
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Кога во февруари канадскиот премиер ја најави намерата неговата влада да донесе закон за „Онлајн штета“, канадските медиуми тоа го опишуваа како „закон за заштита на децата“ што ќе ја запре „експлоатацијата на децата“. Трудо отсечно ги отфрли критиките дека законот може да има поширок фокус. „Со нетрпение очекувам да го поднесам тој предлог-закон за онлајн штети, за кој луѓето ќе видат дека е многу, многу конкретно фокусиран на заштита на ...
На состанокот еден од директорите се пожалил дека и понатаму се соочуваат со сериозни проблеми предизвикани од еколошката регулатива и покрај тоа што само минатата година имаат потрошено 400 милиони долари на лобирање кај Бајден. „Одговорот на Трамп стаписал неколку директори присутни на состанокот: Вие сте долно богати, рекол тој, и треба да соберете 1 милијарда долари за да ме вратите во Белата куќа,“ пишува Вашингтон пост. Трамп ветил дека на ...
Во места во Англија, особено ако се блиску до шума, можат да се забележат сè повеќе автомобили покриени со ПВЦ церади. Не се бранат од прашина или од врнежи на град туку од лисици кои ги имаат бендисано за јадење модерните еколошки кабли. Веќе извесно време, согласно трендовите, производители на автомобили ја менуваат старовремската пластична изолација со еко-френдли изолација, изработена од восоци и масла од соја и понекогаш кикирики. Лисиците ...
Протестите се одржуваат во повеќе универзитетските кампуси низ САД, но во неколку од нив тие станаа сериозно насилни заради што имаше и интервенција на полицијата. Во предлог законот не се наведуваат директно анти-израелските протести или групи, но стои дека конкретно се однесува на незаконските активности на универзитетските кампуси по 7 октомври 2023, дента на упадот на милитантите на Хамас во Израел. Во него се предвидува дека осудените ќе ...
Нов министер за одбрана е Андреј Белоусов, цивил кој претходно беше на позицијата прв заменик премиер чија специјалност е економијата и беше советник на Путин за економија. Шојгу останува во руската администрација, но на позицијата секретар на рускиот Совет за безбедност, каде го заменува поранешниот прв човек на ФСБ Николај Патрушев кој пак ќе биде префрлен на друго работно место. Шојгу станува член и на Воено-индустриската комисија. Смената на ...
Илон Маск направи две битни работи откако за 44 милијарди го купи Твитер: отпушти едно чудо луѓе и ноншалантно ги одјеба заканите на големите закупувачи на реклами со она фамозното „Go Fuck Yourself“, означувајќи ги како најголемите угнетувачи на слободниот говор во ова време. Во интервју за Pirate Wires, Џек Дорси рече дека ја споделува целта на Маск да создаде интернет бастион за слобода на говорот и дека за таа цел, Твитер бил оптоварен од ...
Повеќе од 150.000 луѓе го напуштија најјужниот град во Газа откако добија предупредувања од израелските одбранбени сили дека следува неизбежна воена операција. Повеќето се преселиле по воздушните напади што започнаа ден-два подоцна. Бидејќи повеќето од луѓето се навикнати на преселби, во градот не се создала паника, само масовно пакување што може да се земе и напуштање на преполниот епицентар на најновата воена зона за израелската војска. ...
За време на целиот свој мандат и сега во изборната трка Трамп во повеќе наврати споменуваше најразлични начини за справување со мексиканските картели, од бомбардирање до инвазија на Мексико, кои според него се виновни за предизвикување на кризата со фентанил во САД. Ако за време на првиот мандат ова беше оценето како само уште една будалаштина на Трамп, овој пат тој уште во изборната трка во повеќе наврати повторува дека ќе ги реши мексиканските ...
За операцијата се ангажирани речиси 200 војници кои имаат задача да ја намалат популацијата на диви свињи за 80% во следните пет години, како би се спречило ширењето на африканската треска. Главна жртва на треската се домашните свињи од кои зависи 8,2 милијарди евра вредната индустрија на пршута, колбаси и слични месни производи од свинско месо. Низ Италија слободно се движат меѓу 1 и 1,5 милион диви свињи, кои одамна се симнати во урбани ...
Во 2010 Кенеди доживува сериозни проблеми со паметење и општо со размислување. За ова консултира невролози од Њујорк кои по прегледување на неговите снимки му објаснуваат дека здравствените проблеми може да му се предизвикани од „црв кој влегол во неговиот мозок, изел дел од него и потоа умрел таму.“ Во тоа време на Кенеди му се случува и труење со жива која може да доведе до невролошки проблеми како слабост во мускулите и проблеми со движење, ...
Договорот меѓу 27-те амбасадори на ЕУ го објави Белгија, каде што се чува најголем дел од замрзнатите средства на руската централна банка. Се работи за околу 210 милијарди евра на Русија кои ЕУ ги замрзна како казна за руската инвазија на Украина. Се очекува тие пари годишно да бидат оплодени со три милијарди евра кои би му се праќале на Киев: 90% за муниција и друга воена опрема, остатокот би се водел како друг вид помош. Првата рата од ...
На неодамнешниот тест во густи урбани средини, Парада системот, кој треба да е централен столб на одбраната од терористички напади на игрите, успеал да го детектира секој трет дрон и тоа на далечина од само 800 метри. Системот исто така ги мешал пропелерите од клима уредите со пропелери на дрон. Се работи за еден од 13 различни анти-дрон системи кои ќе бидат употребени на Олимпијадите, меѓу кои има и опрема за попречување на сигналот испорачана ...
Во книгата се објаснува дека најголемиот дел од богатствата од трговијата со робови се концентрирале кај неколку семејства, додека остатокот од државата ги плаќала сметките за дополнителното воено трошење и придружни трошоци. „Профитите заработени од прекуокеанските активности биле доволно големи за енормно да збогатат неколку поединци, меѓутоа не биле доволно големи за сериозно да влијаат на макроекономските приходи на Британија како стапка на ...
На одлуката на компанијата и претходи доброволното повлекување на дозволата за рекламирање на вакцината во ЕУ во март годинава, а на 7 мај Европската агенција за лекови објави дека е одземена дозволата за користење на вакцината на Астразенека. Во официјалното соопштение Астразенека наведува дека моментално има изобилие на понови вакцини кои се достапни низ цел свет што довело до намалена побарувачка на нивниот производ, кој повеќе ниту се ...
Технолошкиот институт на Масачусетс (МИТ) соопшти дека од кандидатите за факултет повеќе нема да се бара да даваат изјави за „различноста“ при аплицирање. Пред промената, од кандидатите за МИТ се бараше „да објаснат како ќе ја подобрат посветеноста на универзитетот кон диверзитетот и инклузијата“. Во меѓувреме, ваквите изјави беа вградени при запишувањето и вработувањето на многу елитни јавни и приватни универзитети, како и во корпоративниот ...
Претходно постоеше една анализа за смртта на Бетовен кој почина на 56 годишна ворзаст но подоцна се утврди дека таа се потпира на погрешен примерок коса кој всушност ѝ припаѓал на некоја жена. Овојпат истражувачите дошле до два автентични прамени коса на музичкиот гениј. Тестирањето покажало високи нивоа на арсен и жива, но на олово - особено. Едниот прамен имал 380 микрограми олово на грам коса, а другиот 258 микрограми - неверојатна количина, ...
Информацијата на Шпигел е дека Демократската партија размислува околу опцијата Бајден да ја објави својата одлука во август 2024 за време на партиската конвенција во Чикаго. Изборот на Мишел е заради позитивните бројки што ги има и во претходните и во новите анкети на јавноста и тоа дека „идејата за жена претседател инспирира многу Американци.“ Уште минатата година Белата куќа призна дека демократите ги анкетирале гласачите за нивната ...
Се работи за дел од сосема нова железница што треба да ги поврзува Сан Франциско и Лос Анџелес а чија изградба ќе чини околу 100 милијарди долари. Сега прославуваниот мост има должина од 487 метри и може да се изоди за помалку од 5 минути, граден е повеќе од 9 години и на ова фаза од изградбата се потрошени неверојатни 11 милијарди долари. Подоцна калифорниските власти ја корегираа информацијата објаснувајќи дека сега завршила фазата во чиј ...
Неспоредливо најголем зијан во 2023 на ниво на филмска индустрија доаѓа од филмот Марвелс, кој заврши со нето загуба од 237 милиони долари. За споредба претходникот на Марвелс, Капетан Марвел, донесе 1,1 милијарда долари на кино-благајните, делумно и затоа што ги поврзуваше приказните од последните два филма од Авенџерс. Само снимањето на филмот (без реклами и други трошоци) чинеше 270 милиони долари, а од сите извори на приходи донесе вкупно ...
Регионалниот суд во Верден ја потврди пресудата против лидерката на десничарската партија АфД во Ротенбург, Марија-Тереза Кајзер. Прогласена е за виновна за поттикнување омраза на етничка основа, конкретно против локалните дојденци од Авганистан. Таа уште во 2021 се бунела против иницијативата на градоначалникот на Хамбург да прифати неколку стотина Авганистанци со наратив дека тие луѓе треба да бидат спасени од Талибанците. Притоа изразувала ...
Празната куќа која ја запоседнале шестемина „падобранци“ е проценета на 518.000 долари. Таму биле од Божиќ. Воделе куче да го прошетаат наоколу, биле љубезни со комшиите, единствена грешка им била што еден ден решиле да го украдат комшискиот автомобил, за да прошетаат малку подалеку. Асоцијацијата на сопственици кои изнајмуваат куќи и станови проценува дека во цела Атланта има 1.200 куќи во кои живеат неповикани луѓе а во потесната област во ...
Бонусите беа ограничени на максимум двојно повеќе од основната плата со потег на ЕУ во 2014 година иако и тогаш Британците се противеа. Со ова Унијата се обиде да го обесхрабри прекумерниот ризик што придонесе за големата финансиска криза во 2008 година. Критичарите на ваквата одлука тврдеа дека банките можат лесно да го заобиколат лимитот со едноставно зголемување на основните плати. Но, потоа беше отежнато намалувањето на платите кога ...
Припитомувањето на Темза не би било првото пливање на Кан спротивно од струјата. Како син на возач на автобус и шивачка од Пакистан, Кан се градеше токму со демантирање на шансите кои му се даваа, пишува АП. Израснал во „општествен“ стан со седум браќа и сестри, посетувал училиште со жестоки соученици, продолжил да студира право. Беше адвокат за човекови права пред да биде избран во Парламентот во 2005 година од централно-левичарската ...
Високите цени остануваат причина број еден за загриженост на американските потрошувачи чиј број се намалува бидејќи луѓето гледаат да заштедат на секој долар. Во првото тромесечие, прометот на МекДоналдс бил во постојан пад не само во Америка, туку и во Австралија, Канада, Германија, Јапонија и Обединетото кралство. Некои компании наведуваат и други причини за падот кои не се баш уверливи. Во Старбакс, на пример, чии акции паднаа за 17% после ...
Минативе неколку години, низ англосферата, еден политичар по друг, сакани од медиумите но сè повеќе напуштани од јавноста, ја напуштија сцената, честопати успевајќи да скокнат пред да бидат избркани. Скоро замина Хумза Јусаф, чија една и нешто годишна премиера во Шкотска произведе повеќе скандали отколку позитивно наследство. Неговата главна политика, орвеловскиот закон за хејт криминал, ги вознемири гласачите и предизвика цунами од лажни ...
Законот е предложен и изгласан под итна постапка заради бранот студентски протести низ цела Америка против Израел и интервенцијата во Газа, кои според критичарите на моменти длабоко зацапале во антисемитизам. Главната цел на законот е да се дефинира терминот антисемитизам како би се заштитиле Евреите во САД, а тоа ќе биде направено врз основа на работната дефиниција што ја користи Алијансата за меѓународно сеќавање на холокаустот (ИХРА). Во ...
Во соопштението објавено на платформата Икс, обвинителството на судот порача дека сите обиди за попречување, заплашување или несоодветно влијание врз неговите службеници мора веднаш да престанат. Се додава дека Римскиот статут со кој е дефинирана институцијата забранува вакви дејствија. Соопштението во кое не се наведени конкретни случаи, следува по гласните израелски и американски критики за истрагата на судот на индициите за воени злосторства ...
Неговото предвидување е дека Русија ќе продолжи со својот план кој останува непроменет од 2022 за освојување на цел Доњецк и Луганск, а очекува и некоја поголема акција за освојување на нешто позначително до Денот на победата или за време на посетата на Путин на Кина, една недела подоцна. „Нашиот проблем е многу едноставен: немаме оружје. Секогаш знаевме дека април и мај ќе бидат тешки месеци за нас,“ објаснува генерал Скибитски. Моментална ...
Си-би-ес објавува дека изминативе недели разни агенции и институции низ администрацијата на Бајден разгледувале различни опции за преселување на Палестинци од Газа кои имаат директно семејство со американско државјанство или траен престој во САД. Ова би важело за Палестинците кои успеале да пребегаат од Газа во Египет. Друга опција би била од Газа да се вадат Палестинци и да се примат како бегалци доколку имаат американски роднини. За ова ќе ...
Професорот Мајк Хулм тврди дека не сме на чекор до Апокалипсата дури и да не го стигнеме рокот за постигнување на фамозното „нет-нула“ на емисиите на стакленични гасови. Вели дека му станала мисија да ги демантира оние кои го тврдат спротивното. Во својата најнова книга „Климатските промени не се сè“, Хулм тврди дека уверувањето околу климатските промени излегло од територијата на науката и станала идеологија. Тој е професор по човечка ...