Зеленски е подготвен лично да разговара со рускиот претседател Путин в четврток во Истанбул за завршување на војната. Украинскиот претседател изјави дека чека целосен и условен прекин на огнот, кој ќе трае доволно долго за да обезбеди неопходна основа за дипломатијата. Москва и натаму без одговор на предлогот. „Овој четврток на 15 мај ќе бидам во Турција и очекувам Путин да дојде, лично. И се надевам дека овој пат Путин нема да бара изговори ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...

Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна постапка против едно лице осомничено за едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 и еден обид за убиство според истата правна квалификација. При вршење семејно насилство рано утрово, во дворот на семејната куќа во селото Србјани, осомничениот 47-годишник ги лишил од живот својот татко, а се обидел да ја убие и својата мајка. При вербална расправија, со нож и секира најпрво го ...

Нова швајцарска инвестиција, најави претседателот на Владата христијан Мицкоски. Станува збор за фармацевтската компанија „Ронтис“ чија инвестиција од десетици милиони евра, ќе отвори околу 500 работни места во Македонија. Инвестициите и отворањето нови работни места остануваат едни од главните приоритети на македонската влада, порача премиерот Мицкоски. Минатата 2024-та година, Македонија ја заврши со рекордни над милијарда евра странски ...

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против У.Х. (35) од Р. Турција за сторено кривично дело обид за убиство по чл. 123 ст. 1, во врска со чл. 19 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. На 10.05.2025 околу 04 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода У.Х., затоа што ...

Алтернативни и класични спортови, услови за спортски тренинзи. Крушево се етаблира како дестинација на алтернативниот туризам, но и како лулка на биатлонот. Викендов на балканска конференција ги собра федерациите на 9 земји. Надградбата на инфраструктурата во Крушево е пресудна за успешен спорт и за спортскиот туризам. Државата ветува финансиска и секаков вид поддршка. Крушево ја почнува летната сезона на алтернативниот туризам, најбројни се ...

Уписот на идните првачиња започна од 2 мај и ќе трае до 30 мај. Од годинава посебно ќе се почитува реонизацијата. Нема да се дозволи префрлање на ученици од цел град, кон ОУ „Блаже Конески“ или ОУ „Св. Кирил и Методиј“ што изминатите години беше редовна појава и трка на родителите по место за нивните деца во овие две школи. За упис потребен и извод од матична книга на родени за детето ученик, лична карта од родител/старател, здравствени белешки ...

Рускиот претседател Владимир Путин предложи обновување на директните преговори со Украина во Истанбул на 15-ти мај, без предуслови. Понудата дојде како одговор на апелот на Украина и нејзините сојузници до Москва, да се обврзе на безусловно 30-дневно примирје од понеделник. Сега се водат воени дејствија, и ние предлагаме продолжување на преговорите, кои не беа прекинати од нас, изјави Путин. Посочи дека оние кои навистина сакаат мир не можат, а ...

Ако Арбен Таравари излезе од владејачката коалиција во опозиција ќе има повеќе пратеници Албанци што може да го доведе во прашање усвојувањето на законите кои се носат со Бадентерово мнозинство, смета аналитичарот Џелал Незири. Сепак, тој е на став дека тоа сценарио е помалку веројатно и очекува пратениците и функционерите на Таравари да останат во коалицијата „Вреди“, бидејќи за нив е непосакувано да се на опозициска страна заедно со ДУИ ...

И децата со атипичен развој сакаат да играат, да се смеат, сакаат да покажат дека и тие знаат и умеат да пеат и танцуваат. Сакаат да бидат поканети на родендени, но и другите деца да доаѓаат на нивните. Од Здружението за аутизам испратија порака – да се зголеми свесноста за лицата со атипичен развој и нивно прифаќање, почитување и инклузија во општеството. Градскиот парк претворен во голема игротека со разновидни игри, работилници, едукативно, ...

За два месеци откако една од патронажните сестри ќе замине во пензија, Поливалентната патронажна служба при ЈЗУ Д-р. Хаим Абраванел-Битола, ќе продолжи да работи со само 7 извршители, што е половина од предвидениот број за квалитетно работење на оваа служба, која покрива три општини и 70% од околните села. Во следните 5 години, ќе се пензионираат уште 3 со што во службата ќе останат само 4 патронажни сестри. Слична е и состојбата во цела држава, ...

Албанија ги одржува првите парламентарни избори откако земјава официјално ги започна преговорите за пристапување со Европската унија во јули 2022 година. Премиерот Еди Рама се бори за четврти мандат, откако се соочи со својот политички непријател во бурна кампања. Демократската партија на Сали Бериша е втората политичка сила, но има и голем број помали политички партии и движења. Гласањето се смета за одлучувачки момент за демократскиот пат на ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на проектот изградба на детска градинка во населено место Инџиково, во Општина Гази Баба. Како што соопшти владината прес-служба, вкупна вредност на проектот е 47.508.811 денари, обезбедени од страна на Министерство за социјална политика, демографија и млади. Целиот објект е на површина од 490 метри квадратни, приземјен објект со висина од три метри. Во овој објект ...

Со 25 килограми помалку работите се полесни, станувањето, движењето, секојдневието има неверојатна леснотија, вели нашиот соговорник на кој пред шест недели му е намален желудникот. Не можејќи порано да го изменаџира гладот имал 145 килограми. Тој е првиот пациент на кој му е направена баријатриска интервенција на Клиниката за дигестивна хирургија. Но она што не смее да се исклучи е почитувањето на пропишаниот протокол на Фондот за здравство. ...

„Инспекторите спиеја, нашите деца не се разбудија“, „Каде да фатам врски да ми се вратат другарите“. Ова се дел од пораките на петтиот „Марш за ангелите“ во Кочани. Велат нема потреба од зборови, очекуваат дела. Очекуваат непристрасна истрага, судење и санкции за сите кои на било каков начин придонеле за трагедијата на 16-ти март. Во досегашниот тек на истрагата опфатени се шеесетина правни и физички лица, во тек е сослушување на сведоци на ...

Заштите ја, инвестирајте во сестринската и акушерската професија, е порака која беше испратена од централната прослава на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки, одржана во Велес. Беше побарано итно да се подобри благосостојбата на овие здравствени работници кои ги има се помалку. Потребно е да се поддржи напредокот на медицинските сестри во кариерата, од општа до специјалист и сестра со напредна пракса. И ...

Почисто, позелено, поурбано, е мотото коешто ги водеше над стоте ученици, волонтери, екипи на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, кои се вклучија во акцијата „Генералка викенд“. Куманово во оваа акција учествува по петти пат. Целта е да се крене свеста за собирање и рециклирање на отпад. Се уредуваа зелениот простор кај градскиот базен, спортската сала, објектот на градинката „Ангел Шајче“. Од „Чистота и Зеленило“ со апел, да ја чуваме ...

Новата Влада постави црвена линија, тоа е нашиот македонски идентитет, кој нема да дозволиме да биде обременет со билатерализација, порача заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков на панел дискусијата „Патот на Северна Македонија до ЕУ: Предизвици и можности во 2025“. Трајков уверува дека Владата посветено работи на спроведување на реформскиот процес, дека се користат сите капацитети и дека Европа тоа го препознава. Потврда за ...

Спасе Чакревски од мариовско Витолиште годишно има 30-тина говеда за товење. Ги продава жива мера за извоз, зашто кланиците не откупуваат оти, вели, поевтино им е да увезат замрзнато месо. Има објаснување зошто јунешкото во месарниците е преку 700 па до 900 денари. Според големите производители, во земјите од ЕУ има болести шап и лигавка, па побарувачката е поголема од понудата. А суровините за исхрана имаат берзантски цени и постојано растат. ...

Антонио Атанасовски пред комисија го презентираше начинот како ќе го заштити производството на домати од гниење и инсектициди предизвикано од климатски промени. Тој е ученик во земјоделската струка во Струмица и сака да го продолжи семејниот бизнис-одгледувањето зеленчук во родното село Куклиш. На другата страна младиот Џопковски од Берово во импровизирана леа презентираше органски начин на одгледување пиперки. И тој иднината го гледа во ...

Европските лидери Макрон, Мерц, Стармер и Туск се во Киев. Се интензивираат повиците Русија да се согласи на прекин на огнот и да седне на преговарачка маса. Во заедничка изјава објавена пред нивното пристигнување рекоа дека „ќе заминат во Киев во солидарност со Украина“. Во фокусот на средбата ќе биде повикот на целосно и безусловно 30-дневно примирје, првично предложено од сад во март, за кое велат дека ќе овозможи разговори за траен мир. ...

Родителите на децата кои трагично загинаа во катастрофата што се случи во дискотеката „Пулс“, за денеска во Кочани најавија нов протест, „Марш за ангелите“, кој треба да започне во 16:05 часот. Тие на 16-ти март испратија писмено соопштение до јавноста во кое изразуваат длабока болка, но и заедничко и јасно барање за целосно законско решение и одговорност од сите вклучени лица и институции. Нагласија дека се подготвени да соработуваат и со ...

Три англиски и по еден италијански, шпански и француски тим ќе играат во финалните пресметките за титулите во Лигата на шампиони, Лигата на Европа и Конференциската лига. Во финалето на Лигата на Европа на 21 мај на „Сан Мамеш“ во Билбао ќе играат екипите од англиската Премиер лига Манчестер Јунајтед и Тотенхем, на 28 мај во Вроцлав ќе се соочат Челзи и Реал Бетис во финалето на Конференциската лига, додека во финалето на Лигата на шампиони на ...

СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 11.05.2025 (недела) со почеток во 08.30 до 10.30 часот поради одржување на улична трка на 10 км, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Трката ќе започне со стартна позиција на бул.„Илинден“–локација Фонтана, а натпреварувачите ќе се движат по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Никола ...

Вчера во 21.00 часот на улица „Маршал Тито“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Е.М.(48) од Радовиш, информираат од МВР. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредби од Основен суд Тетово за издржување казна затвор од две години и од Основен суд Радовиш за издржување затворска казна од девет месеци за сторени кривични дела кражби и тешки кражби. Е.М. е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор ...

Градоначалниците повеќе нема да бидат неменлива категорија. За нивно отповикување ќе се гласа на референдум, но доколку тоа го побараат 20 проценти од граѓаните што живеат во една општина. Ова се дел од измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа, кои пред народните избраници ги образложи ресорниот министер Перински. Советот ќе го распише референдумот, а за тој да биде успешен потребни се гласовите на над една третина од впишаните ...

Цените на производите варираат. Некаде со помало, на друго место со драстични зголемувања, велат граѓаните. Основните продукти мора да се купат, ама за овошјето, купувачите трипати се премислуваат. Ваква е сликата и во маркетите и на зелениот пазар. Трговците не сакаат многу да анализираат. Само дека понудата им диктира ценовник. Продавачите на зелениот пазар велат – не може да се предвиди наредниот ценовен период иако стигнува производната ...

Повеќе од 20.000 волонтери ќе ја исчистат Македонија на најмасовниот еколошки настан на балканот, генералка викенд. Волонтерски настан од граѓаните за граѓаните. По петти пат се случува најголемата акција за собирање отпад. Ќе се чисти на 500 локации во сите општини во земјава, со вклучени над 600 организации. На скопскиот Аквадукт над 200 волонтери го чистеа овој исклучително важен историски споменик. Младите се иднината на државата и мораме од ...

Се извини, изрази сочувство до семејството на Фросина, па призна вина за стравотната несреќа во која ја усмрти 22- годишната девојка. Имам голема грижа на совест и тоа што го направив ќе ме прогонува до крајот на животот, рече обвинетиот Васил Јованов. Неговиот адвокат побара пониска казна, затоа што бил редовен студент и наградуван спортист и како што рече, многу се кае за стореното. Возел цик-цак, без дозвола, пијан, пред црвеното светло на ...

Ние ги бориме таблетките за месечна терапија, внимаваме на колку дијагностички процедури ќе го пуштиме пациентот, а од друга страна се одлеваат пари, а пациентите немаат никаков бенефит, вели матичниот лекар Анкица Станоевска. Објаснува дека револтот и кај нив и кај пациентите е оправдан бидејќи новите апарати кои овозможуваат подобра дијагностика и третман не се во функција. Во моментот на пример ако некој има потреба да сними половината на ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
6.69
39%
1010
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
5.66
35%
1013
weather icon

Загреб

24ᴼ / 22ᴼ
0.51
46%
1013
weather icon

Софија

25ᴼ / 22ᴼ
6.17
39%
1011
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
8.35
22%
1010
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
1.79
72%
1014
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
7.2
40%
1007
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
4.63
42%
1011
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
26%
1010
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
3.09
51%
1010
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
7.72
40%
1014
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
7.72
39%
1008
Currency

61.54

Currency

53.049

Currency

71.1618

Currency

34.0967

Currency

38.3759

Currency

66.1638

Currency

7.40106

Currency

0.66042

Currency

0.36117

Currency

0.53051

Currency

1.29588

Currency

0.60762