
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Кавга за патни трошоци на пратеници од собраниска сала, се пресели низ ходниците во парламентот. Нетрпението помеѓу народните избраници на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески и на Левица, Димитар Апасиев ескалирало во инцидент. Двајцата размениле вербални навреди на лична основа, а потоа собраниското обезбедување спречило поголем физички инцидент. Апасиев рече дека Ристески го фатил за врат, по што тој замавнал со филџан кон него. Ристевски, пак, рече ...
Од независноста до сега во Министерството за здравство седнаа 18 министри, кој ќе биде 19-тиот останува да се договорат политичките партии. Непишано правило е дека за напредок на една држава, потребни се два столба – образование и здравство. Првиот е климав, но вториот, кој треба да го одржува населението здраво, во помалку од три ипол децении со огромна леснотија го менува челникот. Од Перко Колевски во експертската влада до Арбен Таравари, ...
Нова посета на претседателот на Европскиот совет, остануваат старите позиции. ЕУ очекува Македонија да го испорача прифатеното од преговарачката рамка и да направи уставни промени за да продолжи напред на евроинтегративниот пат. „Нема план б, фокусирајте се на планот а“, рече претседателот на Советот Кошта. На речиси двочасовниот состанок во владата на Кошта му бил повторен ставот на Македонија дека се прифатливи уставни промени со одложено ...
Синдикатите и Министерството за култура седнуваат на заедничка маса да бараат решение за колективниот договор. Откако СОНК номинираше членови и СКРМ позитивно одговори на поканата на министерот Љутков за учество во работната група. Синдикатот сака договор, но прво да види какво решение за проблемите нуди ресорот. Претседателката Атанасовска вели дека мартовската плата им е пониска за 3 проценти и оти ќе бидат принудени по судски пат да ја бараат ...
Mинистерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски во Анталија, Турција, на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО. Состанокот во пресрет на самитот на НАТО во Хаг е значаен аспект од консултативниот процес меѓу сојузниците за дефинирање на клучните елементи и приоритети во врска со прашањата што ќе бидат на дневен ред на Самитот во јуни, годинава. Муцунски ги пренесе приоритетните ставови на нашата ...
Емоционалната поврзаност во семејството е особено важна, велат психолозите. Семејствата се соочуваат со разновидни предизвици, зголемен е бројот на разводи. Недостигот на комуникација е еден од најголемите фактори за разводи – покажа истражувањето спроведено на Филозофскиот факултет врз околу 500 испитаници. Семејството е темел врз кој се гради иднината, велат студентите. На Филозофскиот факултет по 11 пат се организираат активности за ...
Развојната банка изврши исплата на третата транша од унгарскиот кредит кон компаниите. Средствата во износ од над 41 милиони евра се наменети за 175 одобрени проекти. Ќе се поддржат девет микро, 91 мали, 57 средни и 18 големи компании во државата. Најголемиот дел од парите одат кон производствените компании. Заклучно со последната транша, досега се исплатени 125,8 милиони евра, односно половина од предвидените 250 милиони евра за поддршка на ...
Мировни преговори во Турција без учество на Путин. Руската делегација во Истанбул ја предводи неговиот помошник Владимир Медински. Киев е подготвен да преговара во кој било формат за да се оконча војната – соопшти Зеленски, но нема да седне на маса со руските претставници. „Руската делегација пристигна во Истанбул и е подготвена за сериозна работа“, изјави Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи. „Подготвени сме ...
Наспроти продолжените преговори за примирје во Газа, Израел ја засилува офанзивата. Жестоки напади на југот од енклавата и повици за масовни евакуации на северот, по цврстиот став на Нетанјаху дека ќе се бори додека не го уништи Хамас. Според палестинските болнички извори, во најновите бомбардирања се загинати десетици, а има и повредени. Во сенка на нападите, Газа соочена и со масовен глад, хуманитарните агенции бараат итна деблокада на помошта ...
Регионалниот центар за гранични работи Југ – Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава по итна постапка против Ј.К.(25) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „криумчарење мигранти“ и „фалсификување исправа“. По преземени мерки и активности, на 13.05.2025 тој беше лишен од слобода во Неготино поради сомнение за негова инволвираност во настанот од ...
„На матурска прослава без автомобил!“, „Без консумирање алкохол!“, „Без користење наркотични средства!“, „Без нарушување на јавниот ред и мир!“ Сообраќајната статистика покажува дека во деновите кога се организираат матурски прослави се зголемува бројот на сообраќајни незгоди. Голем дел од учесниците во сообраќајните несреќи се млади луѓе – матуранти, кои најчесто завршуваат со тешки телесни повреди, а неретко и го губат својот живот. ...
Две лица се уапсени под сомнение за можни неправилности при доделување договори за воена опрема на НАТО – соопштија белгиските власти, кои истражуваат вмешаност на поранешни и сегашни вработени лица во алијансата за учество во криминална организација, корупција и перење пари. Апсењата се извршени како дел од кривичните истраги во Белгија, со ограноци во Луксембург и Шпанија, и во Холандија, а координирани од агенцијата на ЕУ за соработка во ...
Светот во исчекување на мировните преговори во Турција. Кремљ потврди-Путин нема да учествува на разговорите. Руската делегација во Истанбул ќе ја предводи неговиот помошник, Владимир Медински. Киев е подготвен да преговара во кој било формат за да се оконча војната-соопшти претходно Зеленски. „Чекам да видам кој ќе дојде од Русија, а потоа ќе одлучам кои чекори треба да ги преземе Украина. Подготвени сме за сите форми на преговори и не се ...
Обострани барања при посетата на Трамп во Катар, како продолжение на неговата турнеја во Заливот. Освен потпишаниот економски договор вреден милијарди долари, катарскиот емир побара од САД да извршат притисок и да помогнат да се стави крај на крвопролевањето во Газа, во момент на продолжените мировни преговори и засилените израелски напади. Од друга страна, Трамп го повика Катар да му помогне да го убеди Иран да се откаже од својата нуклеарна ...
Во Собранието денеска ќе се одржи собир на тема „Трансформирање на иднината: Дигитална стратегија за современ парламент“. На собирот, воведни говори ќе имаат претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши и амбасадорката на Швајцарија во Скопје, Вероник Хулман, додека клучно излагање на тема „Градење дигитален парламент: Зошто е важна стратегијата за дигитална трансформација и дигиталните решенија на Собранието“, ќе има генералната секретарка на ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните ...
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во посета на Македонија. Ќе има средби со државниот врв. Во Скопје доаѓа со порака за исполнување на преговарачката рамка, односно спроведување на уставните измени. Македонските власти пак, Кошта ќе го пречекаат со веќе познатите ставови за измени на Уставот. Шефот на Европскиот совет и премиерот Мицкоски од Скопје заедно ќе отпатуваат во Тирана, каде е предвидена вечера со лидерите на Западен ...
Денеска, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Демир Хисар го лишиле од слобода М.С.(62) од с. Обедник, демирхисарско. Врз основа на наредба од Основен суд Битола извршен бил претрес во домот и помошните простории кои ги користи М.С. во с. Обедник, при што биле пронајдени и одземени четири пушки, еден пиштол и 158 куршуми ...
Согласно фазата во која се наоѓа постапката и доказите кои веќе се обезбедени за предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“, Обвинителството до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на претходно определената мерка притвор со мерка куќен притвор за двајца осомничени – поранешен министер и поранешен државен секретар во Министерството за економија, додека за 18 лица предложено е продолжување на претходно определени мерки притвор и куќен ...
Следната недела премиерот Мицкоски ќе разговара со неговите коалициски партнери од „Вреди“ кој да ги заземе испразнетите министерски места во неговиот кабинет откако Арбен Таравари со неговото крило од Алијанса за Албанците реши да ја напушти Владата. Бидете трпеливи, вели премиерот сè ќе биде појасно следната недела. Меџити и Касами од „Вреди“ уверуваат дека владата е стабилна. Велат дека во фокус се граѓаните, а не да се помага на ДУИ. Сметаат ...
Независни советници во три општини поднесоа амандмани на Законот за измена на локалната самоуправа. Од 20-ина забелешки, најголемиот дел од нив се однесуваат на транспарентноста на општините. Поднесуваат амандмани, бидејќи како што велат ниту еден не предлог не им бил прифатен кога законот бил на ЕНЕР. Министерот за локална самоуправа Перински, вели дека законот се носи во една транспарентна постапка која трае повеќе од 8 месеци. Измена на ...
Предлог-законот на СДСМ за помош за семејствата од Кочани, не се најде на дневен ред пред пратениците. ВМРО-ДПМНЕ го прогласи за популистички за собирање на ситни политички поени. Предлог-закон е делумно неприменлив, влегува во колизија со сопствените одредби, и се преклопува со постоечки законски права-вели Бране Петрушевски. Дополнително, вели тој законот експлицитно ги фаворизира настраданите од одредени настани, игнорирајќи други слични ...
Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија. Слика на една крстосница во центарот на Скопје. Млади деца, родители со деца, повозрасни. Независно од временските услови, денот го минуваат на улица, барајќи пари или храна од минувачите за да преживеат. Особено ранливи се Ромите, децата со еден родител и семејствата со три и повеќе деца. Податоците за детската сиромаштија се алармантни, потребни се итни и ефективни мерки, признава министерот ...
На 14.05.2025 во 02.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.П.(44) од Охрид. При сообраќајна контрола на магистрален пат Тетово - Гостивар, кај наплатна станица Тетово, било сопрено патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал Б.П., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.54 промили ...
Денеска во 20 часот, во културниот простор Јавна соба ќе се одржи поетско – музички перформанс со читање на песни од последните две книги на македонскиот колумнист, поет и преведувач, Тихомир Јанчовски. Мултимедијалниот настан, ќе биде придружен од музика компонирана од Зоран Тортевски и визуелни илустрации од Будимка Поповска. Вовед ќе даде Тања Аждаја, а стихови ќе читаат авторите на музиката и стиховите. Пет песни ќе бидат и испеани во ...
Канскиот филмски фестивал официјално започна синоќа, а во натпреварувачката програма на овој фестивал беа вклучени 19 филмови. Во трката се етаблирани режисери како Вес Андерсон и браќата Дарден, како и млади режисери кои се на почетокот на своите кариери, меѓу кои и Ари Астер. Оваа година се натпреваруваат шест режисерки: Јулија Дукурно, Кели Рајхарт, Хафсија Херци, Карла Симон, Чие Хајакава и Маша Шилински. Уметничкиот директор на Канскиот ...
Белградскиот енергетски форум ги собра лидерите од регионот во енергетската транзиција со цел да обезбеди платформа за размена на информации, вмрежување и презентирање на најновите решенија во енергетиката со фокус на декарбонизација, дигитализација, нови технологии и решенија за развој на секторот. Една од темите беше и воведувањето на јаглеродната такса што може да влијае на цената на струјата. ЕУ бара од земјите од регионот до јуни да ги ...
Врховниот суд ја укина пресудата на скопска Апелација против Васил Јованов, со која тој беше осуден на три години и 10 месеци затвор за поседување и трговија со наркотици. Предметот е вратен во второстепениот суд на повторно одлучување. Токму оваа пресуда, Кривичниот суд ја зеде како отежнителна околност при вчерашното изрекување на казната од 12 години затвор за сообраќајната несреќа во која Васил ја прегази Фросина Кулакова. Врховниот суд ...
Ден откако возачот Васил Јованов беше осуден на казна затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова, семејството на жртвата повика на протест. Таткото на Фросина дека не е задоволен од дванаесет годишната затворска казна која ја доби Васил Јованов за сообраќајката на Партизанска во која смртно ја прегази 22 годишната Фросина Кулакова. Протестот е закажан за во 17.00 часот на местото каде Кулакова беше прегазена, односно на пешачкиот премин спроти ...
Вчера во село Дедели, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишиле од слобода Џ.О.(43) од село Дедели. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. Лицето било задржано во Полициската станица Валандово, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и во текот на денот ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава, по што Џ.О. ќе биде ...