
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Горивата се берзански производ на кој не можеме да имаме апсолутно никакво влијание, изјави министерката за финансии Гордана Димитриоска Кочоска, по најавите за зголемување на цените на бензините и дизелот. Владата, вели таа, ќе ја следи ситуацијата, а како што додаде, засега цените не се премногу високи. „Ќе следиме што се случува. Сме имале години кога сме имале многу високи цени, сега немаме премногу висока цена на горивата, но да видиме што ...
Сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија го добива новиот селектор. Марјан Илиевски е нов предводник на кошаркарите и ќе ја има својата промоција пред јавноста. Прес-конференцијата, на која официјално ќе биде претставен новиот селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија и неговиот стручен тим ќе биде одржана на ден 17. јуни (вторник), од 12.часот, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. На овој собир, учество ќе ...
Израел и Иран ги продолжија меѓусебните напади, додека лидерите на Групата седуммина почнаа да се собираат во Канада на самит за кој се очекува да се разговара за борбите и начините за спречување на понатамошна ескалација на конфликтот. Војната во Украина, исто така, ќе биде на дневен ред на тридневниот состанок на лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД во Кананаскис, Канада.Украинскиот претседател ...
Европската Унија има за цел да соработува со Соединетите Држави за да спречи нагло зголемување на цените на енергијата предизвикано од конфликтот меѓу Израел и Иран, пренесува ДПА. Зборувајќи пред официјалниот ден на отворање на самитот на Групата седум (Г7) водечките индустријализирани демократии во Канада, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера изјави дека разговарала за ова прашање со американскиот претседател ...
Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриоска Кочоска. Како што изјави за медиумите, клучните проекции, БДП и инфлацијата, остануваат исти. – Генерално, остануваме на истите бројки кои ги имавме од аспект на бруто домашен производ инфлација, истакна Димитриоска Кочоска, по презентацијата на Договорот за финансирање на заедничките активности, што ја ...
Новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо ги изложи барањата и очекувањата од играчите на „кралскиот клуб“ во иднина. Шпанецот кој го замени Карло Анчелоти, рече дека кај него не играат имиња, туку оние кои ќе се залагаат за секоја топка. Првиот натпревар како тренер на Реал, Алонсо ќе го има на 18. јуни против Ал-Хилал на Светското клупско првенство. „Оние кои нема да трчаат и нема да даваат се од себе, нема да играат. Имињата не се важни“, ...
Екстремниот глад сè повеќе ги погодува 13 жаришта низ целиот свет, а без итна хуманитарна помош, екстремен глад наскоро би можел да биде прогласен во Појасот Газа, Судан, Јужен Судан, Хаити и Мали, предупредува најновиот заеднички извештај на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации и Светската програма за храна. Во извештајот, насловен како „Жаришта на глад“, објавен денес, се вели дека конфликтот, економските шокови и ...
Оваа недела носи важни астролошки транзити кои ќе влијаат на сите знаци на Зодијакот. Марс во Девица ги поттикнува практичноста, организираноста и посветеноста на деталите, додека влегувањето на Сонцето во Рак ни носи енергија за внатрешна грижа, поврзување со семејството и емотивна стабилност. Квадратите со Сатурн и Нептун предупредуваат на можни конфузии и дилеми, па ова е време за трпеливост, искреност и прифаќање на реалноста со јасен ум. ...
До крајот на годината, играчките какви што ги знаеме би можеле да бидат минато. „Мател“, компанијата најпозната по производството на кукли Барби, се согласи на стратешко партнерство со „ОпенАИ“. Како што објави „Мател“, договорот вклучува дизајн, развој и лансирање на „револуционерни искуства за фановите ширум светот“. Со искористување на технологијата на OpenAI, Mattel ќе ја донесе магијата на вештачката интелигенција во искуствата со играње ...
Во духот на спортот и тимската енергија, традиционално се одржа деловната трка на 5 км, „Croatia Osiguruvanje Business Run 5K 2025″, на која Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беше горд домаќин. Стартот и финишот беа поставени пред болницата, каде што се собраа стотици учесници од најразлични компании, обединети со иста цел – промоција на здрави навики, деловно дружење, забава и тимска поврзаност. Оваа трка, која секоја година ги зближува ...
Сѐ уште не може да се каже конкретно дали воениот конфликт меѓу Израел и Иран ќе предизвика ценовен шок, рече денеска претседателката на Центарот за микро, мали и средни претпријатија во Комората Габриела Кулебанова. Во однос на новите мерки што ги најави премиерот, Кулебанова го повтори ставот на бизнисот, дека треба да се почитуваат пазарните услови на работење. -Имаме последователни кризи. Војните траат, но во моментов за ценовен шок не ...
Двегодишно девојче почина од електричен удар додека си играло на трамболина. Несреќата се случила во шпанскиот град Алкериас, во општината Мурсија, на забавен парк на локалниот панаѓур, каде што деновиве се слави празникот на светецот-заштитник на градот. Како што пренесуваат локалните портали, медицинските екипи еден час безуспешно се обидувале да го реанимираат. Покрај несреќното девојче, повредени се уште три деца, на возраст од 8, 11 и 12 ...
Ал Хилал не се откажува од доведувањето на Виктор Осимен, зголемувајќи ја својата понуда за да го убедат да им се придружи. Откако нигерискиот напаѓач на Наполи одби 30 милиони евра по сезона, клубот од Саудиска Арабија сега ја зголеми понудата на 50 милиони евра годишно. Второпласираниот клуб во последната сезона од Саудиската професионална лига е подготвен да ја активира клаузулата во договорот на Осимен и да му ги плати на Наполи бараните 75 ...
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, изјави дека е среќен за победата на трката во Формула 1 во Канада, но и за првиот пласмн на подиумот на неговиот клупски колега, Андреа Кими Антонели. „Прес одличен ден за целиот тим. Благодарност до сите во тимот кои работеа напорно за да нè вратат во конкуренција за победи. Тоа е фантастично чувство“, рече Расел. На патеката во Монтреал, Расел го забележа четвртиот триумф во својата кариера, воедно и прв за ...
Вкупно 22 лица досега побарале асистенција за напуштање на територијата на Израел и враќање во Македонија. Станува збор за државјани на Македонија, како и членови на нивните потесни семејства, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Оттаму додаваат дека во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање во земјата. -Напоменуваме ...
Истражителите ја пронајдоа втората црна кутија од авионот „Боинг 787-8 Дримлајнер“ на „Ер Индија“ што минатиот четврток се урна во западна Индија кратко по полетувањето, што е клучен чекор во откривањето на причината за несреќата. Истражителите синоќа го пронајдоа снимачот на гласови од пилотската кабина, кој ги снима звуците од пилотската кабина, вклучувајќи разговори на пилотите и аларми, објави Би-Би-Си. Црната кутија, која ги снима клучните ...
Тројца планинари загинаа од гром за време на бура во австриските Алпи во регионот Тирол, соопшти полицијата во понеделник. Двајца браќа, на возраст од 60 и 62 години, и сопругата на еден од нив загинаа, најверојатно сите од ист удар од гром, изјави портпаролот на полицијата во западниот австриски град Ландек, според Ројтерс. Несреќата се случила вчера попладне додека тројцата планинари се искачувале на врвот Митагшпиц, во близина на селото ...
„ЈО е селективно во однос на постапките за аудито од 130 000 евра поклон на Венко Филипче од фирмата Зобек мининг груп која пак добила тендер за набавка на јаглен за ЕСМ, а за ист случај веќе има отворено постапка за Пеце Мирчевски“, велат денеска од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата додаваат: „Сопственикот на Зобек Мининг фирмата која го купува возилото за Филипче за медиумите самиот потврдува дека тој го зема џипот на лизинг и подоцна му го дава на ...
Поради детонации од ирански ракети имало помали оштетувања на Амбасадата на САД во Тел Авив, информира амбасадорот Мајк Хакаби. Според неговата објава на платформата Икс, нема повредени американски лица. Хакаби во објавата додава дека Амбасадата и Конзулатот на САД во Израел денеска ќе останат затворени од безбедносни причини. Исто така, тој додава дека останува во сила наредбата за криење во засолништа. Our @usembassyjlm US Embassy in Israel ...
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се обидуваа да ја сокријат вистината за Кочани и да ги заштитат полициските функционери од власта од одговорност за трагедијата во Кочани“, велат од СДСМ. Во партиското соопштение се додава: „Наместо да побараат одговорност од полициските службеници и началници поставени од нив, Тошковски и Мицкоски правеа сè за да ги заштитат. Целта на ВМРО-ДПМНЕ беше очигледна – да се спречи одговорноста да стигне ...
Денеска пред Министерството за внатрешни работи во 12 часот ќе се одржи протест поради одложеното рочиште за убиството на кучето Феликс. Протестот го организира граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ заедно со активистички здруженија и групи за заштита на животните од држава. -На 15 јуни во 12 часот ве повикуваме на мирен, но гласен и масовен протестен марш што ќе започне пред Министерството за внатрешни работи! Кога едно убиство — најтежок ...
Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против мајка и баба поради принудување малолетно лице да питачи. Кривична пријава е поднесена против Н.М.(28) од Струмица и Д.Д.(57) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете”. -На 4 овој месец во Дебар било затекнато детето на првопријавената како питачи, на главната улица „Елена Ѓика“, а кое таа го дала претходно на ...
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, изјави дека вчера во телефонски разговор му рекла на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека дипломатијата е најдоброто долгорочно решение за конфликтот со Иран. Но, Фон дер Лајен не повика на итен прекин на огнот, велејќи дека Иран дефинитивно не треба да има нуклеарно оружје. „Секако, мислам дека, на долг рок, преговорите се најдоброто решение“, додаде таа. Таа повтори дека ...
Глобалната економија ќе ја доживее најбавната деценија за глобален раст од 1960-тите, бидејќи ќе се почувствуваат ефектите од царините на Доналд Трамп, предвидува Светската банка. Речиси две третини од земјите во светот имаа намалени прогнози за раст во споредба со последниот сет на прогнози на банките пред шест месеци. Банката предвидува глобален раст од само 2,3% во 2025 година, што е за 0,4% пониско од предвиденото во јануари, а за 2027 ...
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Русија нема кредибилитет да посредува во конфликтот меѓу Израел и Иран, како што предложи американскиот претседател Доналд Трамп. Во интервју за Еј-би-си Њуз во неделата, Трамп рече дека е отворен за можноста Владимир Путин да ја преземе улогата на посредник меѓу Израел и Иран. Макрон јасно ја отфрли таквата идеја. „Не верувам дека Русија, која во моментов е вклучена во конфликт со висок ...
Израелската национална служба за вонредни ситуации, Маген Давид Адом(МДА) објави дека во ирански ракетни напади врз четири локации во Израел се убиени три лица. Според МДА, 74 лица се евакуирани, од кои 68 биле со лесни повреди. Спасувачките операции, додаваат оттаму, сè уште се во тек на две локации. Иранската револуционерна гарда соопшти дека во последниот напад врз Израел е употребен нов метод што предизвикал повеќеслојните одбранбени ...
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран во земјава денеска во 4:34 часот по локално време, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Епицентарот на земјотресот е лоциран на 9 километри североисточно од Охрид и на 66 километари од Елбасан во Република Албанија. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за евентуални штети. Освен во Охрид, земјотресот е почувствуван и ...
Сончево и топло време со мала локална облачност е прогонозата за денес од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде од 7 до 18 Целзиусови степени, а дневната од 24 до 34 степени. Во Скопје, денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 14 Целзиусови степени наутро до 34 ...
Под мотото „Мапирање на енергетската иднина на Западен Балкан“ во Скопје денеска започнува осмото издание на Македонскиот енергетски форум – MEF25, регионален настан посветен на енергетската транзиција и одржливиот развој на Западен Балкан. Форумот ќе ги обедини водечките имиња од политиката, индустријата, науката и граѓанскиот сектор, со цел да се поттикне дијалог и соработка за забрзување на енергетската трансформација во регионот. Воведно ...
Економијата се стабилизира од пустошот и хаосот кој го остави СДСМ после 7 години катастрофално менаџирање, лоши економски политики и отсуство на мерки и проекти, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „После 7 години откако СДС ја уништи економијата и го срози стандардот на граѓаните, од голем минус стопанството и трговијата во индустријата се стабилизираа. Индикаторите за првиот месец од вториот квартал се високи, што покажува дека состојбата е стабилизирана ...