Наполи почна преговори со Дејан Кулушевски

Наполи ја почна процедурата за ангажман на шведскиот интернационалец Дејан Кулушевски од Тотенхем. Кулушевски треба да дојде во Неапол како заменик за Квича Кварацхелија кој замина во ПСЖ во јануари.

Спортскиот директор на Наполи,  Џовани Мана веќе стапил во преговори на лондочани и се обидува да постигне договор. Засега преговорите се во рана фаза и засега нема посебен развој на оваа тема. Тотенхем сигурно ќе бара огромна сума на пари, со оглед дека тој е еден од клучните играчи на премиерлигашот.

Кулушевски има искуство во Серија А, бидејќи во 2023 година беше донесен во Тотенхем од Јувентус за 30 милиони евра. Досега 24-годишниот фудбалер има 138 настапи, 25 гола и 29 асистенции за Спарс.

Се вчитува...