ИСТАНБУЛ (АА) - Турција денес ја нагласи потребата од прекин на борбите во Сирија и враќање на стабилноста во регионот, информираа дипломатски извори, известува Анадолу. Министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, во телефонски разговор со својот американски колега, Марко Рубио, истакна дека Турција под никакви околности нема да дозволи терористичките организации да ја злоупотребат ситуацијата во јужна Сирија. Двајцата министри ...

СКОПЈЕ (АА) - Осумнаесеттото издание на Летниот европски младински олимписки фестивал (ЕМОФ 2025) продолжува во Северна Македонија. Во досегашните натпревари селекциите на Италија освоија 14 медали, јавува Анадолу. На третиот ден од натпреварите во различни дисциплини во рамките на ЕМОФ 2025, Италија досега освои 14 медали, од кои шест златни, четири сребрени и четири бронзени. По Италија е Шпанија со 10 медали, поточно два златни, пет сребрени ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Турската одбранбена компанија „Аселсан“ ги претстави новите системи што ќе бидат интегрирани во мултислојниот систем за воздушна одбрана на Турција познат како „Челична купола“, на годинашниот Меѓународен саем за одбранбена индустрија (IDEF 2025) што се одржува во Истанбул, јавува Анадолу. Генералниот директор на „Aселсан“, Ахмет Акјол, изјави дека компанијата развила повеќе нови електромагнетни производи, вклучувајќи го и ...

СКОПЈЕ (АА) – Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, во рамките на работната посета на Грција денес се состана со шефот на грчката дипломатија, Јоргос Герапетритис, јавува Анадолу. Двајцата министри, како што беше истакнато, изразија задоволство од средбата во период кога двете земји посветено работат на унапредување на билатералните односи. Муцунски и Герапетритис имаа отворен разговор и ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Турската одбранбена компанија БМЦ ги претстави своите најнови копнени воени возила на Меѓународниот саем за одбранбена индустрија (IDEF) 2025, кој се одржува во Истанбул, јавува Анадолу. „Во областа на одбранбената индустрија за копнени возила досега претставивме многу иновации и ќе продолжиме со тоа. Навистина, на овој саем првпат претставивме три нови возила“, изјави Фуат Тосјали, претседател на Управниот одбор на БМЦ. „Како ...

АНКАРА (АА) - Бидејќи температурите остануваат многу високи низ цела Европа, особено во земјите на брегот на Медитеранот, многу земји се борат со тековните шумски пожари и ризиците што тие ги создаваат, известува Анадолу. Температурите што надминуваат 40 степени Целзиусови го нарушуваат секојдневниот живот во регионот, а се издаваат предупредувања дека ризикот од шумски пожари предизвикани од овие високи температури ќе продолжи и во наредните ...

ГАЗА / ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 23 Палестинци се убиени, а десетици се повредени во израелските напади врз Појасот Газа ова утро, изјавија медицински извори за Анадолу. Израелската артилерија ги гранатираше цивилите што чекаа помош во близина на областа Зиким, во северниот Појас Газа, убивајќи 9 Палестинци и повредувајќи десетици. Четири лица, меѓу кои и една жена, се убиени во израелски напад со беспилотно летало врз шатор во кој биле засолнети ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Денес Турција, заедно со 9 други земји од Арапската лига и Организацијата за исламска соработка (ОИС), остро го осудија одобрувањето на таканаречениот „израелски суверенитет“ над Западниот Брег од страна на израелскиот Кнесет, известува Анадолу. Турското Министерство за надворешни работи објави соопштение во кое наведе дека страните, вклучувајќи ги Бахреин, Египет, Индонезија, Јордан, Нигерија, Палестина, Катар, Саудиска Арабија ...

ИДЛИБ (АА) – Најмалку пет лица загинаа, а 63 други се повредени во повеќекратни експлозии што се случија денес во магацин за оружје во покраината Идлиб, северна Сирија, известува Анадолу. Околу 15 експлозии се случија од непознати причини во магацин за оружје и муниција во градот Кафрија, во северната рурална област на Идлиб, информираа локални извори. Здравствени службеници соопштија дека повредените се префрлени во најблиските болници. Од ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Повеќе од 60 членови на Европскиот парламент (европратеници) денес побараа итен состанок за да се поттикне акција против Израел во писмо испратено до шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, известува Анадолу. Марк Ботенга, белгиски европратеник од групата на левицата, на платформата X објави дека ѝ пишале на Калас, барајќи веднаш да се свика итен состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ за да се предложи акција ...

АНКАРА (АА) - Кинескиот претседател Си Ѓинпинг денес изјави дека Европската Унија треба „да донесе правилни стратегиски одлуки“, и ги повика врвните лидери на блокот да ги зајакнат „довербата и комуникацијата“ во услови на глобална неизвесност, објави државната телевизија ЦЦТВ, јавува Анадолу. Во воведното обраќање на 25. самит ЕУ-Кина што започна во Големата народна сала во Пекинг, Си рече дека кинеските и европските лидери треба да ги исполнат ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Палестинското Министерство за надворешни работи објави дека гласањето и повикот во израелскиот Парламент за анексија на окупираниот Западен Брег претставуваат нова објава на војна против палестинскиот народ, известува Анадолу. Министерството за надворешни работи издаде соопштение во кое го осуди гласањето во израелскиот Парламент. Во соопштението се нагласува дека повикот на израелскиот Парламент за анексија „е нова објава на ...

АНКАРА (АА) - Според првичните информации, деветмина цивили се убиени, а 14 се повредени на тајландска страна во судир на спорната граница меѓу Тајланд и Камбоџа, известува Анадолу. Судирите избувнаа рано утринава во близина на кмерски храм на тајландско-камбоџиската граница. Кралската тајландска армија (КТА) изјави дека камбоџиските војници први отвориле оган. КТА информираше дека шест лица се убиени во покраината Сисакет, две во покраината ...

АНКАРА (АА) – Тајландски и камбоџиски трупи се судрија денес во спорната погранична област, при што двете страни се обвинија меѓу себе за иницирање на најновата ескалација, јавуваат официјални извори и локални медиуми, јавува Анадолу. Според информациите на „Таи енјвајрер“, тајландската армија распоредила борбен авион Ф-16 против камбоџиските вооружени сили откако тензиите поради граничниот спор кулминираа со судири во кои досега загинаа ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Русија денес соопшти загинале сите патници при падот на патничкиот авион „Антонов Ан-24“ исчезнал од радарот за време на летот во регионот Амур на Далечниот Исток во земјата, јавува Анадолу. регионот Амур на Далечниот Исток, животот го загубиле сите патници. Гувернерот на Амур, Василиј Орлов, на Телеграм напиша дека авионот се движел од административниот центар на регионот, Благовешченск, кон градот Тинда пред да исчезне од ...

СУВЕЈДА (АА) - По судирите што започнаа на 13 јули во покраината Сувејда во Јужна Сирија, 500 луѓе заглавени во областите контролирани од групи поврзани со водачот на Друзите, Хекмат ал-Хаџри, се евакуирани, известува Анадолу. Евакуирани се цивили од Сувејда во третата евакуација, по договорите за прекин на огнот и евакуација постигнати меѓу Министерството за внатрешни работи на Сирија и духовниот водач на Друзите, Хекмат ал-Хаџри. Цивилите од ...

СКОПЈЕ (АА) - На плажата во крајбрежниот природен парк во градот Давултепе, во јужната турска област Мерсин, малите главести желки (Caretta caretta) ги направија своите први чекори кон Медитеранот по завршувањето на двомесечниот период на инкубација, јавува Анадолу. Женките од овој загрозен вид морски желки секоја година излегуваат на брегот во овој дел на Турција за да ги положат своите јајца во песокот. По околу 60 дена новородените желки ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Кремљ денес соопшти дека делегацијата на Москва за обновените мировни преговори меѓу Русија и Украина заминала за турската метропола Истанбул на разговорите закажани подоцна во текот на денот, јавува Анадолу. „Нашата делегација замина за Истанбул и навистина преговорите се планирани за вечерва“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите на брифингот за медиумите. „Ова ќе биде трета рунда обновени разговори меѓу ...

ТИРАНА (АА) - Албанската фудбалска федерација е казнета и наредено ѝ е следниот натпревар да го игра со најмалку 20 проценти од капацитетот на стадионот затворен за публиката, поради однесувањето на навивачите за натпреварот Албанија-Србија што се одигра на 7 јуни, пренесува Анадолу. Во соопштението на Албанската фудбалска федерација се наведува дека федерацијата официјално е известена од ФИФА за дисциплинската одлука по натпреварот ...

СКОПЈЕ (АА) – На маргините на Саемот за воена индустрија IDEF 25 во Истанбул министерот за одбрана на Северна Македонија, Владо Мисајловски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се сретнаа со министерот за национална одбрана на Република Турција, Јашар Ѓулер, пренесува Анадолу. Како што се вели во соопштението на Министерството за одбрана на Северна Македонија, на средбата е истакната долгогодишната активна одбранбена соработка ...

СКОПЈЕ (АА) – Стотици демонстранти се собраа вчера на „Јунион Сквер“ во Њујорк, барајќи од САД да преземат конкретни чекори за обезбедување итна и неограничена хуманитарна помош за Газа, јавува Анадолу. Демонстрантите извикуваа слогани и носеа транспаренти со пораки за солидарност со палестинскиот народ, нагласувајќи ја итноста на интервенцијата поради тешката хуманитарна состојба предизвикана од конфликтот. Тие држеа транспаренти на кои ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Уште десетмина Палестинци починаа од глад и неисхранетост во Појасот Газа во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство денес, јавува Анадолу. „Болниците во Газа регистрираа 10 нови смртни случаи поради глад и неисхранетост во изминатиот ден“, се додава во соопштението на Министерството. „Со најновите смртни случаи бројот на починати од глад од октомври 2023 година досега се искачи на 111“, додаде Министерството. Од ...

АНКАРА (АА) – Турската компанија „Казанџи Холдинг“ потпиша меморандум за разбирање вреден 1 милијарда евра со Владата на Република Северна Македонија, кој има за цел зајакнување на енергетската инфраструктура на земјата, намалување на загадувањето на воздухот и намалување на трошоците за енергија, јавува Анадолу. Во соопштение на компанијата, која е главно активна во енергетскиот сектор, инвестицијата што ќе ја спроведат компаниите од ...

СКОПЈЕ (АА) - Преку апел, Агенција Анадолу ги осуди постапките на израелската Влада кон Газа, кои ги опишува како „свесно претворени во геноцид“ од октомври 2023 година, привлекувајќи внимание на опасноста со која се соочуваат новинарите што известуваат од палестинската енклава. Во соопштението објавено од новинската агенција, насловено како „Апел во врска со новинарите што се изложени на ризик од глад во Газа“, се наведува дека се убиени ...

СКОПЈЕ (АА) - 18-тото издание на Летниот европски младински олимписки фестивал (ЕМОФ 2025) продолжува во Северна Македонија. Во досегашните натпревари селекциите на Шпанија освоија најголем број медали, јавува Анадолу. Денес е вториот ден од натпреварите во различни дисциплини на ЕМОФ 2025. Шпанија е најуспешна земја со освоени 7 медали, од кои два златни, три сребрени и два бронзени. Зад Шпанија е Италија со 4 медали, од кои еден златен, два ...

СКОПЈЕ (АА) - Преку апел, Агенција Анадолу ги осуди постапките на израелската Влада кон Газа, кои ги опишува како „свесно претворени во геноцид“ од октомври 2023 година, привлекувајќи внимание на опасноста со која се соочуваат новинарите што известуваат од палестинската енклава. Во соопштението објавено од новинската агенција, насловено како „Апел во врска со новинарите што се изложени на ризик од глад во Газа“, се наведува дека се убиени ...

ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека напорите на САД и Израел за ставање крај на нуклеарната програма на Техеран се „залудни“, нарекувајќи ја „илузија“ идејата за нејзино прекинување и најавувајќи продолжување на збогатувањето на ураниумот во рамките на меѓународното право, објави денес полуофицијалната иранска агенција Тасним, пренесува Анадолу. „Овие напори се засноваат врз илузија“, рече Пезешкијан во ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку седум лица, вклучувајќи деца, бремена жена и нејзиното неродено дете, беа убиени, а неколку други повредени во израелски воздушен напад извршен во текот на ноќта врз стан во населбата Тел ал-Хава во градот Газа рано утринава, според официјалната палестинска новинска агенција ВАФА, јавува Анадолу. Одделно, израелските сили нападнаа амбулантно возило во близина на болницата за рехабилитација „Хамад“ во северозападниот дел ...

ИСТАНБУЛ (АА) – Кина денес ја критикуваше одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да се повлече од УНЕСКО, јавува Анадолу. „Ова не е она што треба да го прави една голема земја“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун, на прес-конференција во Пекинг, кога беше прашан за одлуката на Вашингтон, која стапува на сила на 31 декември 2026 година. Изразувајќи „цврста“ поддршка за УНЕСКО, Гуо рече дека ...

ИСТАНБУЛ (AA) - Во Истанбул е отворен 17. Меѓународен саем за одбранбена индустрија (IDEF 2025), известува Анадолу. Домаќин на 17. Меѓународен саем за одбранбена индустрија (IDEF 2025), кој се одржува во Истанбулскиот изложбен центар (IFM), е Министерството за национална одбрана на Турција, а организатор на настанот е KFA Fair Organization Inc., кој се спроведува со поддршка на турското Претседателство на одбранбените индустрии, под управување и ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.63
74%
1014
weather icon

Белград

18ᴼ / 16ᴼ
2.57
80%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 12ᴼ
0.0
76%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
68%
1015
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.74
72%
1014
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
92%
1018
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
1.79
65%
1008
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
77%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
5.14
46%
1013
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
2.24
82%
1013
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
0.89
71%
1015
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.18
77%
1010
Currency

61.56

Currency

53.3066

Currency

71.1701

Currency

34.6055

Currency

38.6599

Currency

66.1266

Currency

7.42752

Currency

0.65049

Currency

0.35977

Currency

0.52492

Currency

1.31354

Currency

0.60958

Алуминиум

2.71

Иридиум

148831.87

Кобалт

42.99

Никел

14940.00

Рутениум

25656.30

Калај

33.77

Сребро

1224.45

Злато

107116.67

Бакар

11.28

Паладиум

40574.24

Платина

45476.29

Родиум

225858.99

Цинк

2.79