Американскот претседател Доналд Трамп, вчера ја потпиша извршната наредба за одложување до 16 декември на спроведувањето на законот од 2024 година, што бара отстранување на кинеската сопственост на Тик-ток. Британските медиуми пренесуваат дека одложувањето ќе ѝ даде на кинеската компанија „Бајт денс“ (ByteDance) дополнителни 90 дена за финализирање на договор за префрлање на американскиот имот од Тик-ток врз американски сопственици. Трамп ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер, над 60 километри на час. Кон крајот на денот облачност ќе се намали, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 29 Целзиусови степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во ...

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро (70) е хоспитализиран неколку дена откако беше осуден на 27 години затвор за обид за државен удар. Неговиот најстар син, сенаторот Флавио Болсонаро, објави на социјалните мрежи дека Жаир Болсонаро е примен во болница во Бразилија откако се чувствувал лошо. Поранешниот бразилски претседател е хоспитализиран откако се чувствувал лошо, со тежок напад на икање, повраќање и пад на крвниот притисок, ...

Косата е многу повеќе од естетски додаток – таа е одраз на вашето здравје, навики и животен стил. Ако ви изгледа дека вашата коса е сува, безживотна или лесно се крши, тоа е сигнал дека нешто не е во ред. Во повеќето случаи, оштетувањето на косата доаѓа постепено – поради неправилна нега, лоша исхрана, пречесто стилизирање и занемарување на сигналите што ви ги испраќа телото. За жал, не постои магичен производ што веднаш ќе ги обнови испуканите ...

Ново истражување сугерира дека не е важно само што јадеме, туку и кога јадеме. Лонгитудинална студија од меѓународен тим научници покажува поврзаност помеѓу јадењето подоцнежен појадок и поголем ризик од смртност кај постарите возрасни лица, отворајќи нови прашања за тоа како времето на оброците влијае на здравјето. Податоците беа собрани од 2.945 возрасни лица во британските градови Њукасл и Манчестер помеѓу 1983 и 2017 година. Учесниците беа ...

На плоштадот „Македонија“ во Скопје вечерва се одржува собир во чест на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март оваа година. Настанот е организиран од иницијативата „Кој е следен?“, со цел оддавање почит кон загинатите и поддршка за нивните семејства и повредените. Со ова, како што беше кажано вечерва, се оддава почит кон загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани и се дава поддршка кон нивните ...

Со децении, научниците бараат начини да влијаат на функцијата на мозокот без операција, со цел да ја унапредат невронауката и да лекуваат невролошки нарушувања. Ветувачки пристап кон овој потфат доаѓа од транскранијална ултразвучна стимулација (TUS), која испраќа нежни механички импулси до невроните, суптилно менувајќи го начинот на кој тие клетки комуницираат. Традиционалните TUS уреди се мачеа прецизно да стигнат до длабоките региони на ...

Формула 1 и ФИА ги објавија имињата на шест локации каде што ќе се одржат спринт трки во 2026 година. За прв пат, спринт трките ќе се одржат во Монтреал, Зандворт и Сингапур, а тука се и Шангај, Мајами и Силверстоун. Првата спринт трка ќе биде на Големата награда на Кина, која се одржува од 13 до 15 март, а потоа се сели во Северна Америка (Мајами и Монтреал). Европските спринт патеки се британскиот Силверстоун и холандскиот Зандворт, а ...

Есента е идеално време за подготовка на телото за постудени денови и можни настинки, со правилен избор на сезонска храна, богата со витамини, минерали и антиоксиданси, вашиот имунитет ќе биде силен како карпа. Летото полека им отстапува место на есенските денови, а нашето тело треба да се подготви за промени во температурата и должината на денот. Многу е важно телото да биде соодветно подготвено, бидејќи преодните периоди често можат да го ...

Сите навики што ги имате влијаат на вашиот метаболизам и здравје, а со самото тоа и на успехот во слабеењето. Можеби не сте свести дека одрени стекнати навики негативно влијаат на вашето губење на тежината, од неконтролирано грицкање до одење на спиење многу доцна. Група експерти за порталот Eating Well откри пет навики кои ги имаат луѓето кои се обидуваат да ги намалат килограмите, а кои негативно влијаат на нивниот успех. Прејадување на ...

Советот на ЕУ денеска усогласи Препорака до земјите членки поврзана со раселените Украинци, чија цел е да се обезбеди нивно одржливо враќање и реинтеграција во Украина, кога тоа ќе дозволат условите, како и промена на статусите на престој во Унијата за украинските граѓани, кои ги исполнуваат условите за тоа, јави МИА. „Со ова, ЕУ се подготвува за координиран пристап за постепено укинување на статусот на привремена заштита (за Украинците), кога ...

Семејствата на загинатите се собраа на мировен марш во Кочани, на точно шест месеци на трагедијата во која загинаа 62 лица и 200 беа повредени. Мирен протест, во организација на иницијатаивата „Кој е следен“, денеска е најавен да се одржи и на плоштадот во Скопје. Страотниот пожар во таканаречениот ноќен клуб Пулс во Кочани избувна вечерта на 16-ти март за време на настапот на групата ДНК. Ова е една од најголемите трагедии во поновата историја ...

Триесет и едногодишната жена од Велес, која вчера беше убиена од својот поранешен партнер, повеќепати го пријавувала во полиција за различни дела, а против него биле покренати постапки од страна на Обвинителството. Изнесувајќи детали за случајот, од Обвинителството наведуваат дека на 10 април годинава против него е поднесено обвинение за загрозување на сигурноста за настан од 20 февруари 2025 година и за насилство за настан ноќта меѓу 3 и 4 ...

Увидот на лице место во однос на причините за пожарот во Трубарево треба да започне утре, а увидните екипи на терен ќе ги координира јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, информираат од Обвинителство. По наредба на јавниот обвинител, како што посочуваат од Обвинителство, екипи на СВР Скопје и денеска излегле на лице место со цел преземање дејствија и прибирање определени докази потребни во однос на постапката за загрозување ...

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, остро го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за неодамнешниот напад врз преговарачкиот тим на Хамас во Катар, велејќи: „Идеолошки, Нетанјаху е како роднина на Хитлер“, пренесува агенцијата Anadolu. „Исто како што Хитлер не можеше да го предвиди поразот што го чекаше, Нетанјаху ќе се соочи со истата крајна судбина“, додаде тој додека се враќаше од Доха, Катар, каде што присуствуваше на ...

Редфорд со децении беше еден од водечките актери во Холивуд, појавувајќи се во блокбастери како Butch Cassidy and the Sundance Kid (1969), Jeremiah Johnson (1972), The Candidate (1972), The Sting (1973), The Way We Were (1973), Three Days of the Condor (1975), All the President’s Men (1976) и The Electric Horseman (1979). Подоцна во животот почна да режира и освои Оскар за филмот Ordinary People во 1980 година. Кон крајот на кариерата се појави ...

ДУИ до тој степен се фиксирани за Србија што според јунговата теорија на себе проекција слободно може да заклучиме дека се чувствуваат самите како поголеми Срби од Србите, дури чувствуваат и изневерување зошто Милош Биковиќ не отишол до Зајас, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Во текстот се додава: „И толку се провидни со тезата за српскиот свет, што покажуваат само потценување на сопствениот народ. Не пијат Албанците нафта од Пуцко ...

Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање ја информирале претседателката Гордана Сиљановска-Давкова дека пристапиле кон темелна проверка на наводите за хибридни напади во земјава во рамките на својата законски утврдена надлежност, велат од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за Радио Слободна Европа. На прашањето дали Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова располага со информации за хибридни ...

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48 часа за четири лица опфатени во постапката во врска со пожарот што во саботата избувна во објект на фабрика за електронски отпад во скопско Трубарево, информира денеска републичкото јавно обвинителство. Четирите лица се осомничени за кривичното дело од член 230 став 3, а во врска со став 1 од ...

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес изјави дека доколку Хамас не ги ослободи заложниците и не го положи оружјето, Појасот Газа ќе биде уништен. „Бараме од Хамас само две работи, а тие нема да ги сторат доброволно: да ги ослободат сите заложници и да се разоружаат. Големата сила на овој напад е директниот пораз на Хамас, а ова исто така создава поголем притисок за ослободување на заложниците“, рече Кац за време на посетата на ...

Од денеска на телефонскиот број 070/399 – 050 или на [email protected], граѓаните можат да пријавуваат незаконска, партиска или приватна употреба на службените возила. – Исполнуваме уште една ветена мерка за одговорно управување со државниот имот. Од денеска на 070 399 050 или [email protected] граѓаните можат да пријавуваат незаконита, партиска или приватна употреба на службените возила. Сите пријави ќе се проследуваат до надлежните органи за ...

Опозицискиот СДСМ ја обвини владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека им удрила шамар на скопјани со тоа што го наградила виновникот за она што периодов се случува со депонијата „Дрисла“. Од партијата конкретно алудираат на одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да го предложи претседателот на Управниот одбор на ЈП „Дрисла“, Даме Димитровски, за кандидат за носител на советничката листа за Скопје на локалните избори, чиј прв круг ќе се одржи на 19 октомври. „После сите ...

Без проблеми се одвива онлајн наставата за ученици од четири училишта во општина Гази Баба со цел тие и нивните наставници да се заштитат од штетни материи по големиот пожар во магацин за отпад во Трубарево во саботата. -На мое големо задоволство, наставата тече без пречки. Околу 1800 ученици од четирите училишта во Трубарево ја посетуваат наставата и досега немаме ниту една поплака, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска ...

Акцијата за промена на специјалните таблички на државните возила е во крајна фаза на реализација и се очекува целосно да заврши за две недели, информира денеска директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски. Досега, како што вели Томовски, се обележани околу 500 возила, а во тек е постапка за голем број други. Директорот вели дека покрај државните институции, кои веќе ја спроведуваат промената, досега сите скопски општини ...

Медицинска сестра, која била одговорна за дневната болница на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, додека директор бил Нино Васев, на денешното судење за случајот Онкологија 2, сведочеше дека некогаш се случувало на клиниката да нема некоја терапија, а одредени пациенти да ја добијат, како и дека имало пациенти на кои им биле менувани препишаните терапии. На прашање од обвинителката Ана Гоговска Јакимовска, сведокот, кој 22 години ...

Комесарите на Европската унија се очекува утре да одобрат нови санкции против Израел поради војната во Газа, објави денеска портпаролката на Комисијата, Паула Пињо. За време на прес-конференцијата, портпаролката Пињо, им ја откри претстојната одлука на новинарите, наведувајќи: „Утре, комесарите ќе усвојат пакет мерки за Израел“, пренесува IsraelHayom. Санкциите ги засегаат комерцијалните односи, при што Пињо детално наведува дека мерките ...

Дерматологот Нира Нејтан истакна три работи кои никогаш не би ги ставила на својата кожа, а можеби ќе се изненадите колку се вообичаени. 1. Марамчиња за отстранување шминка Првиот производ е веројатно нешто што го користите редовно и го имате во вашата бања: марамчиња за отстранување на шминка. Иако помагаат да се отстрани тврдоглавата маскара и слоевите серум за лице, Нејтан изјави за Best Life дека марамчињата „содржат чудни мириси и ...

Утре во 13 часот во просториите на Фудбалската Федерација на Македонија ќе се одржи ждрепката за 1/8 финалето во Купот на Македонија. Во оваа фаза се приклучуваа Вардар како победник и Струга ТЛ како финалист од минатиот Куп. Покрај овие две екипи во баранот ќе бидат: Шкендија, Шкупи, Тиквеш, Башкими, Пелистер, Новаци, Шкендија Арачиново, Детонит Плачковица, Беласица, Охрид, Силекс, Македонија Ѓ.П., Работнички, Брегалница. Се игра по еден ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повика да се преземат законски измени со кои подметнувањето пожари ќе се оквалификува како тероризам. -Во рамките на парламентарната процедура разговарав со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ итно да имаме измени во законите со кои подметнување пожар ќе биде оквалификувано како дело на тероризам, а одлагање на смет онаму каде што не му е местото ќе биде другои кривично дело кое ќе се казнува ...

Секоја година на 16 септември, светот го одбележува Меѓународниот ден за заштита на озонската обвивка, во чест на потпишувањето на Монтреалскиот протокол во 1987 година – историски договор кој обедини 198 држави во заедничка борба против уништувањето на озонскиот слој. Овој ден служи како потсетник на моќта на науката, меѓународната соработка и одлучната акција, но и како предупредување дека напредокот не е гарантиран – туку заслужен, одржуван ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
81%
1022
weather icon

Белград

5ᴼ / 5ᴼ
3.6
81%
1023
weather icon

Загреб

8ᴼ / 2ᴼ
1.03
85%
1023
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
0.0
93%
1022
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.64
81%
1022
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
94%
1024
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
2.68
81%
1019
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1019
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
87%
1020
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
3.6
90%
1021
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.03
75%
1022
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
82%
1020
Currency

61.625

Currency

53.1113

Currency

70.739

Currency

34.524

Currency

37.7697

Currency

66.2906

Currency

7.47266

Currency

0.65514

Currency

0.35036

Currency

0.52595

Currency

1.27131

Currency

0.60043