
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



ИСТАНБУЛ (АА) - Меѓународниот саем за одбранбена индустрија (IDEF 2025) во Истанбул, на кој се претставени домашни производи, стана глобален фокус на внимание, изјави генералниот директор на Фондацијата на Турските вооружени сили (TSKGV), Билал Топчу, јавува Анадолу. „Најважниот показател за тоа е рекордното учество на странски делегации на саемот“, рече Топчу на свеченото отворање на 17-тото издание на шестдневниот саем, што започна вчера и се ...
ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД и Јапонија постигнале „огромен“ трговски договор, кој, според него, претставува „најголемиот договор некогаш склучен“, јавува Анадолу. „Штотуку постигнавме 'огромен' договор со Јапонија, можеби најголемиот договор досега“, напиша Трамп на неговата платформа „Трут соушал“. „Јапонија, по моја наредба, ќе инвестира 550 милијарди долари во САД, при што Америка ќе добие 90 % од ...
СКОПЈЕ (АА) – Вулканот Марапи, лоциран во областа Танах Датар во западна Суматра, еруптираше денес, исфрлајќи вулкански пепел на приближно 1,6 километри височина, јавува Анадолу. Според локалните власти, вулканот повторно е активен по првата ерупција забележана на 3 декември 2023 година, при што досега се регистрирани вкупно 458 ерупции. Од безбедносни причини, секое приближување и активност во радиус од 3 километри од местото на ерупцијата се ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја повтори поддршката за својот сириски колега, ветувајќи дека нема да го остави Ал-Шара сам, ја отфрли фрагментацијата во Сирија, и обновата на земјата разурната од војна ја нарече корисна и за Турција, јавува Анадолу. „Во време кога дури и неочекувани актери се здружуваат за Сирија, клучно е да му се објасни на светот дека Израел ги попречува напорите за враќање на стабилноста“, изјави ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за одбрана, Јашар Ѓулер, и британскиот секретар за одбрана, Џон Хили, денес потпишаа меморандум за разбирање (MoU) за прифаќање на Турција како оператор на „Еурофајтер тајфун“, јавува Анадолу. Според Министерството за национална одбрана на Турција, Меморандумот за разбирање беше потпишан за време на 17-от Меѓународен саем за одбранбена индустрија (IDEF) во Истанбул. „Министрите за одбрана денес заеднички ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Сириската Влада побара официјална поддршка од Турција за зајакнување на одбранбените капацитети и борбата против терористичките организации, особено ДЕАШ, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, јавува Анадолу. „Во согласност со барањето, во тек се напорите за пружање обука, консултации и техничка поддршка за подобрување на одбранбените капацитети на Сирија“, соопшти Министерството. „Примарната цел на Турција е ...
СКОПЈЕ (АА) – На Меѓународниот саем за одбранбена индустрија (IDEF) 2025, што се одржува во Истанбул, беше одржана воена парада на која учествуваа бројни домашно произведени одбранбени воздушни, копнени и поморски возила, јавува Анадолу. На парадата беа презентирани првиот турски суперсоничен борбен авион „Хурџет“ и турскиот авион од следната генерација за пробно летање „Хуркуш“. Двата модела изведоа демонстративни летови. На саемот исто така ...
СКОПЈЕ (АА) – Соленото Езеро во централна Турција ова лето повторно се обои во розова боја, природен феномен што привлекува бројни домашни и странски туристи, јавува Анадолу. Сместено на пресекот меѓу областите Коња, Анкара и Аксарај, езерото секоја година во летниот период ја менува својата боја како резултат на природни процеси поврзани со алгите и халобактериите во водата. Со порастот на температурите и соленоста во текот на летото, алгите во ...
ЖЕНЕВА (АА) - Шефот за човекови права на Обединетите нации (ОН), Волкер Турк, денес остро предупреди на најновите напади и копнени операции на Израел во Деир ел-Балах, Газа, велејќи дека новиот бран наредби за раселување и нападите ја влошуваат веќе катастрофалната хуманитарна криза, јавува Анадолу. „Најновите израелски наредби за раселување, проследени со интензивни напади врз југозападен Деир ел-Балах, во Појасот Газа, додадоа уште поголема ...
СКОПЈЕ (АА) - Гладните Палестинци се упатија кон центарот за дистрибуција на помош во јужниот дел на Газа со надеж дека ќе добијат ограничена количина брашно, јавува Анадолу. Жителите на Газа пешачеа неколку километри за да стигнат до пунктот за дистрибуција на хуманитарна помош, кој се наоѓа јужно од Хан Јунис, каде што успеаја да добијат мали количини брашно. И покрај меѓународните повици за прекин на огнот, израелската Армија уби повеќе од ...
СКОПЈЕ (АА) – Градската жичница долга 10,6 километри, призната од Гинисовата книга на рекорди како најголема од ваков тип, нуди панорамски погледи на шареноликите населби во Мексико Сити, јавува Анадолу. Жичницата, која секојдневно превезува над 90.000 патници, поврзува некои од подрачјата кои се со ограничен пристап до услуги, го намалува времето за патување до работа и jа подобрува пристапноста. Жичницата претставува не само практично решение ...
КУМАНОВО (АА) - Турската машка кошаркарска репрезентација до 17 години ја совлада Северна Македонија во рамките на 18-от Летен европски младински олимписки фестивал (ЕМОФ 2025), јавува Анадолу. Натпреварот меѓу репрезентации на Северна Македонија и Турција во рамките на Групата А се одигра во Спортската сала во Куманово. Турција извојува победа над Северна Македонија со резултат 88:56. Најдобар стрелец на натпреварот беше Омер Кутлуај од Турција ...
ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот сенатор Линдзи Греам изјави дека Кина, Индија и Бразил наскоро ќе се соочат со последици поради нивните постојани набавки на руска нафта, јавува Анадолу. „Путин, твоето време доаѓа. Знаеш, Доналд Трамп е Скоти Шефлер на американската политика и надворешна дипломатија, и ќе ти одржи лекција каква што не си видел“, рече Греам, сојузникот на претседателот Доналд Трамп, во интервју за „Фокс њуз“. Греам посочи дека овие ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Раководството на АФП објави планови за евакуација на своите новинари кои работат во Газа, по предупредувањето од здружението на новинари за ризикот од глад поради тековната израелска блокада и воздушните напади, јавува Анадолу. „Нивните животи се во опасност и затоа ги повикуваме израелските власти да дозволат нивна итна евакуација заедно со нивните семејства“, напиша раководството на француската новинска агенција на platformata ...
ГАЗА/ИСТАНБУЛ (АА) - Петнаесет Палестинци, меѓу кои и четири деца, починаа од неисхранетост и глад во Појасот Газа во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство на Газа денес, јавува Анадолу. „Болниците во Газа пријавија 15 смртни случаи, вклучувајќи четири деца, поради глад и неисхранетост во последните 24 часа“, се вели во соопштението на Министерството. Со најновите смртни случаи бројот на починати лица од глад од октомври 2023 ...
СКОПЈЕ (АА) - Хуманитарна организација им подели храна на Палестинците кои се борат да дојдат до неа бидејќи речиси ја нема поради израелската блокада на Појасот Газа и тековните напади, известува Анадолу. Храната беше поделена во градот Газа и беше пречекана од голем број Палестинци од сите возрасти. Рос Смит, директор на Светската програма за храна (СПХ) за подготвеност и одговор за итни случаи, за ситуацијата во Газа претходно објави: ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Кремљ денес соопшти дека Москва се надева дека следната рунда обновени мировни преговори меѓу Русија и Украина ќе се одржат оваа недела. „Се надеваме дека преговорите ќе се одржат оваа недела. Штом ќе бидеме подготвени, ќе објавиме соопштение во врска со времето“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите за време на брифингот за медиумите. Велејќи дека руската страна не очекува „чудесни пробиви“ во преговорите, ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес изјави дека му наложил на Андриј Јермак, шефот на претседателскиот Кабинет, да ја формира делегацијата на Киев за следните мировни преговори меѓу Русија и Украина во Истанбул, јавува Анадолу. „Делегацијата ќе ја предводи (секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана) Рустем Умеров, а ќе бидат вклучени претставници на украинското разузнавање, Министерството за надворешни ...
ВАШИНГТОН (АА) – „Си-ен-ен“ објави ексклузивен извештај со новооткриени архивски фотографии и видеа кои ја прикажуваат поранешната врска помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и озлогласениот финансиер и сексуален престапник Џефри Епстин, јавува Анадолу. Во извештајот беа прикажани фотографии од присуството на Епстин на свадбата на Трамп со Марла Мејплс во 1993 година во хотелот „Плаза“ во Њујорк. Дополнително, видеоснимка од моден настан ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Лидерот на израелската опозиција, Јаир Лапид, вчера повика на блокирање на напорите на Турција за купување на борбените авиони „Еурофајтер тајфун“ од Велика Британија и Германија, тврдејќи дека Турција сака да постигне паритет со Израел во воздушниот простор, јавува Анадолу. Обвинувајќи ја Владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека не го спречила договорот, Лапид, лидерот на главната опозициска партија во Израел, Јеш ...
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за економија и труд на Северна Македонија, Бесар Дурмиши, денес оствари средба со официјална делегација на Република Азербејџан, предводена од министерот за економија Микаил Џабаров, по повод одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји, пренесува Анадолу. „Вашата посета денес не е само дипломатски гест туку симболичен и суштински момент. Оваа годишнина е повод за паметење, но ...
СКОПЈЕ (АА) – Вкупно 38 пожари на отворен простор се евидентирани во текот на изминатото деноноќие во Северна Македонија, од кои шест сè уште се активни, пет се ставени под контрола, а останатите 27 се целосно изгаснати, информираше утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК), јавува Анадолу. Најкритичната состојба е во општините Василево, Радовиш и Берово, каде што пожарите го зафатија пределот околу селата Нивичино, Мал Готен и Малешевските ...
ИСТАНБУЛ / АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека секој што молчи за геноцидот во Газа е „соучесник во злосторствата против човештвото“ извршени од Израел, јавува Анадолу. „Турција ќе продолжи да го држи на агендата на целото човештво геноцидот на Израел врз народот во Газа, кој далеку го надминува оној на нацистите“, изјави Ердоган, говорејќи на церемонијата за отворање на Меѓународниот саем за одбранбена ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес изјави дека Турција ќе го смета секој обид за поделба или дестабилизација на Сирија како директна закана за нејзината национална безбедност и дека ќе интервенира во тој случај, јавува Анадолу. „Израел води политика со која сака да го ослаби регионот и да го задржи во хаос“, рече Фидан на заедничката прес-конференција со неговата колешка од Салвадор, Александра Хил, во ...
СКОПЈЕ (АА) - Во рамки на 18-от Летен европски младински олимписки фестивал (ЕМОФ) 2025 денес се одржа натпреварот меѓу турската и словенечката одбојкарска репрезентација во женска конкуренција до 19 години. Турската селекција оствари победа со резултат од 3:0 во сетови, јавува Анадолу. Натпреварот од групата А се одигра во Спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје. Репрезентацијата на Турција победи со резултат 3:0, по сетови 25:17, 25:21 и ...
БЕРЛИН (АА) - Германскиот производител на автомобили „Мерцедес-Бенц“ ќе повлече приближно 223.000 комерцијални возила низ светот поради проблеми со воздушните перничиња, известува Анадолу. Според веста објавена на веб-страницата на Германската федерална агенција за моторни возила, „Мерцедес-Бенц“ ќе повлече 223.000 возила низ светот, од кои 60.246 во Германија. Во објавата се наведува дека патниците во моделите на комбињата „виано“ и „вито“, ...
ДАКА (АА) – Тренажен авион на Военото воздухопловство на Бангладеш денес падна врз зграда на училиштето„Мајлстоун Скул енд Колеџ“ во главниот град Дака, при што загинаа најмалку 19 лица, соопштија од Противпожарната служба, јавува Анадолу. Според официјалните информации, повеќе од 100 лица, главно, студенти и вработени на кампусот, се здобиле со изгореници и се хоспитализирани. Меѓу повредените е и пилотот, кој бил единствен член на екипажот во ...
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 59.029 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека 134 тела се донесени во болниците во последните 24 часа, а 1.155 лица се повредени, со што вкупниот број повредени во израелските напади се искачи на 142.135. „Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата ...
СКОПЈЕ (АА) – Шумскиoт пожар што избувна вчера меѓу градовите Трапани и Сан Вито Ло Капо во западниот дел на Сицилија продолжи да гори во текот на ноќта, уништувајќи хектари со ниска вегетација, јавува Анадолу. Силниот топлотен бран што ја зафати Европа предизвика серија шумски пожари и ги активираше итните служби во повеќе земји, при што илјадници граѓани се засегнати и наложени се евакуации и затворања. Во Италија се очекува нов екстремен бран ...
ИСТАНБУЛ (АА) – Американскиот специјален претставник за Сирија, Том Барак, денес изјави дека договорот за прекин на огнот меѓу Израел и либанската група Хезболах „не успеал“, јавува Анадолу. „Најважно е дека имате договор за прекин на непријателствата што е на сила – но тој не функционира, нели? Затоа сега сите се обидуваме да ги откриеме причините зошто не успеа“, изјави Барак пред новинарите во Бејрут. Конфликтот меѓу Израел и Хезболах, кој ...