Најголем број милионери живеат во САД открива најновото истражување на Henley Global Citizens Report. Дури пет градови од листата на топ 10 се наоѓаат овде. Тоа се Њујорк, Сан Франциско, Лос Анџелес, Чикаго и Хјустон. Така, Њујорк е на врвот на листата со дури 345.600 поединци чие богатство се проценува на повеќе од 1 милион долари. На второ место е Токио со 304.900 милионери, а по него следува Сан Франциско со 276.400 милионери. На листата на ...

Најверојатно, многумина од вас користат сода бикарбона за чистење на домот, но дали знаевте дека таа има многу лековити својства? Станува збор за многу едноставна состојка која се состои од натриум бикарбонат. Тоа е природен минерал кој се наоѓа и во човечкото тело, но честопати се занемарува. Сепак, понекогаш знае да направи чуда кога е растворен во вода. Затоа, сè што треба да направите е да ставите една лажичка сода бикарбона во чаша вода и ...

Светски познатиот колач со вкус на кафе, тирамису, е омилениот десерт на многумина. Денес ви споделуваме „есенска верзија“ на рецептот за тирамису кој содржи зачини и една тајна состојка! Се работи за тиквата. Пирето од тивка му дава посебна арома и кремаста структура на колачот, а комбинацијата од цимет и ѓумбир го прават уште повкусен. Потребни состојки: Начин на подготовка: 1. Во поголем сад изматете го пирето од тиква со кафеавиот шеќер, ...

За да успеете во животот потребни ви се неколку квалитети кои морате постојано да ги негувате. Не заборавајте дека исполнувањето на сите ваши соништа е возможно само доколку размислувате на вистинскиот начин. Ова се алатките кои ќе ви помогнат во тоа. Фокус Не губете го фокусот од вашата примарна цел. Можете да го започнете денот со вежбање и медитација, а потоа со нова енергија да ѝ се посветите на целта. Начин на размислување – вие сте она ...

Многумина од нас патуваат за да откријат нови култури, да уживаат во прекрасните природни пејзажи и да посетат познати туристички атракции. Но, еден од најважните елементи за незаборавен одмор во друга земја се луѓето. Така, пријателски настроените локални жители можат значително да придонесат за да ја засакаме нивната земја. Списанието Condé Nest Traveller ги објави резултатите од овогодинешната анкета за избор на најпријателските европски ...

Астролозите предвидуваат дека 6 хороскопски знаци ќе имаат големи шанси за пари и успех во 2023 година, а најдобрите месеци за инвестирање и започнување нови проекти ќе бидат март, мај, јули, септември и октомври. Предност ќе имаат знаците кои се склони кон аналитичко размислување и планирање. Откријте во продолжение за кои хороскопски знаци станува збор! Бик Припадниците на овој знак ќе имаат можност да ги развијат сопствените професионални ...

Дали во последно време се соочувате со песимистичка визија за вашиот живот? Дали наутро се будите депресивни и тажни без никаква возбуда за новиот ден пред вас? Дали се борите да почувствувате макар и ронка надеж во вашата иднина и сето она што е неизвесно? Не сте сами! Чувството на песимизам е нешто што многумина го чувствуваат во моментот, а еве кои се причините за тоа. 1. Надворешниот свет Постојано слушате вести за насилство, катастрофи и ...

Луѓето и кучињата можат да создадат длабока врска. Некои луѓе дури веруваат дека нивните домашни миленици можат да ги разберат нивните чувства и емоции. Според најновите истражувања, ова може да биде вистина. Научниците од Универзитетот во Белфаст, Ирска, спровеле експеримент со четири кучиња и 36 луѓе и откриле дека кучињата можат да направат разлика меѓу карактеристичниот мирис на секој од испитаниците и мирисот во моментите на стрес и ...

Астролозите ви откриваат што треба да направите оваа недела доколку сакате вашиот живот да се промени на подобро. Овен Фокусирајте го сето ваше внимание кон работата бидејќи сега кариерата треба да ви биде приоритет. Бидете активни, давајте нови идеи и искористете ја максимално креативноста што ја носите во себе. Можно е да добиете одобрување од надредените, но ќе треба да вложите поголем труд. Бик Одвојте време за самоанализа и запрашајте се ...

Нова недела, нова астролошка прогноза. Прочитајте во продолжение што ве очекува во текот на оваа недела. Овен Љубов: Можно е да очекувавте нешто поразлично од она што моментално го живеете и чувствувате, но тоа е само привремена фаза со која треба да се соочите на мудар начин. Сè уште имате доволно енергија за да се справите со сите предизвици на кои ќе наидете. Кариера: Во текот на оваа недела ќе можете да се истакнете со вашата вештина да ...

Желките се дел од најстарите живи суштества на планетата. Така, не е за чудење фактот дека тие имаат духовна симболика во културите на многу народи и се сметаат за моќни животински тотеми. Станува збор за мистични суштества кои носат езотерично знаење и пораки од духовното царство во физичкиот свет. Дали знаевте дека секоја случајна средба со желките навестува длабоко духовно значење за вашиот иден животен пат? Прочитајте во продолжение за што ...

Не пропуштајте го нашиот рецепт за чизкејк со костени кое сигурно ќе стане вашиот омилен есенски рецепт! Потребни состојки за кората: Потребни состојки за филот: Потребни состојки за сирупот: Начин на подготовка: 1. Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови и загрејте вода која ќе ја искористите при печење. 2. Измешајте ги мелените бисквити, омекнатиот путер и пирето. Мешајте додека не добиете хомогена смеса, а потоа префрлете ја во калап ...

Ако сте во потрага по здрава ужина, тогаш јаткастите плодови се вашиот совршен избор. Тие се богати со здрави масти и се препорачуваат доколку сакате здрава закуска. Сепак, најздравиот од нив, особено доколку сакате да го одржите здравјето во средните и доцните години, е оревот. Ова го откриле истражувачите од Универзитетот во Минесота во чие истражување биле вклучени 3023 испитаници, на возраст од 18 до 30 години и кое траело околу 20 години. ...

Како да дознаете дали залудно го трошите вашиот живот? Овие знаци ќе ви укажат на тоа! 1. Посветувате премногу време на непотребни работи Видео игри. Телевизија. Интернет. Како го поминувате поголемиот дел од вашето време? Дали го трошите паметно? Ако одговорот е не тогаш најверојатно треба да ги преиспитате вашите рутински активности и да направите промена. 2. Премногу се жалите Дали и вие сте од оние кои постојано се жалат за работата, шефот, ...

Маслото од кантарион се добива од истоименото растение кое е повеќегодишна билка. Кантарионот цвета од мај до септември, но најмногу во текот на јули, а неговите цветови се со жолта боја. Станува збор за едно од најраспространетите лековити растенија. Имено, популарноста на кантарионот меѓу народот се должи на неговите антибактериски, антивирусни и антигабични својства. Маслото од кантарион е богато со хиперицин, танини и флавоноиди кои имаат ...

Проучувањето на гробовите на античките луѓе се вистинско богатство за археолозите бидејќи не само што им даваат вредни информации за погребните традиции кои се практикувале во минатото туку и даваат увид во тоа како се хранеле луѓето. Во случајот со древните Египќани, археолозите честопати наоѓаат траги од храна во садовите подготвени за покојникот кои би му послужиле за задгробниот живот. Истражувачите од египетското Министерство за туризам и ...

Астролозите откриваат дека октомвриската полна Месечина во знакот Овен се одликува со исцелителна моќ. Благодарение на нејзината енергија ќе сфатиме дека промената е неопходна. Ќе го напуштиме патот по кој одевме досега, а тука ќе биде и астероидот Хирон, познат како „мелем за раните на душата“. Хирон ни посочува како да учиме од нашите емоционални рани и како да ги искористиме за нашата трансформација. Нè поттикнува да ги користиме тие рани ...

Денес ви споделуваме рецепт за супер брз и вкусен колач без печење. Доколку сакате вкусен десерт за ручек, а притоа не сакате да поминувате многу време во кујната, морате да го пробате овој рецепт. Ви ветуваме дека ќе му се допадне на целото семејство! Потребни состојки: Начин на подготовка: 1. Искршете ги бисквитите со раце и измешајте ги со растопениот путер. Половина од смесата ставете го во калап обложен со фолија и оставете го да отстои во ...

Индиската уметница Види Наик на забавен начин го покажува својот талент за цртање. Така, во нејзините илустрации доаѓа до израз перспективата на нејзините цртани ликови кон светот околу нас. „Беше време на пандемија, а во Италија беше навистина тешко да се излезе од домот. Еден ден, кога излегов да купам намирници и поминав по булеварот, тој ми заличи на куп миниони во нерамномерна линија. Веднаш сликав и кога отидов дома ја изработив оваа ...

Октомври е месецот кога, според астролозите, нè очекуваат одредени планетарни настани кои ќе влијаат врз нашата судбина. Некои од нив ќе ни донесат среќа и напредок, а други ќе нè тестираат. Во продолжение прочитајте кои ќе бидат најсреќните денови во октомври. 2 октомври – завршува ретроградното движење на Меркур Конечно, на сите тешкотии предизвикани од долгиот период на ретроградното движење на Меркур ќе им дојде крај. Од 2 октомври неговото ...

Многумина од нас ги саботираат љубовта и среќата без да бидат свесни за тоа. Таквото однесување може да се јави како резултат на одредени трауми од минатото и да послужи како одбранбен механизам во врската. Но, на кој начин ја саботираме љубовта во нашата врска? 1. Срамот ја попречува љубовта Срамот може да нè поттикне да веруваме дека не заслужуваме да бидеме сакани. Така, идеите и мислите кои се засноваат на срамот и кои ни велат дека ние не ...

Лимонот се смета за суперхрана и со векови се користи како домашен лек. Но, дали знаевте дека не мора секогаш да консумирате лимон за да ги почувствувате неговите корисни својства? Имено, покрај изобилството од витамини и освежителниот вкус, лимонот се карактеризира и со смирувачко дејство кое може да биде одличен сојузник во борбата против несоница. На сите нам ни е добро познато смирувачкото дејство на лавандата. Дури и Парацелзиус, познатиот ...

Да се биде егоист никогаш не е добра особина, без разлика на она што некои луѓе би се обиделе да го кажат во своја самоодбрана. Од друга страна, понизноста е особина достојна за почит и чија цел е да го надмине егото. Но, зошто честопати ни преставува голем предизвик да изразиме понизност? Дали бидејќи честопати ја сметаме понизноста за знак на слабост, кога, всушност, е показател на голема внатрешна сила? Во продолжение прочитајте на кој начин ...

Нумерологијата го проучува влијанието на бројките врз човековата судбина, па така годишната нумеролошка анализа за 2023 година ни открива што нè очекува во наредната година. Секоја година доминира еден број кој е резултат од сите броеви кои ја сочинуваат годината или 2 + 0 + 2 + 3 = 7. Тоа значи дека бројот 7 ќе доминира наредната година. Според нумеролошката симболика, бројот 7 е симбол за богатството, среќата и позитивната енергија. Како ...

Секако, Минхен е незаменлив дел од секоја ваква листа бидејќи станува збор за градот во кој се одржува најпознатиот светски фестивал на пивото , Октоберфест. Но, овој пат одлучивме да ве одведеме на прошетка и во други европски градови каде исто така можете да уживате во пивото… Берн, Швајцарија И покрај фактот дека Берн е релативно мал град, политичкиот центар на Швајцарија е дом на речиси 200 пивници. Најголем дел од нив се наоѓаат во ...

На 3 октомври Меркур ќе престане со своето ретроградно движење, а тоа значи дека ќе им донесе нови финансиски можности на сите знаци од Зодијакот. Сепак, 4 знаци ќе имаат многу повеќе среќа и можности од останатите, особено на финансиски план. Близнаци Меркур е една од вашите најважни планети, па затоа октомври ќе биде идеален период да го промените правецот во вашиот живот. Астролозите ве советуваат да не се плашите од промени или од непознати ...

Првите нешта што ни паѓаат на ум кога станува збор за Норвешка е прекрасната природа, Осло и скапиот алкохол. Сепак, Норвешка е голема земја и иако е ретко населена има многу места кои вредат да бидат посетени. На пример, ако се одлучите да ги посетите фјордовите и езерата по должината на Норвешкото Море можете да го посетите и градот Трондхајм, трет по големина во Норвешка. Она што е посебно карактеристично за него е епитетот „Венеција на ...

Цинкот е заштитник на имунитетот, го штити телото од бактерии и вируси и е неопходен минерал во одбраната на организмот од инфекции. Ни помага да растеме, да се развиваме и да дишеме. Станува збор за минерал кој игра важна улога во правилното функционирање на нервниот, кардиоваскуларниот и репродуктивниот систем. Една од неговите најважни улоги е создавањето протеини и синтезата на ДНК, а исто така силно влијае и врз либидото. Не само што нè ...

Африканските поговорки се познати ширум светот по својата мудрост и важните животни лекции што можат да ни ги пружат. Така, без разлика дали сте заглавени во минатото, имате проблеми со работата или барате одговори на важни животни прашања, овие поговорки можат да ви помогнат и да ви го променат животот на подобро. „Будалата зборува, мудриот слуша.“ – Етиопија „Мудроста не доаѓа преку ноќ.“ – Сомалија „Срцето на мудриот човек е тивко како ...

Што ни предвидоа астролозите за оваа недела? Овен Љубов: Вашиот приватен живот целосно ќе биде фокусиран на гостите кои ќе доаѓаат да ве посетат овие денови. Најверојатно вашиот партнер ќе ви замери за оваа ситуација. Кариера: Како што одминува неделата, сè повеќе ќе сакате да одите на одмор. Оние кои сè уште не можат да го сторат тоа ќе мора да се ангажираат околу одредени работи за кои сметаа дека одамна се завршени. Доволно е да бидат ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
80%
1039
weather icon

Белград

-1ᴼ / -2ᴼ
1.54
76%
1041
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
82%
1041
weather icon

Софија

-2ᴼ / -3ᴼ
1.54
88%
1040
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.6
66%
1040
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.51
90%
1040
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
4.92
80%
1034
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
70%
1033
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
65%
1035
weather icon

Букурешт

1ᴼ / -1ᴼ
3.6
62%
1039
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
92%
1041
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 2ᴼ
4.12
70%
1037
Currency

61.525

Currency

59.799

Currency

73.0117

Currency

37.1296

Currency

41.6502

Currency

65.5861

Currency

8.16832

Currency

0.58051

Currency

0.38358

Currency

0.52536

Currency

1.68964

Currency

0.69174

Иридиум

133440 $

Алуминиум

2 $

Кобалт

450 $

Никел

501414 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

987 $

Злато

86669 $

Бакар

8 $

Паладиум

30482 $

Платина

30053 $

Цинк

91024 $