Просечната температура во Париз на почетокот од август е 26 степени Целзиусови. Намерата на организаторот е собите на бидат на температура од 23 до 26 степени, а за разладување ќе има вентилатори и нешто налик подно ладење. Ваквиот план градоначалничката на Париз, Ан Хидалго, го објасни со „сакам игрите во Париз да бидат пример за еколошка гледна точка.“ Наспроти ова е првиот човек на американскиот олимписки комитет, Сара Хиршленд, која порачува ...

Џули Аиткен Шермер, професорка по психологија на Западниот универзитет во Онтарио, Канада, спровела студија за луѓето кои ги модифицираат своите автомобили за да ги направат погласни. Користела стандарден попис на психолошки особини а очекувала да најде нарцизам. Меѓутоа, наместо тоа, утврдила дека постојат „врски меѓу наклонетоста кон гласни ауспуси и психопатски и садистички тенденции“. „Профилот на личноста што го најдов кај нашите гласни ...

Иако енергетските пијалаци содржат состојки како витамини и минерали кои се критични за раст на косата, консумирање на истите во претерана количина има контраефект, главно затоа што истите тие пијалаци имаат и блесави количини на кофеин, шеќер и адитиви. „Иако овие енергетски пијалаци се во ред во умерени дози, при претерување тие претставуваат поголем ризик за губење коса или врз севкупното здравје,“ објаснува хирургот за трансплантација на ...

Основачот на Викиликс се согласил да прифати вина за шпионажа по само една точка за обвинението, односно заговор за стекнување и пуштање во оптек на доверливи документи од американската национална одбрана. По ослободувањето од затвор тој е директно префрлен на аеродром и заминува од земјата. Во среда Асанж треба да се појави на суд во Саипан, американска територија на Пацификот, каде ќе биде осуден на 62 месеци, кои веќе ги одлежа. Неговиот ...

Кон крајот на ланскиот август, климатски научник Патрик Браун, заедно со седум коавтори, објавија студија во списанието Nature за поврзаноста помеѓу шумските пожари во Калифорнија и глобалното затоплување. Нивниот труд ги задоволувал високите критериуми на престижното списание: нурнале длабоко во мерењата на животната средина; се користело машинско учење и се евалуирале сложени климатски споредби; се заклучило дека климатските промени ги прават ...

20-годишна девојка од Хамбург е испратена зад решетки откако упатила „говор на омраза“ кон мигрант кој бил вмешан во групно силување на девојче. Таа е само една од 140-те лица кои се под истрага за објавување „штетни и навредливи коментари“ кон силувачите. Ужасниот напад се случил во 2020 година и вклучувал повеќе групи мигранти кои ноќно време во Штадпарк во Хамбург последователно нападнале 14-годишно девојче. Паркот во тоа време бил популарно ...

Повеќе од 3-4 од загинатите немаат официјална дозвола да бидат во Мека и минуваат големи далечини на директно сонце без соодветно засолниште. Саудиски медиуми пренесуваат дека дел од починатите се и постари лица или хронично болни. Според АФП, од починатите 658 се Египќани, од кои 630 се без дозвола. По ова египетската влада најави дека ќе ги укине туристичките дозволи на агенциите кои го организирале нелегалното патување до Мека. Годинава околу ...

Во интервју за Билд, првиот човек на СЦУ Баварија и парламентарната група на СЦУ, Александер Добринт, инсистира дека е неопходно украинските беглаци во земјата да се интегрираат во работната сила на Германија, за да се олесни товарот што тие го претставуваат за системот на социјална заштита на земјата. По негови зборови социјалната помош што Украинците сега ја примаат, не ги стимулира да почнат да бараат или прифатат работа, и наместо тоа ...

Во еден месец откако беше поставено и поврзано со брегот на Газа, пристаништето беше во употреба само 10 дена. Остатокот од времето главно го поправаа, беше откачено за да се спречи дополнително оштетување или не се користеше заради безбедност. Пристаништето требаше да биде привремена мерка додека САД, кој целосно го финансира и вооружува Израел, не успее да го убеди Израел да ги отвори копнените гранични премини за хуманитарна помош кон Газа. ...

Ова нема да му донесе директни гласови на Трамп на ноемвриските избори бидејќи оние на кои се однесува понудата немаат право на глас, но ваквиот потег наиде на одобрување на оние работодавци кои кубурат со високообразован и амбициозен кадар. Можните негативни реакции од ксенофобниот дел од гласачката база на Трамп се пресретнаа со ветувања дека сите одлуки за давање зелена карта на овој сегмент ќе бидат подложени на темелно вето, за да се ...

Претходната словачка влада минатата година донираше десетина ловци МиГ-29 од руско производство како и систем за воздушна одбрана КУБ. „Донирањето на системот за противвоздушна одбрана го изложи словачкиот воздушен простор и ги загрози граѓаните“, смета Огор Мелихер, државен секретар во Министерството за одбрана и член на владејачката партија. „Убеден сум дека Над ја предаде Словачка“. Еден од аргументите на Мелихер е дека потегот бил повлечен ...

До ноември 2028 година Барселона ќе укине лиценци за точно 10.101 стан што моментално имаат дозвола за краткорочни изнајмувања. „Се соочуваме со она што веруваме дека е најголемиот проблем на Барселона“, рече градоначалникот Хауме Колбони најавувајќи дека доколку не искрснат непланирани пречки, од 2029 година туристички станови какви што има денес ќе исчезнат од градот Барселона. Бумот на краткорочните рентања станови и апартмани во Барселона, ...

Законот кој во Грција се води под бројот 5053/2023 требаше да стапи на сила на први март, но поради калкулациите што тој би значел за изборите за Европскиот парламент, владата на Киријакос Мицотакис го одложи неговото стапување во сила за почетокот на јули. Тоа е закон кој тешко може да им се допадне на вработените: „Законот 5053/2023 дефинитивно става крај на принципот на петдневната работна недела“, вели Арис Казакос, пензиониран професор по ...

Барањето наводно било направено на состанок зад затворени врати организиран од кинеското Министерство за трговија а бараните контра-мерки би биле насочени кон автомобили од ЕУ со големи бензински мотори. Минатата недела ЕУ им се закани на кинеските производители на електрични возила со царини до 38 отсто, што би можело да стапи на сила веќе на 4-ти јули. Поради молкот на Пекинг и на европските компании кои присуствувале на состанокот нема многу ...

Германските центристичко-десничарски партии го заоструваат својот став кон украинските бегалци, што потенцијално отвора дополнителен раскол во владата на канцеларот Олаф Шолц. Висок функционер на најмалата партија во левиот центар на коалицијата на канцеларот, неолибералната Слободна демократска партија (ФДП), инсистира украинските воени бегалци повеќе да не ги добиваат специјалните бенефиции за невработеност, туку да ја делат судбината на ...

Министерството за домашна безбедност ќе им овозможи на овие имигранти да аплицираат за работни дозволи и заштита од депортација доколку живеат во САД најмалку 10 години. „За оние сопруги или сопрузи и нивните деца кои живееле во Америка една деценија или повеќе, но се без документи, оваа акција ќе им овозможи да поднесат документи за правен статус во Соединетите држави, дозволувајќи им да работат додека остануваат со своите семејства во САД“, ...

На локалците дополнително им се крена коса на главата откако локалниот совет пушто видео во кое се објаснува како се користи првата градска раскрсница со семафори оптимизирани за велосипеди со заштитни сигнали (Cycling Optimised Protected Signals - Cyclops). Компанијата „Грејтер Кембриџ“, која управува со градските патишта, вели дека комплетот од 31 семафор околу крстосницата е дел од поширока намера да се заштитат велосипедистите од пешаци и ...

Најголемата беда во нашето детство беше кога ќe се правеше некоја подобра храна што ние не смеевме да ја јадеме. Сигурно сте го доживеале ова ако сте пораснале во едно од нашите просечни работнички, чиновнички или просветни семејства каде ништо никогаш немаше премногу. На вечера ќе доаѓаа роднини или колеги на нашите родители и целата кујна замирисуваше на зачини, од каранфилче во густ сос со говедско месо, до цимет во штрудла од јаболка. ...

Конкуренцијата е Фејсбук, Инстаграм, Икс и Тикток, и од овие четири испитаниците сметаат дека Тикток бил најмалку веројатно да влијае на вестите што тие ги гледаат, без разлика дали преку алгоритамот или модерирање на содржина. Од 10.000 испитаници, 61% изјавиле дека Тикток влијае на вестите што им се појавуваат на апликацијата, за Икс биле 66%‚, Инстаграм 72, а Фејсбук 74%. Испитаниците кои изјавиле дека ги следат вестите биле помалку загрижени ...

Документот е изработен од Одделот надлежен за Газа и во него се наведени намерите на Хамас, а веќе на 19 септември 2023 тој им бил дистрибуиран на израелските разузнавачки функционери. Во него детално се опишани серија на подготовки што ги вршат елитните единици на Хамас. Вежбите опфаќале упаѓање во бази на израелската армија и цивилни локации, киднапирање војници и цивили, и чување на заложниците по нивното пренесување во Газа. Ерусалим пост ...

Се работи за најголема сума одвоена за реклами во досегашниот дел од кампањата и е значителна промена од досегашната пракса во која Бајден се држеше на страна од коментирање за правните проблеми на Трамп. Кампањата е под наслов „Карактерот е важен“ и за нејзе има спот од 30 секунди во кој се порачува „овие избори се меѓу осуден криминалец кој се грижи само за самиот себе, и претседател кој се бори за твоето семејство.“ Моментално Трамп има мала ...

Пораките што регуларно биле разменети на Ајфон, преку магијата на синхронизирање и клауд завршиле и на Мекинтошот на сега разведениот, и покрај тоа што биле избришани од телефонот. Сега мажот признава дека минатите години во повеќе наврати контактирал проститутки и договарал средби, ама секој пат бил внимателен пораките да ги избрише, верувајќи дека тие навистина се избришани од секаде. „Но, кога неговата сопруга кликнала на Ајмесиџ апликацијата ...

Анти-ваксерската кампања против кинеската вакцина првично била фокусирана на Филипините, со цел да се спречи она што САД во тоа време го сметале за растечко кинеско влијание на Филипините, инаку една од најтешко погодените држави од ковид-19, за подоцна да се прошири и вон Југоисточна Азија, кон Блискиот исток. Пентагон користејќи бројни ботови на социјалните мрежи кои се претставуваат како Филипинци, го напаѓал квалитетот на кинеските маски за ...

Накасоне си замина од НСА на почетокот од годинава, а претходно има служено и како прв човек на американската Сајбер команда и шеф на Централната безбедносна служба. Првично Накасоне ќе биде дел од Комитетот за сигурност и безбедност на ОпенАИ, каде што ќе носи „критични сигурносни и безбедносни одлуки за сите проекти и операции на ОпенАИ.“ Изминативе месеци ОпенАИ прво го напушти Илја Сутскевер, човекот кој се смета за мозокот зад целиот ...

Медиуми се повикуваат на инсајдери во Демократската партија кои тврдат дека тајниот заговор за смена на Бајден пред изборите се менаџира во моќниот круг од Бил и Хилари Клинт, Барак и Мишел Обама, Ненси Пелоси и Чак Шумер. Клучно ќе биде како сондажите ќе ја измерат ситуацијата после првата дебата со републиканскиот противкандидат Доналд Трамп. Како можен наследник се спомнуваше Гавин Њусом од Калифорнија иако тоај негира дека има такви ...

Вселенскиот настан првпат бил забележан во 2019 година кога американски телескоп забележал „невообичаена светлина“ на оддалеченост од околу 300 милиони светлосни години. Податоците покажаа дека „мирната“ галаксија во соѕвездието Девица мистериозно почнала да свети. Потоа, меѓународен тим го следел ова „невидено однесување“ и откриле дека галаксијата постепено станува посветла и зрачи повеќе светлина, спротивно од кој било друг сличен настан ...

25 тони биле најдени во бродски контејнери во пристаништето во Хамбург, 8 тони во пристаништето во холандски Ротердам а три тони од пратката останале во Колумбија. Уапсените се на возраст од 30 до 54 години и се работи за прилично инклузивно друштво: има Германци, Азербејџанци, Бугари, Турци, Мароканци и Украинци. Дрогата била скриена меѓу пратки со храна (како се кријат 35 тони бе?) а германски обвинител од Дизелдорф кажа дека германски ...

Целиот договор е „торпедиран“ од Германија пред самото затворање, а целта на овие санкции беше да им се забрани на трети држави да го ре-извезуваат рускиот течен гас од ЕУ пристаништа и да ги финансираат арктичкиот и балтичкиот ЛНГ терминал. „Едно време беше јасно дека секогаш треба да ја обвиниме Унгарија, а сега тоа е Германија,“ објаснува дипломат запознаен со разговорите околу пакетот санкции. Ова ќе беше 14-от пакет санкции воведени од ...

Пикузо со целата своја благодарност кон Западот објаснува дека во првите месеци од војната 60% од оружјето е снабдено од Западот, меѓутоа Украина сепак морала да ги купи останатите 40%, што е само 10% од вистинските потреби на земјата. Неговата процена е дека за Украина да ја сврти војната во своја корист ќе и требаат 600 до 800 милијарди долари. Кинескиот воен буџет е 200 милијарди долари. Британските процени се дека на Украина и фалат уште ...

Хуавеи е под американски напад повеќе од една деценија. Во 2012 година, американските власти почнаа да тврдат дека Кина може да ја искористи фирмата за шпионажа. Во 2018 беше покренато обвинение против нивниот финансов (ќерка на основачот Рен Женггфеи) за кршење на санкциите кон Иран. До 2020 година, американското незадоволство се претвори во целосна војна, при што на повеќето американски фирми им беше забрането да работат со Хуавеи а на ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
4.12
21%
1006
weather icon

Белград

35ᴼ / 32ᴼ
2.06
26%
1004
weather icon

Загреб

22ᴼ / 21ᴼ
1.03
76%
1005
weather icon

Софија

33ᴼ / 33ᴼ
3.09
36%
1009
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
2.84
19%
1006
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
2.06
82%
1005
weather icon

Атина

34ᴼ / 30ᴼ
5.14
49%
1011
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
4.12
35%
1010
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
4.12
31%
1009
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 33ᴼ
4.63
26%
1009
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
1.54
86%
1007
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
3.09
37%
1011
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641