Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, денес потпишаа Меморандум за соработка со кој се отвораат нови можности за едукација и развој на кадарот во секторот за рударство, енергетика и минерални суровини. Потписници на меморандумот се министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Проф. д-р Дејан Мираковски. Со ...

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Х.(18) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ и против В.Т.(22) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „помагање“ во врска „убиство во обид“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 27.10.2024 пред угостителски објект во Струмица, второпријавениот физички ги нападнал Р.Д.(21), А.Н.(19) и ...

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со делегацијата на Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина, предводена од министерот за безбедност, Ненад Нешиќ. Фокусот на средбата беше ставен на продлабочување на меѓусебната соработка и унапредување на пријателските односи меѓу македонското министерство за внатрешни работи и босанското министерство за безбедност. Министерот Тошковски уште еднаш се ...

Опозицијата во Јужна Кореја почна постапка за отповикување на претседателот Јун Сук Јеол. Вчерашната одлука на шефот на државата да прогласи воена состојба наиде на остра реакција од граѓаните и политичките партии. „Импичмент на претседател не е забавна работа за пратениците. Но овој човек, Јун Сук Јеол, направи нешто лудо што го крши уставот. Тој во основа изврши државен удар. Импичментот не е избор туку нешто задолжително“, изјави Чеон Ха – ...

Повеќе од 60 проценти од жените во земјава најмалку еднаш се соочиле со онлајн насилство, додека една од десет жени секојдневно е жртва на злоупотреби на интернет – загрижувачки податоци доаѓаат од истражувањата на УНДП. Насилството најчесто не се пријавува, а реакциите на институциите се бавни. „Од овие 61 процент кои се соочуваат со родово базирано насилство на интернет, 79 проценти воопшто не го ни пријавуваат насилството. Тоа се должи на ...

Реагиравме одлучно и еднакво кон сите кои го прекршија законот со палење на знамињата, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Посочи дека 18 лица се уапсени, на 4-ца им е определен притвор, а на 10-тина им се изречени прекршочни казни. Одлучно ќе постапиме во секој момент кога некој ќе се обиде да го погази достоинството на граѓаните, вели првиот полицаец. За поднесената интерпелација за него од страна на ДУИ, Тошковски со став ...

Случајот со бонусите во СЈО нема да замре. Вишиот обвинител Јован Цветановски одлучи истрагата да продолжи. Тој го вратил предметот во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и им дал насоки како да постапат. Во изјава за МТВ вели дека пониското обвинителство кога ја отфрлило кривичната пријава не ги зело предвид доказите и ревизорскиот извештај. За „Бонусите во СЈО“ се скараа државниот и вишиот обвинител. Шефот на вишото – ...

Од шестиот кат на зграда во Кисела Вода вчера попладне паднале 69-годишната Д.С. и деветгодишен малолетник. Жената починала на местото на настанот, детето е хоспитализирано на интензивната нега на Детска хирургија и е во стабилна состојба, но со тешки повреди – велат од клиниката. Соседите во зградата, вознемирени од немилиот настан, велат прво паднал внукот, по него бабата. Случајот е пријавен во СВР Скопје и полициските службеници откако ...

Правиме се за изнаоѓање на решение за надминување на спорот со Бугарија – порача премиерот Христијан Мицкоски по враќањето од Брисел и средбите со новото раководство на Европската Унија. Се разговарало за теми од суштинско значење. Биле понудени цврсти аргументи од страна на Владата. Мицкоски рече дека не верува во инстант решенија, и не очекува промени во пристапниот процес до крајот на годинава „Не верувам во инстант решенија. Правиме сè што ...

Записникот од вонредниот надзор во Основното училиште „7 Март“ во тетовско Челопек е готов, инспекторите утврдиле неправилности поради што одговорност ќе понесе една од наставничките која била организатор на приредбата, изјави министерката за образование Јаневска. Ќе бидат информирани директорот и градоначалникот за да постапат по Закон, но она што е поважно вели е дека и во ова училиште и во неколку други каде што имаше пријави за ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер се обрати на свечената манифестација по повод доделување на признанието „Вељо Манчевски“ за 2024 година во организација на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи. Признанието „Вељо Манчевски“ се доделува како највисоко годишно признание за особен придонес на правни и физички лица кои со својот ангажман, активност и труд, трајно се вградиле во развојот и ...

Зголемена поддршка за Украина, силно сојузништво за зачувување на безбедноста во Европа. Во Брисел состанок на министрите за надворешни на земјите членки на НАТО. Министерот Муцунски порача дека Македонија мора да го зголеми буџетот за одбрана. „Ќе се фокусираме на стратегиските детали, безбедноста на Европа, колективното трошење во одбраната на Европа. Ние сме нација која ја достигна целта од два процента од БДП за одбрана. Очигледно е дека тоа ...

На собраниската седница закажана за 10 декември се очекува да започне расправата за Предлог-буџетот за 2025 година. Согласно Деловникот за работа на Собранието, претресот по Предлог-буџетот, односно по дополнетиот предлог на буџетот на седница на Собрание, се води во втората недела на месец декември и трае најмногу пет дена. Предлог-буџетот ќе биде една од точките на дневен ред на 22 седница, на која исто така треба да биде изгласана и потребата ...

Во четврток времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места во западните делови од снег и ќе се зголеми снежната покривка. Потоа во следните два дена ќе преовладува претежно стабило време со услови за појава на магла по котлините и слаб локален дожд, соопшти УХМР. Од недела и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа поројни и пообилни. Во недела ќе дува ...

Во математичка писменост од 58 држави, нашите ученици се на 44 место. Во природни науки сме три места подолу, односно на 47 место. Ова се резултатите од последното меѓународно ТИМСС тестирање што беше спроведено во 2023 година, по петти пат во нашата држава. Тестирани беа ученици од четврто одделение, на македонски и на албански јазик и за прв пат електронски. И оваа меѓународна компаративна студија покажа дека на нашиот воспитно-образовен ...

Со одлука на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, сите јавни обвинители од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска вршат контрола во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Претходно, согласно надлежностите на републичкото јавно обвинителство, контрола беше извршена во сите виши јавни обвинителства во државата. Надзорот се врши во согласност со член 21 од Законот за јавното ...

Заврши драмата во Јужна Кореја. Претседателот Јун Сук Јеол ја повлече декларацијата за воведување воена состојба. По неколку часа тензии, парламентот, во кој доминираат партиите на опозицијата, со големо мнозинство ја отфрли одлуката на шефот на државата. „Како генерален секретар на Националното собрание одговорен за безбедноста и редот на парламентот, силно протестирам против неуставните и незаконски дејствија што се случија во Националното ...

Државниот обвинител доставил предлози за поведување дисциплинска постапка против двајца јавни обвинители од Вишото јавно обвинителство поради нестручно и несовесно работење, откажување од жалба или обвинение и неправилности во начинот на заведување на предметите во Вишото јавно обвинителство Скопје. Најавува реорганизација на Јавното обвинителство за поефикасен кривичен прогон на сторителите на кривични дела особено од областа на финансискиот ...

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно физичко и едно правно лице за кривично дело – Узурпација на недвижности од член 225 од Кривичниот законик. Обвинетиот 47-годишник, сопственик и управител на обвинетото правно лице, зазел во владение туѓа недвижност – земјиште зад Здравствен дом Скопје – Поликлиника Битпазар. Земјиштето во државна сопственост, а ...

„Вработените во ЈП „Национални шуми“ имаат пред сè редовни примања. Продукцијата на јавното претпријатие на коешто сржта на основата е да продуцира дрвна маса, да има за нашите сограѓани итн. веќе се зголемува. Се работи на одредена реорганизација внатре за да се зголеми продуктивноста“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во вчерашното гостување во национална телевизија. Министерот Трипуновски ...

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчеравечер присуствуваше на првото издание на манифестацијата „Ability awards“, каде што на реномираната пијанистка Ема Ананиевска ѝ ја врачи наградата за култура и уметност. Министерот Љутков упати честитки до Ананиевска, која е дипломирана пијанистка на Факултетот за музичка уметност во Скопје, истакнувајќи дека нејзиниот придонес во македонската музичка култура е бесценет, а нејзиното музицирање ...

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски денеска ќе учествува на министерскиот состанок на САД-Јадранската повелба, попозната како групата А5, кој се одржува во Тирана, Албанија. За време на министерскиот состанок, министерот Мисајловски ќе се обрати на двете работни сесии посветени на безбедносното опкружување во Западниот Балкан и поширокиот регион, политиката на отворени врати на А5, како и иднината на овој успешен регионален механизам за ...

Заврши драмата во Јужна Кореја. Претседателот Јун Сук Јеол ја повлече декларацијата за воведување воена состојба. По неколку часа тензии, парламентот, во кој доминираат партиите на опозицијата, со големо мнозинство ја отфрли одлуката на претседателот. Синдикатите и граѓаните побараа оставка. „Доцна во ноќта нашите граѓани беа навистина шокирани. Мислевме дека изби војна. Сепак, тоа не е војна. Ова е нешто што не може да се толерира во едно ...

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 31-та седница, на чиј дневен ред се десет иницијативи за оценување на уставност и законитост. Како што информираат од Судот, на седницата ќе се одлучува по иницијативи со кои се оспорени членови од Законот за даноците на имот, од Законот за управни спорови, од Законот за медијација, од Законот за организацијата и за единствената методологија на прибирањето, евидентирањето и обработката на податоци и информации ...

Не мирува Блискиот Исток. Сириските бунтовници го нападнаа градот Хама, заканувајќи се дека ќе ги отсечат владините трупи од клучниот пат што го поврзува главниот град Дамаск со Алепо. Во меѓувреме, владините сили вратија дел од териториите што ги загубија минатата недела. Американската војска изврши напад во самоодбрана во источна Сирија, соопшти Пентагон, наведувајќи дека тој не е поврзан со тековното напредување на бунтовниците. Од Вашингтон ...

Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Буково. АМСМ во утринскиот извештај информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози на повисоките и претежно суви коловози на пониските места. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и ...

Илјадници луѓе се собраа и синоќа во Тбилиси и други градови во Грузија на антивладини протести. Полицијата интервенираше со солзавец за да ја растера толпата. Масовните опозициски демонстрации добија нов замав по одлуката на владејачката партија да ги стави во мирување преговорите за пристап во ЕУ. Премиерот Кобахидзе вчера изјави дека се подготвена да ги отворат поглавјата за пристап во ЕУ доколку блокот стави крај на уцените. Во меѓувреме, ...

Франција се соочува со неизвесност за националниот буџет за 2025 година што доведе до најава од опозицијата за гласање недоверба на владата на премиерот Мишел Барние. Екстремната левица и десницата се противат на предложените мерки за штедење на Барние кој предвидува намалување на трошоците преку зголемување на даноци. Доколку денеска или најдоцна утре биде изгласана недоверба, втората економија по големина во ЕУ може да добие техничка влада ...

Стопанската комора на Северна Македонија организира саем за вработување, каде компаниите директно ќе разговараат и ќе ги интервјуираат невработените лица и доколку ги исполнуваат нивните услови, можат да ги вработат или да ги стават во нивните планови за вработување. Најавено е саемот да го отворат Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора и Џери Дајбл, претставник на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија. Недостигот на работна ...

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаб локален дожд. Во текот на ноќта кон четврток во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од-2 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени. Во Скопје претпладне ќе има појава на магла или ниска ...

Првата

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
3.09
77%
1029
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
4.12
64%
1030
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
100%
1027
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
2.47
80%
1026
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
94%
1029
weather icon

Атина

13ᴼ / 9ᴼ
0.45
81%
1026
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
87%
1027
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
100%
1028
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 6ᴼ
4.63
97%
1025
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
4.12
71%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1026
Currency

61.535

Currency

59.1338

Currency

73.6285

Currency

36.7398

Currency

41.0887

Currency

65.1326

Currency

8.22858

Currency

0.60279

Currency

0.38112

Currency

0.52401

Currency

1.64961

Currency

0.68528

Алуминиум

2.62

Кобалт

30.86

Никел

15226.00

Рутениум

15850.32

Калај

29.90

Сребро

1011.48

Злато

89636.05

Бакар

8.64

Паладиум

31314.83

Платина

32150.32

Родиум

149500.97

Цинк

2.73