена за да ја донесе пресудата. Пресудата дека е виновен за 34-те обвиненија на ниту еден законски ...
Севкупно над 2.100 меѓународни компании останале во Русија по почетокот на војната во 2022, споредено со 1.600 компании кои или се повлекле од пазарот или го намалиле својот обем на работа. Дел од компаниите што останале се жалат на комплексна бирократска процедура за излегување од пазарот, на други поплаката е дека добиле понуда да бидат откупени која не била прифатлива за нив. Она што Русите променија од почетокот на војната е воведување на ...
52,3 степени регистрирани во средата на пладне се рекорд и за Њу Делхи и за Индија. Претходниот национален рекорд го држеше град од пустинската сојузната држава Раџастан и беше за само еден степен пониско. Топлотниот бран, кој Индија го прогласува кога температурите ќе се кренат над 45 степени Целзиусови, се совпаѓа и со 6-неделните општи избори во земјата, што претставува сериозен ризик за луѓето кои чекаат во долги линии пред гласачките кутии. ...
Ги имало 60 што се натпреварувале за оваа титула и складно со мисијата на натпреварот тие биле на возраст од 23 до 64 години. „Вистинската убавина не доаѓа од совршеното тело кое одговара на она што општеството го диктира, туку од тело кое раскажува приказна. Жена која е добра во својата глава, добра во своето тело, жена која едноставно е 'вуау',“ објаснува основачката на Топ жена, 56-годишната Натали Де Рук. Де Рук е поранешна манекенка која ...
Како што се приближуваат изборите за Европскиот парламент во јуни, ЕУ ја засилува својата кампања за цензура. Минатиот месец, неколку инстанци во Брисел се обидоа да минираат конференција на конзервативци и десничари (види: Кога ќе се прогласиш за градина, сегде ќе ти се гледа плевел). Минатата недела, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вети дека ќе создаде „европски демократски штит“ доколку биде реизбрана за втор ...
Бајден речиси сигурно ќе го пропушти мировниот самит за Украина што следниот месец ќе се одржи во Швајцарија, затоа што тој е во исто време со донаторска вечера во Холивуд за неговата изборна кампања на која ќе присуствуваат Клуни, Џулија Робертс и други. Самитот е закажан за 15 и 16 јуни, темпиран точно по средбата на лидерите на Г7 во Италија, меѓутоа ниту Бајден, ниту неговата заменичка Камала Харис нема да бидат присутни во Швајцарија. ...
Во 2022 речиси 17,7 милиони луѓе пријавиле дека користат марихуана секој ден или речиси секој ден, споредено со 14,7 милиони луѓе што пиеле секој ден или речиси секој ден. Во 1992, кога користењето марихуана достигнува најниско ниво на САД, помалку од 1 милион луѓе изјавиле дека секој ден дуваат. Употребата на алкохол и понатаму е пораширена во САД, но 2022 е прв пат интензивното користење марихуана да го надмине она на алкохолот. „Добри 40% од ...
Уште во ноември лани, се појавија извештаи за приведени и исчезнати лекари во северна Газа. Според Светската здравствена организација, најмалку 214 медицински персонал од Газа се приведени од израелската војска. На почетокот на мај, притворањето и сомнежите за мачење на здравствени лица од Газа стигнаа на насловните страници кога израелските власти ја објавија смртта на Аднан Ал Бурш, познат хирург и шеф на ортопедијата во болницата Ал-Шифа. ...
Се работи за „L’amour Toujours“ на италијанскиот диџеј Џиџи Д'Агостино која беше хит во 2001. Дваесет и кусур години подоцна песната воскресна во Германија откако есеноска локалците на ритамот го накалемија слоганот „Германија на Германците. Странци надвор!“. Германија деновиве се уште е во шок откако во јавноста се појави видеото од една неодамнешна викенд пијанка на Силт, еден од најелитните острови во земјата, на која тамошната младина го ...
Малиот крајбрежен град Агде (26.000 луѓе) на југот на Франција е познат по прекрасни песочни плажи, сончево време во текот на целата година и луди оргии: тоа е дом на најголемата свингерска заедница во Европа во кој десетици илјади парови доаѓаат да разменат партнери. Сега градот е во сосема поинаков скандал, поврзан со градоначалникот Жил д'Етор и една локална гатачка. Софија Мартинез е локално позната по тоа што може да разговара со мртви па ...
Скорешно истражување покажа дека 78% од американските потрошувачи денес сметаат дека брзата храна е „луксузно“ хранење поради постојаното поскапување на оброците, наспроти нивната слаба финансиска ситуација. Тоа е особено точно кај Американците кои заработуваат помалку од 30.000 долари годишно (71%), родителите со мали деца (58%) и генерацијата З (58%). Во просек, 3 од 4 Американци обично јадат брза храна еднаш неделно, но 62% од испитаниците ...
Посебно осмислената структура го поддржува бујното зеленило создавајќи впечатлив еко-систем во урбаното опкружување. Меѓу фасадата и надворешниот ѕид на зградата постои воздушен простор кој делува како природен изолатор, штитејќи ја од прекумерна топлина во летно и студ во зимно време. Здравјето на билките е осигурано со автоматизиран состав за наводнување кој во 90% користи дождовница собрана на лице место. Ваквиот систем ја минимизира ...
Еден од огласите објавен од кампањата на Бајден е за позицијата Менаџер за партнери, содржини и мемиња, а во нејзиниот опис стои одржување на односи со подкастери, дигитални медиуми и големи меме страници. Целта на кампањата на Бајден е преку меме страниците да стигне до младите гласачи од Ген 3, кои се најголемата публика за мемиња на интернет. „Се што се обидуваме да направиме е на креаторите да им пренесеме информација за тоа што се Џо Бајден ...
Дури и по стандардите на вообичаено розовото размислување на Макрон, Мајоте е катастрофа. Како и голем дел од француската империја, империја која се преправа дека не е, Макрон верува во фантазијата дека нејзините далечни колонии навистина се дел од самата Франција. Покрај немирите, криминалот и сиромаштијата, најнов проблем на Мајоте е напливот на африкански бегалци омразени од локалното население. Малкумина Французи би можеле да го најдат ...
Планот е воениот рок да трае 12 месеци, а другата опција е волонтирање еден викенд секој месец за завршување работи во матичната заедница на регрутираниот. Намерата на Сунак е кај младите да се всади „чувство за заедничка цел“ наспроти силите кои „се обидуваат да го поделат нашето општество.“ Од идеолошка страна Конзервативците на Сунак се надеваат дека со оваа политика ќе успеат да направат јасна разлика меѓу нив и Лабуристите, како единствена ...
„Дојде време нашите сојузници да размислат за кревање на дел од ограничувањата што ги имаат на оружјето донирано во Украина. Посебно сега кога има големи борби околу Харков во близина на границата, забраната за Украина да ги искористи овие оружја против легитимни воени мети на руска територија е многу тешка да се одбрани,“ порачал Столтенберг. Украинците и покрај целото оружје што го имаат од Западот, за напади на руска територија мора да ...
Главно ветување на наследникот на Шојгу, Андреј Белусов, беше намалување на корупцијата во руската одбрана и подобрување и забрзување на военото производство во насока на долгорочна војна против Украина. Поранешни руски воени функционери објаснуваат дека за да успее ветувањето на Белусов околу војната против корупцијата клучно било излегувањето на Шојгу од одбраната со што исчезнува и неговата заштита на дел од воените функционери кои ФСБ почна ...
Во студијата се анализирале човечки и кучешки тестиси. Бидејќи човечките биле конзервирани, кај нив не можел да се утврди бројот на сперматозоиди. Меѓутоа тоа можело да се направи кај кучешките, кои покажале дека бројот на сперматозоиди бил понизок кај оние со повисока концентрација на микропластика. „На почетокот се сомневав дали микропластика може да пенетрира во репродуктивниот систем. Прво кога ги добив резултатите од кучињата бев изненаден. ...
Зилт е германски остров во Северното море населен и посетуван од највисокиот врв на германската елита, што значи милионски вили, имоти, Поршеа, Ферарија, Бентли, С класа. На еден од првите викенди од годинешнава сезона еден од најпознатите барови на островот, Пони, 150 евра е само влез, беше преполн со подмладокот на тамошната елита, кој во еден момент реши да каже што му лежи на душа извикувајќи „Германија на Германците, странци надвор!“ ...
Златото, кое Џон Мејнард Кејнс го нарече „варварска реликвија“, стана толку барано што дури и ланецот Костко се вклучи во бизнисот. Можеби оваа новооткриена фасцинација не треба да изненадува. Златото е полесно да се разбере од акциите или обврзниците, бидејќи буквално може да го држите во рака. Згора на тоа, во последно време, подобро се држи од нив. Обврзниците се намалуваат, недвижностите се слаби, па дури и забревтаната американска берза, ...
Владите на ЕУ наскоро би можеле да ја поддржат доста контроверзната Регулатива за сексуална злоупотреба на деца (CSAR), колоквијално позната како „контрола на четот“, врз основа на новиот предлог на белгискиот министер за внатрешни работи. Според протечени податоци до кои дојде европратеникот од Пиратската партија, тоа би можело да се случи веќе во јуни. Предлогот наложува дека корисниците на апликациите за комуникација мора да се согласат сите ...
„Медицинскиот факултет на Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес прима неквалификувани расни малцинства во интерес на различноста“, се вели во извештајот на The Washington Free Beacon кој се потпира на интерни податоци и интервјуа со медицински професори и официјални лица. Еден професор рекол дека иако има „добри дипломци“ од УКЛА, „меѓу третина и половина од кадрите се неверојатно неквалификувани“. Ова е резултат на повеќегодишната пракса ...
Карло Акутис почина во 2006 година, на 15-годишна возраст, а на пат е да биде прогласен за светец откако папата Франциско му го призна второто чудо кое го направил во текот на животот: заздравување на студент на универзитет во Фиренца кој имал крварење на мозокот по претрпена повреда на главата. Карло Акутис беше беатифициран и прогласен за блажен - првиот чекор кон светост - во 2020 година, откако му беше припишано неговото прво чудо - ...
На Канарските острови во април се одржуваа протести со разбирлива порака: „Туристу, почитувај ја мојата земја.“ Не се луѓето ксенофобични и не им пречат оние кои сакат да ги запознаат природните убавини, локалната храна и обичаи, ама преку глава им се оние дојденци на кои престојот им се сведува на локање евтино пиво по плажи и бодење пикавци во песок. Не само таму, најозлогласени се Британците кои а) имаат пари и б) не знаат да пијат. Башка, ...
Многу научници посветени на палестинското ослободување повеќе не можат да ја вршат својата работа. Ова не е никаде поточно како во Појасот Газа - каде што сите 12 универзитети се претворени во урнатини, а повеќе од 90 професори се убиени за време на израелските напади. Но, долга е раката на Израел. Неговите обиди за искоренување на интелектуалниот живот во Газа одекнува многу подалеку од таа територијата - во САД. „Од почетокот на израелската ...
Орлите кои имаат миграциски рути низ Украина комплетно ги смениле стандардните патеки на летот за да ги избегнат областите погодени од конфликтот. ГПС податоци им откриле на истражувачите птиците направиле големи заобиколувања после почетокот на инвазијата, и целосно ги замениле местата за одмор и полнење батерии. Тоа значи дека има требало подолго време да стигнат до нивните места за размножување и повеќе енергија. „Тоа е како да трчате ...
Илја Сутскевер и Јан Лејке неодамна го објавија своето заминување од OpenAI, производителот на ChatGPT. Тие беа лидери на тимот задолжен да обезбеди вештачката интелигенција да остане усогласена со целите на нејзините креатори, наместо да дејствува непредвидливо и да му наштети на човештвото. Тие не се единствените кои заминаа. Од ноември минатата година - кога бордот на OpenAI се обиде да го отпушти извршниот директор Сем Алтман само за тој ...
86 годишниот Клус Шваб ја основаше организацијата во 1971 година а формално ќе замине во јануари следната година. Во меѓувреме, извршните овластувања ги презема извршниот борд кој го води Борге Бренде од Шведска. Заштитното лице на СЕФ и самитот во Давос најави дека планира да земе некоја неизвршна функција во организацијата, но, ќе има директен увид со сите случувања бидејќи децата му се на високи позиции а неговата сопруга ги води церемониите ...