„Газета дело Спорт“ вели дека Кристијано Роналдо ќе почне правна постапка за да си ги наплати долговите од италијанскиот клуб. Роналдо кој помина три години во Јувентус, поради финансиските проблеми во ковид пандемијата се согласил дел од платата да земе со одложување, но досега не си ги добил парите. Се работи за сума од 19,9 милиони евра која Роналдо сега решил да си ја побара на суд. Јувентус глава не може да крене од тужби од свои поранешни ...

Карлос Саинц е победник на трката за ГН на Сингапур, со што асот на Ферари стави крај на неверојатната серија од десет победи на Макс Ферстапен во Формула 1 шампионатот. Актуелниот светски првак имаше катастрофален викенд, трката ја стартуваше од 11. место и не успеа да се вмеша во борбата за највисок пласман, на крајот освојувајќи ја петтата позиција. Ферстапен по дваесетина круга успеа да стигне до второто место, користејќи го влегувањето на ...

Со натпреварите од групите Е, Ф, Г и Х вечер ќе стартува фудбалската Лига на шампиони. Актуелниот европски првак, Манчестер сити е главен фаворит за освојување на трофејот и оваа сезона, а за негови најсериозни ривали за највисок пласман се сметаат Реал Мадрид и Баерн Минхен. Статистичката куќа „Gracenote“ непосредно пред почетокот на новата сезона во Лигата на Шампионите го објави фаворитот за освојување на најпрестижното клупско фудбалско ...

Поранешниот тренер на Баерн Минхен, Јулијан Наглесман ќе стане нов селектор на германската репрезентација, пренесува „Билд“. Јулијан Нагелсман го наследи Ханси Флик на клупата на Баерн, а сега истото ќе се случи и на клупата на германскиот национален тим. Флик, пред 10 дена стана првиот германски селектор кој добил отказ. Му пресуди поразот од Јапонија во пријателски натпревар. Нагелсман е без работа од март оваа година кога неочекувано Баерн ...

Првото коло од новата сезона во Лигата на шампиони не донесе некои изненадувачки резултати, откако главните фаворити за титулата како актуелниот шампион Манчестер сити, Барселона и Пари Сен-Жермен стигнаа до очекувани домашни победи. Во „групата“ на смртта, Пари Сен-Жермен по неубедливиот старт на домашниот шампионат забележа рутинска 2:0 победа над Борусија Дортмунд – Килијан Мбапе од пенал во 49. минута и Ашраф Хакими во 58. минута беа доволни ...

Албанската влада е подготвена за амнестија на затвореници, откако работната група предводена од министерот за правда Улси Мања, по тримесечни консултации со домашни и експерти од ЕУ и со генералната управа на затворите, го подготви предлог-законот за амнестија. -Со оваа амнестија ќе бидат опфатени 600 лица кои во моментов издржуваат казна во албанските затвори. Предвидено е да се опфатат и оние затвореници на кои им остануваат уште три години ...

Авион на „Визер“ од Тел Авив за Лондон принудно слетал во Белград поради непослушен патник, јавува Exyuaviation. Имено, патникот се скарал со екипажот на авионот, а потоа отишол да ја отвори вратата. Причината за инцидентот не е соопштена, пренесуваат медиумите во регионот. Според српските медиуми, другите патници биле принудени да чекаат нов лет за Велика Британија. „Од компанијата потврдуваат дека авионот што летал од Тел Авив за Лондон морал ...

Украина почна да извезува жито преку хрватските поморски пристаништа, со цел да ги прошири извозните рути додека нејзините црноморски пристаништа се блокирани, изјави денеска првиот заменик-премиер на Украина, Јулија Свириденко. „Благодарни сме за оваа можност. Иако е само дел од трговскиот пат, тој е веќе корисен“, наведе таа во писмената изјава, без да даде информации колку украинско жито веќе е испорачано преку хрватските пристаништа. Таа ...

Бројот на жртвите од бурата Даниел, која со денови ја пустоши Грција и јужниот дел на Балканот, се искачи на 11 лица, откако денеска на плажата Елиники на островот Евија беше пронајдено тело на 77-годишен маж. Според тамошните медиуми, телото на човекот било забележано додека плута во областа Турконери. Човекот бил идентификуван од неговата сопруга, а по него се трагало откако земјата ја погоди бурата Даниел. Како што беше наведено претходно, ...

Во раните утрински часови на патот од граничниот премин Евзони кон Солун се случила страшна сообраќајна несреќа во која според првите неофицијални информации од терен животот го загубиле најмалку четири лица. Во несреќата учествувале две грчки патнички возила и автобус со нишки регистарски таблички кој превезувал патници кон Грција. – Возач на патнички автомобил преминал на спротивната лента и се судрил со автобус што доаѓал, по што се одбил и ...

На жителите на 35 села во централна Грција им беше кажано да бидат подготвени за евакуација, бидејќи водата продолжи да ја поплавува огромната Тесалиска рамнина каде тридневната бура со грмотевици донесе невидени количини вода во регионот. Повеќе од 1.800 луѓе се спасени од подрачјата погодени од поплавите низ Грција од вторникот, соопшти противпожарната бригада. Стотици Грци протестираа пред парламентот во Атина со барања властите да се ...

Според информациите што ги пренесуваат грчките медиуми до несреќата дошло откако туристички автобус на спрат од Србија во кој имало 78 патници се судрил со патничко возило во кое се наоѓале четири лица. Тројца од патниците во автомобилот починале на лице место додека четвртиот кој бил со тешки повреди подоцна им подлегнал на истите. Откако патничкото возило се судрило со автобусот тоа налетало и на друго возило во кое имало една жена и дете, но ...

Во Србија од западнонилска треска до денеска заболеле вкупно 69 лица, соопшти Јавниот здравствен институт на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“. Пријавени се случаи од територијата на Белград и другите региони, и тоа на возраст од 18 до 89 години – соопштија од „Батут“. Како што е наведено понатаму во истражувањето, до 6 септември 2023 година во Европската унија (ЕУ) и Европската економска заедница (ЕЕЗ), вкупно 387 случаи на западнонилска ...

Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК) објави денеска дека во изминатите две недели, односно од 30 август до 12 септември, во земјета се регистрирани еден смртен случај и 67 заболени од Ковид-19. Според податоците на ИКШПК, најмногу позитивни на вирусот резултирале од возрасната група меѓу 50 и 59 години (16 случаи) и од 60 до 69 години (15 случаи), додека просечната старост на новозаболените е 52 години. – Од потврдените ...

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија Петар Петковиќ за „РТС“ изјави дека иако разговорите во Брисел пропаднале, Белград може барем малку да биде задоволен, бидејќи во извештаите по средбата пишува дека Белград не е виновен, покажал конструктивност и дека одговорен е Албин Курти поради кого пропаднал дијалогот. Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на сите граѓани им го честита Денот на националното единство и подвлече дека ...

Челникот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај побара оставка од премиерот Албин Курти, по средбата во четвртокот во Брисел, со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, која заврши без никаков резултат и наиде на критики од европските лидери и Вашингтон. На неговата страница на Facebook, поранешниот премиер напиша дека е време да се праша народот како да се излезе од оваа ситуација која, според него, е опасна и ...

Во Албанија денеска почна една од најзначајните статистички операции, пописот на населението и домаќинствата, на кој за првпат дадените одговори попишувачите ќе ги внесуваат во електронски уреди – таблети. Институтот за статистика, ИНСТАТ соопшти дека навреме се преземени сите потребни подготовки и се очекува истиот да заврши во предвидениот рок од шест седмици. Оваа целосно техничка активност ќе даде преглед на моменталната состојба на ...

Тројца припадници на грчката армија и двајца преведувачи го загубија животот во сообраќајната несреќа во Либија, што се случи од засега непознати причини и под неразјаснети околности, кога возило удрило во автобусот на грчката хуманитарна мисија додека од аеродромот во Бенгази се упатувале кон градот Дарна.Министерот за одбрана на Грција Никос Дендиас изрази длабока тага за смртта на тројцата припадници на армијата, како и за загубата на ...

Македонски државјанин (47) нападнал полицајци со чекан при грабеж на деловен простор во Сплит, откако полицијата дошла по пријава на граѓанин. Полицаецот кој прв се доближил на местото на настанот забележал дека вратата е отворена и претпазливо се приближил сомневајќи се дека провалникот се уште е внатре. Во тој момент, непознат маж, држејќи чекан се нафрлил кон полицаецот, удирајќи го во градите, јавуваат хрватските медиуми. Полицаецот паднал ...

Во полициската акција „Армагедон“ спроведена на територија на цела Србија уапсена е поголема група педофили, кои злоупотребувајќи го интернетот, извршиле кривични дела на штета на повеќе жртви, девојчиња и момчиња. Според последните информации што ги објави „Телеграф.рс“, во акцијата им се одземени и компјутерите на осомничените и прибавени се конкретни материјални докази за одредени кривични дела. Меѓу уапсените има и поранешни затвореници и ...

Последните информации велат дека бројот на загинати во земјотресот во Мароко се искачи на 2.122 лица, соопштија вчера вооружените сили на земјата. Повредени се најмалку 2.421 лице. Асни е на само 50 километри од Маракеш, а луѓето велат дека итно им е потребна помош. „Немаме храна, немаме леб, зеленчук. Немаме ништо. Никој не дојде кај нас, немаме ништо. Имаме само Бог и кралот“, вели еден жител. Се предупредува дека бројот на загинати може да ...

Две брани се урнаа во еден регион во Либиија и се стравува дека бројката на загинати надминала 2000 лица, а сето тоа е последица на бурата Даниел која донесе големи врнежи од дожд. Како што се наведува цели населби завршиле во морето и покрај бројката од 2.000 загинати околу 6.000 се водат за исчезнати во тешко погодениот град Дерна, каде што под притисокот на поплавите се урнаа две брани, пишува Си-Ен-Ен. „Како резултат на тоа, се урнаа три ...

Европа мора да одговори на повикот на историјата, која не повикува да работиме на комплетирање на нашата Унија и во свет каде што некои се обидуваат да ги одвојат земјите една по една, не можеме да си дозволиме да ги оставиме нашите сограѓани Европејци на страна, па затоа стратешки и безбедносни интереси на Европа е да ја комплетираме нашата Унија, порача денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во своето годишното ...

Земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала кој го погоди Мароко на 8 септември, предизивика големи разурнувања и за жал загинаа и беа повредени илјадници луѓе. Мароканската Црвена полумесечина реагираше веднаш, обезбедувајќи прва помош и психо – социјална поддршка, помагајќи во транспортот на повредените во болниците, евакуацијата на луѓето од оштетените згради. Црвениот крст на Република Северна Македонија изразува големо ...

Македонија се обврза да го промовира владеењето на правото и да се бори против неказнивоста и затоа, санкциите за корупциски активности мора да бидат ефективни, соодветни и разубедувачки, изјави за МИА портпаролката на Европската комисија задолжена за соседство, проширување и меѓународни партнерства Ана Писонеро запрашана за коментар за Измените во Кривичниот законик. Таа додаде дека ЕУ изразува жалење поради недостигот на сеопфатни консултации ...

Досега е потврдено дека загинале околу 5.300 луѓе, но градоначалникот на тешко погодениот град Дерна, Абдулменам ал-Гаити, процени дека 18.000-20.000 луѓе починале кога пукнале две брани среде бурата Даниел, што ослободило наплив од вода налик на цунами додека жителите спиеле. Тој кажа дека неговите проценки се базираат врз бројот на заедниците уништени во поплавата. Спасувачките екипи во Дерна побараа да се достават повеќе вреќи за мртви, ...

Стејт департментот соопшти дека ја повикале американската претставничка Лин Трејси и ѝ рекле дека првиот секретар на амбасадата Џефри Силин и вториот секретар Дејвид Бернштајн мора да ја напуштат Русија во рок од седум дена. „Назначените извршиле незаконски активности, одржувајќи контакт со рускиот државјанин Р. Шонов, обвинет за „доверлива соработка“ со странска држава“, се наведува во руското соопштение. Роберт Шонов бил вработен во ...

Хантер Бајден е обвинет пред федералниот суд во Делавер дека лажел за неговата употреба на дрога за време на купувањето пиштол во 2018 година, велејќи дека не страдал од зависност. Тој претходно во тој период призна дека се борел со зависност од кокаин. Обвинението против Хантер Бајден (53) претходно беше дел од спогодбата за признавање вина во која беше вклучено и тој да се изјасни за виновен за даночни прекршоци, но тој договор пропадна за ...

Бројот на жртви што зад себе ги остави медитеранската бура Даниел предизвикувајќи разорни поплави, само во градот Дерна се искачи на над 11.300. Водата од двете брани кои не успеаа да го издржат притисокот поради обилните врнежи однесе цели населби. Напорите во потрага по преживеани продолжуваат соопшти либиската Црвена полумесечина. Снимката направени со беспилотно летало, на либиската телевизија Ал Масар, го покажа обемот на уништување. Поради ...

Еврото падна на најниско ниво во последните три месеци во четвртокот, откако Европската централна банка (ЕЦБ) ги зголеми каматните стапки на рекордно високо ниво, но сигнализираше дека овој потег може да биде последен во нејзината кампања за затегнување на монетарната политика. Еврото загуби 0,6 отсто во однос на доларот за да се тргува за 1,0660 долари, откако креаторите на политиката на ЕЦБ ја објавија својата одлука да ги зголемат каматните ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
54%
1014
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
5.66
80%
1014
weather icon

Загреб

11ᴼ / 7ᴼ
1.03
74%
1014
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
4.63
93%
1013
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
3.88
84%
1013
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.77
86%
1015
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
5.14
52%
1011
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
87%
1017
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1016
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
6.26
87%
1012
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
88%
1014
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.63
87%
1012
Currency

61.525

Currency

54.0881

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52