Нешто слично како што беше со 152-милиметарските артилериски гранати, кои Русија ги врати од заборав и предизвика глобална потрага по нив и празнење на воените резерви, така сега крајно успешно ја крева актуелноста на крилестите бомби. Се работи за оружје од советско време, кое сега е модифицирано со нови крила (перки) и сателитска навигација, речиси е незапирливо а во исто време крајно разорно (британски Тајмс пишува за кратер во Лиман направен ...

Мисијата ќе биде да се открие „невидлива“ материја која тајно го придвижува нашиот Универзум. Теоријата е дека постојат 17 различни групи на честички, а ЦЕРН во 2012 со помош на Големиот Хадрон Колајдер успеа да го потврди постоењето на една. Тоа што сега ги интересира научниците е да ја откријат темната материја. За ова научниците од ЦЕРН веќе почнаа со загревање на колајдерот за да биде подготвен за тестот на 8 април, кога во него ќе треба да ...

Се работи за истражувачки прилог на CBC/ Радио Канада. Девојчето е актерка со скриена камера, а понатамошната процедура е бизарно вистинита. Младата Саша рекла дека има пореметување со исхраната што ја убедило дека е транс откако на интернет видела транс инфлуенсер кој сфатил дека го има тој проблем затоа што е транс па решението било да се промени полот. После само пет минути од првото гледање, клиничкиот педијатар ја прашува дали размислувала ...

Компјутерот, по име Старгејт, треба да биде изграден во САД и е клучен за планот во пет фази за поставување на серија од суперкомпјутери што двете компании планираат да ја создадат. Старгејт ќе биде 5-та фаза и на него би можело да почне да се работи веќе во 2028. Информејшн, кој ја пренесува веста, пишува дека супер-компјутерот ќе биде 100 пати поскап од најголемите дата-центри кои моментално функционираат. Старгејт ќе има досега непоимлив ...

Она што не им е дозволено на рестораните, а го побарале, е да наплатат повеќе за масите со подобар поглед. Рестораните нема да можат само усно да им кажат на гостите дека некои маси се поскапи заради сенка, туку разликата во цената треба да биде „јасно видлива“. Во новите правила се предвидува дека рестораните мораат на мени да имаат и вода од чешма, и дека не смеат да ги присилат гостите да пијат само флаширана вода. Во одделен закон шпанските ...

Освен најновите борбени авиони, Израел од САД ќе добие и 1.800 МК84 бомби од 1 тон и уште 500 МК82 бомби од 225 килограми. Токму МК84-ките се поврзуваат со претходните масовни убиства во израелските бомбардирања на Газа. МК84 бомбите кои можат да срамнат цел градски блок со земја и да остават 12 метарски кратер, никогаш не биле искористени од западна војска во густо населени области заради опасноста од цивилни жртви. Израел не е запрен од ...

„Каматите само се трупаат и трупаат и секој цент што нема да го платам, оди до небо“, вика Ненси за кредитот од 1986 година. Таа има земено уште еднa позајмица за да дозаврши на Универзитетот Лојола и потоа работи како терапевт речиси 40 години. Но, сега 71-годишната пензионирана баба на две внучиња должи повеќе од тројно од почетната сума пари што ја позајмила. Околу 108.000 долари. Таа едно време побарала тајм-аут од плаќање заради здравствени ...

Израел верува дека ја има растурено главната команда на Хамас и контролната структура во централна и северна Газа, меѓутоа и понатаму останува џебови на „герила“ отпор. Од првичните 24 баталјони на Хамас, целосно недопрени остануваат само 4 кои на време успеваат да пребегнат во Рафа, која е следна на список за инвазија. Меѓутоа Израел верува дека е премногу доцна тие да се најдат и да бидат уништен бидејќи САД „му го свртел грбот на Израел.“ По ...

Јули е и руската армија е пред портите на Киев. Претседателот Зеленски имаше итно обраќање пред нацијата во кое ги повтори пркосните зборови кои прв пат ги кажа во февруари 2022, дека нема намера да ја напушти Украина. Не, нему му е потребна муниција за да остане и да се бори со Русите. Само Западот да слушаше и направеше повеќе кога храбрите Украинци молеа за помош, тоа можеби ќе направеше разлика. Додека сојузниците се препираа, а САД конечно ...

Тројца членови на екстремистичкиот еврејски верски култ Лев Тахор се прогласени за виновни за киднапирање на две деца од судот во Њујорк. Се работи за тројца браќа кои во 2018 киднапирале 14-годишно девојче и нејзиниот 12-годишен брат од домот на нивната мајка во државата Њујорк по што девојчето било прошверцувано во странство за да стапи во врска со нејзиниот возрасен „сопруг“. Браќата беа последните од деветтемина осомничени на кои им се ...

Освен масовното бркање на вработени во администрација, Милеи објави дека замрзнал повеќе јавни проекти кои биле во тек, скратил дел од финансирањето на повеќе провинциски власти и избришал над 200.000 приматели на социјална помош кои тој ги етикетира како корумпирани. Целта на сите овие мерки е да крајот на годинава да се постигне фискален баланс. Иако бројката од 70.000 звучи страшно, се работи за само мал дел од вкупно 3,5 милиони лица ...

5-те милијарди профит кои Еуроклиар, институцијата што ги чува замрзнати десетиците милијарди евра руски пари, доби дозвола да ги задржи, се еднакви на 1-годишен пакет аранжман од ММФ. ЕУ се согласи да ги троши парите собрани од профитот од замрзнатите руски средства на купување оружје за Киев. Затоа што е ЕУ, ова не важи за парите што се собрале до 15 февруари 2024, кога земјите членки го изгласаа законот за запленување, туку само за парите по ...

Странските компании кои ја напуштија Русија откако jа нападна Украина во 2022 година изгубиле 107 милијарди долари во процесот на излегување од пазарот. Кога Ројтерс објави анализа на документите во август, загубите беа 80 милијарди. Сега се 30% поголеми. Странските компании изгубија толку пари заради отписи и загубен приход бидејќи Путин воведе мерки за заштита од егзодусот. Компаниите кои заминуваат мора да ги продаваат своите средства со ...

ИПЦ (Integrated Food Security Phase Classification соработка меѓу водечките глобални хуманитарни организации) изработува анализа според која до средина на летово, под претпоставка дека Израел ќе ја започне офанзивата на Рафа „половина од популацијата на Газа, се очекува да се соочи со катастрофални услови“, меѓу кои анализата го идентификува „гладот“ како најстрашен можен исход. Магазинот Тајм објаснува дека процената дали постапките на Израел ...

Давачката официјално е за „менаџмент на атмосферски води“ и треба да почне да се наплаќа од април, а главен критериум за тоа кој колку ќе плаќа ќе биде обемот на имотот што е под тврда површина. Парите ќе бидат искористени за унапредување на канализациската мрежа. Под тврда површина потпаѓаат кровови, асфалтирани патеки, паркинг и бетонско уредување на дворот. Овие површини се земаат како критериум бидејќи не дозволуваат атмосферски води да ...

Откако лани се пензионираше од војската, поранешниот прв човек на Здружениот штаб на американската армија, генералот Марк Мајли стана висок советник на банката ЈПМорган Чејс, се приклучи на факултетите Принстон и Џорџтаун и влезе во профитабилниот круг на платени говоранции. Од воена плата од 204.000 долари годишно, Мајли се префрла на милионски компензации, особено што го води истата агенција за говорници како Хилари Клинтон, која имаше мрсни ...

Симболиката на овие 300 милиони е што тоа е првата помош за Украина што американските законодавци ја имаат изгласано во последните 12 месеци и дека со нејзе се покажува дека САД и понатаму „се во игра“. Помошта беше вклучена во пакетот од 1.200 милијарди долари за продолжување на работата на американската федерална влада, меѓутоа парите биле потрошени уште во ноември минатата година, што значи дека Киев пак нема да види нови пари од САД. Дури и ...

Поранешниот министер за вооружените сили на Британија и пратеник во Парламентот, Џон Спелар, во реплика до министерот за одбрана објаснува: „(Министерот) знае дека воена вежба што ја одржавме со Американците покажа дека британската армија ќе остане без муниција за само 10 дена.“ Одговорот на Џејмс Хипеј, функционерот надлежен за вооружените сили на земјата, е дека на вежбата што ја споменува Спелар, американските команданти дале највисоки ...

Освен што работата на пристаништето е запрена, во него моментално се заробени 10 товарни бродови кои немаат како да излезат. По сударот, околу 40 бродови кои требало да пристигнат на пристаништето во Балтимор се пренасочени на други пристаништа. За сега спасувачките екипи работат на откривање и спасување на луѓе кои во моментот на судирот се нашле на мостот, а процената е дека на отворањето на преминот кон пристаништето ќе се чека најмалку ...

Бришењето е дел од вонсудската спогодба меѓу Агенцијата и тројца доктори од Тексас кои ја тужеа дека незаконски им се мешала во нивната медицинска пракса и советувала граѓани што да не користат. Ќе се бришат и веб страници и постови на социјални медиуми. Веќе е избришан дијалогот: - Дали да земам ивермектин за да превенирам или третирам ковид-19? - Не. Ќе биде избришана и интернет страницата која носи наслов: „Зошто не треба да користите ...

Претседателите на Естонија и Латвија се залагаат за поопширен збир мерки кои подобри би ја позиционирале Алијансата за војна со Русија. Освен враќањето на служењето војска, тие ги повикуваат колегите од НАТО да воведат специјален данок на одбрана со кој значително ќе се зголеми одбранбената потрошувачка. Како што објаснува латвискиот претседател, Едгарс Ринкевичс, неопходно е европските држави да се вратат на нивото на воена потрошувачка од ...

Демократите и републиканците со години дебатираат околу истакнувањето Прајд знамиња во американски амбасади. Праксата прв ја започна Обама, за потоа да биде забранета од Трамп во 2019, па повторно дозволена од Бајден во 2021. Иако од зорт го потпишува законот кој овозможува дополнително задолжување на САД за државата да продолжи да функционира, портпаролот на Бајден изјавил дека претседателот сметал дека „е непристојно да се злоупотреби процесот ...

Законот, чија цел е младите да се заштитат од онлајн ризиците по нивното ментално здравје, бара од социјалните мрежи да ги терминираат сметките на сите лица под 14 години и на оние до 16 кои не добиле дозвола од родителите. Од компаниите ќе се бара да користат систем за верификација на возраста од трети компании за да се утврди кој е под границата. Законодавниот дом на Флорида го изгласа законот уште во февруари, меѓутоа беше вратен назад од ...

Во пресрет на очекуваното соопштение дека Саудиска Арабија ќе биде назначена за претседавач на форумот на ОН за правата на жените, претставничката на Амнести интернешенел, Шерин Тадрос, соопшти: „Комисијата за статусот на жените има јасен мандат да ги промовира правата на жените и родовата еднаквост и од витално значење е и претседавачот на комисијата да ја споделува истата мисија. Огромното досие на Саудиска Арабија кога се работи за правата на ...

Калун доаѓа во Боинг во 2020, откако неговиот претходник беше избркан затоа што во рок од пет месеци два нови 737 Макс авиони паднаа заради речиси идентичен дефект, при што загинаа 346 патници и членови на екипажот. Кога доаѓа на првата позиција Калун ветува засилување на „безбедносната култура“ на Боинг и „изградба на довербата“. Во јануари годинава се случи највпечатливиот дефект во мандатот на Калун, кога сред лет експлодираше вратата на нов ...

Во истражување на Универзитетот од Индијана, 53% од возрасните лица изјавиле дека се искусиле осаменост, и кај оваа популација психичкото и физичкото здравје биле далеку полоши во споредба со другите демографии и здравствени состојби. Иако претходно студии покажуваат дека погоре споменатите пороци се помалку штетни од самотијата, останува можноста самотијата да е комбинирана со претерување со храна и алкохол или немање желба да се вежба, па ...

„Лесно е да се впери прстот кон Израел, земјата која спроведува блокада на 2,3 милиони жители на Газа, од кои половината се деца. Обидувајќи се да го погледнам ова прашање од секој агол, дојдов до заклучок дека претседателот Џо Бајден, за кого сум организирал собирање донации и сум работел за да биде избран во 2020 година, ја има благословено крајната цел на Израел - етничкото чистење на Палестинците во Газа“. Администрацијата на Бајден не само ...

Откако корисничка на Тикток споделува видео во кое е изненадена дека останала бремена кратко откако почнала да користи Оземпик, на нејзиниот пост почнуваат да одговараат серија жени кои се нашле во иста ситуација. Со сличен феномен се соочиле и матични доктори чии пациентки биле на Оземпик и слични ГЛП-1 лекови. Според нив ова се случува затоа што и претходно е познато дека слабеењето помага да се регулира менструалниот циклус кај жените и да се ...

Германската влада е до гуша во проблеми. Анкетите покажуваат дека „семафор коалицијата“ на канцеларот Олаф Шолц – составена од Социјалдемократите, Зелените и Слободните демократи – е најмалку популарната влада од почетокот кога се прават вакви анкети во 1997 година. Со оглед на тоа дека неверојатни 76% од Германците не се задоволни од нејзините перформанси, тоа е веројатно најнепопуларната влада од Втората светска војна. Причините за ова се ...

Џемс Воулс стана прв човек на тимот на Вилијамс рано во 2023 година и веднаш му станало јасно дека внатрешните процеси се катастрофа. Целиот процес на создавање болид за трка бил толку неефикасен што дури и кога дизајнот бил навреме решен, возилото било само куп делови и на само три недели од планираното тестирање. Добар дел од ова се должело ма начинот на кој Вилијамс го чувал инвентарот- во монструозно голема Ексел табела. Воулс и техничкиот ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
10.29
35%
1015
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
4.63
45%
1018
weather icon

Загреб

30ᴼ / 29ᴼ
2.06
45%
1021
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
7.72
42%
1015
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
6.65
27%
1011
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 30ᴼ
4.12
51%
1021
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
6.17
38%
1010
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
6.69
29%
1011
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
10.8
25%
1014
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
3.6
80%
1014
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
8.23
38%
1019
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 25ᴼ
7.72
100%
1011
Currency

61.525

Currency

52.5197

Currency

72.0328

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.12

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

175221.57

Цинк

2.75