Еврокомесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, смета дека раководствата на земјите кандидати за членство во Унијата ја имаат една од клучните улоги во пристапниот процес. Оваа изјава таа ја даде пред почетокот на шестата Пристапна конференција Албанија-Европска Унија, која денеска се одржува во Брисел, коментирајќи го пристапниот процес на Албанија која денеска го отвора петтиот од шесте кластери во преговорите – кластерот „Зелена агенда и ...

Капитенот на Арсенал, Мартин Одегард, ќе го пропушти вечерашниот натпревар против Атлетик Билбао во првото коло од Лигата на Шампионите поради повреда. Тренерот на „топчиите“, Микел Артета, потврди дека норвежанецот не е подготвен за настап во Шпанија, откако се повреди на дуелот со Нотингем Форест (3-0) во саботата во Премиерлигата. Одегард го напушти натпреварот уште во 17. минута поради несмасен пад на десното рамо во дуел со Морган ...

Се отповикуваат двете главни судски расправи за случајот „Геријатрија”, од кои едната требаше да се одржи денеска во Основниот кривичен суд – Скопје, а другата на 18 септември. Како што информираат од Кривичен, расправите се отповикани поради здравствени причини на еден од обвинетите. Одбраната на обвинетиот Б.А. доставила медицинска документација до Судот, согласно која не може да присуствува на расправите Судењето ќе продолжи на следниот веќе ...

Идентификувани се дваесетина лица за кои постојат основани сомневања дека стојат позади пожарите. За жал, постојат центри на моќ кои се обидуваат да внесат страв, паника кај граѓаните, пред изборите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Општина Јегуновце. – Додека сум јас во Јегуновце заседаваат врвот на структурите на МВР, идентификувани се од прилика дваесетина лица за кои ...

Амбасадорот на Израел во Обединетите нации, Даниел Мерон, во понеделник ги отфрли наодите на истражната комисија дека Израел извршил геноцид во Газа како „клеветничка тирада“. „Извештајот, кој исто така откри дека високи израелски функционери, вклучувајќи го и премиерот Бенјамин Нетанјаху, охрабрувале геноцидни акти, е скандалозен и лажен“, рече Мерон во Женева, објави Ројтерс. Истрагата на комисијата на Обединетите нации откри дека израелските ...

Европската комисија можеби нема да го презентира 19-тиот пакет санкции против Русија на закажаниот состанок на 17 септември, бидејќи засега е отстранет од дневен ред, објавува Политико, повикувајќи се на анонимен дипломат од ЕУ. „Следниот пакет санкции против Русија – 19-ти откако Москва ја започна војната против Украина – повеќе не се очекува да биде презентиран во среда, кажа дипломат од ЕУ и национален функционер. Тој е отстранет од дневен ...

Вчера конечно ја затворивме дивата депонија во Никуштак, срам наследен од владата на ДУИ, која со години го труеше воздухот и здравјето на жителите на Липково и Арачиново. Оваа одлука беше овозможена благодарение на директното влијание на првиот вицепремиер Изет Меџити и вицепремиерот Арбен Фетаи, кои го претворија проблемот занемарен од ДУИ во државен приоритет, стои во соопштението на коалиција ВЛЕН. Во текстот се додава: „Овој чин не е само ...

Синоќа, пред 23 часот, избувнал нов пожар во депонијата „Дрисла“, на локација пооддалечена од претходно активното жариште, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. По пријавувањето на пожарот, екипи на скопската противпожарна служба веднаш реагирале. Поради специфичната природа на пожарот, Ангелов вели дека било неопходно истовремено затрупување на опожарената површина. За таа цел биле ангажирани градежни ...

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во Кочани кога во голем пожар во т.н. кабаре „Пулс“ загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени. Случајот е една од поголемите трагедии во поновата историја на државата. По тој повод, вечерва во 20:16 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе се одржи тивок собир на кој ќе им се оддаде почит на жртвите. Протестот е на повик на иницијативата „Кој е следен“ Покрај во Скопје, собир ќе се одржи и во ...

Истрагата на Обединетите нации откри дека израелските сили извршиле геноцид врз палестинското население во Газа, а меѓу одговорните се и високи израелски лидери, вклучувајќи го и премиерот Бенјамин Нетанјаху, соопшти комисијата. Во извештајот од 72 страници, комисијата наведе четири од петте дела што претставуваат геноцид според Конвенцијата на ОН за геноцид од 1948 година: убиство, предизвикување сериозни телесни или ментални повреди, ...

Доцна вечерва заврши увидот на јавен обвинител во содејство со увидна екипа СВР Велес, а телата на починатите од крвавата семејна драма што се случи попладнево во Велес се испратени на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје. Во трагедијата со повеќе повреди од остар предмет починаа 31 годишна велешанка и нејзиниот 74 годишен татко, а стрителот 39 годишен скопјанец поранешен партнер на девојката се самоубил со тврд остар предмет. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп може да се сретне со претседателот Володимир Зеленски следната недела во Њујорк, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио. Светските лидери ќе се соберат во Њујорк почнувајќи од 22 септември на годишната сесија на високо ниво на ОН. „Тој (Трамп) се обидува да направи сè што е можно за да се стави крај на војната“, рече Рубио. „Претседателот имаше повеќекратни разговори со (рускиот претседател ...

Израелската армија во текот на ноќта ги интензивираше нападите врз Газа, изјави министерот за одбрана Израел Кац додавајќи дека целта е ослободување на заложниците и пораз на палестинската милитантна група Хамас. „Газа гори“, напиша Кац на социјалната мрежа Телеграм. Според него, додека мисијата не биде завршена, Израел нема да попушти, ниту да се откаже од нападите. Како што објави американскиот портал „Аксиос“, оваа операција го означува ...

Рано утринава, пред 4 часот, избувнал голем пожар во сервис за возила лоциран во месноста Каменик, во Пинтија над поранешната фабрика „Стаклара“. Во објектот имало повеќе автомобили, масло и други запаливи материјали, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. По добиената пријава, скопската Бригада за противпожарна заштита веднаш интервенирала на местото на настанот. Во гаснењето на пожарот биле ангажирани ...

Грузискиот репрезентативец Квича Кварацкелија нема посериозна повреда и ќе биде во составот на ПСЖ за првиот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите, против Аталанта. Европскиот првак ќе биде домаќин на утрешниот меч и секако ќе биде ослабен со неиграњето на Дембеле, Дуе, Ли и Бералдо, но барем Луис Енрике на реасполагање ќе го има крилниот играч. Кварацкелија доживеа повреда на задната ложа во саботата, на мечот со Ленс, ама ...

Попладнево во семејна куќа на улица „Кочо Рацин“ во Велес се случила семејна крвава драма кога поранешен партнер со повеќе убоди од остар предмет ги убил поранешната партнерка и нејзиниот татко, а потоа се самоубил, нанесувајќи си убоди од остар предмет, информира попладнево од СВР Велес портпаролката Биљана Ѓаковска. -Попладнево во 15:30 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул. „Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско лице со повреди од ...

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, соопшти дека, денеска поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од фи-200 мм, на ул. Бајрам Шабани бр. 7, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Бајрам Шабани, Челопек, Чаирска, Јајце и Ордан Чопела. (Општина Чаир) · Поради изведување на ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, вчера соопшти дека американската војска уништила венецуелски брод кој наводно пренесувал дрога и пловел во меѓународни води кон САД, пренесе Би-би-си. Според Трамп, во нападот, кој го нарече акција против насилните нарко-картели, се убиени тројца мажи. Инаку, претходно вчера венецуелскиот претседател, Николас Мадуро, изјави дека неговата земја ќе се брани од агресијата на САД, ...

Денеска времето во земјава ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец, а кон крајот на денот, според Управата за хидрометеролошки работи (УХМР), се очекува зголемена облачност. Утринската температура ќе се движи во интервал од осум до 16 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 25 до 33 степени. За Скопје синоптичарите најавуваат слично време, сончево со слаб ветер од јужен правец и температура која во ...

Случајот „Онкологија 2“ за несовено работење и финансиски криминал против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, треба да продолжи денеска во Основниот кривичен суд во Скопје со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството Обвинителката Ана Гоговска Јакимовска, во воведен говор на минатото рочиште рече дека поранешните медицински и економски директори на ...

Новата работна недела започнува со среќни вести! Денес, 15.09.2025, на видеолотариските терминали во Тетово, беше освоена најпосакуваната ВЛТ добивка – СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот во вредност од 5.902.423 денари. Среќната добивка е освоена на видеолотариските терминали кај нашиот деловен соработник Спортлајф Гејминг. Тимот на Видеолотарија од срце му честита на големата добивка и му посакува уште повеќе радост, исполнети соништа и незаборавни ...

По речиси една деценија, Универзалната сала во Скопје ќе продолжи да се реконструира, но ќе го задржи својот препознатлив изглед. Ќе има 1.200 седишта, што е за 300 помалку од стариот објект, а придонесува за подобар конфор на публиката. Реновирањето ќе чини 20 милиони евра. Министерот за култура Зоран Љутков очекува до почетокот на октомври да завршат постапките за избор на изведувач и надзор, по што ќе започне изградбата која ќе заврши до ...

Прашањата поврзани со идентитетот, дури и таму каде што има билатерални спорови, да не се подигнуваат на рамниште на вето и условувања за членство во ЕУ, туку за нив да владее принципот на добра волја, добросовесност и поддршка на другите земји, да се решаваат низ комуникација, низ културен и научен дијалог, низ културна соработка, за да се создадат мостови на пријателство и разбирање меѓу народите. На тоа како наука и уметност мора и треба да ...

Оваа есен чоколадно кафеавата боја ја носи титулата нијанса која е тренди, елегантна и бескрајно нослива во исто време. Совршено ја евоцира есенската атмосфера и дефинитивно е еден од најголемите есенски трендови. Потсетува на костени, мирис на топло какао и меко ќебе, кои се синоним за пријатна атмосфера. Затоа е визуелно и емоционално совршена за ова време од годината. Покрај топлината, чоколадно кафеавата боја носи и неутралност со стил. ...

Екстремното лето во Европа остави огромен економски отпечаток. Топлинските бранови, сушите и поплавите предизвикаа огромни економски загуби проценети на десетици милијарди евра. Најпогодени земји се Кипар, Грција, Малта и Бугарија, додека експертите предупредуваат дека вистинските трошоци од екстремните временски услови често се случуваат постепено, влијаејќи на животот на граѓаните и способноста за работа далеку над почетното влијание на ...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска донесе одлука за затворање на нестандардната депонија за отпад во Никуштак, општина Липково, соопшти вечерва Министерството за животна средина и просторно планирање. -Оваа мерка е донесена со цел заштита на животната средина, животот и здравјето на граѓаните, бидејќи постоечката локација за отстранување на комунален отпад во Никуштак не ги исполнува еколошките стандарди, ...

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска донесе одлука за затворање на нестандардната депонија за отпад во Никуштак, општина Липково, соопшти вечерва Министерството за животна средина и просторно планирање. -Оваа мерка е донесена со цел заштита на животната средина, животот и здравјето на граѓаните, бидејќи постоечката локација за отстранување на комунален отпад во Никуштак не ги исполнува еколошките стандарди, ...

Осумнаесетгодишно момче од Скопје е повредено откако велосипедист пукал кон него во скопски Чаир. Настанот се случил ноќеска на улица „Методија Митевски“, а бил пријавен во полиција нешто по 1 часот по полноќ. Тинејџерот М. И. бил однесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ од страна на В. И. (28), кој со возило го донел повредениот. „Полициски службеници од Полициската станица ‘Бит-пазар’ извршиле разговор со В. И. (28) ...

Главната претставничка на Европската комисија, Паула Пињо, денеска истакна дека ЕУ веќе активно работи на постепено елиминирање на руските фосилни горива, и тоа неколку години пред почетокот на војната во Украина, со многу прецизен план. Ова е одговор на барањето на американскиот претседател Доналд Трамп Европа да престане да купува нафта од Русија. “Сега дури имаме и јасен законски предлог за постепено откажување од преостанатите горива.” Пињо ...

Научниците истражувачи од лабараторијата АМБИКОН при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип за седум дена треба да ги имаат првичните резултати од мерните станици за квалитетот на воздух, кои вчера ги поставија во скопско Трубарево, каде што завчера во пожар изгоре депонија за електронски отпад. Ректорот на УГД и раководител на лабараторијата АМБИКОН, Дејан Мираковски вели дека поставени се два уреди, коишто континуирано, 24 часа, наредните пет ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
81%
1022
weather icon

Белград

5ᴼ / 5ᴼ
3.6
81%
1023
weather icon

Загреб

8ᴼ / 2ᴼ
1.03
85%
1023
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
0.0
93%
1022
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.64
81%
1022
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
94%
1024
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
2.68
81%
1019
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1019
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
87%
1020
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
3.6
90%
1021
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.03
75%
1022
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
82%
1020
Currency

61.625

Currency

53.1113

Currency

70.739

Currency

34.524

Currency

37.7697

Currency

66.2906

Currency

7.47266

Currency

0.65514

Currency

0.35036

Currency

0.52595

Currency

1.27131

Currency

0.60043