„Бетонизацијата“ нѝ ја суши почвата во Скопје 9 мај 2024 Прегледи: 0 Зошто ни се важни подземните води? Од нив се дополнува водоводот па ги пиеме, со нив се наводнува, се мие, се чисти, се одгледува храна, се користат во индустријата, се одржува влажноста на земјата… Од досегашните анализи е прикажано дека ако површината е природна, без вештачки материјали на неа како асфалт, бетон и друго тогаш од врнежите околу 25 проценти се впиваат длабоко, ...
Нема кој да ги залечи раните од гасоводот на Водно 29 март 2024 Прегледи: 1.475 Жителите на Скопје може скапо да ги чини негрижата на надлежните за Водно, кое изминатиов период постојано го газат багери и градежни машини од подножјето до врвот. Еден од најголемите удари за вегетацијата на Водно беше изградбата на гасоводот по сртот на планината при што беа уништени илјадници стебла дрвја. Постои законска обврска за санирање на штетите од ...
Вулкански бомби – геолошко наследство кое го губиме 30 април 2024 Прегледи: 0 Територијата на Македонија се одликува со големо богатство и диверзитет на геолошки и геоморфолошки појави, што укажува дека овој регион, низ геолошката историја, претрпел значајни и многу сложени измени. Хронолошки гледано, во Македонија можат да се сретнат од геолошки најстари, па сè до најмлади карпести маси, меѓу кои и метаморфни и магматските карпи со старост од ...
Природа на продажба 22 април 2024 Прегледи: 192 Карпестите ридови на Плетвар се единствениот дом на редок вид пеперутка, стеноендемит наречен македонска сивка. Името потекнува од бојата на нејзините крилја – особина што ја користи за да стане помалку видлива за предаторите. Последното истражување на терен, направено во 2012 година од тим на национални и меѓународни ентомолози, покажало намалување на популацијата на македонската сивка до 30%. ...
Зелената транзиција – долг пат за Македонија со празни ветувања и ненаучени лекции 19 април 2024 Прегледи: 1 Зелени ѕидови и коридори околу сите жешки точки, секој жител има по 25 квадратни метри зеленило, редовно се пошумува Водно и Скопска Црна Гора, а возилата имаат еколошки налепници во боја, во зависност од еуро- стандардите на нивните мотори. Во реално време се следат податоците за емисиите од големите загадувачки капацитети, преку ...
Лудило е да се гради ХЕ „Чебрен“ без студии за климатските промени 12 април 2024 Прегледи: 2 Четиринаесет неуспешни тендери за дваесетина години е досегашниот резултат во обидите на различни власти во Македонија да ја реализираат идејата за изградба на хидроелектраната „Чебрен“ на Црна Река. Станува збор за проект кој датира од шеесетите години од минатиот век и кој се турка без да се земат ефектите од климатските промени и сценаријата за ...
Зелена комуникација – мост помеѓу еколошките проблеми и нивните решенија 12 април 2024 Прегледи: 2 Кога оние кои треба да се грижат за животната средина се нејзини опоненти, кога институциите се заспани, а медиумите ја третираат како споредна тема, поединци или здруженија на граѓани се тие кои го преземаат товарот на одговорност за заштитата на природата. Тие се единствените будни гласници кои се обидуваат до секого да стигне веста за ...
Скопска Црна Гора од планина се претвора во опасна голина 3 април 2024 Прегледи: 0 Скопска Црна Гора важи за едно од најобесшумените подрачја во скопскиот регион, па и пошироко, со огромни пространства на кои земјиштето е ерозивно и оголено, па често пати при обилни дождови тука настануваат сериозни последици. Освен што оголеното земјиште не успева да ги апсорбира водите, во ситуации при поројни дождови дополнителен проблем прават и несредените ...
Четири држави, еден рецепт за уништување на реките 22 март 2024 Прегледи: 0 Четири држави, еден рецепт за уништување на реките Огромни субвенции за малку струја во Македонија Титова Југославија не е единствената заедничка нишка што ги врзува Македонија, Србија Босна и Херцеговина и Црна Гора. Од почетокот на веков властите во овие четири држави имплементираа иста енергетска политика која поттикнува изградба на мали хидроелектрани, што доведе ...
ЕУ ќе ги повлече парите ако до 2026 не го изградиме регионалниот центар за управување со отпад 15 март 2024 Прегледи: 3 Целата инвестиција, со изградбата на прифатните центри за собирање на сметот и со регионалниот центар чини 40 милиони евра, а рокот за изведба е 2026 година. Тапкаат во место плановите за изградба на Регионален центар за управување со отпад. Очекувањата дека до крајот на јануари ќе се објави тендерот за изградба на првиот ...
Нашите метеоролози се добри ама опремата ни е како „Застава 101“ 8 март 2024 Прегледи: 0 Во изготвувањето на временската прогноза во Македонија, за разлика од другите земји, се оди по подолгиот пат. Недостатокот на технички и технолошки средства прогнозирањето не го прават поразлично, меѓутоа, потребни се дополнителни напори за да се компензира она што недостига. Побрзи и подобри компјутери се неопходност, а новите радари се неостварена желба. ...
Кога нема работници, роботи ќе работат на нивите 15 февруари 2024 Прегледи: 517 Светот до 2050 година ќе треба да произведува уште дополнителни 50 отсто храна за да се нахрани човештвото. И тоа во услови на климатски промени и намалени ресурси. Дигитализацијата и роботизацијата во земјоделството се сметаат за нова земјоделска револуција која е на прагот и како алатки кои може да помогнат во ублажување на ефектите од промените и влијанието врз ...
Зелената агенда „црвенее“ во Западен Балкан – плановите се само на хартија 23 февруари 2024 Прегледи: 598 Зелената агенда „црвенее“ во Западен Балкан – плановите се само на хартија Аерозагадување Зелената агенда станува приоритет на сите држави кои се грижат за своето население да живее во здрава природна околина. Западен Балкан се приклучи кон тој тренд потпишувајќи Декларација на 10 ноември 2020 на самитот во Софија, што подразбира ...
Бунарите пресушуваат, изворите се повлекуваат, а ние немаме нови стратегии за подземните води 1 март 2024 Прегледи: 2.768 Секнати кладенци, пресушени бунари, повлечени изворишта на вода и суви поила за стока станаа главна мака во речиси сите региони во Македонија. Експертите со години посочуваат дека причините за тоа што ја снемува водата се константното покачување на температурите и долготрајните сушни периоди, но за разлика од низата ...
Црниот рид засега ќе остане, но фабрика на смртта во Велес нема да има 3 февруари 2024 Прегледи: 117 На последниот ден од јануари, сопствениците на компанијата „Кепс Монт Груп“дојдоа во Советот на Општина Велес во уште еден обид да ги убедат советниците и градоначалникот да добијат нова Б интегрирана дозвола за да можат да ја транспортираат оставштината од Топилницата, огромниот црн рид од олово, кадмиум, цинк, железен оксид и арсен, но сега ...
Ден на дрвото – непланско фијаско што треба да служи како поука 9 февруари 2024 Прегледи: 3.041 Повеќе од 6 години откако Владата ја укина акцијата за пошумување позната како „Денот на дрвото“, сѐ уште има многу отворени прашања зошто потфрли масовната акција за пошумување. Податоците на ЈП „Национални шуми“ недвојбено покажуваат дека кампањата доживеала фијаско. Во текот на 8 години, од пролетта 2008 година до есента 2016 година, се спроведени ...
Глобална цел 7: Пристапна, стабилна, одржлива и современа енергија за сите – каде сме денес? 2 февруари 2024 Прегледи: 0 Осумгодишнината од стапувањето на сила на 17-те глобални цели на одржливиот развој од Обединетите нации, поттикнува анализа на досегашните резултати во земјите-потписнички, заради поуспешно продолжување на шестгодишниот стремеж на човештвото, коешто одржливо управува и располага со природни ресурси. Земјите од Западниот ...
Плоче Литотелми – заборавен строг природен резерват 2 февруари 2024 Прегледи: 0 Резерватот Плоче – Литотелми е исклучително значаен локалитет, бидејќи е еден од вкупно двата строги природни резервати во Македонија, но и единствениот кој во моментов е репрогласен за таков според последниот Закон за заштита на природата. Лоциран e во североисточниот дел на Македонија, во околината на селото Страцин, на планината Герман. Неговата уникатност е во ...
Ние го создаваме, ние можеме и да го намалиме отпадот 22 јануари 2024 Прегледи: 1 Колку и да ни изгледаат безначајно мали нашите секојдневни навики во трошењето струја, вода, купувањето, облекувањето, готвењето, патувањето до работа и училиште, годишниот одмор… сите тие имаат кумулативен ефект. Тоа што од секој одделно се чини по малку, кога ќе се собере заедно станува многу. Тоа што секој одделно може барем малку да го намали, исто така кога ...
Отпорноста на климатски промени за Скопје останува само желба 12 јануари 2024 Прегледи: 2 „Стратегија за климатски промени – Отпорно Скопје“ од 2017 година требаше да биде одговор на предизвикот за здружена акција кој ќе го трасира патот со мерки и акции во следните десетина години за градење капацитети за урбана отпорност и справување со климатските промени. Пет години подоцна, климатските промени остануваат еден од најсериозните проблеми со ...
Мртва река тече низ Пелагонија 9 јануари 2024 Прегледи: 1 Црна Река е најголемата десна притока на Вардар и трета најдолга река во Македонија. Извира кај селото Железнец , демирхисарско, а во Вардар се влива кај археолошкиот локалитет Стоби. Со должина од 207 километри и слив кој зафаќа површина од 5775 километри квадратни, Црна е најзначајниот водотек во југозападниот дел на нашата земја. Тече низ најголемата македонска котлина, Пелагониската, ...
„Еуромакс“ повторно тужи за Иловица, активисти бараат одговорност од Бектеши 15 септември 2023 Прегледи: 1.500 Борбата за Струмичката котлина не е завршена. Отпорот на локалното население што резултираше со одлуки на четирите општини (Босилово, Василево, Ново Село и Струмица) за давање негативно мислење за какви било рудници за металични суровини на нивна територија, не го обесхрабрува инвеститорот. Од компанијата „Еуромакс Ресоурцес“ ...
Со изградбата на мали хидроцентрали ќе ги исечат вените на Кожуф 16 ноември 2023 Прегледи: 610 Природното богатство на Кожуф е одамна познато за биолозите и еколозите, но и за луѓето кои живеат во подножјето на оваа планина. Таа е богата со вода и ендемски растителни видови, а голем дел од неа и натаму е буквално недопрен, па на Кожуф извираат и течат некои од нашите најчисти и најубави планински реки. Пред 15-тина години беше направен обид да ...
Балканот и Македонија се на патот на циклоните кои поради климатските промени добиваат сила 31 октомври 2023 Прегледи: 2.305 Бурата Даниел во септември во Грција на некои места истури и до девет пати поголеми количини вода отколку што наврнаа во катастрофалното невреме во скопско во 2016-та година кога загинаа над 20 лица. Во бурата во Грција загинаа десетина лица, а уништи голем дел земјоделското земјиште и производството на храна кај нашиот ...
Светиниколски Геоглиф – свето место или воен ров? 2 јануари 2024 Прегледи: 898 Геоглифот во околината на Свети Николе, случајно откриен откако сателитските снимки станаа широкодостапна алатка за користење, и после десетина и нешто години останува непознаница која одвреме – навреме ја разбранува јавноста, но и квазистручната, стручната и научната фела. Во изминатиот период се направени неколку истражувања од различни научници, квазинаучници, ...
2024 – последна шанса за зачувување на животната средина во Македонија 30 декември 2023 Прегледи: 7 Писмо од уредникот Аман сте запнале со тоа екологијата! Зар не гледате што се случува! – ова е просечниот став и позиција на темата заштита на животната средина, на прагот од втората половина на третата декада од 21-иот век во Македонија. Се чини дека помеѓу денешната состојба и решавањето на проблемите со животната средина не делат километри, ...
Скопската магла ги проголта ветувањата за еко-држава 28 декември 2023 Прегледи: 3 Најголем дел од ветувањата од владината програма за заштита на животната средина се само желби и за следната година. Тогаш, според предвидувањата утврдени во програмата е последниот рок за исполнување на клучните зелени проекти. Еко-активистите и граѓаните со право се сомневаат во можен пресврт во изборна година, со оглед дека цели шест години најголем дел од ...
Јагленот е најевтин, но загадувањето и последиците од него се најголеми 6 декември 2023 Прегледи: 24 Јагленот е седиментна карпа која може да генерира електрична енергија. Тоа е најевтиното и најдостапното фосилно гориво. Главно се произведува во Кина, Индија и Азија. Најголемиот дел од производството на електрична енергија во Македонија се потпира токму на јаглен. Во оваа епизода зборуваме за некои негови значајни предности и недостатоци. ...
Биоразградливи кеси кај нас не постојат бидејќи се многу скапи 28 ноември 2023 Прегледи: 1.121 Со забраната за кесите за една употреба од 2021 година, најтенките кеси требаше да ги снема, а на нивно место да се појават алтеративи. Две години подоцна, овие кеси ги има насекаде, а алтернативите ги снема по кратко време. Проценката е дека во Македонија дневно се употребуваат и фрлаат над 3 милиони кеси за една употреба. Зошто тие се штетни по ...
Моноспитовско Блато – мочуриште што умира 19 декември 2023 Прегледи: 0 Моноспитовско Блато е последното мочуриште во Македонија. Сместено е во плодната струмичка котлина под планината Беласица, крај селото Моноспитово. Неговата површина просечно изнесува околу 400 хектари. Блатото е вистинско засолниште за ендемични видови на флора и фауна, но неговата биолошка разновидност е многу малку проучувана и во голем дел непозната. Иако од 1987 година ...