Од утре започнува плеј-оф и плеј-аут сегментот на ракометната Суперлига на Македонија со натпреварите од првото коло, а на стартот веднаш и дерби меѓу Вардар и Алкалоид. Токму со дербито меѓу двете екипи кои конкурираат за титула ќе се отвори плеј-оф сегментот во Суперлигата. Двете екипи во овој сегмент од натпреварувањето во ракометната елита на Македонија префрлија по два бодови. Охрид ќе гостува во Скопје каде ќе се соочи против Бутел, во меч ...

Овој викенд ќе бидат одиграни натпреварите од 2. коло на плеј-аутот и плеј-офот на ракометната Суперлига. Ракометарите на Радовиш ќе гостуваат во Велес кај екипата на Борец ФЛ каде и двете екипи ќе бараат прва победа во плеј-аутот, откако во првото коло беа поразени. Ова ќе биде дуел на двете екипи кои ќе водат борба за директен опстанок во Суперлигата. Натпреварот е закажан за во недела од 18 часот. Струга на домашен терен ќе го пречека ...

Вчера со натпреварите од првото коло започан плеј-аутот и плеј-офот на ракометната Суперлига. Радовиш преку пресврт загуби од Куманово на гостински терен и со пораз го товара плеј-аутот каде ќе има неизвесна борба за опстанок во Суперлигата. Домашниот тим го отвори мечот со 2:0, а потоа радовишани направи пресврт при 5:6 и на полувреме имаа 10:12. Во вториот дел Куманово го торпедираше голот на Радовиш со серија од 8:0 за водство од 18:12, а тоа ...

Ракометарите на Вардар славеа на домашен терен со 34-26 против Алкалоид во дербито на 1. коло од плеј-офот во Суперлигата на Македонија. Домаќините подобро го отворија мечот и брзо стигнаа до предност од 3-0. Гостите заиграа подобро во следниот период па по десет минути игра беше 6-6. До крајот на првиот дел двата тима играа во серии, а по 30 минути игра резултатот на семафорот изнесуваше 15-13. „Црвено-црните“ подобро го отворија и вториот дел ...

Денес со два натпревари започнува последната фаза од ракометниот шампионат на Македонија. Плеј-офот се очекува и оваа сезона да донесе незаборавни натпревари, изненадувања и многу возбудувања, а никој не можеше да посака подобар старт од дерби меѓу Алкалоид и Вардар. Последните два вицешампиони на Македонија вечерва ќе ја започнат новата битка за титулата. Домаќин ќе биде најтрофејниот, што значи дека трибините на „Јане Сандански“ одново ќе биде ...