Ракометарите на Вардар уште еднаш го совладаа Еурофарм Пелистер, овојпат со 30:25 во својата арена „Јане Сандански“ во дербито од Суперлигата, откако неодамна го победија шампионот и во Суперкупот во Струмица. Третиот пораз во низа за битолчани, кои загубија и на стартот од Лигата на шампионите против норвешки Колстад пред своите навивачи, го навести уште самиот почеток на средбата во Скопје, кога „црвено-црните“ поведоа со 6:1, а на полувреме ...
Ракометарите на Вардар славеа на вечното дерби со Еурофарм Пелистер со резултат 30:25, уште еднаш покажувајќи дека „црвено-црните“ и со сериозно променет и подмладен ростер се подготвени да атакуваат на трофеи. Томовски беше извонреден со 13 успешни интервенции, Милан Лазаревски одигра уште еден одличен меч против Пелистер постигнувајќи шест гола, исто толку реализираше и Срдановиќ, по пет погодоци постигнаа Петриќ о Николиќ, а четири Јасихура. ...