Фотографката Изабела Таки го истражувала регионот Камчатка, полуостров кој се наоѓа на крајниот исток на Русија. Таа успеала да ја овековечи фасцинантната природа на полуостровот преку објективот на нејзиниот фотоапарат. Станува збор за пејзажи полни со шума и вулкани. Имено, вулканите Камчатка се прогласени за светско наследство од страна на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура. Доколку ви се допаднаа ...

Септември е симбол на промени и нови почетоци, па така многумина ќе посакаат да го променат работното место и да заработат повеќе. Многумина ќе сонуваат за нови успеси и победи, а другите, пак, ќе се плашат да го изгубат она што веќе го стекнале. Еве што ги очекува хороскопските знаци во септември во поглед на финансиите. Овен Ве очекуваат нови можности во септември. Астролозите ви препорачуваат што повеќе да комуницирате со луѓе кои имаат ...

Во Мароко, недалеку од Казабланка, е откриен нов вид мозасаур, џиновски морски рептил од ерата на диносаурусите што на научниците им овозможило да дојдат до нови сознанија за живиот свет од периодот на Креда. Остатоците кои се пронајдени во провинцијата Курибга покажуваат дека станува збор за вид кој може да порасне и до 12 метри. Според палеонтолозите, станува збор за предатор кој живеел непосредно пред ударот на астероидот и за кој се верува ...

Во минатото мажите носеле перики за кои плаќале големи суми и кои биле вообичаени за богатата класа во Европа. Како и зошто започнал овој тренд? Како и многу други приказни од средниот век, приказната за периките започнува со сифилисот. Во 1850 година жителите на Европа морале да се соочат со пандемија на сифилис која се ширела со неверојатна брзина. Без антибиотици, жртвите морале да се соочат со тешки последици како слепило, осип, деменција, ...

Секој месец се карактеризира со неколку денови кога неповолната положба на планетите може да предизвика одредени неволји. Сепак, во септември позицијата на планетите ќе биде генерално поволна, па така хороскопските знаци нема да имаат големи тешкотии. Но, астролозите предупредуваат да внимаваме на овие датуми. 10 септември – започнува ретроградното движење на Меркур Сè додека Меркур се движи во спротивната насока, зголемен е ризикот од неволји ...

Иако е уште далеку, крајот на 2022 година ќе им донесе големи шанси на овие 4 хороскопски знаци. Нив ги очекуваат важни промени и искуства и благодарение на нив тие ќе бидат особено среќни и успешни. Прочитајте во продолжение за кои хороскопски знаци станува збор. Близнаци Оваа година имавте многу можности благодарение на кои успеавте да се осамостоите. Дури и ако досега не успеавте да постигнете сè што веќе испланиравте, не грижете се бидејќи ...

Дали некогаш сте се почувствувале дека не сте доволно добри? Тоа е сосема нормално, но во тој случај треба да имате неколку нешта на ум кои ќе ве натераат да верувате дека заслужувате многу повеќе. Во продолжение прочитајте за што станува збор. 1. Вашите лузни се вашиот доказ Без разлика дали се физички или емотивни, вашите лузни се доказ дека сте доживеале одредени нешта. Тие се сведоштво за тоа колку сте биле силни и колку напорно сте се ...

Дали има некој кој не го обожува познатото американско чоколадо Сникерс кое претставува комбинација од млечно чоколадо, кикиритки и карамела? Во продолжение прочитајте го нашиот рецепт за чоколадни колачи со вкус на Сникерс! Потребни состојки: Потребни состојки за прелив: Начин на подготовка: 1. Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови. 2. Ставете хартија во садот за печење. 3. Подгответе ја смесата за колачињата: измешајте ги путерот, ...

Дали некогаш ви се случило да ги доведете во прашање вашата вредност или вашата самопочит, а притоа сте биле заљубени? Постојат неколку лекции што жените мора да ги научат за љубовта, а оние кои имаат тенденција да ги игнорираат се соочуваат со ризикот да бидат повредени и тажни. Ако вие самите не се сакате, нема да ве сака ниту партнерот Многумина сметаат дека само доколку стапат во врска и се поврзат со другата личност ќе дознаат кои се тие ...

Покрај тоа што таа била првата личност која открила комета со помош на телескоп, таа била и првата жена која работела како професионален астроном во САД… Во 19 век жителите на Нантакет, Масачусетс, биле познати по нивните телескопи насочени кон морето во исчекување на локалните риболовци и китоловци. Сепак, Марија Мичел го користела својот телескоп да ги набљудува ѕвездите. Додека растела, таа му помагала на нејзиниот татко, аматер во ...

Откријте во продолжение што ви предвидуваат астролозите за оваа недела. Овен Љубов: Сега ќе можете полесно да дишете и да ги преиспитате сомнежите од вашето љубовно минато. Партнерот со задоволство ќе ве слуша, а истото ќе го очекува и од вас. Имајте го ова на ум кога ќе почнете да се доверувате еден на друг. Кариера: Во овој период ќе имате објективен пристап кон вашата работа. Тоа ќе ви помогне да го разјасните вашиот став и да го дефинирате ...

Позицијата на планетите ќе биде поволна и покрај тоа што Меркур ќе го започне своето ретроградно движење на 10 август. Тоа ќе ни даде успех на многу полиња вклучувајќи ги и финансиите. Еве кои хороскопски знаци можат да очекуваат голем прилив на пари и материјален успех во септември. Рак Меркур има мало влијание врз вашиот хороскопски знак. Ова значи дека додека повеќето луѓе ќе имаат проблеми и тешкотии поради ретроградното движење на Меркур, ...

Денес ви споделуваме рецепт за пијалак кој не само што помага при слабеење туку е и полн со антиоксиданси. Започнувајте го секое утро со овој напиток и ќе увидите како се менува вашето тело! Потребни состојки: Начин на подготовка: Ставете го чиа семето во 100 милилитри вода и оставете го да отстои еден час. Додадете сок од лимон и убаво измешајте. Додадете ги медот и преостанатата вода. Совет: Пијте го овој хранлив напиток секое утро пред ...

Астролозите имаат добри вести за вас! Во септември нè очекуваат дури 8 датуми кога положбата на планетите ќе биде поволна за реализирање на голем дел од нашите планови. Во продолжение прочитајте за кои датуми станува збор. 3 септември – Меркур во опозиција со Јупитер Овој ден ќе биде знак на хармонија и позитивна енергија, поволен за патување, комуникација, трговија, работа. Освен тоа, на овој ден можете да откриете нова цел во животот. 5 ...

Боб Рос не беше само познат сликар туку пред сè вистинска икона на поп културата со неверојатна харизма која прави луѓето да се чувствуваат среќни и опуштени, а пример за тоа се и неговите цитати. Прочитајте дел од нив во продолжение. „Претпоставувам дека сум малку чуден. Сакам да разговарам со дрвјата и животните. Сепак, тоа е сосема во ред бидејќи се забавувам многу повеќе од другите.“ „Тајната за да направите што било е да верувате дека ...

Доколку сте од оние кои им припаѓаат на дигиталните номади и не знаете од кој град би сакале да работите на далечина, можеби би сакале да прочитате за ова шпанско гратче кое ги нуди сите поволности. Шпанија има голем проблем со жителите кои ги напуштаат руралните области и се преселуваат во градовите. Во изминатите 50 години населението во шпанските села се намалило за околу 30 проценти. Станува збор за сериозен проблем што дури и има име за ...

Како што ни е добро познато, Црвената планета се карактеризира со сурови услови. Така, почвата речиси и да не содржи корисни микроби, таа е заситена со соли и минерали поради што повеќето растенија кои ни се познати на Земјата не би можеле овде да успеат. Сепак, најновите истражувања покажуваат дека решението лежи во луцерката или позната под латинското име како Medica sativa. Научниците откриле дека луцерката не само што е способна да преживее ...

Ви здодеа постојано да зјапате во екранот на вашиот лаптоп или телефон? Преку глава ви е од монотоните, бели ѕидови на вашата канцеларија? Дали знаевте дека кампувањето и бегството во природа можат значително да го подобрат вашето ментално здравје, вашето расположение, но и вашиот метаболизам? Во продолжение прочитајте за благодатите на кампувањето врз физичкото и менталното здравје. Ги намалува стресот и анксиозноста Намалувањето на стресот и ...

Печениот лосос е одличен избор за ручек или вечера. Оваа риба е богата со протеини и омега 3 киселини кои се важни за здравјето на срцето и целокупниот кардиоваскуларен систем. Тој одлично се комбинира со различни билки, лук и лимон. Токму овие состојки се и основата за денешниот рецепт кој можете да го прочитате во продолжение. Потребни состојки: Начин на подготовка: 1. Нанесете малку сол, црн бибер и црвен пипер врз филетите и ставете ги да ...

Следните неколку месеци ќе им донесат финансиски предизвици на дел од хороскопските знаци. Астролозите предвидуваат дека нерационалното трошење, прекумерните долгови и недостатокот на добар финансиски план ќе им донесат проблеми на следните хороскопски знаци. Овен Ве очекуваат сериозни финансиски проблеми во следниот период, особено во октомври и ноември со оглед на итните трошоци. Дел од вас ќе успеат да ја решат финансиската криза, но ...

Естонската уметница Laivi Põder создава преубави живописни илустрации на идилични пејзажи. Нурнете во магичниот свет на зелените полиња и бујните ливади со шарени цвеќиња каде сигурно зад аголот ве очекува скриена колипка, патека или мали, слатки животни. Овие илустрации ја величаат убавината на природата и нејзината улога во нашиот живот. Доколку ви се допаднаа овие илустрации, можеби ќе сакате да ја почувствувате убавината на ...

Сместено на Сибир, Бајкалското Езеро е најголемото и најстарото езеро на светот. Сепак, во последните години се почести се предупредувањата на научниците кои тврдат дека неговиот опстанок е загрозен како резултат на климатските промени. Најголемата длабочина на Бајкалското Езеро изнесува 1.741 метар, а езерото е поголемо по волумен и од сите Големи езера во Северна Америка. Освен тоа, повеќето геолози се согласуваат дека тоа е старо најмалку 25 ...

Без разлика дали се справувате со стрес, ви треба зацврстување на самодовербата или едноставно сакате да пронајдете мотивација, овие позитивни мисли можат да ви бидат ѕвезда-водилка во животот. 1. Јас сум мир, мирот е во мене, мирот е насекаде околу мене. 2. Во овој момент јас сум на безбедно и сигурно место. 3. Треба само да се фокусирам, овде и сега. 4. Јас сум многу повеќе од мојата работа. 5. Јас ја заслужувам сопствената љубов и грижа. 6. ...

На 27 август ќе имате можност да ја доживеете моќната енергија на младата Месечина во знакот Девица. Таа ќе ве потсети дека е време да станете свесни за она што повеќе не ви служи и да го отфрлите, но и да се посветите на вашата благосостојба. Направете нови чекори кои ќе ви донесат мир и стабилност. Застанете, одморете се и размислете како можете да му се посветите на личниот развој. Младата Месечина ќе ве потсети дека животот е полесен кога ...

Постојат прашања за животот кои што ќе ве натераат да размислите и најверојатно ќе ви бидат потребни многу време и искуство за да ги одговорите. Таквите тешки и длабоки прашања можат да ве исфрлат од рамнотежа, па дури и да ве натераат да го доведете во прашање начинот на кој го живеете сопствениот живот. Вистината до која ќе дојдете преку овие прашања може да биде тешка и болна, но не плашете се да ги поставите бидејќи тие ќе ви помогнат ...

Што ни предвидоа астролозите за оваа недела? Прочитајте во продолжение! Овен Љубов: Ќе се опуштите и ќе го промените вашиот стил на заведување. Саканата личност со задоволство ќе разговара со вас, а тоа ќе ве зближи уште повеќе. Доколку сте сами ве очекуваат нови познанства. Кариера: Во соработка со млади луѓе или нови колеги ќе покажете повеќе емоции отколку што е потребно. Внимавајте да не оставите впечаток на непрофесионална личност и ...

Речиси цел септември ќе биде под влијание на ретроградниот Меркур и тоа од 9 септември до 2 октомври 2022 година. Ретроградниот Меркур ќе биде во знакот Вага и ќе донесе бројни дилеми, проблеми во комуникацијата, дезинформации и промена на плановите. Според астролозите, овие 3 хороскопски знаци ќе се соочат со проблеми и неволји во септември. Овен Во септември ве очекуваат тензични моменти особено во поглед на работата. На површина ќе излезат ...

Доколку сакате да пробате нов рецепт со тиквички ви предлагаме да подготвите полнети тиквички со колбас, рикота и спанаќ. Секако, ако не сте љубители на месо, можете да го замените колбасот со варен грашок и да уживате во ова вкусно јадење. Потребни состојки: Начин на подготовка: 1. Добро измијте ги тиквичките и тенко исечете ги по должина. Наредете ги во сад за печење и покријте ги со хартија за да се ослободи вишокот течност. Оставете ги ...

На радост на сите романтични души кои сакаат да го поминат одморот во уживање со книга и шолја чај ја пронајдовме идеалната туристичка дестинација. Станува збор за „кралството на книгите“ односно велшкиот град Хеј-Он-Вај. Во 1977 година Ричард Бут, сопственик на книжарница и антикварница, го прогласил градот за кралство на книгите, а себеси за негов крал. Тој бил ексцентричен човек со голема харизма, па лесно им го привлекол вниманието не само ...

Сигурно досега сте слушнале дека доколку се консумираат некои состојки во поголеми количини можат сериозно да му наштетат на вашето здравје. Еве шест од нив кои не смеете да ги занемарите. Бисфенол А Бисфенол А е хемикалија која се наоѓа во дел од пластичните садови како и металните конзерви. Така, студиите покажале дека иако навидум садовите се безбедни за користење, сепак оваа состојка може да дојде во контакт со храната. Истражувањата ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
0.0
75%
1040
weather icon

Белград

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
77%
1042
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
83%
1042
weather icon

Софија

-3ᴼ / -5ᴼ
1.03
90%
1042
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.56
70%
1041
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
91%
1041
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
75%
1035
weather icon

Тирана

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
75%
1034
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
2.57
80%
1036
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -2ᴼ
4.12
69%
1040
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
1.34
92%
1042
weather icon

Истанбул

2ᴼ / 2ᴼ
3.09
81%
1037
Currency

61.525

Currency

59.799

Currency

73.0117

Currency

37.1296

Currency

41.6502

Currency

65.5981

Currency

8.16832

Currency

0.58051

Currency

0.38358

Currency

0.52536

Currency

1.68964

Currency

0.69174

Иридиум

133440 $

Алуминиум

2 $

Кобалт

450 $

Никел

502491 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

991 $

Злато

87341 $

Бакар

8 $

Паладиум

29710 $

Платина

29835 $

Цинк

89774 $