Израел изврши серија воздушни напади во јужен Либан, како одговор на ракетните напади на Хезболах во близина на набљудувачка кула, отфрлајќи ги обвинувањата за прекршување на примирјето. „Слушаме тврдења дека Израел го прекршува договорот за прекин на огнот во Либан. Напротив, само спроведуваме одговор на прекршувањата на Хезболах. Нагласувам-ние сме посветени на успешно спроведување на прекинот на огнот, но нема да прифатиме враќање на ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Од 15 ноември, 2024 година, започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, а ...

Иако крајниот законски рок е до 15-ти декември, сите 10 монополи кои пројавија интерес и склучија договори со тутунарите ги отворија вратите за преземање на реколтата. Досега во земјава се откупени преку 110 тони тутун со просечна цена од околу 370 денари, велат од Сојузот на тутунските здруженија. Со отворањето на пунктовите на Прилепскиот тутунски комбинат се очекува интензивирање на откупот. Годинашнава реколта се проценува на 16.000 до ...

Денеска е последниот рок од тендерот за набавка на гориво по скратена постапка од страна на ЈСП и е со директно преговарање. Автобусите ги трошат последните резерви од позајмената нафта со владината одлука. Бирото за јавни набавки го поништи претходниот тендер на ЈСП за нафта поради неприфатлива понуда. Од Град Скопје реагираа дека ова е прв тендер поништен на ваков начин и оти власта се обидува преку бирото да му прави опструкции на Јавното ...

Премиерот Христијан Мицкоски вечер во Брисел ќе присуствува на неформална работна вечера што за лидерите од земјите од регионот на Западниот Балкан ја организира новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта. Покрај Мицкоски, како што соопшти Советот на ЕУ, на вечерата се поканети и косовската претседателка Вјоса Османи, претседателите на Србија и на Црна Гора, Александар Вучиќ и Јаков Милатовиќ, претседавачката на Претседателството на ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска и утре ќе учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО, што се одржува во седиштето на Алијансата во Брисел. Предвидено е на министерскиот состанок да се разговара за актуелните безбедносни предизвици на НАТО, за случувањата во јужното соседство на Алијансата, за актуелните состојби поврзани со руската агресија врз Украина, како и за ...

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска учествуваше на панел-дискусија насловена „Зајакната соработка во процесот на ЕУ интеграција преку Реформската агенда“, национален настан во организација на Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ), којшто е посветен на унапредување на дијалогот за Планот за раст на Западен Балкан. МЕП Муртезани се осврна на значењето на Реформската агенда и разбирањето на реформските процеси како ...

Преку размена на позитивни практики и искуства, Македонија и Хрватска ќе ја зајакнуваат образовната соработка и ќе унапредуваат повеќе аспекти на националните воспитно – образовни системи. Особено внимание ќе се посвети на стручното образование и обуката, ќе се работи на поврзување и развој на регионалните центри кои промовираат и реализираат ваков вид на образование и на основање образовни центри за извонредност. За ова денеска се дискутираше ...

Работниците во фабриката на „Фолксваген“ во југоисточниот германски град Цвикау утринава во 9:30 часот почнаа штрајк, придружувајќи се на националниот штрајк во германскиот автомобилски гигант. Работниците во другите фабрики на „Фолксваген“ ќе им се придружат подоцна во текот на денот. Синдикатот ИГ Метал, кој го најави штрајкот во знак на протест против заканата на управата со намалување на платите и затворање на фабрики, повика на двочасовни ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со раководството на Републичкиот совет за безбедност на патиштата и новоназначениот претседател Горан Ангеловски. На средбата се разговараше за одличната и континуирана соработка на двете институции заснована на главната цел – подобрување на безбедноста во сообраќајот. Потврдено беше дека МВР и РСБСП се институции кои се позитивен пример за партнерски однос кој дава ...

Едно лице е повредено во пукање кое денеска се случи во скопската населба Чаир. Лицето е пренесено во една од скопските болници на лекување, а неговата состојба засега не е позната. Пукањето се случило во близина на чаирскиот стадион. „Денеска (02.12.2024) од ГОБ „Св. Наум Охридски“ во СВР Скопје е пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен Џ.Х. од Скопје, кој според пријавеното, бил повреден во паркот на ул. „Кемал Сејфула“ ...

Нови 23 општини се вклучуваат во процесот на оптимизација на училишната мрежа, кој треба да обезбеди поквалитетно образование за сите ученици. Со раководствата на дел од овие општини, односно на Босилово, Делчево, Кавадарци, Струмица, Штип, Свети Николе, Старо Нагоричане и Чашка, денеска средба имаа министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер, а се дискутираше за тоа што ќе треба да ...

Две лица загинаа во бурата „Бора“ која ги зафати грчките острови во текот на викендот, носејќи обилни дождови и поројни поплави во неколку области. Островот Родос е една од најтешко погодените области, каде што возила биле носени од надојдените води. Драматично во Ситонија. Граѓаните на Торони и на Порто Куфос се обидувале да го спасат својот имот, бидејќи поројните дождови навлегувале во куќи и кафеани и уништувале патишта. Пред невремето бил ...

Сирија почна контраофанзива против бунтовниците кои извршија неочекуван напад преземајќи контрола на неколку села и градови, меѓу кои и Алепо. Претседателот Асад најави дека ќе се избори против терористите. „Тероризмот не разбира ниту еден друг јазик освен јазикот на силата, а ние ќе го скршиме и уништиме тој јазик, без разлика кој го поддржува и спонзорира тероризмот“, напиша Асад на „Телеграм“. Во северниот дел на Хама создадена е силна ...

За 3,2 проценти е намален бројот на работниците во индустријата во октомври годинава во однос на октомври лани, а бележи раст од 0,6 проценти во периодот јануари-октомври годинава споредено со истиот период од минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во октомври годинава во однос на октомври минатата година, бележи пораст од 4,6 проценти и во секторот ...

Едно од најпознатите дела на музичкиот гениј Јохан Себастијан Бах, неговите „Голдберг варијации“, ќе прозвучат на 4 декември (среда) во Културно-информативниот центар (Салон 19,19) во 20 часот, во изведба на нашиот истакнат пијанист Дино Имери. Концертот наречен „Кодот на Бах“ е поддржан од Министерството за култура и туризам на РС Македонија, а покрај овој централен настан, маестро Имери во соработка со германската амбасада во Скопје реализира ...

Во источниот регион има два дома за стари лица со минимален капацитет. Во Домот за стари „Д-р Иван Влашки“ во Берово живеат 39 лица. Со пуштање во употреба на новата ламела капацитетот се зголемува за 28 станари, но на листа на чекање се околу 160 луѓе. Во Штип во седум апартмани на Здружението на пензионери живеат дваесеттина лица. Новиот објект е недоизграден и осум години е со нерешен правен статус. Општина Штип поткрена постапка за добивање ...

Вонреден инспекциски надзор во основното училиште „7 Март“ во тетовско Челопек. Се бара одговорност кој дозволил на приредба учениците да бидат облечени во униформи со амблеми на неформални воени групации и со пластични пушки во раце. Инспекторите се задржаа еден час. Мерки ќе има но какви, ќе се знае утре велат инспекторите за МТВ. За директорот на училиштето Јасин Река, нема ништо спорно во манифестацијата. „Директорот на училиштето, Јаса рече ...

По вчерашните наноси од над еден метар снег, состојбата на патните правци кон двата ски-центри полека се нормализира. Додека кон ски-центарот „Нижеполе“ се пробиваат и последните неколку километри на патниот правец кон „Копанки“ и хотелот „Молика“ се врши проширување и правење на такавиканите џепови откако ноќеска пред полноќ со натчовечки напори се стигна до целта. Смирувачки тонови и од најголемата подружница на „Македонија пат“ која покрива ...

Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска оствари работна посета на СВР Куманово. Во рамки на посетата беше разговарано за севкупната безбедносна состојба на територија на Куманово вклучително и настаните со знамето и синоќешното опожарување на три возила и еден објект. Беше констатирано дека безбедносната состојба е стабилна а овие изолирани случаи дел се целосно расчистени а дел се работи на нивно расчистување и изведување на ...

Зголемен е капацитетот на Домот за стари лица „Д-р Иван Влашки“ во Берово, а подобрени се и условите за престој во него како резултат на инфраструктурната поддршка овозможена во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кои ги реализираше Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија. Министерот Златко Перински и амбасадорката Вероник Улман, заедно со градоначалникот на Берово, Звонко ...

Мрежарината поевтинува за седум насто од први јануари. Наместо 2,3, граѓаните ќе плаќаат 2,14 денари. Од РКЕ велат дека успеале да ја намалат цената за дистрибуција поради тоа што одредени компании имале поголем профит од она што е одобрено од Регулаторна. Дистрибуцијата влијае со 38 насто на крајната цена на електричната енергија. Од први јануари Бислимовски очекува крајната цена на електричната енергија да не биде повисока од еден насто. ...

Во услови кога судството е опструирано од власта, а премиерот и пратеници изразуваат негативен став кон Судскиот совет, единствено ми останува да го заштитам личниот интегритет и да поднесам неотповиклива оставка – рече Дамева, најавувајќи го повлекувањето од функцијата. Таа го повика премиерот да достави до Обвинителството докази за тврдењето дека фалсификувала записници од седниците, во спротивно побара јавно да ѝ се извини. Дамева го напушта ...

Формирање на политичка Влада во Бугарија со која ќе може да се преговара е дел од планот – вели министерот за европски прашања Орхан Муртезани. Ќе се чека до последен момент, додека не бидат исцрпени сите можности. Според него, секое решение кое ќе ја заштити земјава од понатамошни блокади ќе биде предмет на дискусија. „Секое решение кое ќе сметаме дека го обезбедува процесот на пристапување, за нас ќе биде прифатливо. Техникалиите останува да ...

Осумгодишниот Давид пишува, смета, сака да работи на компјутер како мајка му. Успеав да го разберам дека ја накитил елката и го чека Дедо Мраз. Учи да зборува и добро му оди. Воспаление на мозок била причина Давид да го изгуби слухот. На три години добил кохлеарен имплант, но не и можноста да слуша, бидејќи процесорот на апаратот во неколку наврати морал да се сервисира. Но, по операцијата проблем била рехабилитација којашто ја има само во ...

Специјално возило со плуг било пратено веднаш штом била побарана помош и веќе е стигнато до заглавените патници во општина Маврово – Ростуше, велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) по информациите во јавноста дека возила со патници, меѓу кои и трудници и деца, тргнале од селата Леуново и Никифорово и биле заглавени на територија на општина Маврово – Ростуше. Патните правци на Мавровското Езеро, како што појаснија од ЦУК, биле под ...

Европската ракометна федерација со 6.000 евра го казни Еурофарм Пелистер поради расистичко навивање на натпреварот со Фредериција во Лигата на шампионите. Казната на ЕХФ за македонскиот првак е во согласност со „нула толеранција“ за расизмот и несоодветното навивање со цел промоција и разбирање меѓу клубовите, без дискриминација по основа на раса, религија или политика. Мисијата на ЕХФ е да го поттикне пријателството и меѓусебното разбирање меѓу ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,72% во однос на одлуката од 25.11.2024 година. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/литар, додека пак ...

Фискалниот совет предлага во 2026 година да се зголеми старосната граница за одење во пензија. Фискалниот совет е државна институција чиј основач е Собранието и ова мислење го даде во врска со Фискалната стратегија (2025-2029). Ставот го достави до законодавниот дом и во него бара во 2026 година да се зголеми старосната граница за одење во пензија. Во стратегијата усвоена од владејачкото мнозинство стои препорака, старосната граница за ...

Ливерпул на домашен терен вчера го совлада Манчестер сити со 2:0 во натпреварот од 13. коло на Премиер лигата. Головите ги постигнаа Коди Гакпо и Мохамед Салах (пенал), кој имаше и асистенција. Ливерпул ја освои четвртата победа во низа во Премиер лигата. Екипата на Арне Слот постигна 34 бода и води на првенствената табела. На второто место се Арсенал и Челзи со по 25 бодови. Тимот на Пеп Гвардиола се наоѓа на 5. место на табелата во Премиер ...

Првата

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
3.6
76%
1029
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
3.09
63%
1030
weather icon

Софија

3ᴼ / 0ᴼ
0.51
91%
1028
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.83
81%
1026
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
1.79
82%
1026
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
93%
1027
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
100%
1028
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
97%
1025
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
4.12
71%
1030
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
93%
1026
Currency

61.535

Currency

59.1338

Currency

73.6285

Currency

36.7398

Currency

41.0887

Currency

65.1326

Currency

8.22858

Currency

0.60279

Currency

0.38112

Currency

0.52401

Currency

1.64961

Currency

0.68528

Алуминиум

2.62

Кобалт

30.86

Никел

15226.00

Рутениум

15850.32

Калај

29.90

Сребро

1011.48

Злато

89636.05

Бакар

8.64

Паладиум

31314.83

Платина

32150.32

Родиум

149500.97

Цинк

2.73