
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Ирскиот министер за европски прашања и одбрана Томас Бирн денеска е во работна посета на државава. Бирн ќе има средба со својот домаќин – министерот за европски прашања Орхан Муртзани, а ќе биде примен и од претседателката Гордана Силјановска Давкова. Предвидено е Муртезани и Бирн да одржат и заедничка прс-конференција во Владата. Посетата на Бирн на регионот, која покрај Скопје, ја вклучува и Приштина, како што е најавено од неговиот кабинет, ...
Препораки да не се излегува покрај брегот на океанот, покрај реки, на пристаништа и на бедемите кои служат за заштита од плима, струи, бранови и бури, добиле денеска сите жители на Тајван поради опасност од цунами по земјотресот со јачина од 8,7 степени што го погоди рускиот полуостров Камчатка. Како што сведочи за МИА Борче Пауновски, кој со своето семејство моментно е во Тајван, беспрекорна е организацијата кога станува збор за вакви природни ...
На 31.07/01.08.2025 година во периодот од 20:00 до 04:00 часот, поради снимање на филм затворен ќе биде во двете насоки на движење бул.„11-ти Октомври“ на потегот од крстосница со ул.„Даме Груев“ до крстосница со бул.„Кочо Рацин“ во Скопје. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги ...
Висината на цунами бранот во рускиот тихоокеански град Северо-Курилск надмина три метри, а најсилниот достигна пет метри, објавија службите за итни случаи. Во Северо-Курилскиот округ во рускиот Сахалински регион е прогласена вонредна состојба поради земјотрес и цунами, соопшти регионалната влада. Во Јапонија цунами со висина од над еден метар го погоди брегот на Тихиот Океан, објавија локалните медиуми. Бран висок 1,3 метри е регистриран во ...
Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи привеле жител на градот кој на веселба пукал со гасен пиштол. -Синоќа во 23:20 часот на улица „Лиман Каба“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го приведоа А.М.(30) од Дебар затоа што претходно на семејна веселба во Дебар испукал повеќе куршуми од гасен пиштол, кој нелегално го поседувал, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи Охрид. Додава ...
На 30.07.2025 во периодот од 01.05 до 02.10 часот полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле акциска контрола во ноќен клуб на улица „Илинденска“ во Гостивар, сопственост на Ј.А.(49) од Гостивар. При тоа биле затекнати 15 женски лица, од кои 11 македонски државјанки и четири странски државјанки, на возраст од 31 до 42 години, од Србија и Украина. Странските државјанки биле приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка ...
Моќен земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа околу градот Петропавловск на полуостровот Камчатка во Русија. Силниот потрес, кој траел неколку секунди, веднаш активирал опасен бран цунами што го зафати брегот и ги потопи делови од Курилските острови. Првичните информации говорат за повредени лица, а локалните власти се во трка со времето – жителите се евакуираат на повисоки места. Гувернерот на Сахалин, ...
Економско-социјалниот совет денеска треба да одржи седница, а на неа се очекува да се разговара за минималната плата, порастот на цените на основните прехранбени производи и за потрошувачката кошница. Од Сојузот на синдикати на Македонија вчера најавија дека ќе го покренат прашањето за зголемување на минималната плата на 500 евра и за зголемување на сите останати плати за 6.000 денари. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на ...
Министерот за здравство Азир Алиу денеска ќе го означи почетокот на изградбата на „Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница – Тетово“, во знак на трајно сеќавање и почит кон загинатите во овој трагичен настан, соопштија од Министерството за здравство. На настанот ќе присуствуваат и вицепремиерот за политики и добро владеење Арбен Фетаи и градоначалникот на Тетово Биљал Касами. Пожарот во модуларната болница во Тетово се ...
Денеска (30.07.2025) околу 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје – Тетово, после наплатната станица Глумово, едно лице подметнува пожар. Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Р.З.(59) од с.Арнакија, општина Сарај, како потпалува ѓубриште и сува трева во близина на штала со добиток. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а лицето било лишено од слобода и приведено во ...
На 19.07.2025, исто така, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на С.А., при што биле пронајдени и одземени пиштол-полуавтоматско огнено оружје „Reximex TRX9″ со калибар 9mm, празна рамка за пиштол, рамка за пиштол со 15 куршуми кал.9mm, задна корица за ракофат на пиштол, алатки за чистење на цевка од пиштол, алатка, наменета за полесно полнење на куршуми во рамка од пиштол, два дела со завртка, наменeта за блокирање на чкрапалото од ...
Партијата Aлијанса за Албанците на Арбен Таравари вечерва одржа состанок во Тетово по кој информираа дека ќе имаат четворица кандидати за градоначалници. За нови мандати како градоначалници ќе се борат актуелните Ваљбон Лимани за Гостивар и Исен Шабани за Врапчиште. -За Општина Сарај кандидат ќе биде Блерант Рамадани, генерален сектетар на партијата. За Теарце – Назим Таипи, кој е претседател на партиското собрание. Следуваат активности за ...
Министерството за надворешни работи на Израел реагираше на најавата на Велика Британија дека ќе ја признае Палестина доколку Израел не преземе конкретни чекори кон прекин на конфликтот во Газа и обновување на мировниот процес што води кон решение за две држави. „Промената на ставот на британската влада во овој момент, по францускиот потег и внатрешниот политички притисок, претставува награда за Хамас и им штети на напорите за постигнување ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта кон четврток наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно ...
Бруто и нето просечната плата растат повеќе од 11 проценти и тоа е доволен доказ дека од опозицијата креираат невистини, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу”. Според Мицкоски, и тоа не е доволно, просечната плата треба да биде уште поголема и во таа насока, посочи Мицкоски, ние како Влада продолжуваме да работиме. -Сакам да кажам дека ...
Кичевскиот градоначалник, Фатмир Дехари, од ОВР Кичево, денес заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата “ и „загрозување на животната средина и природата со отпад“. Дехари според пријавата, постапувал несовесно при извршување на своите законски обврски и не вршење должен надзор, при што дозволил да се формира поголема дива депонија во Кичево. „Од 2020 година, работел ...
ВЛЕН смета дека поставувањето на споменикот на Андон Лазов-Ќосето во Скопје е сериозна, ниска и опасна провокација. Како што е наведено во реакција, враќањето на оваа темна и насилна фигура што симболизира омраза, насилство и поделба е оркестрирано од дестабилизирачката алијанса ДУИ – Левица – Данела Арсовска, која се обидува да го запали огнот на меѓуетничката поделба во срцето на Градот Скопјe. „Ова не е наивен чин. Тоа е намерна, добро ...
Општините од Југозападниот и Пелагонискиот регион ќе добијат 83 возила и друг вид опрема за комунален отпад. Целта е да се воспостави современ функционален и еколошки безбеден систем за управување со отпад по европски стандарди. Договорите за набавката на опремата во вредност од 10,7 милиони евра беа потпишани денеска во Владата. Набавката е дел од реализацијата на Регионалниот проект за управување со цврст отпад. Министерот за животна средина ...
Изет Меџити најверојатно ќе биде кандидат за градоначалник на ВЛЕН за општина Чаир, каде што во октомври ќе треба да се соочи со кандидатот на опозициската ДУИ, Бујар Османи. „Најверојатно, јас ќе бидам кандидатот за Чаир“, рече Изет Меџити, ВЛЕН. Изет Меџити неодамна отворено ја искажа својата подготвеност да се кандидира за Чаир. Вчера, преку статус на Фејсбук насловен како „Во срцето на Чаир“, тој соопшти дека решил во октомври да се ...
ДУИ ги повикува политичките партии во земјата да ја поддржат, како што велат, нивната идеја за ветинг на сите функционери на централно и локално ниво, која никогаш не ја реализирале додека биле на власт. Потпретседателот Арбер Адеми, истакна дека денешниот повик до другите партии е со цел да се врати довербата на граѓаните во правдата и институциите, за чија состојба ДУИ беше најголем придонесувач со 22 последователни години на власт. „Ги ...
Со барање за минимална плата од 500 евра, како и покачување на сите останати плати за 100 евра, синдикатитеутре ќе ја соочат Владата со реалноста што таа упорно ја игнорира, вели претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов. Тој додава дека една година трошоците за живот на четиричлено семејство пораснале за 9.500 денари, а работниците со мизерните плати едвај собираат за одмор во бунгалов во Дојран. Првиот ...
Франција ја повика Европската Унија да изврши притисок врз Израел да прифати решение за две држави со Палестинците, во уште еден дипломатски чекор по нејзиното ветување дека ќе ја признае палестинската држава. Францускиот министер за надворешни работи им рече на новинарите во седиштето на Обединетите нации дека сега е време за политичко решение на израелско-палестинскиот конфликт, а светските сили мора да ги поткрепат своите зборови со ...
Најмалку 20 лица се убиени, а повеќе од 40 се повредени во руските напади врз Украина. Во меѓувреме, во јужна Русија, едно лице беше убиено по напад со украински дрон, изјави вршителот на должноста регионален гувернер. Киев се обидува да ја одбие летната офанзива на Русија, која бележи нов напредок во областите каде што не се водеа многу борби откако започна руската инвазија на Украина во 2022 година. Американскиот претседател Доналд Трамп ...
Четири лица, вклучувајќи еден полицаец, беа убиени откако напаѓач влезе во зграда на Менхетен, Њујорк, и отвори оган, соопштија официјални лица. Се наведува дека уште едно лице е во критична состојба, додека напаѓачот се чини дека извршил самоубиство, изјави градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс. Напаѓачот бил снимен на безбедносни камери како излегува од автомобил со пушка М-4. Потоа влегол во зградата, отворил оган кон полицаецот, а потоа ...
Повеќе од 30 лица загинаа поради поплавите од обилните врнежи од дожд во Пекинг и околните региони. Во меѓувреме, десетици илјади жители се евакуирани од главниот град. Дождот започна во текот на викендот и се засили во понеделник, покривајќи го Пекинг и околните провинции. Властите евакуираа над 80.000 жители, додека патната и комуникациската инфраструктура претрпеа значителни штети. 136 села останаа без електрична енергија. Вчера, Пекинг ...
До 15 септември сите владини возила треба да ги сменат регистарските таблички со нови во црвена боја. Владата на денешната 97. седница ја донесе оваа одлука со која, како што велат, ќе се стави крај на злоупотребите кои што биле пракса во минатото. Бројките и буквите на регистрацијата пак ќе бидат испишани со жолта боја и со тоа тие ќе бидат лесно воочливи. Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата Ивица Томовски пред неколку ...
Собранието денеска и официјално ја констатираше оставката на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, која се соочува со кривичен прогон за оддавање службена тајна во случајот ,,Адитиви”. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на почетокот на седницата информираше дека Димитровска го известила парламентот за својата оставка и изразила намера да ја образложи, но тоа не се случи. Според ...
Градот Тетово доби 70 нови места како дел од општинските активности за зголемување на бројот на паркинг места, со цел да се ублажи недостатокот на паркинг во Тетово. Последниот простор со околу 70 нови паркинг места беше пуштен денес во населбата кај градската касарна, додека се очекува во текот на неделата да се отворат уште над стотина на новиот паркинг кај Основниот суд во Тетово. Со отворањето на овој нов градски паркинг, бројот на паркинг ...
Собранието денес ја изгласа интерпелацијата на државниот обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од партијата „Левица“. Со 71 глас „за“, без воздржани и без гласови против, Собранието констатира дека наводите во интерпелацијата се основани. Партијата Левица ја поднесе интерпелацијата минатиот месец поради селективност во истрагата за пожарот во Кочани, политичко влијание во работата на Обвинителството, функционален хаос во Вишото јавно ...