
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струмица стартува со подготовките за настапот во ЦЕВ Златната Европска лига 2025. Селекторот Јошко Миленкоски повика 16 репрезентативци на чии услуги ќе смета на првата акција летово. На првата прозивка ќе се појават 15 одбојкари, единствено ќе недостасува Михајло Мирасчиев, кој поради приватни обврски ќе задоцни, но ќе се стави на располагање веќе на првиот ...
Специјалната претставничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс, ќе ја оствари својата прва официјална посета на Македонија. Карен Пирс, се додава во соопштението, е една од најискусните дипломати на Обединетото Кралство, таа е назначена за специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, во февруари оваа година, откако ја презеде функцијата од главниот воздухопловен маршал Лорд Пич. Специјалната претставничка ...
На ден пред мировните разговори меѓу Москва-Киев во Турција, нови руски напади врз енергетски објект во Харков. Додека сите чекаат одговор за прекин на огнот и директни преговори, Русија одговара со нови напади-Зеленски со осуда. „Притисокот е неопходен за Москва да престане да мисли дека светот сè уште може да чека. Потребен е крај на војната – достоинствен и праведен. Русија опширно зборува за директни преговори, но кога ќе дојде до тоа, се ...
Трамп ја продолжува турнејата во земјите од Заливот. По средбата во Саудиска Арабија која вроди плоден договор за оружје вреден 142 милијарди долари, заминува за Катар. Од Ријад порача дека ќе ги укине санкциите врз Сирија за да ѝ даде на земјата шанса за мир. Но, го повика и Иран да тргне по нов и подобар пат додека го притиска Техеран за нов нуклеарен договор. „Подготвен сум да ги прекинам минатите конфликти и да создадам нови партнерства за ...
Израел ги интензивира нападите во Газа ветувајќи дека ќе продолжат да го гонат Хамас и неговите лидери не дозволувајќи да ги користат болниците и хуманитарните објекти како засолништа и терористички штабови. Во истовреме, хуманитарната криза се продлабочува. Русија, Кина и Велика Британија го отфрлија американско-израелскиот план за дистрибуција на помош во енклавата и наместо тоа го повикаа Тел Авив да ја укине двомесечната блокада. ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните ...
На ден пред мировните разговори Москва-Киев во Турција, нови руски напади врз енергетски објект во Харков. Додека сите чекаат одговор за прекин на огнот и директни преговори, Русија одговара со нови напади-Зеленски со осуда. „Притисокот е неопходен за Москва да престане да мисли дека светот сè уште може да чека. Потребен е крај на војната – достоинствен и праведен. Русија опширно зборува за директни преговори, но кога ќе дојде до тоа, се крие. ...
Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски денеска во седиштето на НАТО во Брисел, Кралство Белгија, ќе учествува на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на Генералштабови. Воениот комитет, со кој ќе претседава претседавачот на ова тело на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, ќе го отвори генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој ќе ги изнесе клучните приоритети и ...
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта утре пристига во прва официјална посета на Македонија. Целта на неговата балканска турнеја е да се заживее процесот на интеграција во европската унија и да им даде насоки на земјите кандидатки за работите што треба да се исполнат за напредување во преговорите. Првиот човек на Европскиот совет, Кошта ќе има средба со владини претставници и со претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Претходно, ...
Денеска во Тетово, првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ќе присуствува на отпочнување на реконструкцијата и проширувањето на примарната водоводна мрежа во населбата Вонвардарска во должина од 2600 метри, инвестиција од над 15 милиони денари. Инвестицијата е дел од проектите финансирани преку потпрограмата АА – Инфраструктурни проекти во општините за 2024 година од страна на Владата ...
Денеска заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски ќе ја отвори регионалната конференција со наслов: „Предизвици во областа на трудот и социјалната инклузија на лицата со попреченост во Западен Балкан“. Конференцијата е во рамките на регионалниот проект „EMPOWERED – Инклузија на лица со попреченост, регионална соработка и развој во Западен Балкан“, финансиран од Сојузното министерство за економска соработка и ...
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за кои постои сомнение за сторено продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик. Пријавениот сопственик на правното лице, со цел да прибави противправна имотна корист за себе и за својата фирма, лажно прикажувал факти дека врши посредување при продажба на станови и возила во сопственост на ...
На 13.05.2025 во 00.35 часот на улица „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Д.(26) од Велес. Тој бил запрен од полициски службеници затоа што бил забележан како со голема брзина управувал патничко возило „нисан“ со велешки регистарски ознаки. Притоа, тој одбил да му се изврши алкотестирање и почнал агресивно да се однесува кон полициските службеници и удирал по службеното полициско возило, ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на покана на Саиф Бин Зајед Ал Нахјан министер за внатрешни работи на ОАЕ деновите учествува на Светскиот полициски самит каде има и свое обраќање. Во рамки на оваа посета министерот Тошковски оствари билатерална средба со неговиот колега Зајед Ал Нахјан, втора за кратко време, која е показател за интензивирање на односите и заемната доверба меѓу двете држави. „Разговаравме за унапредување на ...
Нема да има поскапувања на летните аранжмани уверуваат од туристичките агенции. А цените се зависно од џебот и барањата на туристите од 350 евра пред сезона до неколку илјади евра на егзотични дестинации. Интересот за патување ова лето е голем и има резервации уште од минатата година. Најбарани се аранжманите за Грција, Црна Гора, Хрватска, Турција, Египет, Италија и Шпанија со воведувањето на новите авионски линии. Граѓаните прават калкулации, ...
Иселувањето и намалувањето на наталитетот главен проблем за Македонија, нотира министерката Јаневска на вториот ден од Самитот Македонија 2025. Земјава обезбедува доволно кадар на пазарот на трудот, но напорите смета дека треба да се насочат кон полесен пристап до работа и до подобри услови за живот. Дуалното образование дава резултати, средношколците од стручните училишта најбарани кај компаниите. Според странските експерти, Македонија го има ...
Да се почитуваат суштините на верите, а тоа се мирот и милосрдието, порака од потпишувањето на Декларацијата против насилен екстремизам од страна на верските лидери во Македонија. Верата не треба да се користи како изговор за поделби и насилство, стои во декларацијата, потпишана од поглаварот на Македонската православна црква, Охридска архиепископија, г.г Стефан, како и лидерите на католичката, исламската и еврејската заедница во Македонија. Со ...
Раздвижување на рацете и на прстите за да им се врати функцијата, ова го препорачуваат лекарите од странство на повредените во несреќата во Кочани, вели докторката Анета Бајалска, од Клиниката за физикална медицина и рехабилитација во Скопје која ја помина британската обука. Преку практични примери научиле како да им помогнат на пациентите кои имаат сериозни повреди од изгореници. Освен пациентите коишто имаат повреди на рацете, главата и ...
„Не може некој да биде дел од Владата а при тоа да седи во прегратките на криминалот на СДСМ и ДУИ“-став на ВМРО-ДПМНЕ, по одлука на Таравари да замине во опозиција. На Извршниот комитет на партијата, распределбата на функционерските места кои досега ги раководеше Алијанса за Албанците. Што се однесува до причините поради кои Таравари ја напушта Владата по нецела година, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека досега првиот човек на Алијансата не ги спомнал на ...
Бурни реакции по пресудата за возачот Васил Јованов кој ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на Партизанска. Семејството на жртвата кое бара максимална, 20-годишна затворска казна, разочарано од одлуката, ќе бара правда пред повисоката судска инстанца. Обвинителството задоволно од казната, но не ја исклучува можноста пред Апелација да бара построга. Адвокатот на Јованов смета дека пресудата не се совпаѓа со праксата на судот за казнување на ...
На 12.05.2025, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад извршија засилени акциски контроли во шумскиот појас над неколку дебарски села, како и на поширокото подрачје на граничниот појас и зелената граница со Република Албанија. Притоа, во близина на селото Дренок, пронајдени се две товарни моторни возила со вкупно 22 метри кубни огревно буково дрво, една работна машина за пробивање на шумски патишта и околу 200 метри ...
Синоќа во 00.40 часот на ул. „Ленинова“ во Ресен, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај го лишиле од слобода Х.Б.(68) од Ресен. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „фоксваген“ со ресенски регистарски ознаки, кое го управувал Х.Б., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,58 промили алкохол во крвта. Т ој бил исклучен од сообраќај ...
Само два дена до почетокот на мировните преговори во Турција, предложени од Русија, Кремљ сè уште одбива да потврди дали претседателот Путин ќе присуствува на разговорите. Оттаму не дадоа ниту официјален одговор на европскиот ултиматум за безусловното 30-дневно примирје кое требаше да стапи во сила денеска. „Руската страна продолжува да се подготвува за разговорите што треба да се одржат во четврток. Тоа е, во суштина, сè. Засега не планираме да ...
Министерството за спорт ќе биде главен покровител на силниот Меѓународен турнир најавен како големиот спектакл во ММА борби што ќе го организира Македонската ММА федерација на 6 септември годинава во Скопје. На денешната прес-конференција во Министерството за спорт беше истакнато дека еден ваков настан ќе значи голема промоција на боречките спортови и збогатување на спортската понуда. На ММА турнирот во Скопје најавено е учество на неколку ...
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ вечер на седница на Извршниот комитет ќе ја разгледува ситуацијата по излегувањето на Алијанса за Албанците на Таравари од владата. Од партијата негираат дека се разговара за какви било рокади во извршната власт. Но, почнаа обвинувањата меѓу досегашните партнери. Таравари се интересирал за бизниси, за Груби и за Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Меџити од „Вреди“ со остра реторика на социјалните мрежи-Таравари не ја напушти, ...
Израел продолжува со нападите во Појасот Газа. Бомбардирана е болницата Насер во Кан Јунис, еден ден откако милитантната група Хамас реши да го ослободи израелскиот заложник со американско потекло, како чин на добра волја кон администрацијата на Трамп. Израелскиот премиер Нетанјаху го поздрави ослободувањето и вети дека ќе стори се за враќање на преостанатите заложници. „Ова беше постигнато благодарение на нашиот воен и политичкиот притисок што ...
Oд 34 општини со седиште во град, 22 не го исполнуваат стандардот за зеленило од 25 метри квадратни по глава на жител – покажува извештајот на Државниот завод за ревизија. Само осум имаат важечки урбанистички план, повеќето работат со застарени и непостоечки планови. Масовната урбанизација, долгите постапки за донесување на урбанистичките планови, немањето годишни програми за урбано зеленило, неизрекувњето казни кон прекршителите – придонесуваат ...
Вооружени напаѓачи застрелаа кандидатката за градоначалник на владејачката партија во мексиканската држава Веракруз на брегот на Мексиканскиот Залив. Во инцидентот загинаа уште четири лица. Ова е второ убиство на локален кандидат пред изборите закажани на први јуни. Гувернерката на Веракруз рече дека 57 локални кандидати побарале обезбедување понудено од државната и федералната влада. Според властите, организираните криминални групи се обидуваат ...
Возачот Васил Јованов, кој смртоносно ја прегази младата Фросина Кулакова на пешачки премин, поминувајќи на црвено светло, е осуден на 12 години затвор. Тој доби и забрана за управување со моторно возило. Судијката Снежана Марковска рече дека најниската казна за делото за кое се гони Јованов е четири години, а највисоката е 20 години. односи. Во судската сала, беа присутни родителите на загинатата Фросина Кулакова, како и родителите на Васил ...
Евроинтеграцискиот процес на државата, поддршката од Шведска во овој процес, како и реформските процеси во клучните области, беа во фокусот на средбата со министерката за европски прашања на Шведска, Џесика Розенкранц. Муцунски изрази благодарност за континуираната и принципиелна шведска поддршка за процесот на проширување на Европската унија, со посебен акцент на заложбите за целосно пристапување на нашата држава и останатите земји од Западниот ...