
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 г., поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот. Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот, соопшти АМСМ. Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен ...
„Ако собереме пари ќе биде убаво, Петар ќе застане на нозе. Мене ми е срам, да бидам искрена, што повторно барам пари ама нема што да правам. Мора да се борам. Важно е да го оправам детето. Секоја мајка би постапила како мене. Живеам за денот Петар да застане на нозе“. Ова го вели Гордана Попоска од Охрид, борбената мајка на Петар, која со помош на донации досега успеа да го однесе во Турција на операција. Петар, како што вели оваа мајка, бил ...
Аруба, карипски остров познат по своите бели песочни плажи, тиркизното море и пријатната тропска клима, често се нарекува „најсреќниот остров на светот“. Овој статус се должи на комбинација на фактори, еден од најважните е што островот има до 300 сончеви денови годишно, што го прави еден од најпосетуваните острови во областа, привлекувајќи туристи со своите нереални сини нијанси на морето. Една од најпознатите плажи на островот е Eagle, која ...
Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека европските земји се соочуваат со „трајни здравствени кризи“, вклучувајќи зголемување на менталните заболувања кај младите, намалена стапка на вакцинација и пораст на хроничните болести. Во извештајот за здравјето во европскиот регион, кој опфаќа 53 земји во Европа, Кавказ и Централна Азија и кој СЗО го објавува на секои три години, се наведува дека еден од шест смртни случаи во регионот се ...
Повеќе од 1.000 музичари, меѓу кои Ени Ленокс, Дејмон Албарн и Кејт Буш, објавија албум со снимки на тишина како форма на протест против плановите на британската влада да го промени законот за авторски права. Овие промени ќе им олеснат на компаниите кои развиваат вештачка интелигенција (ВИ) да користат дела заштитени со авторски права без дозвола, велат музичарите. Според новиот предлог, ВИ компаниите ќе можат да користат содржини од интернет за ...
Еден од најголемите скандали во американската политика беше аферата меѓу Моника Левински и тогашниот американски претседател Бил Клинтон, која беше разоткриена од поранешната американска државна службеничка Линда Трип. Линда почина од рак на панкреасот во 2020 година, но нејзината улога во овој скандал останува запаметена, пренесува курир.рс. Трип билa близок пријател со Моника Левински (49) и откако дознал за аферата меѓу поранешниот ...
Местото за складирање е клучно за подобра организација, но празните катчиња во кујната не значат дека треба сѐ да се остава на секое достапно место во неа. Ова, некако, особено важи за просторот под мијалникот, кој станува „шкафче за сѐ и сешто“ во многу домаќинства. Иако тоа може да изгледа практично, просторот под мијалникот не е погоден за складирање на сите видови предмети во кујната. Силните средства за чистење најдобро и најбезбедно е да ...
Со доделување лиценци за работа на доктори на медицина, Лекарската комора одбележува 20 години од добивањето овластувања да организира полагање на стручен испит, да издава лиценци за работа и да акретитира настани од континуирана медицинска едукација. Според регистерот на Комората, во моментот евидентирани биле 9.900 активни лиценци, но бројката се очекува да се зголеми со оглед на фактот дека деновиве се полага државен испит. Лиценците, како ...
Русија тврди дека постигнала договор со Украина и Црвениот крст за евакуација на жителите од областа Курск во западна Русија, чии делови се окупирани од Украина. Луѓето кои моментално се наоѓаат во регионот Суми во Украина, откако побегнаа од борбите во Курск, може да бидат префрлени преку соседна Белорусија, а потоа во Русија. Црвениот крст потврди дека дава поддршка само за евакуираните цивили во регионот Суми, но не потврди дека постои ...
Општина Штип започна со аплицирањето на проектите кои ќе бидат финансирани преку вториот повик од Владата, за кои се обезбедени средства од унгарскиот кредит. Секретарот на општината, Вишна Шорова-Ангелова, изјави дека на располагање имаат околу 400 милиони денари (околу 6,5 милиони евра), кои ќе се искористат за реализација на осум големи проекти. Таа посочи дека оваа недела ќе бидат поднесени апликациите за два проекти: еден за обновување на ...
Социјалниот дијалог помеѓу бизнисот, Министерството за образование и наука, средните стручни училишта и ТИР зоната во Штип има за цел да го подобри дуалното образование. Оваа соработка ќе овозможи учениците од средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ да добијат практична настава во фабриките во ТИРЗ Штип. Исто така, надлежните институции ќе креираат образовни профили кои се потребни за работата во овие фабрики. Градоначалникот на Штип, ...
Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за заштита на потрошувачите, со што синџирите маркети ќе бидат обврзани да постават свои веб-платформи каде ќе ги прикажуваат тековните цени на производите. Според пратениците од владејачкото мнозинство, оваа мерка ќе донесе поголема транспарентност во цените, ќе ја подобри конкурентноста и ќе придонесе за нивно намалување. Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека законот е креиран за ...
Одделението за внатрешни работи во Дебар денеска поднесе кривична пријава против дебранец поради узурпација на недвижности, со што противправно се стекнал со имотна корист во износ од 4.722.300 денари. -Кривична пријава е поднесена против Г.Г.(59) од Дебар, кој на катастарска парцела во дебарската населба „Венец“, неовластено присвоил државно градежно земјиште во вкупна површина од 2385 метри квадратни и поставил бодликава жица и дрвени колци во ...
Денешното доставување документи во Владата од страна на СДСМ како поткрепа на нивните сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата на првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, тој го оцени како обид да ја продолжат приказната и порача дека не може административна или архивска работа да се прикаже како голем скандал. Прво, како што рече, вакви тврдења имаше од ДУИ, а сега за жал СДСМ оди по нивна памет и се ...
Германската централна банка – Бундесбанк лани регистрира загуба на билансот на состојба за прв пат од 1979 година, откако брзите промени во политиката на каматните стапки во еврозоната ги исцрпија резервите на банката. Бундесбанката загубила околу 19,2 милијарди евра (20,1 милијарди долари) во 2024 година, соопшти централната банка денеска и предупреди на можни дополнителни загуби годинава, иако големината на какви било загуби се очекува да биде ...
Опозициската СДСМ го оцени како скандалозно позиционирањето на државава во однос на вчерашното гласање за резолуциите на САД и Европската унија за Украина. Оттаму за утре најавуваат прес-конференција на која лидерот на партијата Венко Филипче ќе ги соопшти ставовите во однос на овие прашања. Посочуваат дека ставот на СДСМ во однос на војната во Украина е јасен, цврст и усогласен со ЕУ, односно дека Русија е агресор и извршила неоправдана и ...
Царинската управа заплени автобус со косовски таблички кој извршувал редовен превоз на патници на релација Истанбул-Приштина кој бил специјално адаптиран за криење на роба. Случајот е откриен на влез во земјава на граничниот премин Деве Баир. Запленети се над 500 парчиња облека со потпис на познатите трговски марки Ралф Лаурен и Лакоста поради сомневање за повреда на правото од интелектуална сопственост. Во друг случај, на граничниот премин ...
Слабости во спроведувањето на инспекцискиот надзор во студентските домови и во воспитно-образовните установи, неизвршување на инспекциски надзори од 2019 година и недоволна екипираност во Државниот просветен инспекторат, утврдила направената ревизија во оваа институција. – Недостигот на редовни и вонредни инспекции, кадровските слабости и отсуство на имплементација на препораките од претходните ревизии создаваат ризик за несоодветно ...
Трговците на мало (малите, средните и големите) да ги објавуваат цените на производите на своите веб страници за потрошувачите да бидат подобро информирани, а оние што имаат повеќе од еден продажен објект, да ги објавуваат цените на стоките поединечно, за секој свој продажен објект. Ова го налага Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите што денеска го разгледа собраниската Комисија за економски прашања, ...
МВР информира за малолетници, кои со возило во 3.30 часот по полноќ излетале од пат. Денеска (25.02.2025) во 03.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Лазар Личеноски” во Скопје, патничко возило „шевролет спарк” со скопски регистарски ознаки, управувано од 17-годишен малолетник од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле неговите двајца малолетни сопатници, а со телесни повреди се здобиле ...
МВР информира за несовесен возач кој предизвикал сообраќајка, удрил во пешак па побегнал. – На 24.02.2025 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Њуделхиска“, патничко возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, удрило во семафор и во пешакот Г.Ц.(52) од Скопје, по што возачот го напуштил местото. Притоа, пешакот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники ...
Продолжувајќи со несмалената динамика на сообраќајни контроли низ патиштата во земјава, вчера (24.02.) полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, преземаjќи плански мерки, а согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, на ниво на цела држава издадоа вкупно 773 платни налози по основ на прекршоци сторени според одредбите од овие закони. Притоа, во рамки на контролите, согласно статистичките ...
Непозната болест во северозападниот дел на Конго усмрти повеќе од 50 луѓе, соопштија лекарите на терен и Светската здравствена организација (СЗО). – Интервалот помеѓу почетокот на симптомите и смртта во повеќето случаи е 48 часа, што е сериозна загриженост, рече Серж Нгалебато, директор на болницата „Бикоро“, регионален центар за следење болести. Избувнувањето на болеста во Конго започна на 21 јануари, а регистрирани се 419 случаи, вклучително и ...
Поранешниот француски лекар Жоел Ле Скварнек, обвинет за силување или сексуално злоставување на 299 луѓе, пред судот изјави дека правeл „одвратни работи“ и дека е подготвен да преземе одговорност за нив. „Правев одвратни работи. Целосно сум свесен дека овие рани ниту можат да зараснат, ниту да се избришат“, изјави Скварнек (74) на првиот ден од судењето, кое започна во понеделникот во францускиот град Ван, во провинцијата Бретања. За време на ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против Б.Ф. во својство на сопственик и управител и против четири правни лица поради основи на сомнение за сторено кривично дело “Даночно затајување” од член 279 ст.3 в.в ст.1 в.в чл.45 од КЗ на РСМ . -Првопријавениот Б. Ф. во својство на сопственик и управител на второпријавеното правно лице Друштво за производство, транспорт, трговија и услуги ...
“За прв пат по изградбата на аеродромот во Охрид ги прошируваме капацитетите, ќе градиме нова терминална зграда”, напиша вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил. Проектот опфаќа изградба на нова административна зграда со површина од 250м2, нов канцелариски простор од 120 м2, помошни простории од 130 м2, нов простор за обезбедување од 40 м2, целосна реконструкција и адаптација на постојната терминална зграда на површина од 2000 м2 на ...
По две децении минати во македонскиот националниот дрес Дамјан Стојановски вчера вечерта официјално стави крај на својата репрезентативна кошаркарска кариера. Капитенот на актуелниот македонски првак МЗТ Скопје Аеродром се збогува со националниот дрес пред вчерашниот дуел на Македонија против Полска во рамки на завршното коло во групата Х во квалификациите за пласман на Евробаскетот 2025. Пред натпреварот во СРЦ „Кале“ раководството на ...
Езерото Констанца или Синото Езеро, во рамките на Националниот парк Нелсон Лејкс на јужниот остров на Нов Зеланд, е популарна туристичка атракција меѓу планинарите, особено во последните десет години откако фотографиите од него станаа вирални на социјалните мрежи. Ова глацијално езеро, опкружено со планини и прекрасна природа, се карактеризира со исклучително сината боја на неговата вода. Пред десет години, научниците потврдија дека езерото има ...
Снаата на американскиот претседател Доналд Трамп, Лара Трамп, претходно привлекуваше внимание со својот моден избор, изглед и зборови. Но, овој пат таа го подигна на едно ново ниво. Минатиот петок Лара објави песна наречена “No Days Off”, која е создадена во соработка со музичарот Френч Монтана. Сопругата на Ерик Трамп ја изненади јавноста со нов сингл во кој пее за тоа како нејзината работа често се одвива надвор од очите на јавноста. Лара во ...
На црвениот тепих на овогодинешните САГ награди за 2025 година, беше невозможно да не се забележи една работа – Холивуд никогаш не бил потенок. Додека ѕвездите се движеа кон Аудиториум во Лос Анџелес, публиката и медиумите беа вчудоневидени од драстично послабиот изглед на многу познати личности. Оземпик, лек кој првично беше развиен за дијабетес, но стана хит во индустријата за слабеење, сега веќе не е само тренд – тој стана норма. Актерките и ...