Пешиќ образложи зошто Јокиќ нема да ја води Србија на мундијалот

Српските медиуми уште вчера пренесоа дека Никола Јокиќ дал негативен одговор на повикот за мундијалот и нема да игра на претстојното Светско првенство, што донесе големо разочарување кај низа кошаркарски фанови кај нашиот северен сосед.

МВП играчот во големото финале и новиот НБА шампион требаше да ја предводи својата селекција на турнирот на кој драстично ќе биде ослабен и тимот на САД, но денеска пристигна и официјална потврда дека тој нема да биде дел од тимот кој го води искусниот Светислав Пешиќ.

Селекторот на Србија денеска накратко обелодени зошто Јокиќ нема да ѝ помогне на селекцијата, но истовремено потврди дека дел од тимот нема да бидат ниту Никола Калиниќ и Василије Мициќ.

– Негативниот одговор од Никола го добивме дури денеска попладне. Имавме неколку разговори со Јокиќ, а откако дознавме што мисли, го избравме најдоброто што го поседуваме.

– Јокиќ не е физички и ментално подготвен да го води тимот на Светското првенство, порача дека не е подготвен да ја преземе одговорноста како што се очекува од него, – откри селекторот Пешиќ.