
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Во рамки на вчерашните активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа издадени 777 платни налози. Статистичките показатели од аспект на законските одредби врз основа на кои се детектирани сторените прекршоци, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, ...
Не беше на листата и затоа може да се смета за изненадување изборот на папата Лав Четиринаесетти. Според аналитичарот и добар познавач на католичката црква, Кајтази, папата Лав 14 несомнено ќе продолжи по стапките и поставените стандарди на неговиот претходник папата Франциск. Самиот избор на името, по папата Лав Тринаесетти кој уште пред еден век размислувал за улогата на црквата во модерниот свет и бил прв кој се залагал за правата на ...
Се потсетуваме на придонесот на Македонија во антифашистичката борба со оддавање почит на загинатите борци. На спомен-обележјето на партизанските гробишта во Бутел, оддадена почит на оние кои се вградија во нашата слобода. 9-ти мај е и денот на Европа во сеќавање на декларацијата на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во 1950 година како прв чекор за формирање на Европската унија. Македонија сака да стане дел од европското ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 и Загрозување на сигурноста од член 144 од Кривичниот законик. Осомничениот на 5 мај ја загрозил сигурноста на својата сопруга, така што при вербална расправија пред нивните две малолетни деца почнал да ѝ се заканува, по што зел вазна со која фрлил кон оштетената. Не ја погодил, туку удрил во ѕидот, а оштетената исплашена за својата ...
Судирите на индиско-пакистанската граница продолжуваат. Тензиите меѓу двете земји се зголемија откако неодамна беа убиени 26 индиски туристи во Кашмир. САД повикуваат на дијалог и итна деескалација. „Секретарот Рубио разговараше со пакистанскиот премиер Шариф и индискиот министер за надворешни работи Џаишанкар. Во двата разговори, секретарот ја нагласи потребата од итна деескалација и повика на прекин на насилството. Тој ја изрази поддршката на ...
Светските лидери му честитаа на новоизбраниот папа, Лео 14. Неговата Светост е првиот папа, Американец. „За нашата земја е голема чест да имаме американски папа. Мислам, каква поголема чест може да имаме. Бевме изненадени и многу среќни“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД. „Се надевам дека неговиот мандат на тронот на апостол Петар ќе биде долг и дека ќе отвориме нова страница, нова ера во нашите билатерални односи и, повторувам, во ...
80 години од Денот на победата во Европа се одбележува со паради и настани. Очите на светската јавност се вперени кон Москва и Киев. Рускиот претседател Путин собра дваесетина шефови на држави и влади. Присуствуваат бројни светски лидери, меѓу кои и кинескиот претседател, претседателите на Венецуела, на Бразил, претседателот на Србија, премиерот на Словачка. За време на вечерата во чест на странските делегации, шефот на Кремљ рече дека 9-ти мај ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...
Васил Јованов кој на пешачки премин на „Партизанска“ ја прегази Фросина Кулакова од Неготино, влегува во судница. Обвинет е за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за што е предвидена максимална затворска казна до 20 години. Според обвинението, на 29-ти јануари годинава Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час. На пешачки поминал на црвено, и удрил во ...
Денеска се навршува една деценија од вооружената престрелка во кумановско „Диво Насеље“, во која загинаа осум припадници на безбедносните сили, кои посмртно се одликувани со медали за храброст. Во антитерористичката акција имаше и 37 повредени припадници на безбедносните сили. Во чест на загинатите, во кругот на СВР-Куманово беше откриена спомен-плоча. Полицајците кои го положија животот во „Диво Насеље“ добија и мурал-„хероите живеат вечно“, во ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните делови каде ќе наврнат од 20 до 30 литри на квадратен метар, а во останатите делови од 10 до 15 литри на квадратен метар. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено од живот со истрели од огнено оружје. Напаѓачот и жртвата се идентификувани и станува збор за странски државјани. Од лице место подигнати се чаури и други траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телото на починатиот е дадено за обдукција. Обезбедени се и прегледани снимки од видеонадзор. Се преземаат и други дејствија ...
Во центарот на Штип, вечерва имало пукање, во угостителски објект лоциран на плоштадот. А едно лице се бори за живот. Според првичните информации, едното лице имало нож со себе, а другото пиштол. Целата драма се случувала пред очевидци, местото е веќе оградено, има и полиција, а тешко повредениот со Брза помош е префрлен во болница. „Вечерва околу 21.30 часот во СВР Штип било пријавено дека во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, ...
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денес се обрати на онлајн промотивен настан за проектот „Следење реформи и раст во Западен Балкан“, во организација на Институтот за европска политика, а кој претставува платформа за регионална размена на искуства и добри практики во следењето и оценувањето на реформите, со учество на претставници од институциите, граѓанското општество и меѓународните партнери. Во своето обраќање, министерот ...
Од оџакот на Систинската капела излезе бел чад. Ѕвоната одекнаа, толпата народ ја поздрави веста за избор на новиот папа. Избран е наследникот на папата Франциск кој почина на 21-ви април. По три неуспешни обиди, на вториот ден од гласањето, Неговата Светост успеа да обезбеди двотретинско мнозинство на гласови. На плоштадот „Свети Петар“ илјадници верници со солзи радосници го дочекаа изборот на 267-миот понтиф. Многумина сметаа дека станува ...
На подрачјата на сите осум Сектори за внатрешни работи во текот на изминатите два дена (06/07.05.2025) полициските службеници во рамки на интензивните сообраќајни контроли издадоа вкупно 1452 платни налози по преземени мерки особено по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП), како и по основ на Законот за возила (ЗВ). Според статистичките податоци и натаму најголемиот број изречени прекршоци од страна на возачите – 436 ...
Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела попладнево, што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно новиот, 267-ми поглавар на Католичката црква. По појавата на чадот, следеше ерупција од радост од посетителите, кои сега се во исчекување да го дознаат името на новиот поглавар на Католичката црква. Папата наскоро треба да оди во „собата на солзите“, мала соба до Систинската ...
Денеска Општина Центар свечено ја отвори новата градинка „Пролет“, современ објект изграден од темел според сите безбедносни и функционални стандарди, со капацитет на згрижување на 173 деца, на површина од 3.200 метри квадратни. Градоначалникот Горан Герасимовски, истакна дека градинката е завршена за помалку од три години, целосно финансирана од општината, без задолжување. „Оваа градинка не е само зграда – туку симбол на визија, вложување во ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.А.(53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“- Скопје, Подрачно одделение Охрид, во периодот од 2022 година до август 2024 година, не воспоставил прецизен интерен протокол за реализација на прекувремената работа, при што било невозможно реално евидентирање на ...
Ќе се воведат поригорозни мерки ако Државниот пазарен инспекторат утврди енормно зголемување на цените на храната по укинувањето на мерките, најави министерот за економија, Бесар Дурмиши. Според него, мерките во изминатиот период дале резултат, но и намалување на инфлацијата. Ограничувањето на маржите на храната и хигиенските производи придонело економијата да е постабилна, додава министерот. Што се однесува до поскапувањето на дел од ...
Прашање на време, ако не денови или часови кога владината коалиција ќе се распадне – вака лидерот на СДСМ Венко Филипче ги коментира последните случувања поврзани со Алијансата на Албанците. Чудно е човекот на кого партијата му е веќе распадната да кажува дека владината коалиција не функционира и е на распаѓање-му одговори ВМРО-ДПМНЕ на лидерот на СДСМ. Првиот човек на ЗНАМ, Димитриевски на претседателот на СДСМ му порача, тој да внимава да не ...
СДСМ објави документи со кои тврдат дека Максим Димитриевски за 250.000 евра му го продал семејното земјиште на неговиот кум, кој пак, некој месец подоцна истото му го препродава на ЛИДЛ за 350.000 евра. Опозиционерите обвинуваат дека градоначалникот на Куманово во соработка со ДУИ извршил и криминална промена на урбанистичкиот план. Димитриевски ги отфрли обвинувањата на опозицијата. Објасни дека имал земјиште од 18.000 метри квадратни ...
„Храна за душа“-ова е мотото на годинашното издание на Саемот за книга, кој се отвора денеска и ќе трае до 14-ти мај. Посетителите на Саемот ќе добијат можност да се запознаат со македонски и странски автори, да ја разгледаат богатата понуда на книги, енциклопедии, збирки и прирачници, како и да слушнат нешто повеќе за актуелната состојба на пишаниот збор преку панел-дискусиите со значајни имиња од оваа област. Годинава национално претставување ...
Неколку месеци по првата библиотека во Скопје, била основана и НУУБ „Св. Климент Охридски“ во Битола, која годинава одбележа јубилеј-80 години од нејзиното постоење. Низ годините често била преименувана, а денешниот назив го носи од 1980 година. Но, сепак ја задржала својата основна дејност и со активностите кои ги презема, се обидува да ги задржи старите, но и да привлече нови читатели. Александра Максимовска разговара со м-р Емилија ...
Владината коалиција е осудена на неуспех и прашање на време е кога ќе се распадне, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче во пресрет на локалните избори, по бранувањата во владините редови и превирањата во коалицијата ВРЕДИ. Според Филипче, тоа што се случува во владејачката коалиција укажува дека единствена работа што ги води партиите се нивните теснопартиски и финансиски интереси. За последните политички случувања известува Марина ...
Повторно црн чад се издигна од оџакот над Сикстинската капела сигнализирајќи дека и по првото утринско гласање нема нов наследник на Франциск. Следува втор круг гласање на 133-те кардинали кои влегоа во вториот ден во процес за избор на нов папа. Одговорот на конклавата за избор на 267-от понтиф на Римокатоличката црква се очекува подоцна додека нивното гласање доколку нема консензус, ќе продолжи и попладне со две гласања, но и во наредните ...
Во компаниите со странски капитал на македонскиот пазар недостигаат нискоквалификувани работници, како и профили со високо образование особено од техничките факултети. На берзата на трудот активно бараат работа над 100.000 невработени, а има уште над 260.000 лица кои не се евидентирани во бирото. На активните огласи се барат над 10.000 лица, а се пријавуваат за работа и оние на кои им е потребна дополнителна обука за доквалификации и ...
Македонската рок група „Ареа“ која одбележува повеќе од децении од своето формирање, ќе одржи специјален концерт на 10. мај (сабота) во „Јавна Соба“ во Скопје, каде што публиката ќе има можност да доживее едно блиско и енергично музичко искуство со автентичниот звук што ја одбележа „Ареа“ низ годините. „Да си свој е најгласниот звук што можеш да го свириш“, вели гитаристот Ивица Брчиоски, кој од почетокот е дел од ова музичко патување. Во ...
Со одржувањето на работилница на темата „Уставна контрола на уставните измени“ завршија работните сесии од 10. Конгрес на Асоцијацијата на уставни судови на Франкофонијата во Букурешт, по што се одржа Генералното собрание на ACCF. На Генералното собрание, новото претседателство на Уставниот суд на Романија ја презентираше Програмата за следните три години (2025-2028). Темата „уставна демократија“ ќе биде во фокусот на новото раководство. Избрано ...
Руското тридневно примирје еднострано прогласено од Путин стапи во сила спроти годишнината од Денот на победата, но украинските власти продолжуваат да ја изразуваат својата неподготвеност за мир - велат од Кремљ. „Киевскиот режим сè уште не дал ниту една изјава за својата подготвеност да се придружи на оваа иницијатива. Слушнавме многу двосмислени и различни изјави на различни нивоа и гледаме реални дејствија“, изјави портпаролот на Кремљ, ...