
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Денеска полициски службеници од ОВР Македонски Брод при СВР Битола во соработка со Црвениот Крст, Територијалната противпожарна единица Македонски Брод, ДЗС, како и екипа на Итна медицинска помош во основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ во Општина Пласница, Македонски Брод за учениците од ова училиште спроведоа симулациска вежба на тема: „Начин на однесување во кризни ситуации“. Вежбата беше спроведена со цел учениците да се запознаат со ...
На локалните избори одиме со посебни советнички листи и од таа одлука нема враќање назад, рече лидерот едното крило на Алијанса за Албанците, Таравари. Додаде дека за сè друго се подготвени да разговараат со сите, а со премиерот Мицкоски со кого имале редовна комуникација ќе се сретнат, откако ќе се врати од пат. Во врска со состојбите во ВРЕДИ, потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во „360 Степени“ на МТВ, ...
Турција изразила подготвеност да прими и до 15 пациенти од трагедијата во Кочани за долготрајна рехабилитација, над година дена и тоа да биде бесплатно – информираше денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Таравари рече дека со премиерот Христијан Мицкоски имале подолг состанок со министерот за здравство на Турција, а една од темите била и трагедијата во Кочани. Се заблагодарив за тоа што направија таму за нашите пациенти. Изразуваат ...
Плејмејкерот на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари, ја доби наградата Твајман/Стоукс, која се доделува секоја година на играч кој е пример за тимска работа, тимска посветеност и пример за најдобрите квалитети на и надвор од теренот. Челниците на НБА избраа по шест лица од секоја конференција за да бидат вклучени во гласањето. Според официјалната веб-страница на лигата, 37-годишниот Американец освои 1.257 поени во гласањето за „Најдобар соиграч“, ...
Во Собранието денеска пратениците ќе расправаат за интерпелацијата на министерот за внатрешни Панче Тошковски поднесена од партијата „Левица“. Оттаму велат дека интерпелацијата ја поднесуваат поради несоодветно извршување на функцијата, постапувајќи нестручно, непрофесионално, несовесно и неодговорно. Според „Левица“, во работењето на министерот Тошковски имало низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови поместувања во МВР. Игор Панов ...
Јагнешко, мед, млеко, сирење, јаболки и евроамбасадорот Рокас не можеше да им одолее на производите на македонските земјоделци и сточари. Природните ресурси на земјава овозможуваат многу поголемо производство, но недостига кадар. Ниту платата од 1.000 до 1.500 евра не може да ги задржи овчарите во земјава. Овци се одгледуваат само 10 насто од она што се одгледувало некогаш – вели Моме Младеновски од земјоделската задруга „Овчеполка“. Обуките на ...
Вчера во 14.50 часот на патот Гостивар-Тетово, кај клучка Жеровјане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Н.Р.(40) од с. Мала Речица, затоа што управувал патничко моторно возило „БМВ“, со гостиварски регистарски таблици, со брзина од 151 км на час на место каде максимална дозволена брзина е 80 км на час, соопшти МВР. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на ...
Една чаша јогурт може да ви ги задоволи дневните потреби за калциум и витамин Д, коишто се од суштинско значење за одржување здрави коски. Калциумот, исто така, помага за одржување на коскената густина и ги зајакнува коските преку целиот живот. Се смета дека го намалува ризикот од коскени заболувања како остеопороза. Луѓето кои страдаат од нетолеранција на лактоза поради некоја алергија, можат спокојно да ги искористат предностите на јогуртот, ...
Со одлична динамика се градат автопатите на коридор 8 и 10 д, истакна вицепремиерот Александар Николоски во вчерашната емисија „360 Степени“. Според него има доста работа, но очекува работите да се одвиваат согласно планираното. „Делницата Гостивар-Букојчани, популарната Стража има одлична динамика, Битола-Прилеп, исто така оди со одлична динамика. Тетово-Гостивар имаме подготвителни работи, за скоро време ќе одиме и на почеток на работите, а ...
Во трилерот „Параноја“ Адам Касиди (Лиам Хемсворт) е шармантен млад бизнисмен кој се обидува да напредува во својата нова работа во Вајат Телеком. Откако направи огромна грешка, тој се соочува со безмилосниот сопственик на компанијата, Николас Вајат (Гери Олдман). Но, тој нема да го уништи само под еден услов: Адам мора да се инфилтрира како корпоративен шпион во ривалска компанија, управувана од заколнатиот ривал на Вајат, Џок Годард (Харисон ...
Понудата за тридневен прекин на огнот во Украина е уште една манипулација на Путин-тврди Зеленски откако Кремљ објави прекин на огнените дејствија од полноќ на 8-ми до 11 мај, датум што се совпаѓа со прославите на победата по повод крајот на Втората светска војна. „Ги цениме човечките животи, а не парадите. Веруваме, а и светот верува, дека нема причина да се чека 8 мај. Огнот не треба да се прекине на неколку дена, за подоцна повторно да се ...
Четири лица загинаа, а неколкумина се повредени откако автомобил влетал во објект за време на вонучилишни активности во близина на Спрингфилд, Илиноис. Според полицијата, жртвите се на возраст од 4 до 18 години. „Три лица беа удрени надвор од зградата пред возилото да го пробие објектот и да удри уште едно лице пред да излезе од другата страна. Неколку пациенти се префрлени во локалните болници“, изјави Скот Тартер, заменик-началник на ...
Либералната партија на Марк Карни победи на вонредните парламентарни избори во Канада, според проекциите на националниот радиодифузер ЦБЦ. Сè уште останува нејасно дали ќе успеат да ги освојат 172-те места потребни за мнозинство или ќе бидат принудени да формираат малцинска влада, додека се пребројуваат последните гласови. Конзервативците на чело со Пјер Полиев беа фаворити за победа по оставката на Трудо, но директната закана на Трамп за ...
Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Радовиш за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, во период од неколку месеци, од непознато лице набавил 80 пакувања марихуана со вкупна нето маса од околу 400 грама, која ...
Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) денес организира стручен собир во склоп на проектот „Зајакнување на правата на корисниците во финансиските услуги“. Проектот е финансиски поддржан од Европската унија, преку спогодба помеѓу Европската организација за заштита на потрошувачите – BEUC и ОПМ. Собирот е наменет за потребата од преземање дејствија за создавање на потребните предуслови за спроведување на европската регулатива за ...
Снабдувањето со електрична енергија постепено почна да се обновува во делови од Пиринејскиот полуостров по масовниот прекин на испораката на струја што ги парализираше Шпанија и Португалија. Причините за електричниот колапс сè уште се нејасни. Шпанскиот премиер кој прогласи вонредна состојба изјави дека за само пет секунди, земјата останала без 15 гигавати електрична енергија, или 60 проценти од националната потрошувачка. Во земјата распоредени ...
Семејствата на настраданите во пожарот во кочанската дискотека, во Скопје во 12 часот и пет минути на протест, насловен „Марш за ангелите“. Според најавата, маршот ќе почне пред Обвинителството, ќе продолжи на Градскиот плоштад и ќе заврши пред Собранието. „Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не разбираме како познавачите на правото притвораат, па пуштаат“, истакнаа семејствата во писменото ...
Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат од АМСМ. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...
Пратениците денеска треба да расправаат за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратеничката група „Левица“. Пленарната седница е закажана во 11 часот. Интерпелацијата е поднесена на 14-ти април поради тоа што, според „Левица“, министерот Тошковски несоодветно ја извршувал функцијата, постапувајќи нестручно, непрофесионално, несовесно и неодговорно поради што имало низа противзаконски дејствија, скандали ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати пред матурантите на средното училиште АСУЦ „Боро Петрушевски“ во Скопје, во рамки на кампањата „Да ја подигнеме сообраќајната свест кај младите – 2025, на матурска вечер без автомобил“. Ваквите кампањи традиционално ги организираат заеднички Министерството за внатрешни работи, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност – Скопје, со кои ...
Вчера во 16.10 часот на регионалниот пат Тетово - с. Јажинце полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Н.Л.(49) од Тетово, затоа што управувал патничко моторно возило „хонда“, со тетовски регистарски таблици, со брзина од 111 км на час на место каде максимална дозволена брзина е 50 км на час. Н.Л. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде ...
Министерството за правда ја информира јавноста дека започнува едукативна кампања под мотото „Наша надлежност, твое право“, насочена кон јасно и разбирливо претставување на неговата улога, надлежности и одговорности во институционалниот систем на државата. Целта е, како што појаснуваат од ресорот, да ја зголемиме информираноста на граѓаните за тоа како функционира правосудниот систем, каде се позиционира Министерството за правда во истиот, и кои ...
Русија објави привремен прекин на огнот во Украина, очекува Киев да го прифати предлогот-соопшти Кремљ. Одлуката за привременото примирје на Путин е од хуманитарни причини и сите воени дејствија ќе бидат прекинати од полноќ на 8 до 11 мај – што се совпаѓа со прославите на победата по повод крајот на Втората светска војна. Шефот на Кремљ веќе им сè се заблагодари на своите војници за нивниот придонес во борбите во Украина. „Знам дека апсолутен ...
Во 2024-та година 17 луѓе го загубиле животот на работното место, а 116 се здобиле со повреди при работа. Во споредба со 2023-та година има зголемување на ваквите несреќи. Не постои работно место кое не носи каков било ризик, но со превенција и соодветни услови може да се сведе на минимум, велат од Здружението за заштита при работа. Според извештајот на здружението, најмногу повреди има во јавната управа и одбрана, преработувачката индустрија и ...
Светската банка во најновиот извештај прогнозира растот на македонската економија до крајот на годинава да биде 2,6 проценти, в година да се зголеми на 2,7 насто. Во однос проекциите од минатата година има зголемување за 0, 1 процент кај македонскиот БДП, а намалување за 0,3 насто кај очекувањата за в година. Во извештајот се наведува дека економскиот раст во Западен Балкан се проектира малку да забави во 2025 година како последица на послабата ...
На судското рочиште за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски обвинителките му ја предочија целата казнена евиденција на обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, обвинет за двојното убиство. Му посочија дека бил повеќе пати осудуван, како во Македонија така и во Задар. Тој обвини дека врз него се прави политички прогон. Обвинителката го праша, дали за него е својствено да не ги почитува законите? Палевски со одговор: „Му благодарам на ...
Реформите во правосудството ќе се носат во интерес на граѓаните, а не како до сега во интерес на одредени лица или групи, вели министерот за правда, Филков. Тој најави донесување на законот за судски совет до јуни, кој е пред Венецијанската комисија. Во него клучни новини се начинот на разрешување на претседателот, дефинирање на терминот истакнат правник и постапката на изборот на членовите. Законот за јавно обвинителство треба да се донесе до ...
Марјан Велевски, Билјана Бабиќ, Владимир Палашевски, Давор Пашовски, Ивана Ефремовски, Томислав Кежаровски, Миле Гроздановски, Бурим Рамадани, Мубајдин Ќамили, Беќим Лачи, Патриот Лумани и Маја Седраг се предлог- кандидатите на партиите за членови на Програмскиот совет на МРТ. Собраниската Комисија за избор и именување денеска ја утврди предлог- одлуката за именување на новите членови по истекот на петгодишниот мандат на претходните членови. На ...
Конклавата за избор на новиот поглавар на римокатоличката црква ќе почне на 7-ми мај. Датумот одреден на затворениот состанок на кардиналите во Ватикан, прв по погребот на папата Франциско. Новиот папа ќе биде избран со двотретинско мнозинство гласови од 135 кардинали помлади од 80 години, од вкупно 252 колку што брои колегиумот на кардинали. Поголемиот дел од кардиналите-избирачи се релативно млади и за многумина ова ќе биде прв конклава. ...
Македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул го најавува концертот „Музички мостови“ на триото Интерарт од Битола, кој ќе се одржи на 29 април 2025 година (вторник), со почеток во 20:00 часот, во Ерменската католичка црква „Сурп Левон“ во Кадиќој, Истанбул. На концертот ќе настапат истакнатите македонски изведувачи – флејтистите Емилија Ристевска Стефановска и Александар Стефановски, заедно со пијанистката Татјана Божиновска. Со својата ...