Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
И покрај растечките цени во одделни сектори, нови мерки за намалување на цените засега нема да има. Министерот за економија Бесар Дурмиши смета дека со тековниот тренд на инфлација нема потреба од замрзнување или ограничување на трговските маржи. Сепак, тој не исклучи можност за интервенција доколку цените пораснат во периодот пред празниците – особено кај производите што традиционално поскапуваат во тоа време. „Сега за сега не гледам ...
По подолг период на анализа, одлучив да се повлечам од партискиот живот и од сите функции што досега сум ги извршувал во Алијансата за Албанците, oбјави Кренар Лога, поранешен министер за правда од редовите на Алијанса за Албанците и близок соработник на Зијадин Села. „Ова не е лесна одлука за мене. Имав чест да запознаам верни и неуморни соработници, како и такви што не го издржаа долгиот и предизвикувачки пат. Во изминатите десет години ...
Лекарите развија алатка со вештачка интелигенција која би можела да ги намали обидите за трансплантација на органи што се потрошени за 60%. Илјадници пациенти ширум светот чекаат потенцијално животоспасувачки донатор, а на листите на чекање има повеќе кандидати отколку што има достапни органи. Во поново време, кога станува збор за трансплантација на црн дроб, пристапот се прошири за да користи донори кои починале по срцев удар. Но, кај околу ...
Најновиот СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ на Виделотарија Касинос Австрија е освоен во Скопје. Среќниот играч освои фантастични 6.352.014 денари! И овој викенд почнува со среќни вести. Во Скопје освоена е најпосакуваната ВЛТ добивка- СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ, овојпат вредна 6.352.014 денари. Добивката е освоена на видеолотариските терминали кај нашиот деловен соработник Делта Бет Моцарт на 13.11.2025. Тимот на Видеолотарија од срце му честита на ...
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево во центарот на Стокхолм, автобус се заби во автобуската станица Остермалм. Неколку лица загинаа, а неколку се повредени, пишува шведскиот „Афтонбладет“. „Експресен“ известува дека најмалку три лица загинале. „Ова е сериозен инцидент“, изјави Софи Гунарсон, портпаролка на градската транспортна компанија „СЛ“. Несреќата е пријавена во 15:24 часот. Службите за итни случаи потврдија дека на ...
Коалицијата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН во Струга не успеа да се договори околу претседавањето со општинскиот совет. Иако точката беше ставена на дневен ред, единствената согласност што ја постигнаа ВМРО и ВЛЕН беше да ја тргнат точката од дневниот ред, иако коалицијата АКИ го поднесе својот предлог за претседавач. По тоа, нивните осум советници ја напуштија седницата. Од АКИ изјавија дека повлекувањето на точката од дневниот ред е направено ...
Министрите за надворешни работи на ЕУ следната недела ќе разговараат за предлогот блокот да ја преземе водечката улога во обуката на 3.000 палестински полицајци, со цел подоцна да ги распореди во Газа. Во документ подготвен од дипломатскиот кор на блокот пред министерскиот состанок на 20 ноември, во кој имаше увид Ројтерс, официјалните лица ги наведоа опциите за придонес во спроведувањето на планот на американскиот претседател Доналд Трамп ...
Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски вели дека состојбата со која се соочуваат во Јавното обвинителство, во делот на финансиите станува алармантна, а изгледи за нејзино подобрување нема, бидејќи процентот на средства што се зацртани во Предлогот-буџетот за 2026 година за оваа институција се идентични како оние што беа изгласни лани за Буџетот за 2025 година. Коцевски ова го кажа во своето обраќање пред пратениците на Комисијата за ...
Над 140.000 граѓани во Македонија живеат со дијабетес, покажуваат податоците на Интернационалната федерација за дијабетес, што значи дека речиси еден од единаесет возрасни се соочува со оваа болест. Денес се одбележува Светскиот ден на дијабетес. Во таа насока, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, нагласи дека земјата бележи напредок во терапијата и најавува подобрувања во пристапот до сензори и третман од 2027 ...
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека локацијата каде се наоѓа Градската општа болница „8 Септември“, поранешна Воена болница е најдобра за нов клинички центар, особено поради добрата сообраќајна инфраструктура. Ова тој го кажа, давајќи изјави за месиумите откако присуствуваше на настанот на кој се одбележаа 25 години од основањето на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Сепак, посочи и дека сега, по завршувањето на локалните избори се ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши постапува само врз основа на роковите и процедурите утврдени во Изборниот законик за одредувањето на датумот за повторените избори за градоначалник во Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуша и Центар Жупа. Затоа, датумот на изборите ќе биде објавен во горенаведениот законски рок и јавноста ќе биде известена во наредните денови, информираат од Кабинетот на Гаши. -Процесот на распишување на изборите не е ...
Обвинителството во Тузла го објави прелиминарниот експертски извештај кој покажува дека пожарот во Домот за стари лица, во кој загинаа 15 лица, е предизвикан од краток спој на радио приемник кој бил механички и термички оптоварен затоа што бил стегнат помеѓу душекот, ѕидот и металниот дел од креветот, пренесуваат медиумите во БиХ. Како последица на пожарот во Пензионерскиот дом, загинаа 15 лица, а повеќе од 30 лица беа повредени. Обдукциите ...
Владата е стабилна. Убедливата победа на локалните избори покажа дека оваа Влада има јасна и недвосмислена поддршка и оти носечки столб во таа Влада е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи. Време за политика и политиканство заврши. Да ги засукаме ракавите и да работиме, не чека многу работа, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Потврди дека има разговори за пополнување на исполнетите места во Владата по локалните избори и за ...
Поминати се повеќе од 50 години од последниот пат кога луѓето стапнаа на Месечината, но Кина постојано работи да испрати свои астронаути на Месечината. На 30 октомври 2025 година портпарол на Кинеската вселенска програма изјави дека земјата е на добар пат да ја лансира својата лунарна мисија до 2030 година. Па, како планира да испрати астронаути на Месечината? Меѓу законодавците и високите личности во американскиот вселенски сектор, ...
Научниците велат дека можат да ја објаснат темната материја преку претпоставка за честичка која е врска до петтата димензија. Иако „искривената дополнителна димензија“ е заштитен знак на популарен физички модел првпат воведен во 1999 година, ова истражување е првото што кохезивно ја користи таа теорија за да го објасни долготрајниот проблем со темната материја во физиката на честичките. Нашето знаење за физичкиот универзум се потпира на ...
Во суровите, пошумени планини на централна Романија, пет илјади војници на НАТО се собраа за да одбијат измислен непријател. Во операција опишана од алијансата како „демонстрација на сила“, два француски хеликоптери „Пума“ се пробиваа низ облаците, летајќи ниско над падините додека тенковите и хаубиците се позиционираа, а борбените авиони и беспилотните летала го пробиваа небото. „Главната цел на сценариото е одвраќање“, рече генерал-мајор ...
Пред дуелот со Шкупи, стручниот штаб на Шкендија конечно доби едни позитивни вести за играчите кои настапуваат на голманската позиција. Првиот чувар на мрежата, Астрит Амзаи, целосно се опорави од повредата на грбот која го оддалечи од терените во изминатите две недели и повторно тренира со полн интензитет. По успешно завршената рехабилитација и неколку индивидуални тренинзи, тој се приклучи на главниот состав и се очекува да биде подготвен ...
Дали ќе има интервентно зголемување на минималната плата надвор од законот, е предмет на дијалог меѓу синдикатите и работодавачите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој вели дека Владата ќе го прифати секое решение за кое меѓусебно ќе се договорат синдикатите и работодавачите. – Што се однесува до минималната плата имаме закон и во целост го почитуваме тој закон. Дали ќе има некое интервентно згоемување надвор од законот, тоа е ...
Судиите упатија остра критика до премиерот, Христијан Мицкоски, во врска со неговите изјави дека моралот не му дозволува да се согласи со зголемување на платите во правосудниот сектор. Тие велат дека неговите коментари ја преминале границата на доброто однесување и преминале во неаргументирани и паушални напади. „Господине Премиер, веќе подолго време Вашите коментари кои ги давате за судиите и судството ја преминаа границата на доброто ...
Францускиот претседател Емануел Макрон ќе го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделник, 17 ноември, во Париз, за време на посетата насочена кон „повторно потврдување на посветеноста на Франција кон Украина“, соопшти денес Елисејската палата. Оваа деветта посета на Володимир Зеленски на Франција од почетокот на војната што Русија ја води против Украина од 2022 година „ќе ни овозможи да ја потврдиме долгорочната ...
Скандалот со непотребно извршените кардиохируршки операции кој ја згрозува јавноста мора да има целосна разврска, без да се сокрие и најмал детал, реагираат денеска од опозициската СДСМ. Во соопштението од партијата се додава: „Министерот за здравство Алиу, иако веќе утврдил дека за 10 случаи станува збор за непотребно извршени операции или непотребно упатување на операции, сѐ уште не кажува кои се болниците и лекарите што го направиле тоа. ...
Дејвид Ковердејл, легендарниот фронтмен на Whitesnake и Deep Purple, го објави своето повлекување од музичката сцена на 74-годишна возраст. По повеќе од половина век кариера, рок иконата се збогува со своите обожаватели со емотивна порака. „Време е да се повлечам“ Во видео објавено на YouTube во четврток, кое содржи монтажа од сценски спомени и ремикс на песната Forevermore, Ковердејл ја објасни својата одлука. „Во текот на последните ...
Дијабетесот останува една од најбрзорастечките хронични болести на 21 век, покажува Единаесеттото издание на IDF Diabetes Atlas (2025). Според податоците, во 2024 година глобално со дијабетес живееле околу 589 милиони возрасни лица, што претставува 11,1 проценти од светската популација на возраст од 20 до 79 години. Во Македонија со дијабетес живеат околу 141 илјада лица, што е 8,9 проценти од возрасните, односно, приближно секој единаесетти ...
Пратеникот од Социјалдемократскит сојуз (СДСМ) и поранешен вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи во синоќешното гостување на ТВ Телма го оцени предлог-буџетот за 2026 година како потрошувачки, оти 90 отсто е наменет за тековните расходи, а само 10 отсто за капитални инвестиции што треба да се двигатели на развојот. Со тоа, според него, направен е преседан на капиталните инвестиции. „Ако оваа година, која е чиста година на ...
Ферибот на DFDS што пловел помеѓу Франција и Велика Британија случајно пуштил порнографски филм пред патници, меѓу кои имало и малолетници. Ова го објави британскиот „Гардијан“, наведувајќи дека инцидентот предизвикал шок, паника и бурни реакции кај патниците. Инцидентот се случил кон крајот на октомври на ферибот што пловел од француското пристаниште Дип до Њухејвен во Сасекс. Патувањето веќе било прекинато поради техничка грешка во ...
Соединетите Американски Држави во четврток означија четири групи во Германија, Италија и Грција како глобални терористи, обвинувајќи ги дека се „насилната антифа“, додека претседателот Доналд Трамп ги таргетира левичарските групи. Американскиот државен секретар Марко Рубио во соопштението изјави дека ги означил членовите на германската група Антифа Ост како „специјално означени глобални терористи“, заедно со членовите на три други групи во ...
Британскиот јавен радиодифузен сервис Би-Би-Си денеска му се извини на американскиот претседател Доналд Трамп за документарецот Панорама во кој беа монтирани делови од неговиот говор пред нападот на Капитол во 2021 година, но го отфрли неговото барање за отштета. Трамп во понеделникот изјави дека има обврска да ја тужи Би-Би-Си за погрешно претставување на неговите коментари во документарецот. Тој, исто така, се закани дека ќе ја тужи ...
Корупцискиот скандал со ИПАРД фондовите не е изолиран случај, туку доказ за длабоко вкоренет, организиран систем на злоупотреби создаден и поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во оопштението на СДСМ. Во текстот се додава: Веќе е јасно дека истрагата мора да оди многу повисоко од фатениот директор со обележани банкноти. Мора да се проверат и политичките врски, кумските релации и влијанијата кои ја контролирале распределбата на европските пари. ...
Општина Аеродром информира дека тревната површина до ТЦ „Капитол мол“ повторно ќе биде целосно отворена и вратена на користење на сите граѓани. „Утринава започна отстранувањето на објектот кој со години беше поставен на тревникот покрај булеварот „Јане Сандански“. Овој објект функционираше врз основа на Решение за поставување урбана опрема, издадено пред десетина години од Град Скопје, но чија важност е истечена. По отстранувањето, Општината ...
По плебисцитната победа на локалните избори, каде што граѓаните Албанци во секоја општина јасно ја искажаа својата доверба во ВЛЕН, веднаш ја претвораме оваа доверба во конкретна работа и опипливи резултати, се вели во соопштението од ВЛЕН. Во текстот се додава: Денес, коалицијата ВЛЕН објавува вест што директно влијае на илјадници семејства: Минималната плата ќе се зголеми за околу 2.000 денари во март 2026 година, достигнувајќи 26.400 ...