Блискиот Исток гори. Израел продолжува со одмаздничките напади во Јемен. Бомбардиран аеродромот во Сана кој е под контрола на Хутите како одговор на неодамнешните рекетирања врз Израел. Интензивирани и нападите во Газа во пресрет на проширената офанзива најавена од Нетанјаху. Тој потврди дека 21 заложник што ги држи Хамас се живи, додека за останатите тројца судбината е неизвесна. „Со сигурност знаеме дека има 21 жив заложник. Нема сомнежи за ...

Ќе се одмаздиме за секоја капка крв-изјави пакистанскиот премиер Шариф обраќајќи и се на нацијата по нападите од Индија обвинувајќи ја за почнување пекол. „Подготвени сме да се бориме до последната капка крв за честа и одбраната на нашата татковина и за овие жртви“, изјави Шахбаз Шариф, премиер на Пакистан. Индија пак вели-цел беа единствено терористите кои убија невини луѓе во Кашмир, додавајќи дека земјата создала нова историја со операцијата ...

Црн чад се издигна од оџакот над Сикстинската капела. Ватикан не доби нов папа по првото гласање на конклавата. Верниците со нетрпение го исчекуваа задоцнетиот одговор кој дојде час и половина по најавеното. „Чекавме нешто од пред 19 часот, како што најавија. Мислевме дека чадот ќе се појави малку порано, па чекавме со нетрпение и големо исчекување. Накратко, во нашите срца се понадевавме на бел чад со оглед на доцнењето, иако очекувано тој не ...

Руското тридневно примирје еднострано прогласено од Путин стапи во сила наспроти годишнината од Денот на победата. Во истовреме, рускиот претседател се среќава со меѓународните лидери кои пристигнаа во Москва за прославата, а чие пристигнување беше отежнато поради воените операции меѓу Москва и Киев. Часови пред примирјето Русија изврши масовни напади во Украина. Зеленски го повтори дипломатскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот, ...

Регионалниот центар за управување со кризи, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација информира дека денеска од 09:00 часот без вода ќе бидат дел од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и дел од корисниците на улиците „Филип Втори“ (потегот од Собрание на РСМ до х. „Холидеј Ин“), „Кеј 13 ноември“, „Мирче Мацан“ и „Мирче Ацев“. Причина за прекинот на водоснабдувањето е уличен дефект од ф150 милиметри на улицата „Филип Втори“ ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска е во Варшава каде што ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство. Учеството на министерот Муцунски, велат од министерството, се остварува на покана од полскиот министер за надворешни Радослав Сикорски, во рамките на полското претседателство со Советот на Европската унија. ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Синтек Инженеринг известува дека отпочнува времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 17.4.2025 г. до 31.5.2025 г., поради изведба на реконструкција на ...

ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против О.В.(42) од Кавадарци поради постоење основи за сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, информираат од МВР. Во периодот од ноември 2024 година до мај 2025 година, тој со употреба на сила и подесен алат од семејни домови, од Општа болница Кавадарци и од верски објект во Росоман одзел различни предмети. На ...

Министерството за образование и наука ја информира јавноста дека на ниту еден студент кој користи субвенциониран студентски оброк, нема да му биде прекинато правото доколку истовремено е корисник и на семејна пензија по основ на починат родител. Студентите корисници на субвенциониран студентски оброк, кои истовремено користат и семејна пензија, нема да го изгубат правото остварено преку Министерството за образование и наука. Предизвикот настанат ...

Демократијата мора да биде еден од основните столбови на образовниот систем. Образовниот процес е алатка за стекнување вештини и знаења, но мора да насочува и кон критичко размислување, кон развивање на одговорност, свесност за човековите права и обврски, кон конструктивност и почитување. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на завршната работилница „Зајакнување на училиштата за демократско образование – ...

Потпишан договорот за изградба на гасоводот за интерконекција помеѓу Македонија и Грција, од големо значење за домаќинствата, компаниите и животната средина. Ќе се градат 67 километри од македонска страна, изведувач на проектот е домашната компанија „Рапит Билд“ . Понудила 12 милоиони евра помалку од другите на тендерот. Новиот менаџмент на НОМАГАС за девет месеци ги комплетирал сите процедури. Вкупната должина на гасоводот е 123 километри и ќе ...

Денеска од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно обезбедена судска наредба за претрес на дом и други простории, извршен е претрес кај А.С.(21) од Скопје. При претресот, во помошна просторија која ја користел А.С. се пронајдени и одземени четири килограми марихуана, 18 паковки кокаин, една дигитална вага, еден боев пиштол ЦЗ 7.65 со пет куршуми итн. А.С. е лишен од слобода и против него ...

Обвинителниот акт за предметот „Адитив“ одобрен во целост од Советот за оценка при скопскиот Кривичен суд. Оттаму посочуваат дека согласно одобрениот обвинителен акт, оформен е кривично – правен предмет и преку АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија. Терминот ќе биде достапен преку календарот на судење на веб-страната на судот. Кривичниот предмет опфаќа 31 физичко и пет правни лица. Преку тендери за набавка на ...

СДСМ го обвинува градоначалникот на Куманово дека со помош на ДУИ го изменил урбанистичкиот план на просторот кај поранешен Чик, каде треба да се гради ЛИДЛ со цел да се збогатат членови од потесното семејство на Димитриевски. Според опозиционерите, првиот човек на Куманово имал доброосмислена шема за лично богатење, преку продажба на државно земјиште во индустриската зона Речица, каде купувач е ЛИДЛ. Од ЗНАМ демантираат и велат дека нема ништо ...

Полицаецот е чувар на државата, значката симбол на честа. Во услови кога светот се соочува со софистицирани облици на криминал, повеќе од кога било порано е потребен одлучен одговор, порача министерот Тошковски на чествувањето на Денот на македонската полиција. Криминалот е намален за 5 проценти, рече министерот, а изминатава година се откриени 14 криминални групи од кои повеќето тргувале со дрога. Поднесени се кривични пријави за 49 лица за ...

Општина Центар за првпат воведува училишни униформи за сите основци. Градоначалникот Горан Герасимовски, во гостувањето во емисијата „Во живо – Програма на градови“ на МРТ информираше дека од септември, учениците во сите општински основни училишта ќе ја започнат учебната година во униформи. „Тоа што е новост, како општина обезбедивме за сите ученици од септември да имаат нови униформи. Ја подготвуваме јавната набавка за нови униформи за сите, ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ го продолжил патот кон Москва за да присуствува на прославата на Денот на победата откако екипажот на неговиот авион добил дозвола да го продолжи летот од Баку. Претходно, авионот со кој Вучиќ се упатил кон Русија слетал во Азербејџан поради немањето дозвола да го продолжи патувањето од безбедносни причини. Во изминатите неколку денови, аеродромите во неколку руски градови беа затворени поради напади од ...

Подигнување на приходите по глава на жител на 10 илјади долари ќе зависи од темпото на економски раст. Неопходно е подобро образование, конкурентно окружување и поголема енергетска ефикасност, сугерира Светска банка. Со стапки на раст како изминативе 5-6 години, европскиот просек ќе се стигне за 60 до 70 години. Најзначајни се политиките во макроекономската стабилност, велат надлежните. Владата не отстапува од напорите за фискална консолидација ...

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска е во посета на земјава. Покрај средбата во Вила Водно со претседателката Сиљановска-Давкова, оствари и работен ручек со премиерот Христијан Мицкоски. Како што објави Мицкоски на својот Фејсбук профил, разговарале за можностите за продлабочување на соработката, како и за важноста на заедничките напори во справувањето со глобалните предизвици. „Разговорот беше исполнет со искрени ставови, регионални ...

И годинава моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ и неговата чудотворна икона носени во торжествена литија денеска низ струшките улици ќе го осветат градот на поезијата. Пред почетокот на Литијата, во храмот на Свети Георгиј во Струга, со почеток во 16 часот, ќе биде отслужена ктиторска вечерна богослужба. На литијата најавено е и присуство на неговото блаженство, архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан. Оваа година, наместо Крнинската ...

Новиот германски канцелар на првиот ден од функцијата патува во Франција и Полска. Во Париз тој ќе разговара со францускиот претседател Макрон. Една од темите е како Европа може да стане понезависна по радикалните промени во надворешната политика на САД и претседателот Трамп. Во Варшава, со премиерот Туск, покрај руската инвазија на Украина, тема веројатно ќе биде и миграцијата. Мерц изрази загриженост во врска со војната на Блискиот Исток и ...

Продолжуваат разговорите меѓу премиерот и лидерите на коалициските партнери од ВРЕДИ. Нема детали од средбата со Меџити, Касами и Ибрахими, според последните информации од Владата, во конструктивна атмосфера разговарале за реформските прашања, борбата со криминалот и промените во системот што го оставиле СДСМ и ДУИ. Деновиве се очекува премиерот да се сретне повторно и со Арбен Таравари, министерот за здравство и лидер на дел од крилото од ...

Седми мај – Ден на македонската полиција. Секогаш први се на терен, се соочуваат со предизвиците, несреќи, кризни ситуации, терористички закани, секојдневното справување со криминалот и корупцијата. Заврши времето кога криминалците слободно се движеле, а институциите се користеле за лични и политички интереси-порача премиерот Мицкоски. Нашата улога е поодговорна од кога било – во обраќањето посочи министерот Тошковски. Анита Димитријевска – ...

Бараме итно прифатливо решение за да не се запира секојдневниот, земјоделско-стопански живот во Регионот со градежните работи на регионалниот пат Прилеп-Крушево. Траат повеќе од една година, а ние сме отсечени, велат жителите од кривогаштанскиот регион кои излегоа на протест и на блокада на патот. Инвеститорот ЈП за државни патишта, вели дека понуденото сообраќајно решение останува, а работите ќе завршат до 25-ти мај. „Градежните работи на ...

Законите за подобрување на судството не се поврзани само со реформската агенда за ЕУ, туку и за поголема функционалност на државата и поголема демократија. Сè уште се во подготовка во Министерството за правда и треба да влезат во собраниска процедура за да бидат усвоени до јуни, за да не се доцни со реформската агенда и средствата од Планот за раст на Западен Балкан за реформи. Сепак, Закон за висока раководна служба сè уште нема, а со кој треба ...

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши претходната постапка и ги прибра доказите врз основа на кои поднесе обвинение против едно лице за две кривични дела – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот беше идентификуван како одговорен за намерно предизвикување пожар во викенд-куќа во Катланово и во стан во Скопје, кои биле во сопственост на неговата сопруга со која биле во бракоразводна постапка. ...

Вчера во 01.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 17 – годишник од с. Блаце, скопско, затоа што пред угостителски објект во Куманово одзел мотоцикл „јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Г.Д.(52) од Куманово, информираат од МВР. Мотоциклот бил пронајден и вратен на сопственикот, а малолетникот бил приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна ...

Под силни безбедносни мерки денеска почнува конклавата за избор на новиот папа во 16:30 минути во Сикстинската капела. Сите 133 кардинали под 80 години, веќе се во Ватикан. За избор на новиот поглавар, еден од кардиналите мора да добие двотретинско мнозинство. Кардиналите ќе гласаат во тајност сè додека не се избере наследникот на папата Франциск. Од светата столица соопштија дека ќе го прекинат сигналот за мобилните телефонски мрежи за време на ...

На два дена од закажаните паради за денот на победата, продолжуваат нападите меѓу Киев и Москва. И двете страни јавија за соборени десетици беспилотни летала во текот на ноќта. Во меѓувреме, ослободени стотици заробени украински војници во една од најголемите размени откако Москва ја почна целосната инвазија во февруари 2022 година. „Најважната вест е дека уште 205 наши воини се вратија дома од руско заробеништво. Двесте и двајца се приватници и ...

Азија на работ на голема војна. Индија го нападна Пакистан. Ракети и гранати прелетаа преку границата и завршија во девет области, има жртви и повредени. Нападите меѓу нуклеарно вооружените соседи следуваат две недели откако индискиот премиер моди им даде зелено светло на генералите за акции против терористите кои убија 26 туристи во кашмир на 22 април. „Слушнавме пет до шест огромни експлозии. Паника настана меѓу луѓето, а сега ни беше кажано ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
5.66
38%
1011
weather icon

Белград

23ᴼ / 22ᴼ
3.09
41%
1013
weather icon

Загреб

22ᴼ / 20ᴼ
4.63
53%
1012
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
7.72
24%
1012
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
5.34
22%
1010
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
2.57
90%
1014
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
6.17
47%
1007
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
4.12
50%
1011
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.09
42%
1010
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
4.12
52%
1010
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
6.69
44%
1013
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
8.23
100%
1008
Currency

61.54

Currency

53.049

Currency

71.1618

Currency

34.0967

Currency

38.3759

Currency

66.1638

Currency

7.40106

Currency

0.66042

Currency

0.36117

Currency

0.53051

Currency

1.29588

Currency

0.60762