
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Членките на „Петте очи“ (Британија, САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд) заеднички предупредуваат за однесувањето на кинеската народна армија и проектот за ангажирање на нивни пензионирани пилоти. „За да ги надмине своите слабости, кинеската армија агресивно регрутира западен воен талент за да ги обучи нивните пилоти, користејќи приватни компании низ целиот свет кои ги прикриваат своите врски со кинеската армија и на регрутите им нудат обемни ...
Бруто плата на европарламентарец е 10.075 евра месечно, нето - 7.850 евра. Тоа се финансира од буџетот на Парламентот, односно од ЕУ. Покрај тоа, секој пратеник има право на 4.950 евра месечно за плаќање на трошоците на канцеларијата во својата матична држава, што вклучува кирија, опремување и вработени. За секој ден поминат во Европскиот парламент му се исплаќаат 350 евра дневница за сместување и храна. Трошок за службен автомобил нема бидејќи ...
На анкета спроведена од Дејли меил, 70% од испитаниците биле за тестовите, 18% сметаат дека тие се непотребни, додека 12% не се сигурни дали претседателските кандидати треба да се проверуваат пред дебатите. Идејата за допинг тестови пред дебатите прв ја предложи Трамп, кој претходно, без докази, тврдеше дека Бајден бил „под влијание на нешто“ за време на говорот за Состојбата на нацијата во март годинава. Уште за време на кампањата пред првиот ...
Мали се шансите, веројатно никакви, Новак Ѓоковиќ да ја реализира својата голема амбиција и уште еднаш да го освои Вимблдон, а потоа и златото на Олимписките игри во Париз. Менискусот му настрада, повредата е тешка, годините за тенис се доцни, а на човек му останува полека да се помирува со неостварените животни желби и планови. Постојат два типа на луѓе во светот: некои на крајот нивната фантазија ќе ги надрасне, други се соочуваат со лицето на ...
Украинските функционери вршат притисок за зголемување на бројот на пилоти кои се на обука за Ф-16, жалејќи се дека сегашното темпо не создава доволно пилоти за летање на авионите кои наскоро ќе стигнат во Киев. Земјата има 30 пилоти кои веднаш се подготвени да почнат со обука во САД, меѓутоа од американската администрација добиле информација дека обуката во Аризона не може да прими повеќе од 12 пилоти на обука, додека слични проблеми има и во ...
Заканата е директно од Путин и доаѓа во пакет со повторувањето дека Москва е подготвена да користи нуклеарно оружје доколку смета дека има опасност за нејзиниот суверенитет. Путин смета дека неодамнешните одлуки на Западот дополнително ја поткопуваат националната безбедност и би можеле да доведат до „многу сериозни проблеми“. „Тоа ќе го означи нивното вмешување во војната против руската федерација, и ние го задржуваме правото да делуваме на ист ...
Информацијата за отворање претставништво во Дубаи ја соопшти првиот човек на компанијата Максим Соколов за време на Меѓународниот економски форум во Санкт Петерсбург. „Неодамна, пред само неколку месеци, лично потпишав договор со еден ланец салони во Дубаи дека ќе бидат дистрибутери на нашиот Лада Бренд ќе бидат присутни и на главниот булевар, каде што се наоѓаат сите водечки брендови на светот. Во блиска иднина ќе биде отворен и Лада салон, а ...
Нова анкета меѓу британските гласачи открива видлив реализам кон надворешната политика што не се одразува во ниту една од главните партиски платформи. Осумдесет години по Денот Д, на островот доминира јасен скептицизам кон странските авантури и потреба од фокусирање на британските национални интереси, став кој значително се разликува од преовладувачкиот либерален интервенционизам од минатите децении. Мнозинството гласачи (52%) веруваат дека ...
Британските осигурителни компании тврдат дека немаат обврска да го испочитуваат нивното покривање на гасоводите Северен тек, кои беа кренати во воздух во септември 2022 година, бидејќи тој досега невиден чин на индустриска саботажа најверојатно го извршила (некоја?) национална влада. Види: Северен тек во воздух го дигнаа Американците Ова нивно тврдење оди контра наративите на Њујорк Тајмс, Вашингтон пост и други американски меинстрим медиуми кои ...
Заради доминантната улога на Тикетмастер, сè поскапо е да го видиш својот омилен бенд/пејач/пејачка. Им се може. Откако во 2010 година беше купен од Live Nation, најголемиот поседувач на концертни сали во светот, тие без усул додаваат арач на картите од што корист имаат само тие, не и артистите кои ја прават забавата. Долга е листата на фанови кои беа огорчени од цената на билетите. Оние на Тејлор Свифт дигнаа најголема џева (бидејќи најмногу ги ...
Во друг случај Бајден целосно меша една своја нова политика која претставува закана за некои од најголемите американски енергетски проекти со студија. Додека кога преговара со републиканците за кревање на границата за задолжување на САД неговото држење и владеење со деталите се менуваат од ден на ден. Наспроти овие сведоштва на луѓе кои директно соработувале со американскиот претседател, демократите кои работеле со Бајден и кога бил млад ...
Извозот на гас на компанијата во Европа до 2035 ќе изнесува во просек меѓу 50 и 75 милијарди кубни метри годишно, што е едвај една третина од пред војната. Во самиот извештај се објаснува дека иако Газпром се надева дека новиот гасовод кон Кина ќе надомести за изгубениот европски пазар, неговиот капаците ќе биде само 50 милијарди кубни метри годишно, а цените по кои се продава рускиот гас на азискиот пазар се драстично пониски отколку во Европа. ...
Освен Нетанјаху на списокот на Хаг се и министерот за одбрана, Јоав Галант, како и тројца лидери на Хамас. Со изгласаните санкции на обвинителот и останатите функционери на МКС вклучени во случајот околу Израел, им се забранува пристап во САД, инстантно им се укинува каква било виза и да имаат и им се забранува да прават пренос на имот во САД. Спикерот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон, изјави дека „МКС мора да биде казнет за оваа ...
Брус (65) и Лиса (62) се едни од малкуте корисници на градскиот програм Менаџиран алкохолен програм (МАП) и викаат дека да не беше тоа, сега ќе беа мртви. Тие и останатите се сместени во објект кој некогаш бил хотел и каде под строга медицинска контрола редовно им се даваат точно определени дози вотка - од една страна за да не се убијат од алкохол а од друга, да се избегнат ефектите од сувото спуштање кое може да биде проследено со фатални ...
Спомнатиот закон, меѓу другото, го овластува Секретарот за финансии да го укине статусот на непрофитни, невладини и слични организации ако оцени дека тие поддржуваат тероризам. А со укинување на таквиот статус, се губат сите можни даночни олеснувања за нив, што практично значи дека добар дел од тие организации ќе треба да затворат дуќан. Греши оној кој мисли дека активна поддршка на тероризмот е ограничена на намерни, директни придонеси за ...
Држави како Русија, Иран, Венецуела, Северна Кореја, Кина и други се наоѓаат под финансиски и трговски рестрикции без преседан. Меѓутоа истите овие држави благодарејќи на санкциите развиваат економија со доволен обем која ги штити од финансиската војна што Вашингтон ја води против нив. Обвинувањата за Кинезите дека ги снабдуваат сите овие режими и посебно Москва во војната против Украина, од Пекинг се отфрлени со објаснување дека Кина не ...
Командантите објаснуваат дека украинската војска има проблем со обука и пред руската офанзива, и дека проширувањето на границата за регрутирање војници е само еден од потребните чекори за решавање на проблемот со персонал. Украина одлучи да го прифати и руското решение за пополнување на своите редови, па минатиот месец Зеленски го потпиша законот со кој на затвореници ќе им биде дозволено својата казна да ја отслужат на фронтот „што обезбедува ...
Новиот закон, на пример, бара од граничарите, цариниците, јавниот обвинител и полициските функционери да можат да комуницираат на англиски јазик, а службите за итна помош и здравствени услуги да бидат достапни и на англиски. Законот ги опфаќа и веб-страните на државните институции и универзитети кои мора да имаат апдејтирана англиска верзија. Целиот овој пакет ќе беше донесен многу порано меѓутоа неговата претходна верзија планираше забрана за ...
Објавувајќи во BMJ Public Health, авторите од Врије Универзитетот велат дека ваквите бројки се без преседан и покренуваат сериозна загриженост. Ги повикаа владите целосно да ги истражат основните причини за ваквата состојба, вклучително и можните штети од вакцините. Тие потсетуваат дека и медицински работници и граѓани пријавиле сериозни проблеми и смртни случаи после вакцинацијата во различни официјални бази на податоци во западниот свет. „За ...
„Путин ги обучува своите луѓе за војна и ги позиционира против Западот. Затоа мораме да станеме што е можно побрзо подготвени за одбрана,“ препорачала Агнес Штрак Зимерман. Освен што руската индустрија се фокусира на производство на оружје, Зимерман алармира дека во земјата се печатат училишни книги кои ја претставуваат Германија како држава агресор, а деца на училишна возраст се обучуваат да користат оружје, и сето тоа е застрашувачко. За ...
Резултатите на студијата на Нортвестерн универзитетот значително варирале во зависност од етничката припадност и возраста на која мажот го добил првото дете. Пример, мажите кои станале татковци пред 25 годишна возраст имале полошо здравје од останатите татковци, и ова посебно било нагласено кај црнците и латиносите. Студијата следи повеќе здравствени маркери, вклучително исхрана, вежбање, пушење, тежина, крвен притисок и шеќер. Хипотезата на ...
Неименуваниот сопственик на биткоин новчаникот го заборавил пасвордот пред 11 години. И во тоа време ова не е нешто страшно бидејќи сумата што ја има во него не е некои големи пари (3-4 илјади долари). Проблемот е последниве години кога вредноста почнува да расте и сега достигнува до 3 милиони долари. Во новчаникот има 43,6 биткоини, а истиот е пробиен од инженерот Џо Гранд, кој во 2022 имаше сличен успех кога му помогна на човек да дојде до ...
Во дискусиите за вештачката интелигенција неизбежно е разгледувањето на нејзиниот потенцијал за катастрофични последици по човештвото, но футуристот Реј Курцвеил во својата нова книга тврди дека фокусирањето на лошите страни само ќе создаде „одложувања во надминувањето на човечкото страдање“. Неговата нова книга „The Singularity is Nearer“ е продолжение на прочуената „The Singularity is Near“ од 2005 година и нуди ажурирани податоци и нови ...
Ако прво Русите разбирливо веќе им дадоа прекар „лименки“, сега и Украинците почнаа да се отвораат за тенковите кои требаа да го сменат текот на војната. Како што пишува британски Телеграф, додека старите советски тенкови со кои располагаа Украинците нон-стоп се расипуваа и заглавуваа во кал, Абрамсите се покажаа само малку подобри во пракса. „Нивниот оклоп не е доволен во моментов. Воопшто не го заштитува екипажот. Денес се води војна на ...
Фон дер Лејен останува главна кандидатка на нејзината партија, меѓутоа нејзината предност во однос на конкурентите е значително намалена споредено со мај годинава. Од друга страна процената е дека Макрон не е воодушевен од идејата Унијата да биде предводена од член на европските конзервативци и веќе некои отворено споменуваат дека тој повеќе претпочита на таа позиција да го види поранешниот италијански премиер и прв човек на централната банка, ...
Тоа се плаќања направени од приватни компании, главно фармацевтски, за лиценцирање медицински иновации на владини научници. Речиси целиот тој кеш - 690 милиони долари - завршил кај луѓе во Националниот институт за алергија и заразни болести, агенција предводена од д-р Ентони Фаучи. Националниот институт за здравство одбиваше да проговори за овој комплексен систем на тантиеми, но една организација (OpenTheBooks.com) им заигра пресинг па тужеше ...
Пред новото сослушување на Фаучи во Конгресот што деновиве треба да се одржи, Републиканците го извадија целиот записник од неговото сведочење во јануари годинава. Фаучи на сослушувањето изјавил дека правилото за 2 метра дистанцирање „некако само се појави“ и остана, дополнувајќи дека тој „не е свесен дека постои некоја студија“ што го поддржува социјалното дистанцирање, признавајќи дека такви студии би било „многу тешко“ да се спроведат. Тој ...
Штитот ќе биде составен од: постојана ограда, бодликава жица, против-тенковски ров, поле со против-тенковски препреки, анти-тенковски мини, уште еден ров и слој вегетација. Планот вклучува и зголемување на бројот на системи за предупредување и следење, анти-дрон системи и истурени оперативни бази. Полска се граничи со Русија само на север кон енклавата Калининград, додека со Белорусија има граница од околу 400 километри. Процената е дека ова ќе ...
Две и пол години војна во Украина посебно ја нагласија неопходноста на ПВО, и им воочи на најразлични европски лидери клучната улога што таа ја има во модерен конфликт против армија на држава, наспроти организирани групи бунтовници или терористи. Извадени од памет од случувањата на фронтот, офицери на НАТО се пребројуваат и заклучуваат дека државите членки се способни да испорачаат само 5% од ПВО капацитетите неопходни за да се заштитат членките ...
Додавајќи бензин на оганот, Њујорк Тајмс подоцна објави дека Фон дер Лајен лично преговарала за договорот преку серија текстуални пораки и повици со извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла (види: Првиот човек на Фајзер се уфуфка од сведочење). Оттогаш, „Фајзергејт“ прерасна во еден од најголемите скандали во историјата на ЕУ. Фон дер Лајен и Комисијата одби да ги предаде текстуалните пораки - не само на новинарите, туку дури и на Омбудсманот ...