Немања Матиќ се врати во Серија А и во новата сезона ќе го носи дресот на повратникот во елитата Сасуоло. Српскиот интернационалец играше за Рома во сезоната 2022/23 по што замина во Франција, каде следните две сезони настапуваше за Рен и Лион. Поранешната ѕвезда на Челси и Манчестер јунајтед со Сасуоло потпиша едногодишен договор со можност истиот да биде продолжен на уште една сезона. Искусниот 37-годишен играч за врска освен за ...
Српскиот играч од средниот ред, Немања Матиќ, многу брзо си најде нов клуб откако ја заврши соработката со Олимпик Лион. Францускиот гигант беше принуден да го раскине договорот со Матиќ поради неговата висока плата и намалувањето на трошоците поради финансиските проблеми. Се зборуваше дека српскиот играч од средниот ред дури би можел да се врати во својата татковина и да ги помине подоцнежните години од кариерата во неговиот Јединство УБ, но ...