
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Заврши суспензијата на светскиот тенисер број еден, Италијанецот Јаник Синер која траеше од 9 февруари до 4 мај. Тенисерот во февруари склучи договор со ВАДА, според кој мора да одлежи тримесечна дисквалификација поради прекршување на антидопинг правилата. Во март 2024 година, Синер двапати беше позитивен на забранета супстанаца метаболит на клостебол. Дваесет и тригодишниот Италијанец се наоѓа во Рим каде ќе настапи на АТП 1000 турнирот. Фото/ ...
Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, го критикуваше тимот за предолго донесување одлуки за време на Големата награда на Мајами. Ќе го разгледаме ова прашање во тимот. Ниту Шарл, ниту јас не настапуваме на нивото што се очекува од нас. Треба да дејствуваме побрзо - изгубивме премногу време поради внатрешните дискусии. Во времето кога се водеа преговорите, се чувствував многу иритирано. Имаше конфузија во активностите на тимот и тоа е неприфатливо. ...
НБА лигашот Јута Џез објави дека главниот тренер Вил Харди потпишал продолжување на договорот што би можело да го задржи на клупата до сезоната 2030/31. Харди ќе ја почне својата четврта сезона на клупата на Јута наесен. „Лидерството на Вил беше непроценливо за нашата програма. Тој постави јасна визија за нашите играчи, изгради солидни основни вредности, натпреварувачки навики и менталитет на постојано подобрување. Тој е еден од ...
Дирекцијата за радијациона сигурност прославува 20 години од своето основање со свеченост во Клубот на пратеници во Скопје. На настанот, според најавите, ќе се обратат директорот Зоран Бајовски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик министерот за здравство Јовица Андовски. „Изминатите две децении Дирекцијата ја има клучната улога на контрола, надзор и лиценцирање на сите активности поврзани со јонизирачко зрачење, вклучувајќи ...
Израелската војска потврди дека поголемиот дел од населението во Газа ќе биде раселено за време на новата операција во енклавата. Операцијата ќе опфати широка офанзива, а стотици илјади Палестинци треба де преселат на југот. Тајмингот и натаму не е точно утврден. „Целта на операцијата е враќање на нашите заложници, соборување и потчинување на режимот на Хамас. Тоа се две цели кои се испреплетени. Операцијата ќе вклучи широка офанзива која ...
Тридневниот прекин на огнот во Украина предложен од рускиот претседател Путин е сериозно достигнување, вели американскиот претседател. Шефот на Кремљ го понуди примирјето во пресрет на парадата на 9 Мај во Москва. „Претседателот Путин објави тридневен прекин на огнот, што не звучи многу, но многу е ако знаете од каде почнавме, бидејќи ние имавме претседател кој три години не зборуваше со Путин. И сето тоа не требаше да се случи. Ова е војна што ...
Бундестагот ќе гласа за доверба на новиот канцелар на Германија, Фридрих Мерц, кој доаѓа од ЦДУ. Доколку Мерц ја добие поддршката од 316 од 620 пратеници, новата влада веднаш ќе положи заклетва и ќе ја преземе администрацијата. Во истовреме се очекува и именување на новите министри. Конзервативната алијанса ЦДУ/ЦСУ И СПД ја заврши подготовката на коалицискиот договор изминатиот месец, а раководните тела и членовите на партијата официјално го ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните ...
Едночасовната средба меѓу премиерот Мицкоски и лидерот на Алијанса за Албанците, Таравари без конкретен епилог. Од Владата информираа дека завршила во конструктивен дух. Разговорите продолжуваат, до крајот на месецов треба да се знае иднината за функционирањето на партијата на Таравари. Премиерот ги потврдил веќе јавно изнесените позиции. Таравари пред претседателството на партијата ќе реферира за средбата со Мицкоски. Мицкоски, вчера на настан ...
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени. Во Скопје, променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ...
Прва, но очигледно не и последна – заврши средбата Мицкоски Таравари. Состанок без решение, но како што велат од Владата, во конструктивен дух – премиерот и министерот за здравство се договориле на нова средба да разговараат за иднината на Алијанса на Таравари во владејачката коалиција. Таравари по состанокот, ги избегна медиумите. Од кабинетот на Мицкоски пак брифираат дека шефот на владата го повторил ставот дека за него е неприфатлива ...
Силна подршка за општините и дополнителни инвестиции во локалната инфраструктура, најави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при работната посета на општина Штип. Тој истакна дека покрај владината директна финансиска подршка за проекти, дополнително Министерството за транспорт инвестира во нови проекти за подобрување на квалитетот на живот за граѓаните во општините. „Ќе продолжиме со сериозна подршка на ...
Вчера полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.А.Б.(19), К.И.(19) и Е.Х.Б. (20), тројцата од Република Турција-студенти со регулиран привремен престој во РСМ, поради сторено кривично дело „разбојништво“. На 03.05.2025 во 23.40 часот во СВР Скопје И.Р.К.(54) од Скопје пријави дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје, додека вршел работни задачи како таксист во обележано такси возило, три лица кои ги превезувал, физички го нападнале, ...
Нови масовни напади со дронови на украинскиот фронт. Москва тврди дека била на удар на украински беспилотни летала, додека Киев јавува за над стотина удари од Русија. Иако двете страни сакаат примирје, ниту едната не попушта. Додека Путин тврди дека помирувањето е неизбежно и е прашање на време, додавајќи дека Русија има доволно сила и ресурси да ја доведе војната до логичен крај, надевајќи се дека нема да има потреба од употреба на нуклеарно ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна средна со амбасадорката на Јапонија во земјава, Н.Е. Кавахара Сецуко. На средбата стана збор за одличните односи помеѓу двете земји, волјата за унапредување на соработката и на стратешко и на оперативно ниво, а се разменија и иницијативи за продлабочување на истата преку членување во разни меѓународни организации за полициска соработка. Двете страни ја потврдија силната волја и ...
Девет претстави во официјалната конкуренција и уште пет во придружната програма ќе понуди најновото издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ кој ќе се одржува од 6-ти до 13-ти јуни. Под мотото „Смеј се и осмели се“, Фестивалот ќе понуди и промоции, проекции, разговори на тркалезната маса. Годинашни добитници на наградата за животно дело се актерите Соња Михајлова, Снежана Коневска – Руси и Гоце Тодоровски. Од годинава наградата за музика ќе го носи ...
Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи силен ветер и изолирана појава на град. Во Скопје ќе биде променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со изолирана појава на град. ...
„Македонија сè уште болува по трагедијата во Кочани и ова нема да биде болка која ќе престане, мора да се соочиме со проблемите и да ги решаваме“ изјави премиерот Мицкоски во Штип. Истакна дека наскоро ќе се сретне со семејствата на загинатите и повредените но и дека на дневна основа членови на владиниот кабинет решаваат проблеми поврзани со настанот во Кочани. И премиерот и претседателката Сиљановска Давкова велат треба да се остави ...
Имаме семакедонска, национална и човечка должност како Македонци да го чуваме, проучуваме и промовираме македонскиот јазик, бидејќи без нас ниту ќе биде жив, ниту ние ќе бидеме Македонци, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свечената академија во МАНУ по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик. Јазикот е жив додека се зборува. Според македонистите и научната фела, најголем предизвик е континуираното ...
Владата е стабилна со и без Таравари – дециден е премиерот Мицкоски. За премиерот постојат само две опции. Едната е таа на реформите и на владеење на правото, опција која ја претставува Владата, и онаа на ДУИ, која изминативе 20 години ја криминализираше државата-истакна претседателот на Владата Мицкоски. Тој посочи дека сака да слушне лично од Таравари, како ќе одлучи да делува понатаму бидејќи како што вели во политиката образот е тоа што – ...
Сè уште не е готов извештајот на стручната комисија за Кардиохирургија, кога ќе има ќе го презентираме во јавноста- рече министерот за здравство Арбен Таравари. Државниот санитарен и здравствен инспекторат побара министерот за здравство да формира стручна комисија за надзор за да се испита стручното работење на здравствените работници. Здравствената евиденција за пациентот на Кардиохирургија ја воделе уредно, ама за нивното стручно постапување ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека, поради локалните избори, ребаланс на Буџетот ќе има најверојатно на крајот на јуни. Одговорајќи на новинарски прашања во рамки на посетата на општина Штип, Мицкоски напомена дека сѐ уште не е направена анализа, но ќе се направи по што ќе се излезе со предлог пред пратениците. Логично е да има прераспредлба на средства во месецот што следи поради импликацијата врз буџетските средства како резултат ...
Вчера во 07.15 часот во СВР Скопје, од Детската клиника при Комплексот клиники „Мајка Tереза“ во Скопје било пријавено дека околу 06.20 часот кај нив било донесено мртво новороденче. Лекар констатирал смрт, а според пријавеното, 25-годишната мајка од Скопје во раните утрински часови се породила во својот дом во Скопје, по што таа и бебето биле пренесена на Клиниката, соопштија од полицијата. За настанот бил известен јавен обвинител, а телото на ...
Средбата на премиерот Христијан Мицкоски со лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Тарвари, околу актуелните политички случувања, ќе се одржи денеска во 17 часот во Владата. Според премиерот, Таравари има две опции пред себе и на средбата, како што рече, би сакал да слушне од него која е прифатлива за него, бидејќи, како што додаде, трета нема. Порача дека „со или без господинот Таравари Владата е стабилна, цврста и со големо ...
На 30 април, во преполната концертна сала на Бамбергската филхармонија, се одржа спектакуларен концерт под диригентската палка на македонскиот маестро Џијан Емин, во соработка со светски познатиот пијанист и композитор Франческо Тристано. Настанот претставуваше мост меѓу класичната музика и современиот електронски звук, обединувајќи симфониски израз со техно и авангардни елементи во едно несекојдневно музичко доживување. Под водство на Емин, ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец Април 2025 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 05 Мај 2025 година. Со ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) излезе со најновите цени на горивата кои ќе почнат од важат од полноќ, 6-ти мај. Според одлуката, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,113 ден/кг и сега ќе изнесува ...
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18). Од ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје денеска го објавија неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва ...
На 03.05.2025, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода М.Ц.(21) од с. Облешево, кочанско, С.М.(26) од с. Чешиново, кочанско, А.Р.(26) од Кочани, Н.М.(20) од Кочани и Д.М.(19) од Кочани. При претреси во домовите на М.Ц. и С.М. во Облешево и Чешиново, извршени со судски наредби, била пронајдена и одземена марихуана. Додека, полициски службеници од ОВР Кочани кај Н.М. и Д.М. пронашле и одзеле марихуана, која претходно ја купиле од ...
Израел повикува десетици илјади резервисти за проширување на офанзивата во Газа. Го зголемува притисокот врз Хамас со цел враќање на заложниците и поразување на милитантите. Во истовреме, Нетанјаху најави одмазда на Хутите и Иран по синоќешниот ракетен напад кон израелскиот меѓународен аеродром „Бен Гурион“. „Ќе преземеме силни мерки против Хутите, имајќи на ум дека тие дејствуват по упатствата и поддршката на Иран. Затоа ќе направиме се што е ...