Крајбрежната стража на САД ќе го истражува нападот во кој загинаа најмалку четири лица, а шест се повредени во територијалните води на Куба. Имено глисер кој пристигнал од Флорида отворил оган кон брод на кубанската крајбрежна стража, по што следувала возвратна престрелка. „Нема да шпекулирам што би можело да биде. Станува збор за широк спектар на работи. Доволно е да се каже дека е многу невообичаено да се видат престрелки на отворено море ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес изјави дека САД „независно ги проверуваат информациите“ доставени од кубанските власти за инцидентот покрај брегот на Куба, нагласувајќи дека во настанот не биле вклучени членови на американската влада и дека Вашингтон ќе реагира дури откако ќе се утврдат сите факти, додека Хавана тврди дека станува збор за обид за терористичка инфилтрација. Во истрагата се вклучени Министерството за внатрешна ...