
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



7 Мај, Денот на македонската полиција, ќе се одбележи во центарот за обука на МВР во Идризово. На настанот свои обраќања ќе имаат претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев. На одбележувањето на Денот на македонската полиција ќе присуствуваат и министри и други гости и претставници на дипломатскиот кор во Македонија. Во рамките на ...
Заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков, ќе учествува на 28-миот Евроазиски Економски Самит, кој ќе се одржи од 7-8 мај во Истанбул, Турција. Заменик-министерката за европски прашања, ќе има излагање на една од сесиите на Самитот каде ќе зборува за евроинтеграцискиот процес на нашата држава и перспективите на нашата земја на патот кон ЕУ. На 28-миот Евроазиски Економски Самит, кој е во организација на Мармара Фондацијата, ќе ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова е домаќинка на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, кој престојува во официјална посета на земјава. Хрватскиот претседател ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во кабинетот на претседателката, по што ќе следи тет-а-тет средба, а потоа и пленарен состанок на македонската и хрватската делегација. Во рамки на посетата, хрватскиот претседател Милановиќ ќе ...
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со ...
Во Министерството за енергетика, Грција и Македонија денеска го потпишуваат договорот за изградба на интерконекторот којшто ќе ја снабдува земјава со природен гас од грчкиот гасен терминал во Александропули. Проектот, во должина од 67 километри, на македонска страна е финансиран од Владата, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, а чини 59,9 милиони евра или 12 милиони помалку од првичната цена. Гасоводот ќе го гради ...
СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре, поради официјална посета на претседателот на Република Хрватска, г. Зоран Милановиќ на Република Северна Македонија, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат ...
Нивото на водата во Охридското Езеро според денешните мерења спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи се наоѓа на котата 693,39 метри надморска височина. Водостојот денеска е 26 сантиметри под просекот за мај или 29 сантиметри над дозволениот минимум. Регионот деновиве е под влијание на влажна воздушна маса проследено со повремени интензивни врнежи од дожд, што придонесува за подобрување на водостојот во езерото. На почетокот на ...
Вчера околу 12.45 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Г.К.(30) од Република Грција, информираат од МВР. При гранична проверка и контрола во патничкото возило со холандски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени марихуана и три дробилки. Известен е јавен обвинител и лицето било спроведено во СВР Куманово. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе ...
Во време кога Москва и Киев се подготвуваат за прославите на Денот на победата, нема знаци за какво било смирување на насилството. Втора ноќ по ред, руската престолнина и десет други региони нападнати со дронови. Од безбедносни причини на неколку часа беа затворени четири големи московски аеродроми. Грантирани и делови на Украина, беспилотни летала регистрирани во Харков, Киев, Одеса, Доњецк, има жртви и повредени. „Нема предавање, бидејќи многу ...
Асмир Јахоски излегува од притвор. Скопска Апелација ја уважи неговата жалба. Решението на Основниот кривичен суд Скопје, го преиначи на начин што ја укина мерката притвор определена спрема Јахоски со прифаќање гаранција во износ од 986.540,00 евра, во денарска противвредност од 60.672.235,00 денари, со ставање хипотека на недвижен имот во корист на Македонија и износ од 72.000.000,00 денари готови пари. Определени му се мерки на претпазливост, ...
Автори има, книги уште повеќе, не е лоша ниту продажбата, но хартијата тешко ја води битката со новите трендови и напредокот на технологијата. Годинава, по 37-ми пат, љубителите на пишаниот збор ќе можат да се насладат со „Храна за душа“. Тоа е мотото на годинашниот Саем за книга кој ќе се одржи во спортскиот центар „Борис Трајковски“. Многубројните штандови на најразличен начин ќе се обидат да ги убедат и младите и возрасните да се почестат со ...
Конзервативниот лидер Фридрих Мерц е новиот канцелар на Германија. Успеа да го обезбеди парламентарното мнозинство гласови во вториот круг, кој се одржа само неколку часа откако доживеа дебакл во претходната рунда. Силен аплауз во Бундестагот по изборот на демохристијанскиот лидер. Мерц, кој во февруари победи на федералните избори и ја претстави владејачката коалиција минатиот месец, претходно во текот на денот доживеа дебакл на првото гласање ...
По 10 години од камен-темелникот ќе се откочи изградбата на факултетите ФИНКИ и за физичко образование. Експерти од УКИМ предводени од деканот на Градежниот факултет, Марковски, треба комплетно да го ревидираат проектот, анализата треба да покаже во каква состојба се објектите и кога ќе продолжи изградбата. Министерската Јаневска најави дека в година би се избрал изведувач. СОЗР, МОН и УКИМ преку меморандум се обврзаа заеднички да работат, ...
Од семејниот буџет на пензионерите Кметови, секој месец за редовната терапија им се одлеваат речиси 5.000 денари. Ако тргнат на дополнителен преглед тоа се плус пари. Бидејќи пензиите им се мали, велат од големо значење би било, ако терапијата биде на сметка на државата. Иако беше најавено за околу Нова година, нови лекови на позитивната листа ќе има пред летните одмори. Позитивната листа требаше да се обновува секои три месеци со по неколку ...
Наместо на сеидба, оризопроизводителите во Облешево го блокираа магистралниот пат Кочани – Штип, незадоволни заради тоа што сè уште нема откуп за стоковите резерви. Бараат корекција на начинот на исплата на шесте денари за килограм откупена арпа и корекција на планот за наводнување кој предвидува намалување на површините под ориз. Сеидбата доцни и во најголем ризик се крупните сорти кои до сега требаше да се посеани. Откупната цена годинава е ...
Во време кога Москва и Киев се подготвуваат за прославите на Денот на победата, нема знаци за какво било смирување на насилството. Втора ноќ по ред, руската престолнина и десет други региони нападнати со дронови. Од безбедносни причини на неколку часа беа затворени четири големи московски аеродроми. Гранатирани и делови на Украина, беспилотни летала регистрирани во Харков, Киев, Одеса, Доњецк, има жртви и повредени. „Нема предавање, бидејќи ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената должност и овластување“ по член 353 став 4, во врска со член 45 од Кривичниот законик. Пријавениот – како директор на Јавната здравствена установа „Здравствен дом“ Куманово, во периодот од 2020 до 2024 година склучувал незаконски договори на дело и вработувал лица во установата без претходно да ...
Не е проблем минималец од 500 евра, но проблем е ниската продуктивност, велат стопанствениците. Од прилепската Регионална комора стигнува и нов предлог – загарантиран износ на минималецот на 500 евра како преоден период. За граѓаните нема дилема за висината на минималецот од 500 евра. Стручните кадри се хроничен недостиг со години за стопанството. Решението се гледа во дуалното образование но за реални потреби. За стопанствениците, ...
Владата до Собранието достави предлог-измени на законот за превоз во патниот сообраќај, по скратена постапка. Целта е вршење на почести контроли на сите иматели на лиценци, дозволи и одобренија, односно овластувања. Извршната власт кон крајот на март подготви измени на 7 закони, по пожарот во кочанската дискотека. Истрагата покажа дека клубот „Пулс“ бил изграден за една категорија и не се направило негова пренамена за вршење на друга дејност. Во ...
ВРЕДИ не го сака веќе Таравари во Владата. Изет Меџити му порача на премиерот Мицкоски дека повеќе нема простор за средби со лидерот на Алијанса за Албанците, бидејќи тој го погазил дадениот збор кој е еден од главните столбови на кодексот на честа кај Албанците. Бесата значи доверба, чесност и одговорност кон својот збор. „Кога ќе се скрши дадениот збор, се крши и лебот. И лебот што се крши, не се лепи. Ниту со последователни средби, ниту со ...
Романскиот претседател Илија Боложан го назначи Каталин Предоју за вршител на должноста премиер до формирањето на нова влада. Националниот политички совет на романските социјалисти вчера реши да ја напушти владејачката коалиција и Марсел Чолаку да поднесе оставка. Политичките турбуленции во Романија се во екот на претседателски избори. Вториот круг се закажан за 18 мај, а силите ќе си ги одмерат крајниот десничар Ѓорѓе Симион и градоначалникот ...
Германскиот конзервативен лидер Фридрих Мерц не успеа да го обезбеди парламентарното мнозинство потребно за да стане канцелар во првиот круг од гласањето. 69-годишниот Мерц, кој ги предводеше конзервативците од ЦДУ/ЦСУ до победа на федералните избори во февруари и обезбеди коалициски договор со централнолевичарските социјалдемократи, освои само 310 од потребните 316 гласови во Долниот дом на парламентот. Бундестагот, сега има 14 дена да го ...
На 06.05.2025 во 00.10 часот на паркинг во меѓупросторот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишиле од слобода Н.М.(55) од Република Грција, информираат од МВР. Тој бил затекнат како во патничко возило „ауди а6“ со германски национални ознаки става поголема количина цигари. При контрола на возилото било констатирано дека регистарските таблички биле одјавени и припаѓале на друго возило, додека во возилото биле пронајдени 276 ...
Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, поднесе обвинение против 59-годишник кој се товари за полов напад врз малолетник, согласно член 186 став 7 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. На 24.08.2024 година, во парк во населбата Чаир, обвинетиот извршил други полови дејствија врз дете кое во тој момент имало наполнети 15 години. Започнал да го допира детето, но тоа му ја фатило раката и се заканило ...
Во година кога слави 15 години љубов кон книгите и речиси 500 изданија, издавачката куќа „Сакам книги“ го носи во Скопје еден од најголемите современи автори на психолошки трилери – Себастијан Фицек. Овој мај, Фицек ќе биде специјален гостин на Саемот на книга 2025, каде што на 10-ти мај ексклузивно ќе ги претстави своите две нови книги преведени на македонски: Девојката со свеќа и Мимики. Настанот вклучува и лична средба со читателите, ...
Во пресрет на парадата на 9-ти мај во Москва, втора ноќ по ред, руската престолнина изложена на напади. Од безбедносни причини на неколку часа беа затворени четири големи московски аеродроми. Гранатирани и делови на Украина, беспилотни летала регистрирани во Харков, Киев, Одеса, Доњецк, има жртви и повредени. И покрај секојдневните загуби на фронтот, Зеленски е убеден дека војната ќе се заврши. „Нема предавање, бидејќи многу луѓе го дадоа својот ...
Фудбалерите на Интер и Барселона вечерва ќе ги одмерат силите во реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите. По спектакуларниот прв дуел во Барселона, во кој Интер водеше 2:0 и 3:2, екипите влегуваат во реванш изедначени откако првиот натпревар заврши 3:3. Двата тима ќе настапат ослабени. Симоне Инзаги нема да може да смета на францускиот дефанзивец Бенжамин Павар, додека Ханси Флик ќе биде без услугите на бековите Жил Кунде и ...
Ракометарите на Алкалоид во салата „Брис Трајковски“ во Скопје ќе му бидат домаќини на атински АЕК во реванш финалето во ЕХФ Европскиот Куп. Првиот натпревар во Атина ќе се игра во „Сунел арена“ со капацитет од 9.000 седишта. Првиот натпревар во Атина е на програмата на 18 мај од 18 часот, додека реваншот во Скопје една недела подоцна со почеток во 20:30 часот. Пред ракометарите на Алкалоид се два историски натпревари во обид да го освојат ...
Сите 133 кардинали под 80 години се во Рим за да учествуваат во изборот на нов папа, објави Ватикан. Конклавата почнува утре, кога кардиналите ќе се соберат во Систинската капела за да почнат со гласање. Процесот ќе трае сè додека не се избере нов папа, кој ќе добие двотретинско мнозинство од гласовите. Кардиналите ќе престојуваат во резиденцијата Санта Марта, каде што последниот папа, Франциск, го помина своето папство. Повеќе од 4.000 ...