Македонската фудбалска репрезентација до 21 година вечерва на гостински терен против Холандија ги продолжува квалификациите за пласман на Европското првенство 2025. Натпреварот во Алмере е закажан со почеток во 20 часот. Избраниците на селекторот Драги Канатларовски се петтопласирани во групата Ц со шест бодови од исто толку натпревари, а домаќинот Холандија е лидер со максимални седум победи. Македонската репрезентација во септемврискиот циклус ...

Одгледувањето тутун во Македонија има долга традиција, па затоа не е чудно што го нарекуваме жолто злато. Нашиот тутун е состојка во многу светски брендови на цигари, а некои од нив се произведуваат и кај нас. Во Македонија царува и трговијата со тутун, а тоа го потврдува анализата што ја направи Пари во соработка со Бизнис мрежа. Според податоците коишто се однесуваат на дејноста со шифра 46.35, т.е. трговија на големо со производи од тутун, ...

Извонредно тешкото и напорно лето за пожарникарите, кога беа принудени со денови непрекинато да се борат со огнената стихија, како да нема крај, откако распламтеа големи пожари во делови од државата. Струмичките пожарникари се ангажирани и помагаат на колегите, секаде каде е потребна помош, што како ангажман им е признато од заедницата. Нивното залагање го препозна и Општината Струмица. За сите струмички пожарникари општината со одлука на ...

Е-трговијата зема сѐ поголем замав како на домашниот, така и на странскиот пазар. Македонските потрошувачи во 2023 година потрошиле вкупно 649,3 милиони евра на виртуелните места за продажба во државата и во странство, соопшти Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ). Оваа бројка е за 18 насто повисока во однос на 2022 година. Како расте трговијата преку интернет, така расте и бројот на пренесени пратки. Овој тренд во Македонија создаде ...

Веледрогериите претставуваат клучен сегмент во македонскиот фармацевтски сектор, со важна улога во снабдувањето на аптеките и болниците со лекови и медицински материјали, средства и апаратура. Овие компании се мостот меѓу производителите и крајните корисници, обезбедувајќи континуирано снабдување со квалитетни и безбедни производи. Домашните веледрогерии како Зегин, Македонијалек и Еуро-Фарм се меѓу водечките во оваа област, со значителни ...

СДСМ преку соопштение реагираше на денешната прес-конференција на портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева нагласувајќи дека лидерот на СДСМ Венко Филипче има се пријавено во својот анкетен лист и нема што да крие од јавноста. ВМРО-ДПМНЕ денеска бара претседателот на СДСМ Венко Филипче да одговори дали ја криел фирмата од Бугарија за да не се доведе во релација со Медикал420 од која исчезнувала марихуана фатена во меѓународна акција за за ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека може да се одложи примената на Законот за забрана на нефер трговски практики за неколку недели доколку има објективни пречки и причини. Според Мицкоски, важно е примената да биде како што треба. – Доколку постојат објективни пречки или причини да треба да се се одложи за некоја недела не е тоа голем проблем, ќе ја донесеме одлуката да се одложи за некоја недела само да биде имплементирано како што треба. ...

Закупувачите на штандови на манифестацијата „ЕГЗИТ“, која се одржува утревечер во Струмица задолжително да користат одобрен фискален апарат и во доволен број, да го евидентираат остварениот промет за секоја фискална каса и најдоцна наредниот ден да го уплатат дневниот промет кај носителот на платен промет, да издаваат фискални сметки. Исто така на видно место да имаат истакнато соопштение со кое ги информираат купувачите за нивната обврска да ...

До крајот на годинава, на општините ќе им бидат на располагање шест милијарди денари од 250-те милиони евра што треба да бидат наменети за развојни проекти на општините. Јавниот повик за аплицирање на општините за инфраструктурни проекти е веќе објавен и направен врз основа на претходно утврдени критериуми и процедури на Министерството за транспорт, за животна средина и просторно планирање, образование и наука, социјална политика, демографија и ...

Во битолското село Кременица синоќа во 19.20 часот полициски службеници од Полициското одделение Велушина при СВР Битола го лишиле од слобода И.Т.(27) од село Кременица. МВР денеска соопшти дека тој бил затекнат како пали оган во близина на фабрика за вода, при што настанал пожар на сува трева. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола. – При преглед кај И.Т. била пронајдена запалка со која го предизвикал ...

Еден пијан патник се обиде да влезе во кокпитот на авион на компанијата „ИзиЏет“ на висина од 10.000 метри, тврдејќи дека пилотот е „некомпетентен“ и дека тој знае подобро да управува со леталото, но екипажот и патниците успеаја да го совладаат. Авионот, кој полетал од аеродромот „Гатвик“ во Лондон кон грчкиот остров Кос, морал принудно да слета во Минхен. Патниците и персоналот кои се бореле со него го собориле на подот, по што добиле аплауз од ...

Властите во Грција прогласија вонредна состојба поради тоните мртви риби кои беа исфрлени во водите на грчкиот пристанишен град Волос. Според новинската агенција АНА, оваа мерка како одговор на последната еколошка катастрофа во регионот треба да се применува еден месец. Целта е да се обезбеди државна поддршка за чистење на пристаништето и околните плажи и реки. Властите соопштија дека слатководните риби умреле како резултат на разорните поплави ...

Стопанската комора на Македонија бара да се избришат одредени делови од Законот за нефер трговски практики со кој се очекува да се стави крај на проблемите со цените што постојано растат во маркетите, пренесува ТВ Телма. Во писмото стои дека во ЕУ субјектите на пазарот имаат повеќе простор да се адаптираат на новините. Како проблем што го потенцира комората во писмото е периодот на прилагодување на новото законско решение, односно тоа што некои ...

Случајно или не, дваесет дена по потпишувањето на договорот за заем од една милијарда евра на унгарската влада со три кинески банки, македонскиот премиер Христијан Мицкоски објави дека македонската држава ќе позајми половина милијарда од Унгарија, пишуваат унгарските медиуми. „Првичните информации беа дека позајмицата ќе изнесува една милијарда евра, колку што е и унгарскиот кредит од Кина, а Мицкоски ги пласираше на 9 мај или дваесет дена ...

Бирото за истраги во Џорџија соопшти дека лицето кое отворило оган во средно училиште при што уби четири лица е 14-годишен ученик. Тој кој ќе биде обвинет за убиство и ќе му се суди како на возрасен. Најмалку четири лица загинаа, а околу триесет се повредени во денешното пукање во средно училиште во американската држава Џорџија, јави Си-Ен-Ен. Некои од повредените луѓе во средното училиште Апалачи во Виндер, не настрадале само од пукањето, туку ...

Во Холандија во понеделникот стапи во сила националната забрана за мобилни телефони во училиштата. На почетокот од оваа година мобилните телефони беа забранети во училниците во средните училишта, а сега, со почетокот на новата учебна година, оваа мерка важи и за основните училишта. Од Министерството за образование велат дека мобилните телефони им го одвлекуваат вниманието на учениците и ја намалуваат нивната способност за концентрирање, што има ...

Во селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка денеска беше пуштена во функција целосно новоизградената училишна зграда на подрачното училиште, кое е во рамки на ООУ „Лирија “ од Горно Јаболчиште. Новина е што место до петто одделение, од денеска со решение од Министерството за образование и наука (МОН), училиштето станува деветтолетка. Со тоа учениците од шесто до деветто одделение од село Долно Јаболчиште, кои досега патуваа и учеа во училиштето ...

Кристијано Роналдо и Лионел Меси не се номинирани за „Златната топка“. Двете најголеми ѕвезди на светскиот фудбал во 21 век не се најдоа на листата од 30 кандидати за наградата најдобар играч на годината според магазинот „Франс Фудбал“. За прв пат по 2003 година, ниту Португалецот ниту Аргентинецот не беа номинирани за престижната награда. Меси во кариерата 8 пати ја освојувал „Златната топка“, додека Роналдо со наградата триумфирал 5 пати. ...

Познатата шведска климатска активистка Грета Тунберг утрово беше приведена на про-палестински студентски протест во главниот град на Данска, пренесува Политико. Данската полиција соопшти дека дваесетина демонстранти се собрале пред Универзитетот во Копенхаген и дека шестмина од нив биле уапсени. „Полицијата беше викната. Таа насилно влезе во зградата. Во моментот ги разбркуваат сите студенти. Некои се приведени и ги носат во станица токму во ...

Шефот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), поранешниот премиер Рамуш Харадинај, изрази уверување дека косовскиот премиер Албин Курти ќе заврши во затвор поради корупција, јави дописникот на МИА од Приштина. Харадинај за телевизијата Т7 изјави дека во континуитет се потпишуваат стотици тендери од еден извор, а за такво нешто вели дека Курти ќе заврши во затвор. Поранешниот косовски премиер вели дека Курти и во случаите кога биле ...

Четворицата државјани на Северна Македонија кои лани беа уапсени и обвинети дека се членови на криминална група која крадела луксузни автомобили од странски туристи на Халкидики, се осудени на затворски казни во Грција, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Како што објави МИА на почетокот на септември минатата година, грчката полиција разби криминална организација во која биле вклучени шест лица, сите ...

За неправилности на плажите во Грција во јули и август биле спроведени 20.500 контроли со опфатени 630 плажи и изречени казни во висина од 8,5 милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од Министерството за национална економија и финансии на Грција, контролите биле и по поднесените пријави од граѓаните преку специјалната апликација „My Coast“ и со помош на новите технологии, како употреба на дронови и сателитски снимки. ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска се сретна со амбасадорката на Сојузна Република Германија Петра Дрекслер. Како што информира СДСМ, на средбата Филипче ја запознал амбасадорката со идните политики на партијата, како и со актуелните внатрепартсики реформи кои се однесуваат на процесот на обновување и зајакнување на партијата, како најсилна опозициска социјалдемократска партија. – СДСМ направи длабинска анализа на резултатите од ...

Денеска во 02.00 часот на ул.„Борис Кидрич“ во Штип, полициски службеници го привеле С.С.(24) од Штип затоа што при преглед во неговото патничко возило „сеат“ со штипски регистарски ознаки била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Според МВР и на 03.09.2024 во 19.00 часот во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го лишиле од ...

Единиците за внатрешни работи Центар, Бит Пазар, Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднесоа кривични пријави против А.Б.(18) од Скопје и К.Д.(18) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела тешка кражба на дрзок начин. Како што информира МВР две дела се извршени на 03.09.2024 на подрачјето на Центар, каде што пријавените со употреба на физичка сила од две жени на возраст од 28 и 59 години одзеле личен накит, што ...

Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од утре на терен ќе проверува дали трговците ја почитуваат одлуката на Владата за ограничување на највисоката трговска или профитна маржата за училишниот прибор, на 5 отсто за големопродажба и 10 отсто за малопродажба. -Трговците кои се опфатени со Одлуката на Владата за училишен прибор (Службен весник на РСМ бр. 183/24), имаат обврска да ги усогласат цените на производите. Од утре инспекторите ...

Во еден од случаите за слободата на медиумите и правата на новинарите, Основниот граѓански суд – Скопје донесе пресуда во корист на новинарката Душица Мрѓа, која беше нападната за време на своето извршување на работните обврски на 27-ми април 2017 година во Собранието во Скопје. Ова денеска го соопшти Здружението на новинари од каде оценуваат дека случајот со „црниот четврток“ после седум години добива делумна правда за новинарите. Соопштението ...

Јужна Кореја денеска соопшти дека регистрирала балони за кои постои сомневање дека носат ѓубре, што повторно им било пратено од Северна Кореја. Градската управа на Сеул, главниот град на Јужна Кореја, денеска издаде предупредувања во кои се наведува дека летечки објекти, што најверојатно се севернокорејски балони, се забележани во регионите северно од градот. На луѓето им е препорачано да останат во затворени простории и да внимаваат на предмети ...

Како Влада сме спремни за суштински дијалог со Бугарија, кој треба да заврши со надминување на пречките на нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија, притоа заштитувајќи ги интересите на двете земји. Ваква порака денеска од Брисел испрати министерот за европски прашања Орхан Муртезани по средбата со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји. „Го информирав комесарот Вархеји за приоритетите на Владата, како и ...

Во Авињон, Франција, оваа недела почна судењето на маж обвинет дека постојано ја дрогирал својата сопруга и регрутирал повеќе од 70 мажи за да ја силуваат додека таа била во несвест, што предизвика демонстрации пред судот и ужас низ целата земја. Обвинието го товари 71-годишниот Диминик Пелико, дека речиси една деценија на својата сопруга ѝ давал седативни лекови против анксиозност во вечерите и користел онлајн платформи за да ги покани мажите ...

Првата

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1025
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.03
100%
1025
weather icon

Загреб

1ᴼ / -3ᴼ
1.03
78%
1026
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
86%
1026
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
2.47
96%
1027
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.0
92%
1025
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
0.89
79%
1024
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
87%
1022
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1023
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
3.13
84%
1028
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
3.09
76%
1027
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
3.6
81%
1027
Currency

61.525

Currency

59.3727

Currency

73.6077

Currency

37.0288

Currency

40.8305

Currency

65.183

Currency

8.25985

Currency

0.6019

Currency

0.3825

Currency

0.52517

Currency

1.6635

Currency

0.68578

Алуминиум

2.59

Кобалт

30.86

Никел

15031.50

Рутениум

15850.32

Калај

30.02

Сребро

1006.70

Злато

89964.12

Бакар

8.59

Паладиум

32022.14

Платина

33179.07

Родиум

149500.97

Цинк

2.71