Руското Министерство за надворешни работи останува отворено за дијалог со Стејт департментот, изјави портпаролката Марија Захарова по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе го откаже самитот со рускиот претседател. Кога станува збор за решавање на украинската криза, Москва претпоставува дека целите на СВО немаат алтернатива, нагласи таа, додавајќи дека новите санкции се контрапродуктивен чекор. „Кремљ ќе даде конкретен ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го поддржа патот на земјите од Западен Балкан кон Европската Унија. „Би сакал уште еднаш да нагласам: овие земји, кои ги нарекуваме земји од Западен Балкан, ни припаѓаат нам“, рече Мерц во Лондон во среда по конференцијата во рамките на таканаречениот Берлински процес. Германскиот канцелар им рече на претставниците на овие земји дека се добредојдени како членки на ЕУ. „Се однесуваме едни кон други како ...

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја нарече одлуката на Советот на Европската Унија за воведување забрана за купување руски гас од 1 јануари 2028 година „груба грешка“, а спроведувањето на филозофијата „од инает ќе си наштетам уште повеќе“. „Класична приказна за спроведувањето на филозофскиот концепт „од инает ќе си наштетам уште повеќе“. Европската Унија долго време дава приоритет на предизвикувањето ...

Три лица се уапсени во врска со истрага за наводни прекршоци според Законот за национална безбедност (NSA) 2023, соопшти лондонската полициска служба за борба против тероризмот. Мажите, на возраст од 48, 45 и 44 години, беа уапсени денес на адреси во западен и централен Лондон, додека претреси се вршат и на дополнителна локација во западниот дел на градот, објавува „Гардијан“. Полицијата вели дека осомничените се уапсени под сомнение за ...

До вчера течеа роковите за поднесување евентуални приговори за постапката на гласање и приговори за утврдување и сумирање на резултатите од гласањето, ДИК по истекот на законските рокови објавува за кои општини резулатите од гласањето се конечни. Од 44 општини за кои ДИК во понеделникот објави првични официјални резултати од гласањето за избор на градоналници, во меѓу време констатиравме дека од овие 44 општини во 11 општини се пристигнати ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио предупреди дека одобрувањето од страна на израелскиот парламент на закон за проширување на израелскиот суверенитет на Западниот Брег, потег што е еднаков на анексирање на територија што Палестинците ја сакаат за своја држава, би можело да го „загрози“ прекинот на огнот во Појасот Газа. „Мислам дека претседателот (Доналд Трамп) јасно стави до знаење дека ова е нешто што не можеме да го поддржиме во овој ...

Шкендија на Aрената „Тодор Проески“, го игра најважниот натпревар во својата историја и тоа против ирски Шелбурн (18.45 часот) во склоп на второто коло од Конференциската лига на УЕФА. За тетовци ова ќе биде првпат да бидат домаќини на натпревар од групната фаза на некое европско натпреварување, а истовремено и шанса за историја, бидејќи можат да станат првиот тим од Македонија што освоил бодови во ваков вид натпреварување. Досега единствен ...

Поранешниот француски претседател Никола Саркози, добил смртни закани од друг затвореник во парискиот затвор „Ла Санте“, каде во вторникот започна да ја отслужува својата петгодишна затворска казна, соопшти канцеларијата на јавниот обвинител во Париз, додавајќи дека е отворена истрага. „На 22 октомври 2025 година, директорот на затворот ‘Ла Санте’ го извести обвинителството во Париз за видео кое било споделено на социјалните мрежи, очигледно ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху остро се спротивстави на каква било улога на турските сили во Појасот Газа како дел од меѓународната мисија за следење на примирјето со Хамас според американскиот план. Неговиот цврст став јасно става до знаење дека Израел нема намера да дозволи дури ни симболично присуство на војската на земја што ја смета за непријателска. Американскиот државен секретар Венс рече дека Турција може да игра „конструктивна ...

Вештачката интелигенција и роботите ќе ги заменат сите работни места, а работата ќе биде прашање на избор на луѓето, објави денес американскиот претприемач и најбогат човек во светот, Илон Маск, на својата социјална мрежа X. Тој ја спореди ситуацијата со садење сопствен зеленчук и забележа дека работата, како и садењето, ќе стане нешто во што луѓето уживаат, а не нешто што им е потребно. Вака американскиот бизнисмен ја коментираше актуелната ...

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина гласаше против предлогот на Суад Арнаутовиќ за преиспитување на сертификацијата на СНСД за предвремени избори за претседател на Република Српска. Арнаутовиќ претходно изјави дека поднел такво барање по писмото на Сена Узуновиќ, во кое, меѓу другото, се бара спроведување на пресудата на Судот на Босна и Херцеговина на таков начин што Милорад Додик не може ниту да биде претседател на партијата. ...

Дмитриј Медведев, поранешен руски претседател и еден од најблиските соработници на Владимир Путин, жестоко реагираше на објавата на Министерството за финансии на САД за воведување санкции врз големите руски нафтени компании Роснефт и Лукоил. Во објава на Телеграм, Медведев тврди дека ова е објава на војна против Русија и дека американскиот претседател Доналд Трамп целосно се усогласил со Европа. „Ако некој од бројните коментатори сè уште имал ...

Британскиот премиер Кир Стармер го опиша Западен Балкан како европски „котел“, отворајќи го денеска самитот во Лондон, кој е главно фокусиран на решавање на предизвикот со миграцијата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ). Британскиот премиер е домаќин на лидерите на шесте земји од Западен Балкан – Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, додека Велика Британија се обидува да се договори за понатамошни мерки ...

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) вечерва излезе со детали за денешната акцијата насочена кон разбивање криминална група, чии членови се осомничени за кривичните дела лихварство и перење пари. Врз основа на кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи (МВР), чии единици денеска вршеа претреси на повеќе локации во Скопје, надлежен јавен обвинител на ОЈО ГОКК наредил отворање ...

Јас многупати кажувам дека мора да победуваме дома и тука немам никаква дилема, дека домашната задача е најважна, но мора да победуваме и во Лондон и во Брисел и во Париз и во Берлин и во Рим и во Вашингтон и во другите главни градови на земји-членки и на ЕУ, но и на влијателни држави во светот. Ќе се бориме за да ги браниме националните интереси и интересите на Македонија, генерално и на граѓаните. Иднината на државата е во рамките на ЕУ, тоа е ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја поддржа одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да не испорача ракети „Томахавк“ на Украина во нејзиниот конфликт со Русија, велејќи дека Трамп бил „апсолутно во право“ поради сложеноста и времетраењето на обуката потребна за користење на оружјето. По средбата со Трамп во Белата куќа, Руте објасни за CNN дека обуката на украинските сили за ова моќно оружје трае многу месеци и дека не е ...

Деветнесеттиот пакет санкции кон Русија има многу јасни точки поврзани со енергијата и финансиските институции, чија цел е да се лиши Москва од можностите за финансирање на војната во Украина, изјави денска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас пред почетокот на Самитот на Европската Унија во Брисел. – Среќни сме и за пораките што доаѓаат од Америка во врска со санкции кон Русија. Тоа е важен ...

Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Во честитката Гаши истакнува дека 23 Октомври не потсетува на стремежот за правата, еднаквоста и општествената организираност во едно значајно историско време. -Овој ден ни нуди можност да размислиме за патот што го поминавме како држава и за нашата заедничка посветеност кон подобра иднина за сите наши граѓани, ...

Во шаторската населба пред српскиот Парламент во Белград, каде што престојуваат „студентите кои сакаат да учат“, избувнал пожар, а се слушнало и пукање. Едно лице е повредено, едно е уапсено, а претседателот Александар Вучиќ најави вонредно обраќање. Според неофицијални информации, пукањето се случило во еден од шаторите, кога едно лице испукало неколку куршуми кон друго лице, погодувајќи го во ногата. Za sada po prvim informacijama gori ...

Премиерот на Косово во технички мандат, Албин Курти, изрази подготвеност неговата земја да ги прими барателите на азил кои беа одбиени од Обединетото Кралство, во замена за поддршка во областа на безбедноста. Курти, кој е во Лондон за Самитот на Берлинскиот процес, за британскиот весник „Тајмс“ изјави дека „сакаме да му помогнеме на Обединетото Кралство“. „Сметаме дека е наша пријателска и политичка должност. Имаме ограничен капацитет, но ...

Премиерот Христијан Мицкоски, кој ја предводи владината делегација во Лондон на Самитот за Западен Балкан – Берлински процес, попладневно информира дека потпишал Меморандум за разбирање со американско-британската компанија „Бурсток“, која што ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија. „Денеска потпишавме меморандум за разбирање со американско-британската компанија ‘Бурсток’, која што ќе инвестира во наменската воена индустрија ...

Во ноќта меѓу сабота и недела, на 26 октомври во 03:00 часот по полноќ, Македонија преминува на зимско сметање на времето. Стрелките на часовниците ќе се вратат еден час наназад, па 03:00 ќе стане 02:00. Со оваа промена, која се спроведува секоја есен според европскиот календар и владината одлука објавена во „Службен весник“, започнува периодот на пократки денови и подолги утрински светли часови. Поголемиот дел од дигиталните и паметни уреди ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека потегот на израелскиот парламент, Кнесетот, за анексирање на Западниот Брег би го загрозил планот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на конфликтот меѓу Израел и палестинското милитантно движење Хамас во Газа. „Тие го усвоија гласањето во Кнесетот, но претседателот (Трамп) јасно стави до знаење дека ова не е нешто што би го поддржале во овој момент. Сметаме дека има ...

Прозорецот за проширување на Европската Унија (ЕУ) сега е широко отворен. Ова е пораката што високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Каја Калас ја упати од Лондон, каде беше дел од Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес. „Денес во Лондон се сретнавме со нашите партнери од Западен Балкан за да ја продлабочиме нашата соработка во безбедноста, енергетиката и економијата. Проширувањето на ЕУ е ...

Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба. Кулминација на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија. Основите на ...

МВР информира дека денеска ќе има посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје поради одржување атлетска трка. Се работи за траса на движење од паркот „Жена борец“ преку Камени мост, улица „Иљо Војвода“, тротоарот на мостот „Гоце Делчев“ и по кејот на реката Вардар и обратно, за сообраќај ќе биде затворена улицата „Иљо Војвода“, пешачките површини и делот од кејот по кој ќе се движат учесниците во трката. Единицата за безбедност на патниот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го откажа планираниот самит со рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта, велејќи дека не верува оти разговорите ќе ги дадат посакуваните резултати. Трамп го објави ова за време на состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Белата куќа во четврток, велејќи дека планираниот самит во Унгарија „не ми се чинеше како што треба“. „Не чувствував дека ќе стигнеме таму каде што требаше да ...

Соединетите Американски Држави воведоа санкции врз руските нафтени гиганти „Роснефт“ и „Лукоил“. Американскиот претседател Доналд Трамп за првпат воведува санкции врз Русија откако се врати во Белата куќа и има за цел да ги намали клучните приходи од нафта што ја финансираат воената машина на Русија. Овој потег го означува најновиот пресврт на администрацијата на Трамп, од притисок врз Киев да се согласи на мировен договор до растечко ...

Основниот суд во Прилеп им определи мерка притвор на шестмина осомничени во случајот со злоупотреби во локалната болница „Борка Талески“, за кој прилепското Основно јавно обвинителство денеска отвори истрага. На 19 осомничени, како што потврдила претседателката на прилепскиот Основен суд Јасмина Шишовска за МИА, им се одредени мерки на претпазливост, додека на седум фирми опфатени во истрагата судот им забранил да учествуваат во постапки за ...

Вчеравечер, во присуство на бројни гости, претставници од медицинската фела, јавниот живот, соработници и пациенти, свечено беше отворена Првата регионална очна болница во Битола – Систина Очна Болница by Промедика Офталмологија. Со ова, жителите на Битола и целиот Пелагониски регион добиваат пристап до врвна офталмолошка хирургија и нега, блиску до својот дом. Оваа нова болница е резултат на речиси една деценија посветена работа, искуство и ...

Повик

5 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1019
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
100%
1020
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
100%
1021
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
75%
1020
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
2.09
77%
1022
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
100%
1020
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.13
75%
1016
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
59%
1016
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
58%
1017
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
93%
1022
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
90%
1021
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
6.69
67%
1019
Currency

61.55

Currency

52.5458

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Паладиум

54591.97

Бакар

11.07

Сребро

2159.01

Цинк

3.04

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60

Кобалт

58.42

Злато

139515.92

Родиум

258813.51

Калај

43.93

Платина

64479.52

Алуминиум

2.95