Волц ја презеде одговорноста за безбедносниот скандал Американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц ја презеде одговорноста за вклучувањето на новинар во групниот разговор на апликацијата Сигнал во кој високи американски функционери разговарале за воена операција за напад на јеменските хути. Волц во интевју за Фокс Њуз го објасни инцидентот велејќи дека бројот на новинарот ОД весникот атлантик Џефри Голдбергслучајно бил наведен под ...

Бројот на загинати од разорниот земјотрес кој го погоди Мјанмар надмина 1.000. Тлото и денеска се тресе, а регистрирани се неколку посилни афтершокови. Според проценките на странски ескперти, земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтер ослободил енергија еднаква на 334 атомски бомби. Странски спасувачки тимови веќе се пристигнати и се обидуваат да им помогнат на локалните власти во потрагата по преживеани. Земјотресот предизвика огромни ...

Европските сојузници на Украина, на состанок во Париз, едногласно се изјаснија против какво било укинување на санкциите кон Русија. Воедно Франција и Велика Британија изразија подготвеност да распоредат војски во Украина како „гаранција за безбедност. Во таа насока, француско-британска мисија ќе замине „во следните денови за Украина“, објави францускиот претседател Емануел Макрон. Париз и Лондон веќе се водечки земји во мобилизацијата за ...

Доналд Трамп објави нови царини од 25% за увоз на автомобили и автоделови во САД. Според планот на американскот претседател царините за автомобили ќе стапат во сила на 2 април, а за автоделови во мај или подоцна. Како реакција на одлуката на Трамп, акциите на повеќето светски автопроизводители почнаа да паѓаат. Акциите на американскиот автомобилски гигант „Џенерал моторс“ паднаа за 8% , а на „Крајслер“, т.е. неговата матична „Стелантис“ и на ...

Во напад со дронови во Харков повредени девет лица Во напад на украинскиот град Харков повредени се девет лица, јавуваат локалните медиуми. Нападите биле извршени од руска страна со дронови, а имало 10-15 експлозии. Оштетени се голем број на згради, како и котларата за греење која била единствената за областа Харков. Службите за спасување имаа многу работа од причина што територијата на нападот е голема. Франција ќе додели две милијарди евра ...