Сите оние коишто мислат дека картелски ќе се здружуваат има закон и ќе бидат одговорни пред законот, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од Неготино, кој одговараше на новинарско прашање дека Комисијата за заштита од конкуренција откри картелско здружување на неколку супер маркети, односно договарање на цените на прехранбените производи и за што е поведена и прекршочна постапка. Премиерот Мицкоски истакна дека на дневна основа е во ...

Тврдам дека најсовесно и чесно ја извршував функцијата член на Судски совет и не чувствувам ниту морална, ниту професионална одговорност да поднесам оставка, изјави денеска Тања Чачарова Илиевска, која е меѓу петте членови на Судскиот совет за кои се поднесени поединечни интерплации до Собранието од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ. Во интерпелацијата, како што оцени Чачарова Илиевска, нема индивидуализирано кои дејствија и кои ...

Во насока на подобрување на достапноста на здравствените услуги за пациентите, во системот „Мој термин“ е воведена опцијата за верификација на телефонскиот број. Оваа мерка има за цел да обезбеди пациентите навремено да добиваат известувања за закажани термини и други здравствени услуги, со што се намалуваат пропуштените прегледи и се оптимизира функционирањето на здравствениот систем, информираат попладнево од Министерството за здравство. Во ...

Денешниот марш на учениците од средното општинско училиште „Коле Нехтенин“ по повод Денот на розевата маица е важен настан во борбата против врсничкото насилство, или булингот. Оваа активност, која ги вклучува и учениците од основното училиште „Ванчо Прќе“, има за цел да подигне свесност за сериозноста на проблемот и да поттикне поголема солидарност и поддршка меѓу младите. Преку носењето на розови маички, учениците испраќаат силна порака против ...

Судскиот совет денеска усвои Извештај од спроведената работна посета на Основниот кривичен суд Скопје и Апелацискиот суд Скопје, при што утврди дека не бил прекршен законот при санкционирањето на Васил Јованов во случајот во кој му се судело за дрога. Јованов е обвинет и за прегазувањето на Фросина Кулакова на бул.Партизански одреди“ во Скопје. Како што беше соопштено на седницата, членовите на работната група на 7 февруари ги посетиле ...

Уште еден малолетник вчера предизвикал сообраќајка. -На 25.02.2025 околу 06.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионален пат од с.Ропаљце кон с.Матејче, општина Липково, патничко возило „ауди” со кумановски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Куманово, удрило во бетонска ограда од куќа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна ...

Украина и САД ја подготвија конечната верзија на договорот за ретки минерали, што украинските власти во јавноста го именуваат како „Договор за воспоставување на правила и услови на инвестицискиот фонд за обнова на Украина“. „Ја развивме конечната верзија. Од денес, овој договор се нарекува „Договор за воспоставување правила и услови на инвестицискиот фонд за обнова на Украина” . Всушност, ова е прелиминарен договор што ќе има правна сила. Тој ...

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл објави видео генерирано од вештачка интелигенција, без дополнителен коментар. Видеото ја прикажува сегашната разрушена од војна Газа како се трансформира во модерен крајбрежен град, преполн со хотели, облакодери и луѓе. Оваа визија ја следи неодамнешната идеја на Трамп за преселување на Палестинците во соседните арапски земји, со цел да се изврши масовна реконструкција ...

Унијата на медицински сестри и техничари со своето бројно членство на овој начин ја користи можноста за да упати искрени честитки по повод 20-годишниот јубилеј на Лекарската комора, којашто е еден од важните фактори и чинители во две децениската посветеност на здравствената грижа и развој на медицинската струка во нашата земја. Вашата работа, посветеност и напори за унапредување на здравствениот систем во земјава се од исклучителна важност и ...

Полицијата и надлежните служби пронашле 31 дете во куќа во Брчко, Босна и Херцеговина. Според порталот Кликс.ба (Klix.ba), децата имале хрватски пасоши, а три лица се уапсени поради сомнение дека сториле повеќе кривични дела меѓу кои и трговија со луѓе. Како што соопштија од окружната полиција Брчко, преземајќи активности од нивна надлежност, полициски службеници вчера, под надзор на Окружното обвинителство Брчко на БиХ и во соработка со Одделот ...

Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска се одложи судењето за кучето Феликс кое поради тешки повреди нанесени од двајца соизвршители почина на 7 јануари. Во меѓувреме пред судот има собир на граѓани „За Феликс. За животните. За правна држава. За правда!“. Судењето се одложи бидејќи еден од обвинетите и неговата одбрана го немаат примено обвинителниот предлог, ниту пак решението за одлука за предложената мерка за обезбедување присуство. ...

Македонија и годинава останува делумно слободна земја, покажува последниот извештај на „Фридом хаус“ насловен „Слободата во светот 2025“. Земјава, исто како и минатата година, има индекс на слободата од 67 од можни сто поени. Рангирањето на „Фридом хаус“ е врз основа на два критериуми – политички права и граѓански слободи. Политичките права се оценети со индекс 28 од можни 40, а граѓанските слободи со 39 од 60 поени. Во извештајот се наведува ...

Австралиската двојка Мичел Ринг и Џенифер Колин рекле дека морале да седат покрај почината жена неколку часа за време на летот со Катар ервејс, објави британски Мирор. Двојката била на лет од Мелбурн за Венеција кога патничката ненадејно паднала во преминот откако отишла во тоалет, пренесува Б92. Иако персоналот се обидел да ја оживее, жената не можела да се спаси. Забележувајќи празно седиште до двојката, екипажот ги замолил Ринг и Колин да се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски в петок може да ги посети САД за да го потпише важниот договор за минералите . -Слушам дека тој (Зеленски) доаѓа в петок. Секако, мене ми е во ред доколку тој тоа го сака. И тој би сакал тоа да го потпише заедно со мене. И разбирам дека е тоа голема работа, многу голема работа, рече Трамп пред новинарите во Овалната соба , пишува Гардијан. Според ...

Во Скопје, Струмица и во Ротимље близу Мостар денеска ќе бидат одбележани 21 година од авионската несреќа во која животот го загубија поранешниот претседател Борис Трајковски, членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Членови на семејствата, државни и други делегации ќе положат цвеќе на гробот на Трајковски Градските гробишта Бутел во Скопје и на спомен-обележјата во Ротимље и во Струмица. Претседателот Борис Трајковски загина на ...

На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 г., поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот. Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот, соопшти АМСМ. Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен ...

„Ако собереме пари ќе биде убаво, Петар ќе застане на нозе. Мене ми е срам, да бидам искрена, што повторно барам пари ама нема што да правам. Мора да се борам. Важно е да го оправам детето. Секоја мајка би постапила како мене. Живеам за денот Петар да застане на нозе“. Ова го вели Гордана Попоска од Охрид, борбената мајка на Петар, која со помош на донации досега успеа да го однесе во Турција на операција. Петар, како што вели оваа мајка, бил ...

Аруба, карипски остров познат по своите бели песочни плажи, тиркизното море и пријатната тропска клима, често се нарекува „најсреќниот остров на светот“. Овој статус се должи на комбинација на фактори, еден од најважните е што островот има до 300 сончеви денови годишно, што го прави еден од најпосетуваните острови во областа, привлекувајќи туристи со своите нереални сини нијанси на морето. Една од најпознатите плажи на островот е Eagle, која ...

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека европските земји се соочуваат со „трајни здравствени кризи“, вклучувајќи зголемување на менталните заболувања кај младите, намалена стапка на вакцинација и пораст на хроничните болести. Во извештајот за здравјето во европскиот регион, кој опфаќа 53 земји во Европа, Кавказ и Централна Азија и кој СЗО го објавува на секои три години, се наведува дека еден од шест смртни случаи во регионот се ...

Повеќе од 1.000 музичари, меѓу кои Ени Ленокс, Дејмон Албарн и Кејт Буш, објавија албум со снимки на тишина како форма на протест против плановите на британската влада да го промени законот за авторски права. Овие промени ќе им олеснат на компаниите кои развиваат вештачка интелигенција (ВИ) да користат дела заштитени со авторски права без дозвола, велат музичарите. Според новиот предлог, ВИ компаниите ќе можат да користат содржини од интернет за ...

Еден од најголемите скандали во американската политика беше аферата меѓу Моника Левински и тогашниот американски претседател Бил Клинтон, која беше разоткриена од поранешната американска државна службеничка Линда Трип. Линда почина од рак на панкреасот во 2020 година, но нејзината улога во овој скандал останува запаметена, пренесува курир.рс. Трип билa близок пријател со Моника Левински (49) и откако дознал за аферата меѓу поранешниот ...

Местото за складирање е клучно за подобра организација, но празните катчиња во кујната не значат дека треба сѐ да се остава на секое достапно место во неа. Ова, некако, особено важи за просторот под мијалникот, кој станува „шкафче за сѐ и сешто“ во многу домаќинства. Иако тоа може да изгледа практично, просторот под мијалникот не е погоден за складирање на сите видови предмети во кујната. Силните средства за чистење најдобро и најбезбедно е да ...

Со доделување лиценци за работа на доктори на медицина, Лекарската комора одбележува 20 години од добивањето овластувања да организира полагање на стручен испит, да издава лиценци за работа и да акретитира настани од континуирана медицинска едукација. Според регистерот на Комората, во моментот евидентирани биле 9.900 активни лиценци, но бројката се очекува да се зголеми со оглед на фактот дека деновиве се полага државен испит. Лиценците, како ...

Русија тврди дека постигнала договор со Украина и Црвениот крст за евакуација на жителите од областа Курск во западна Русија, чии делови се окупирани од Украина. Луѓето кои моментално се наоѓаат во регионот Суми во Украина, откако побегнаа од борбите во Курск, може да бидат префрлени преку соседна Белорусија, а потоа во Русија. Црвениот крст потврди дека дава поддршка само за евакуираните цивили во регионот Суми, но не потврди дека постои ...

Општина Штип започна со аплицирањето на проектите кои ќе бидат финансирани преку вториот повик од Владата, за кои се обезбедени средства од унгарскиот кредит. Секретарот на општината, Вишна Шорова-Ангелова, изјави дека на располагање имаат околу 400 милиони денари (околу 6,5 милиони евра), кои ќе се искористат за реализација на осум големи проекти. Таа посочи дека оваа недела ќе бидат поднесени апликациите за два проекти: еден за обновување на ...

Социјалниот дијалог помеѓу бизнисот, Министерството за образование и наука, средните стручни училишта и ТИР зоната во Штип има за цел да го подобри дуалното образование. Оваа соработка ќе овозможи учениците од средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ да добијат практична настава во фабриките во ТИРЗ Штип. Исто така, надлежните институции ќе креираат образовни профили кои се потребни за работата во овие фабрики. Градоначалникот на Штип, ...

Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за заштита на потрошувачите, со што синџирите маркети ќе бидат обврзани да постават свои веб-платформи каде ќе ги прикажуваат тековните цени на производите. Според пратениците од владејачкото мнозинство, оваа мерка ќе донесе поголема транспарентност во цените, ќе ја подобри конкурентноста и ќе придонесе за нивно намалување. Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека законот е креиран за ...

Одделението за внатрешни работи во Дебар денеска поднесе кривична пријава против дебранец поради узурпација на недвижности, со што противправно се стекнал со имотна корист во износ од 4.722.300 денари. -Кривична пријава е поднесена против Г.Г.(59) од Дебар, кој на катастарска парцела во дебарската населба „Венец“, неовластено присвоил државно градежно земјиште во вкупна површина од 2385 метри квадратни и поставил бодликава жица и дрвени колци во ...

Денешното доставување документи во Владата од страна на СДСМ како поткрепа на нивните сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата на првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, тој го оцени како обид да ја продолжат приказната и порача дека не може административна или архивска работа да се прикаже како голем скандал. Прво, како што рече, вакви тврдења имаше од ДУИ, а сега за жал СДСМ оди по нивна памет и се ...

Германската централна банка – Бундесбанк лани регистрира загуба на билансот на состојба за прв пат од 1979 година, откако брзите промени во политиката на каматните стапки во еврозоната ги исцрпија резервите на банката. Бундесбанката загубила околу 19,2 милијарди евра (20,1 милијарди долари) во 2024 година, соопшти централната банка денеска и предупреди на можни дополнителни загуби годинава, иако големината на какви било загуби се очекува да биде ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
8.23
44%
1005
weather icon

Белград

25ᴼ / 23ᴼ
5.66
60%
1008
weather icon

Загреб

26ᴼ / 23ᴼ
3.09
51%
1012
weather icon

Софија

28ᴼ / 18ᴼ
7.72
37%
1006
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
10.85
57%
1005
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
2.06
55%
1012
weather icon

Атина

36ᴼ / 32ᴼ
7.72
39%
1007
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
3.6
40%
1010
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
3.6
51%
1010
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 31ᴼ
5.66
38%
1003
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 24ᴼ
5.66
40%
1009
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
39%
1005
Currency

61.535

Currency

53.0261

Currency

71.1017

Currency

34.0504

Currency

38.1249

Currency

65.5971

Currency

7.38523

Currency

0.65825

Currency

0.35734

Currency

0.52534

Currency

1.293

Currency

0.60748