Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер го поздрави вчерашниот „историски ден“, кога клучните држави се согласија со мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа. Стармер, кој присуствуваше на потпишувањето на примирјето во египетското летувалиште Шарм ел Шејк, најави дека Велика Британија ќе има клучна улога во набљудувањето, зачувувањето на примирјето и реформирање на структурите на Хамас и предавањето на ...

Ацевски: Нашата визија е човекот пред профитот, нивната визија е брз профит – Ќе добие ли Имер Селмани нови згради во Ѓорче под превезот на „населба за млади“? Под превезот на населба за млади, Имер Селмани ќе добие можност да изгради нови згради во Општина Ѓорче Петров, вели во гостување во „Слободен печат“ кандидатот за градоначалник од СДСМ, Костадин Ацевски. – Сега има планирано една нова населба со убаво име, „Богородица“, за млади брачни ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од ВРЕДИ, Изет Меџити денеска најави дел од неговата изборна програма со која се предвидува басплатни униформи и дневни оброци за сите ученици од сите основни училишта во оваа општина. -Во Чаир нема разлики. Има можности за сите. Ова е нашата филозофија на владеење. Нашата визија за една општина која гарантира еднаквост, достоинство и поддршка за секое семејство. Затоа, во нашата програма за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, како и медијаторите Египет, Катар и Турција, попладнево го потпишаа договорот за прекин на огнот во Газа. Пред да го потпишат, Трамп изјави дека „документот опфаќа многу правила и прописи, како и многу други работи, и е многу сеопфатен“. Додека го потпишуваше документот, тој рече: „Ова трае 3.000 години, можете ли да верувате? Овој пат ќе трае“. „Ова е неверојатен ден за светот“, рече Трамп, додавајќи ...

Израелската затворска служба синоќа соопшти дека ослободила речиси 2.000 затвореници, претежно Палестинци, како дел од договорот за прекин на огнот во Газа. Службата во соопштението наведува дека „1.968 терористи биле префрлени од неколку затвори низ земјата во затворите Офер и Кзиот“. -По завршувањето на потребните процедури во затворите и одобрението од политичките власти, сите терористи биле ослободени, при што оние од затворот Офер се ...

Сѐ повеќе јавни личности и жени во политиката, модата и културата се појавуваат со долга коса – тренд што многумина веќе го нарекуваат „епоха на Рапунзел“, пишува Њујорк Тајмс. Од црвениот тепих до политичката сцена На премиерата на новиот филм на „Gucci“ во Милано, Деми Мур блесна со нејзините препознатливи долги темни локни. На државниот банкет во Британија, и Меланија Трамп и Кетрин, принцезата од Велс, се појавија со пуштена долга коса. ...

Проект за целосна санација и уредување на фасадите на сите згради во стариот дел на општина Чаир, најави денеска Бујар Османи, кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од Националната унија за интеграција (НУИ). -Ќе започнеме сериозен проект од првиот ден за уредување на фасадите на сите згради во стариот Чаир. Ова не е само прашање на естетика, туку и прашање на енергетска ефикасност. Нова фасада значи и нова термоизолација, што ќе ги намали ...

Почина Илија Темелковски – човек кој сиот свој работен и животен век го посвети на ракометот, објави Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Спортот и ракометот пред се изгубија вреден спортски работник. Тој како селектор ја предводеше македонска ракометна репрезентација, на Светското првенство 2009 година во Хрватска. Но, белег остави и со работата со младите категории: освојувањето на шестото место на СП во 2017 година во Алжир и претходно ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го повика претседателот на Израел Исак Херцог да го помилува премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој е обвинет за корупција. Трамп го упати повикот за време на посетата на израелскиот Парламент( Кнесетот), нарекувајќи го својот пријател Биби Нетанјаху „еден од најголемите“ воени лидери. За време на конфликтот меѓу Израел и Хамас, неколку рочишта веќе беа одложени во случајот против Нетанјаху. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска одржа говор во Кнесетот за што рече дека тоа е „голема чест“. Трамп нагласи дека овој ден е ден за благодарност кон „семоќниот Бог на Аврам, Исак и Јаков“. – Денеска небото е мирно, пушките молчат, сирените се тивки, и сонцето изгрева над Светата земја која конечно е во мир, рече Трамп, откако ја пофали храброста на 20-те живи заложници кои денеска се вратија кај своите семејства. Тој изрази надеж ...

Грејната сезона 2025/2026 официјално започнува на 15 октомври за сите потрошувачи приклучени на системот за централно греење во Скопје, соопшти АД ЕСМ. Системот опфаќа околу 66.000 активни потрошувачи, од кои 65.000 се домаќинства, а над 1.000 се деловни објекти, меѓу кои болници, училишта, градинки и здравствени установи. Испораката на топлинска енергија ќе се врши секојдневно, според строго утврдени правила кои зависат од надворешните ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во денешното обраќање во израелскиот парламент, изјави дека сака да постигне мировен договор со Иран, откако САД и Израел летоска извршија напади врз иранските нуклеарни објекти. – Би било одлично ако можеме да направиме мировен договор со Иран. Дали би биле среќни поради тоа? Зарем нема да биде убаво? Мислам дека тие тоа го сакаат, рече Трамп. Според „Гардијан“, САД, европските сојузници и Израел го ...

Годинешниот Џез фестивал во Куманово кој почнува утре, ќе биде посветен на уметничкиот директор кој загина во трагедијата во Кочани, Филип Стевановски, соопштија денеска организаторите од Институт за наука, уметност, култура и спорт Куманово-ИНУКС. Фестивалот ќе се одржи на 14 и 15 октомври годинава со почеток во 20 часот во Занаетчискиот дом во Куманово, под мотото „Музика за Филип – поддршка за Кочани“, со две хуманитарни џез вечери посветени ...

Македонскиот народен театар објави повик за учество на интензивна петдневна перформативна работилница под наслов „Левијатан: Студија за суштества и апсурдот“ под менторство на грчкиот актер и режисер Емануел Константинидис, кој ќе престојува на уметничка резиденција во МНТ до 15 ноември. Во рамки на неговиот престој во Скопје е и организацијата на работилница под негово менторство. Уметничка резиденција на Константинидис е прв резултат од ...

Министерството за образование и наука известува дека од денеска е отворена можноста за пријавување студенти за сместување во студентски домови каде што останаа слободни места по Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Северна Македонија за студиската 2025/2026 година. Во објавата на МОН е наведено дека слободни места има во студентските домови: „Кочо Рацин“ во Битола, ...

Во време кога нашата најголема река, Вардар, се соочува со сериозни еколошки предизвици, кандидатката за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, одговарајќи на новинарско прашање, го образложи приоритетот на заштитата и обновата на природниот екосистем. „Секако дека мораме да почекаме да заврши судската постапка за „галиите“ од проектот Скопје 2014, но според мене, коритото и кејот на Вардар треба да бидат онака како што беа пред тие ...

Естетиката на нашето дело доби невообичаен печат и поради оркестрацијата, преку која на сликовит начин користејќи различни специјални ефекти и техники на свирење ги оживеавме ветерниците, витештвото на Дон Кихот, љубовта, страдањето, страста, како и триумфот на доброто над злото. Не само што уживавме во процесот на создавање, туку и нѝ беше еден вид на терапија, зацелување и мотивација да ги надминеме предизвиците во нашиот личен живот ...

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, на 12 октомври 2025 година присуствуваше на премиерната изведба на театарската претстава „Уна“, во режија на истакнатиот македонски режисер Дејан Пројковски. Претставата се одигра на сцената „Данило Бата Стојковиќ“ во театарот „Звездара“ во Белград, информираат од Министерството за култура и туризам. „Уна“ е работена според култниот роман на Момо Капор, во адаптација на Стеван Копривица. ...

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83 отсто во споредба со претходната пресметка. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 73 денари за литар, ...

Во првото полугодие од 2025 година, просечната цена на електричната енергија без ДДВ за крајните потрошувачи, со исклучок на домаќинствата, се движи од 5,611 до 15,403 денари за киловат час, зависно од групата на потрошувачи. Пресметаната просечна цена изнесува 7,945 денари за киловат час, што претставува намалување од 8,7 отсто во споредба со второто полугодие од 2024 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната цена ...

И изминатиов викенд, додека целиот град беше затрупан во смет, само Општина Центар и градоначалникот Горан Герасимовски повторно излегоа на терен и самостојно го исчистија сметот околу контејнерите, иако тоа не е нивна надлежност. Ниту Град Скопје, ниту ЈП „Комунална хигиена“ не ја извршија својата работа, па Центар повторно мораше да ја преземе одговорноста и да го исчисти сметот околу контејнерите. „Ова е врв на црната кампања. Намерно се ...

Министерството за култура денеска соопшти дека Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ на својата последна седница донел одлука за доделување на државната награда „23 Октомври“ за 2025 година. Добитници на наградата во областа на културата и уметноста за 2025 година се актерот Гоце Тодоровски, писателот за деца и возрасни Александар Кујунџиски, поетот, романсиер, драмски писател и новинар Братислав Ташковски и писателот акад. ...

Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Марјан Даскаловски, од големиот митинг во Струмица испрати пораки за единство, истрајност и продолжување на развојот на градот. Тој ја истакна потребата Струмица да остане град на сите луѓе, без поделби и манипулации. „Струмица живее, дише, расте, и тоа не е заслуга на еден човек. Тоа е заслуга на сите вас. Секој што дал, секој што верувал, секој што не се откажал, тоа се луѓето што ја пишуваа оваа успешна ...

Како политичка партија го ставаме државиот интерес пред партиските емоции, рече премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на новинарско прашање од што ќе зависи дали по локалните избори ќе се одржат и предвремени парламентарни на што повикаа опозициските партии. Според Мицкоски, жално е позитивните индикатори во државава да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори. Премеирот, по средбата со претставници на Стопанска ...

Д-р Јован Божиновски е именуван за нов вд директор на Универзитетската клиника за неврологија, рече денеска на прес-конференција министерот за здравство Азир Алиу. Назначувањето следи по разрешувањето на проф. д-р Игор Кузмановски. Тој беше разрешен од функцијата од страна на министерот за здравство по објавувањето на компромитирачкото видео на социјалните мрежи. Прочитајте и… Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија ...

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека нема намера да поднесе оставка и дека ќе остане на функцијата за да обезбеди стабилност во државата, игнорирајќи ги повеќекратните барања за оставка од опозицијата, во услови на најдлабока политичка криза во Франција во последните неколку децении. – Никогаш не заборавајте дека мандатот што го добивме од францускиот народ е да служиме и да одговараме на прашањата на обичните граѓани, како ...

На 22 октомври ќе се одржи дванаесетчасовен мултимедијален фестивал „Хаус оф Три“ (House of 3) на три сродни и препознатливи локации во центарот на Скопје — во „Три Кичен & Бар“ и во ноќните клубови „Клуб 1212“ и „Станица 26“. „Хаус оф Три е повеќе од фестивал — тоа е синергија што ги спојува луѓето. „Идејата започна пред три години сосема спонтано, од желбата да направиме место, каде што музиката, уметноста и локалните брендови ќе се ...

Последните 13 живи заложници кои беа држени од Хамас во Појасот Газа се ослободени и предадени на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, јавуваат израелските медиуми. Претходно денеска беа ослободени седум киднапирани Израелци, што значи дека после 738 денови заточеништво, Хамас веќе не држи живи заложници во Газа. Некои од заложниците успеале да остварат краток видеоразговор со своите семејства непосредно пред ослободувањето, а снимките од тие ...

Францускиот претседател Емануел Макрон утрово го поздрави ослободувањето на живите израелски заложници од страна на исламистичкото движење Хамас и изјави дека тоа отвора пат за мир во Израел, Газа и регионот. „Го споделувам чувството на радост со семејствата и со израелскиот народ, бидејќи седум заложници штотуку беа предадени на Црвениот крст,“ напиша Макрон на Икс, по пристигнувањето во египетскиот Шарм ел Шеик, каде што учествува на „Самитот ...

По изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, прашањето за предвремени парламентарни избори повторно се наметнува како централна тема во македонската политичка сцена. Додека дел од политичарите гарантираат избори напролет, други ги отфрлаат како шпекулација. Со приближувањето на локалните избори закажани за 19 октомври, политичката сцена во Северна Македонија повторно се вжештува со шпекулации и противречни изјави за можно распишување на ...

Повик

1 ден - МРТ
weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1027
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1024
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
92%
1024
weather icon

Софија

2ᴼ / -3ᴼ
1.03
66%
1027
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.04
91%
1027
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
100%
1024
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.24
78%
1024
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
81%
1023
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
2.06
87%
1025
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
95%
1027
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
96%
1024
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
76%
1027
Currency

61.5417

Currency

52.3678

Currency

70.0914

Currency

34.7469

Currency

38.017

Currency

65.8137

Currency

7.42978

Currency

0.65936

Currency

0.33821

Currency

0.5247

Currency

1.22623

Currency

0.57482

Паладиум

50830.33

Сребро

2049.55

Иридиум

145787.60

Алуминиум

2.88

Бакар

10.76

Злато

138322.05

Калај

41.29

Рутениум

29192.88

Цинк

3.03

Платина

59937.34

Родиум

255598.44

Кобалт

58.42