Нападот на Севастопол, во кој беше оштетено седиштето на Црноморската флота, е извршен со помош на специјалци од САД и Велика Британија, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. „Севастопол повторно беше нападнат на 22 септември и нема ни најмало сомневање дека нападот бил однапред планиран со користење западно разузнавање, сателитска опрема на НАТО, извидувачки авиони и изведен на иницијатива и ...

Тој беше креиран од докторандите Сергеј Брин и Лери Пејџ, кои се запознале на програмата за компјутерска наука на Универзитетот во Стенфорд. Двајцата ја делеле визијата интернетот да се направи подостапно место и работеле заедно во нивните студентски соби за да развијат брз и прецизен пребарувач, чие прво име било Backrub. Малку е познато како Гугл го добил своето име. „Името е изведено од зборот googol, што е број во кој зад единицата доаѓаат ...

Еден од претставниците на американскиот Сенат изјави за „Ројтерс“ дека кинеските хакери успеале да украдат околу 60.000 имејлови од американскиот Стејт департмент. На почетокот на оваа година кинески хакери веќе извршија слични напади и ја урнаа платформата за е-пошта на „Мајкрософт3. Овој пат хакерите стигнаа до речиси 60.000 електронски пораки и тие беа украдени од десет сметки на Стејт департментот. Овој случај дополнително предизвика тензии ...

Земјите членки на ЕУ постигнаа согласност за продолжување на мерката за привремената заштита на лицата кои бегаат од руската агресивна војна против Украина за уште една година до 4 март 2025 година, со цел да им се гарантира сигурност за повеќе од четири милиони украински бегалци кои моментно живеат во Унијата. – Продолжувањето на статусот на заштита им нуди сигурност на повеќе од четири милиони бегалци кои најдоа безбедно засолниште во ЕУ, ...

Укинат е и налогот ма еден од судиите, Дејвид Фридман, донесен на 14 септември, да не се објави почеток на рочиштето, додека се разгледува барањето за одложување поднесено од поранешниот претседател, јави Гласот на Америка. Почетокот на тоа судење е закажан за 2 октомври. Судскиот совет ја донесе одлуката два дена откако судијата Артур Енгорон презентираше дека Трамп и неговата семејна фирма наводно ја прецениле вредноста на имотот, со цел да им ...

Во некои области во текот на ноќта паднаа и до 13 сантиметри дожд, а во текот на денот се очекуваат уште 18 сантиметри, изјави гувернерката на Њујорк, Кети Хочул. „Ова е бура опасна по живот“, рече Хочул, додавајќи: „Сметајте на ова во следните 20 часа“. Сообраќајот е во застој, а автомобилите се потопија на Френклин Д. Рузвелт Ист Ривер Драјв, главната артерија на градот долж источната страна на Менхетен. Некои возачи ги оставиле возилата. ...

Се разбира, знаеме, ова е резултат на климатските промени. Ова е, за жал, она што треба да го очекуваме како ново нормално, рече Хочул, пренесоа британските медиуми. Таа предупреди на поплави опасни по живот и прогласи вонредна состојба во Њујорк, Лонг Ајленд и долината Хадсон, а воедно го поздрави одговорот на владата и кажа дека нема пријавени смртни случаи и покрај силниот дожд. Хочул додаде дека вонредната состојба, што овозможува побрза ...

Партијата Смер ССД предводена од поранешниот премиер Роберт Фицо освоила најголем број гласови – 23,31 отсто, врз основа на 99,2 отсто од преброените гласови не вчерашните парламентарни избори во Словачка, соопшти Словачкиот институт за статистика. Според неофицијалните резултати од изборите, партијата Прогресивна Словачка заврши на второто место со 16,98 отсто, иако прогнозите пред изборите предвидуваа нејзина победа, а потоа Глас-СД (14,98 ...

Месецот септември 2023 година е еден од најтоплите во последните 90 години, се вели во извештајот на Националниот институт за метеорологија и хидрологија (NIMH) за времето во септември. Просечните месечни температури се движат од 16 до 23 Целзиусови степени, со отстапување од месечната норма помеѓу плус 1 и плус 4 степени. Највисоката измерена температура беше 37,2 степени на 23 септември во Крумовград. Во Софија највисоката измерена температура ...

Дваесет и едно лице загина, меѓу кои две деца, а 15 се повредени, од кои пет потешко, кога автобус со туристи падна од надвозник во близина на Венеција, во северна Италија. Меѓу повредените е и еден Хрват. Автобусот излетал од патот и паднал во близина на железничка пруга во областа Местре, која е поврзана со Венеција со мост. Причината за несреќата се уште не е утврдена. Италијанските медиуми јавуваат дека автобусот паднал од височина од ...

Американската амбасадорка Анџела Агелер во врска со предложенииот закон за амнестија денеска изјави дека за САД и Американската амбасада е важно ваквите процеси да се одвиваат транспарентно и да бидат легални. -Граѓаните во земјата треба да разберат што се случува и зошто тоа се случува и нивните избрани лидери да комуницираат со нив зошто тоа е важно. Ова не е прв закон за амнестија, секако нема да биде последен и ние одблизу го следиме ...

ОВЕН Ова ќе биде доста предизвикувачки ден за вас. Вашите напори денес, како и во минатото, ќе вродат со плод. Може да го навредите партнерот поради непромисленост. Вашите напори се исплатат… Добро здравје. БИК Недостигот на возбуда ќе ве задоволи бидејќи ќе ви овозможи малку да се одморите и да ја обновите енергијата. Романтично расположение. Направете го вашиот дел и пензионирајте се. Прошетајте повеќе. БЛИЗНАЦИ Предизвиците со кои ќе се ...

ОВЕН Можни се потези кои суштински ќе ви го променат професионалниот пат. Доколку размислувате за парични позајмници, најдобро е да се откажете, бидејќи по потпишувањето на договорот ќе ве чека непријатна клаузула која не сте ја забележале навреме. БИК Соочени сте со нерамнотежа меѓу она што рационално го знаете и она што интуитивно го чувствувате. Се двоумите, премногу е луцидно да донесете важна одлука заснована само врз чувството, без начин ...

ОВЕН БИК Се потпирате на други луѓе. Можеби сте премногу уморни и тоа е вистинската причина за вашето повлекување и предавање на судбината. Работите можат непријатно да се искомплицираат ако не преземете одговорност и не ги завршите обврските навреме, дури и ако тоа ви е непријатно. БЛИЗНАЦИ Имате многу планови и очекувате брза реализација. За жал, работите не се развиваат со посакуваното темпо. Додека чекате нешто да започне, губите драгоцено ...

Министерството за здравство информира дека има набавено за 50 отсто поголема количина вакцини против сезонски грип. Вакцинацијата, како што најавуваат, ќе почне кон средината на октомври. Како што информираат од ресорното Министерство, Меџити се заблагодарил за досегашната соработка, истакнувајќи го значењето на обезбедената помош и поддршка за оваа година со 15.000 дози вакцини. – Соработката со PIVI започнува од 2018/19 година со лансирање на ...

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, повремено засилен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи особено во северните и источните делови од земјата.најниска температура 10, а највисока 31 степен. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови ...

– Денеска е Светски ден на мирот 19 п.н.е.- Умре римскиот писател Публиус Вергилиус Маро, автор на дела во кои го велича римското минато. Тој со своите дела со векови беше пример за европските писатели. 1327.- Англискиот крал Едвард II, сопругот на Изабела од Франција е убиен од нејзиниот љубовник Роџер де Мортиме. Љубовникот на кралицата потоа владееше во името на престолонаследниикот Едвард III кој во 1330 година беше затворен и убиен. 1452.- ...

– Денеска е Меѓународен ден без автомобили 1241.- Исландскиот писател и историчар Стурулсон Снори, автор на најобемните саги за норвешките кралеви, е убиен во атенат во кој учествувал и неговиот зет Гисур Торвалдсон. Убиството било нарачано од норвешкиот крал Хакон VI Хаконсон, бидејки Снору бил пречка за исполнување на неговите планови, вклучувајќи го и припојување на Исланд кон Норвешка, што му успеало во 1262 година. 1499.- Со мирот во Базел ...

Во Македонија денеска ќе преовладува сончево и многу топло време, а попладне ќе има мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени, а максималната ќе достигне 34 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и со умерен југоисточен ветер. Во недела на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ...

63 п.н.е.- Роден е римскиот државник и војсководец Гај Јулие Цезар Октавијан Аугуст, прв римски цар, посвоен син на Гај Јулие Цезар. Во 31 година п.н.е. по освојувањето на Египет ја презеде целата власт и ја укина републиката. Воведе нов облик на Aвладеење и администрација, познат како принципат (централизација на власта). Со новите изградби го разубавил Рим, помагал на науката и уметноста со што неговото владеење е најубавиот период во римската ...

Новак Ѓоковиќ неодамна објави дека нема да настапи на Мастерс-турнирот во Шангај, а српскиот тенисер во меѓувреме известил и дека нема да биде дел од помалите турнири кои му нудеа учество во изминатиот период. Зад големиот ас е напорен период на исцрпувачки турнири, па Ѓоковиќ сака да се одмори и да ги наполни батериите за последните предизвици во оваа календарска година. Новак би требало да настапи на само три турнири до крајот на годината, од ...

Седумкратниот светски шампион смета дека лошото издание на Макс Ферстапен и Серхио Перез во Сингапур, каде го освоија петтото и осмото место, не значи ништо пред Големата награда на Јапонија. Пред Сингапур, Ред Бул победи на сите 14 трки во сезоната. „Се надевам дека Ред Бул нема да биде 30 секунди пред сите како што се случуваше во минатото. Имаа тежок викенд, но нивниот болид треба да биде одличен овде. Во текот на целата година имаат одличен ...

Македонската фудбалска репрезентација официјално напредуваше за две позиции на ранг-листата на ФИФА, која денеска го објави најновото рангирање после евроквалификацискиот циклус месецов во кој црвено-жолтите освоија четири бода и се вратија во трката за Еуро 2024, со ремито против Италија (1-1) и победата со Малта (2-0) Македонија собра 12,42 рејтинг-поени од овие два меча, па сега има 1.362,95 рејтинг-поени со што напредуваше за две позиции и ...

Леклер е задоволен од од перформансите на болидот на Ферари на првите два тренинзи во Сузука, пред трката за Големата награда на Јапонија. Возачот од Монте Карло беше втор на вториот тренинг со нешто повеќе од 0,35 секунди зад најбрзиот Макс Верстапен. „Знам дека Ред Бул ќе биде исклучително брз овој викенд, но мислам дека не сме премногу далеку од нив“, рече Леклер. Ферари е во добра форма во моментов. Саинз беше трет во Монца, а минатата ...

Макс Ферстапен ја освои пол-позицијата на трката за големата награда на Јапонија откако на денешните квалификации на патеката Сузука на доминантен начин стигна до првото место. Друштво од првиот стартен ред на актуелниот шампион во Формула 1 ќе му прави Оскар Пјастри во болидот на Мекларен. Од вториот стартен ред ќе тргнат вориот возач на Мекларен, Ландо Норис и Шарл Леклер во Ферари. Во топ 10 уште се најдоа и: Сајнц, Хамилтон, Расел, Цунода и ...

Под мотото „Прекрасното непознато“ Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ вечерва ќе го започне своето 44. издание. „Домаќинство за почетници“ се занимава со универзалните вредности на семејството – она во кое сме се родиле и она кое самите сме го избрале. Дита никогаш немала намера да биде мајка, но сега околностите ја присилуваат да ги згрижи малата немирна Миа и бунтовната тинејџерка Ванеса, ќерки на нејзината девојка. Гледаме битка ...

До сите жители на Пустец, ако не се пишете како етнички Бугари на пописот, ќе ви се одземат пасошите, а ако сте во процедура за пасош ќе биде прекината, напиша на својот фејсбук-профил Виктор Стојано, претседател на бугарската фондација Македонија кој во последно време беше многу активна меѓу Македонците во Бугарија. „Веќе имаме еден таков случај. Помислете“, напиша Стојанов на својот фејсбук-профил. Во Албанија во тек е пописот на населението. ...

Јавно ќе бидат достапни имињата на сите Македонци кои изминативе две децении добиле бугарски пасош. Меѓу нив, како што тврди бугарскиот европратеник Андреј Ковачев има и политичари, и министри, и лидери на партии и новинари. Објавувањето на регистарот ќе биде можно со измените на Законот за државјанство кои веќе поминаа во прво читање во бугарското собрание. Се предвидува јавна да биде и церемонијата за доделување државјанство. Ковачев, кој е ...

Време е за нов пристап на партнерите во рамките на дијалогот меѓу Србија и Косово, изјави заменикот-помошник државен секретар на САД Габриел Ескобар, со оценка дека по новиот неуспех на разговорите меѓу Белград и Приштина, пристапот треба да го менува страната која постапува по принципот – земи или остави. – Конкретно мислам на Владата на Косово. Јасно им е кои се нивните обврски. И мислам дека изјавата на (шефот на европската дипломатија Жозеп) ...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека на границата со Мексико, доколку биде реизбран за шеф на државата, ќе испрати илјадници војници кои моментално се стационирани во странство. Бранот илегални имигранти кои ја минуваат границата на Мексико со САД Трамп го нарече „инвазија“ и за тоа ја обвини владата на актуелниот американски претседател Џо Бајден. „Откако ќе ја преземам функцијата, веднаш ќе ги поништам сите политики на ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
55%
1014
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
8.23
75%
1014
weather icon

Загреб

11ᴼ / 7ᴼ
1.54
73%
1015
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
94%
1013
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
3.88
84%
1013
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.77
84%
1015
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
5.66
52%
1012
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1017
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1017
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
6.69
89%
1014
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
3.09
88%
1014
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.63
87%
1012
Currency

61.525

Currency

54.0881

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52